feature

Фудбалската репрезентација падна за десет места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација по настапот и трите порази на Еуро 2020, направи голем пад на ФИФА листата. Денеска на најновиот ранкинг, Македонија се спушти за десет места на 72-то место, откако пред ЕП бевме на 62. позиција.

Со оглед на промената на селекторското место, новиот предводник Благоја Милевски стартува како селектор на 72 сила во светот. На врвот на ФИФА листата и натаму е Белгија, следува Бразил, па Франција.


ПСЖ ќе го плаќа Меси во криптовалути

Платата на Лионел Меси во ПСЖ вклучува плаќања во криптовалута.

Не е објавено колкав процент од платата ќе добие 34-годишниот Аргентинец во дигитални валути. Сепак, постојат информации дека обемот на плаќањата во токените на Меси ќе биде голем. Навивачите на ПСЖ можат да добијат таканаречени токени за навивачи со учество во анкети организирани од клубот. Токените може да се тргуваат на берзата или да се разменуваат за ексклузивни награди. Во моментов, цената на токенот на ПСЖ е 41 американски долар.

Пари Сен Жермен не е единствениот европски клуб кој има свои жетони. Особено, оваа година тие беа лансирани од Манчестер Сити и Милан. Претходно се дозна дека за две години Меси ќе заработи повеќе од 120 милиони евра во ПСЖ.


Варан претставен како нов „ѓавол“

Рафаел Варан денес го помина вториот дел од лекарските прегледи во Манчестер Јунајтед. Французинот се појави вчера во базата во Карингтон, откако истече карантинот по неговото влегување во Велика Британија.

Според Фабрицио Романо, Варан веќе го потпишал договорот со Манчестер Јунајтед. Договорот е до јуни 2025 година со опција за дополнителни 12 месеци.

Уште на 27 јули, клубот од „Олд Трафорд“ објави дека постигнал договор со Реал Мадрид за трансфер на Варан. Англискиот клуб треба да плати 50 милиони евра плус бонуси за него. Според медиумите на Островот, Французинот инсистира да дебитира за својот нов клуб на натпреварот против Лидс во сабота.


Савиќ уште три години во одбраната на Атлетико Мадрид

Стефан Савиќ го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2024 година. Мадридскиот клуб официјално објави дека Савиќ потпишал договор до јуни 2024 година.

Во Атлетико Савиќ пристигна во 2015 година од Фиорентина за 10 милиони евра и брзо стана незаменлив во стартниот состав. За Атлетико веќе запиша 202 натпревари, а со заминувањето на Диего Годин стана столб на одбраната.

Савиќ кариерата ја почна во БСК Борча, после една сезона во Партизан премина во Манчестер Сити. Подоцна играше за Фиорентина три сезони и од таму пристигна во Мадрид.


Вујовиќ: Посебно ме разочараа македонските ракометари

Веселин Вујовиќ имаше лошо деби по враќањето во Вардар бидејќи црвено-црните беа поразени од Еурофарм Пелистер со убедливи 22-31 во Суперкупот.

По натпреварот Вујовиќ не ги криеше критиките за ракометарите, а посебно потенцираше дека не е задоволен од македонските ракометари.

„Немам забелешки за победата на Еурофарм Пелистер. Некои играчи се далеку од енергијата која им е потребна во Вардар. Можеби е добро што се случува сега за предупредување, но јасно е дека некои ракометари мораат да се замислат дали во иднина можат да го носат дресот на Вардар. Реално, задоволен сум само од загревањето, со што друго би можел во пораз од девет разлика. Посебно сум незадоволен од македонските играчи, на кои посветувам време и вложувам и на нив сметам, но покаќаа дека се далеку од квалитетот. Ќе имаме проблеми ако продолжат вака“, изјави Вујовиќ.

Пред почетокот на сезоната Вардар го очекува и настапот на Струшкиот турнир


Мајнц 05 пријави 14 позитивни членови на ковид-19

Големи проблеми пред самиот почеток на Бундеслигата во редовите на Мајнц.

Поранешниот клуб на македонскиот легендарен дефанзивец, Николче Новески пријави 14 позитивни случаи и целиот тим е во карантин. Од тие 14 дури 11 се фудбалери.

Прв позитивен случај бил Карим Онисива кој во петокот добил позитивен тест, потоа почнале да се појавуваат и останатите.

По ваквата ситуација не е јасно дали Мајнц ќе може да го игра својот натпревар од првото коло во ПМФЛ кој е закажан за во недела.


Надал го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати

Рафаел Надал го вклучи алармот со последната одлука која ја донесе ова попладне, бидејќи неполн ден по откажувањето на настапот во Торонто, шпанскиот тенисер се откажа и од следниот голем турнир кој е на програмата.

Надал има проблеми со стапалото поради кои ги пропушти Вимблдон и Олимписките игри, па и покрај тоа што велеше дека ситуацијата е подобра по првата победа во Вашингтон, очигледно е дека неговата состојба не е идеална.

Пред новиот дуел со Херис, Надал вчера се повлече и истакна дека поради болки во стапалото нема да излезе на теренот во Канада, а денеска со официјално соопштение излегоа и организаторите на Синсинати.


Наинголан и Интер спогодбено го раскинаа договорот

Со меѓусебен договор помеѓу Интер и Наинголан соработката е прекината, па сега тој е слободен играч.

Интер на репрезентативецот на Белгија ќе му даде два милиони евра обештетување за предвремено раскинување на договорот.

33-годишниот играч за Интер настапуваше од 2018. година, но во последната сезона беше на позајмица во Каљари.

Во сезона 2018/19 одигра 29 натпревари за Интер и постигна шест погодоци.

Се верува дека Наинголан сега ќе потпише договор со екипата на Каљари каде настапуваше последните две сезони.


ПСЖ објави рекордна продажба на дресовите на Меси

Пари Сен Жермен веќе ги користи придобивките од привлекувањето на Лионел Меси. Според неофицијални информации, клубот веќе има продадено 250.000 дресови со бројот 30  кој ќе го носи Меси во ПСЖ.

Просечната цена на дресот е 107,99 евра, што значи дека само со оваа постапка клубот има регистрирано добивка од 27 милиони. Клубот синоќа лансираше 250.000 дресови во својата онлајн продавница. Продажбата започна 30 минути откако официјално беше објавена веста дека Меси е играч на ПСЖ. За околу еден час новиот дрес на Месо во ПСЖ беше продадено.

Денеска се формираше огромна редица пред официјалната фан –шоп продавница на ПСЖ. Сите дресови во продавницата беа распродадени за половина час. Претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи потврди дека сите расположливи дресови се продадени.


Гранада го ангажираше Серхио Ромеро

Сега веќе поранешниот голман на Манчестер Јунајтед Серхио Ромеро го напушти клубот „Олд Трафорд“ после шест години. Како слободен играч тој ќе се приклучи на екипата на Гранада.

Преговорите се во финална фаза и се очекува се набрзо да биде објавено.

Ромеро никогаш не дојде до улогата прв голман во англискиот гигант. И кога беше прв избор тоа беше во Лига Европа, додека Де Геа беше главен во Премиер лигата.

Сега кога Дин Хендерсон покажа квалитет, дури ја стави под знак прашалник и голманската позицијка на Де Геа, стана јасно дека за Ромеро нема место. Солскјер за трет голман веќе го врати Том Хилтон.

Во минатата сезона Ромеро не запиша ниту еден настап, а последен на голот беше во сезоната 2019/20.