feature

Данците доминираат во идеалниот тим, Гидсел е МВП на шампионатот

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави идеалниот тим на Европското првенство кое се одржуваше во Данска, Норвешка и Шведска.

За најкорисен играч на турнирот (МВП) е избран неверојатниот Матијас Гидсел од Данска.

Идеалниот тим на Европското првенство 2026 година:

Голман: Андреас Волф (Германика)
Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Среден бек: Гисли Кристијансон (Исланд)
Десен бек: Франциско Коста (Португалија)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Кружен напаѓач: Јоханес Гола (Германија)
Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)
Најдобар млад играч: Франциско Коста (Португалија)
Најкорисен играч на првенството – МВП: Матијас Гидсел (Данска)


Гидсел руши рекорди: Стана најдобар стрелец на Европските шампионати

Данска ја освои титулата на Европското првенство, а Матиас Гидсел постави нов рекорд со 68 постигнати гола, станувајќи играчот со најмногу голови на едно ЕП.

Тој го надмина Сандер Сагосен, кој заврши со 65 голови, додека Симон Питлик се смести на третото место со 64 гола.

Кире Лазаров (61 гол на ЕП 2012) е четврти на вечната листа. Гидсел, покрај титулата најдобар стрелец, ја освои и наградата за МВП на турнирот.


Данска стана европски првак и ги обедини сите титули

Репрезентацијата на Данска ја освои европската титула откако во финалето вечерва ја совлада Германија со 34-27. Ова за Данска е трета титула европски првак и воедно го повтори успехот на Франција во ракомет во истовреме да има европска, светска и олимписка титула. Данските ракометари титулата ја прославија со домашните навивачи кои ја исполнија салата во Хернинг.

Во првиот дел двете репрезентации се менуваа во водството, а на полувреме беше 18:16. Последен пат нерешен резултат беше 19:19. Во вториот дел најчесто предноста беше меѓу 2-3 разлика за Данска, а голманите во средината на вториот дел Волф (Германија) и Мелер (Данска) имаа свои минути. Данските ракометари финалето го завршија со серија од 5-0 за конечни 34-27.

Симон Питлик со 8 голови кај Данска беше најефикасен, додека Матијас Гидсел и Јохан Хансен постигнаа по 7. Кевин Мелер имаше 8 одбрани, а Андреас Волф заврши со 14.

Во натпреварот бронзениот медал Хрватска го победи Исланд со 34-33.


Аталанта и Атлетико Мадрид се договорија за Лукман

Нигерискиот напаѓач, Адемола Лукман ќе ја напушти Аталанта во зимскиот преоден рок, а според последните информации донел одлука и кадде ќе продолжи.

Напаѓачот кој во 2024 година со хет-трик во финалето го сруши Баер Леверкузен во финалето од Лига Европа како што стојат работите ќе продолжи во Атлетико Мадридд.

Претходно на големо се поврзуваше со Фенербахче кој му нудел и подобри услови од Атлетико, но на крајот Лукман го избрал Атлетико.

Шпанските медиуми пишуваат и дека пресудил разговорот кој го имал Диего Симеоне со фудбалерот.

Според најавите трансферот треба да изнесува околу 35 милиони евра, плус уште пет кои би ги добил италијанскиот тим преку бонуси.


Мбапе од пенал во 100. минута го сруши Рајо Ваљекано

Во рамките на 22. коло од Ла Лига, Реал Мадрид на свој терен го совлада Рајо Ваљекано со 2-1, на натпревар обележан со бројни прекини, картони и драматична завршница.

„Кралскиот клуб“ поведе уште во 15. минута, кога Винисиус Жуниор по брилијантен соло-продор ја смести топката во самите агли од голот на Рајо. Домашните имаа уште неколку шанси во првото полувреме, но резултатот не се менуваше.

Рајо до израмнување стигна на почетокот од вториот дел. Во 49. минута Алваро Гарсија асистираше, а Хорхе де Фрутос со прецизен удар погоди за 1-1 и ја врати неизвесноста во натпреварот.

Како што се приближуваше крајот, тензиите растеа. Рајо остана со играч помалку по исклучувањето на Пате Сис во 80. минута, а во самата завршница следуваше вистинска драма. Во деветтата минута од судиското продолжение беше досуден пенал за Реал Мадрид, кој Килијан Мбапе сигурно го реализираше за конечни 2-1.

До крајот на средбата гостите добија уште еден црвен картон, а натпреварот заврши дури во 105. минута.

Со оваа победа Реал Мадрид го задржа чекорот со водечката Барселона, од која заостанува само еден бод, а во следното коло ќе гостува кај Валенсија.


Шкендија и Динамо Киев ја продолжија позајмицата за Рамадани

Шкендија и Динамо Киев постигнаа нов договор за Решат Рамадани кој и во наредниот период ќе биде дел од македонскиот шампион.

Клубот од Тетово информираше дека се работи за нова трета позајмица според која Рамадани ќе го носи дресот на „црвено-црните“ најмалку до јули.

Фудбалерот во тековнава сезона одигра 24 натпревари за Шкендија и постигна еден погодок.


Вердер му врачи отказ на Штефан Хорст

Раководството на Вердер Бремен одлучи да го раскине договорот со тренерот Штефан Хорст по вчерашното реми на домашен терен со Борусија Менхенгладбах во Бундес-лигата.

Штефан го предводеше тимот во 20 натпревари со ефект од четири победи, седум нерешени и девет порази.

Генералниот менаџер на германскиот состав, Клеменс Фриц, проценил дека Хорст не може да го врати тимот на победнички патеки и затоа разделбата била неминовна.


Слот сака уште еден Холанѓанец во Ливерпул

Лутшарел Гертруда, актуелен фудбалер на РБ Лајпциг, кој во првиот дел од сезоната беше позајмен во редовите на англискиот Сандерленд може да добие понуда да се пресели во Ливерпул.

Медиумите тврдат дека тренерот на „црвените“, Арне Слот, сака да го ангажира дефанзивецот на позицијата десен бек иако тој може да дејствува и како стопер.

Холандскиот тренер соработуваше на времето со младиот играч додека го водеше составот на Феенорд.


Алкараз доминантно го освои Австралија опен

Шпанецот, Карлос Алкараз, го освои првиот трофеј на Отвореното првенство на Австралија во тенис.

Тој на терените во Мелбурн го совлада во финалето Новак Ѓоковиќ, со 3-1 во сетови (2-6, 6-2, 6-3, 7-5) со што го спречи Србинот да се израдува на 25-та Грен Слем титула.

Алкараз со триумфот на Малбург парк сега има седум пехари од така наречената голема четворка бидејќи по два пати победи и на терените на Роланд Гарос, во Англија и на Отвореното првенство на САД.


Челзи се врати од 0-2 и го доби дербито со Вест Хем

Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3-2).

По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.

По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.

„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0-2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.

Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.

На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.