Натпреварувачи од шест земји на 52. Илинденски кајак слалом
Претстојното 52-ро издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2021 оваа година повторно се најде на Календарот на Светската и Европската кајак федерација и ќе се одржи престојниот викенд. „Како и во изминатите 51 изданија така и оваа година најпрво натпреварот беше закажан во својот стандарден термин во перидот од 5 до 11 април 2021. Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на ковид-19 во нашата држава во предвидениот период за натпреварот и рестриктивните мерки кои беа воведени на територијата на целата наша држава, како организатори заедно со Градскиот кајакарски сојуз бевме приморани да го одложиме и презакажеме натпреварот за нов термин 22 и 23 мај. Во овој момент би сакале да Ве известиме дека 52-риот Традиционален Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021 и официјално ќе се оддржи во новиот предвиден термин за оваа година и тоа на 22 и 23 мај во СРЦ „Матка-Скопје“, велат организаторите. Годинава на ИКАС ќе пристигнат натпреварувачи од неколкуте пријавени држави и тоа Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Турција.
Хаос во Порто, полиција влезе во клупските простории
Порто може да се најде во големи проблеми поради Ковид-19, бидејќи утрово полицијата беше во просториите на овој португалски гигант. Утрово е извршен полициски претрес во просториите на фудбалскиот клуб Порто. Причината за тоа, како што велат, е основано сомнение дека клубот го фалсификувал тестот за КОВИД-19, но тие не навеле за кој фудбалер станува збор. „Авионско патување во странство, направено од фудбалер, наводно заразен со КОВИД-19.“ – се наведува во официјалното соопштение на полицијата. Според тамошните медиуми, овој е натпревар одигран во јануари, но се уште не е познато за кој натпревар се работи. Доколку се докаже дека Порто навистина го стори тоа, вицешампионот на Португалија може да има сериозни проблеми поради кршење на епидемиолошките мерки.
Лапорта го загуби трпението, Дембеле оди на продажба
Жоан Лапорта е спремен да го продаде Осман Дембеле на лето, пренесуваат каталонските медиуми. Договорот на Дембеле со Барселона истекува во 2022 година и од клубот имаа неколку неуспешни обиди да ја продолжат соработката. Поради тоа Барселона ќе мора на лето да го продаде Дембеле, бидејќи не сака да ризикува следната година да го загуби без обештетување. Лапорта во неколку наврати се обидел да постигне договор со неговиот агент, но наишол на ѕид, па медиумите пишуваат дека ќе го стави Дембеле на продажба. Лапорта спрема големи промени во тимот ова лето и ќе продаде неколку ѕвезди за да го зголеми буџетет за трансфери.
Ќе биде тешко и во втора лига, Шалке го напуштаат десет играчи
Германскиот гигант од Гелзенкирхен, Шалке 04 немаше баш најдобра сезона и убедливо испадна од Бундеслигата, па за прв пат по долга пауза од следната сезона ќе се натпреварува во популарната „цвајта“, односно втора германска лига. На тимот од Гелзенкирхен дефинитивно му требаат промени доколку сака да го врати стариот сјај на некогашниот учесник во Лигата на шампионите , па затоа тимот реши да направи чистка и да отпише дури 10 фудбалери. Клубот официјално објави дека по испаѓањето ќе си заминат 10 играчи. Од Шалке заминуваат: Бенжамин Стамбули, Бастијан Ошчипка, Стиве Скржибски, Алесандро Шоф, Шкодран Мустафи, Набил Бенталеб, Вилијам, Гонзало Пасинесија, Фредрик Ренов и Килијан Лудевиг. Според германските медиуми, се очекуваат уште неколку имиња да го напуштат клубот од Гелзенкирхен.
Милан ќе испрати понуда за Родриго де Пол
Јанс Петер Хауге во октомври пристигна во Милан како голем талент, а веќе на лето би можел да го напушти клубот. Имено, една од примарните цели на „росонерите“ ќе биде ѕвездата на Удинезе, Родриго де Пoл. Де Пoл игра уште една фантастична сезона и тренерот Пиоли смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи може да игра на повеќе позиции во средниот ред. Проблем претставува цената од 40 милиони евра која ја постави Удинезе, па „росонерите“ сакаат во трансферот да го вклучат и Хауге.
Дилета објави видео од своите тренинзи, еве како изгледа! (видео)
Дилета Леота е позната како една од најубавите спортски новинарки на светот, а неодамна повторно стана тема на разговор кога на социјалните мрежи објави видео од своите тренинзи. Италијанската новинарка неретко на социјалните мрежи објавува атрактивни фотографии, а на Инстаграм има скоро осум милиони следачи. Еве како изгледаат нејзините тренинзи:
„Аѕурите“ никогаш не се исклучуваат, Манчини мерка титула на
Европското првенство!
Фудбалската репрезентација на Италија ја претставува Италија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалска федерација на Италија (FIGC). Својот прв натпревар репрезентацијата го одиграла во 1910 година, кога во Милано ја победи Франција со 6-2. Италијанската репрезентација е една од најуспешните во историјата на Светските првенства со четири освоени титули (1934, 1938, 1982, 2006) – само една помалку од Бразил, две финалиња (1970, 1994), трето место (1990) и едно четврто место (1978). Во 1938 година Италија стана првата репрезентација која успеала да ја одбрани титулата на Светските првенства, и по паузата поради Втората светска војна, ја задржале титулата цели 12 години. Италија исто така претходно освоила два Централно-европски купа (1927–30, 1933–35) и Олимписки фудбалски турнир (1936). Откако поголемиот дел од репрезентативците ги загубиле животите во авионска несреќа во 1949 година, тимот не напредувал понатаму од групната фаза на следните два турнири на Светските првенства, а исто така не успеале да се квалификуваат за изданието во 1958 година – неуспех што не се случил повторно сè до изданието во 2018 година. Италија се вратила во форма дури кон крајот на шеесеттите години, кога го освои Европското првенство (1968), нивна досега единствена титула на ова натпреварување на кое имаат уште две финалиња (2000, 2012). Италија исто така настапувала и на Купот на конфедерации, каде најдоброто место го забележа во 2013 година кога завршиле како третопласирани. Италија досега неколкупати била водечка репрезентација на ранг- листата на ФИФА, а последен пат во периодот јули-август 2006 година.
Новиот селектор донесе препород!
Роберто Манчини во мај 2018 година стана нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија, откако постигна договор со челниците на федерацијата, јавуваат тамошните медиуми. Поранешниот тренер на Интер, Манчестер Сити и Галатасарај ја презеде новата функција по завршувањето на сезоната во руското првенство, кадешто го водеше Зенит од Санкт Петербург. Италија бараше нов селектор откако Џампјеро Вентура доби отказ по дебаклот во квалификациите за Светското првенство во Русија. Манчини одигра 36 средби и постигна четири гола за Италија и беше дел од тимот кој го освои третото место на СП 1990 на домашен терен.
Манчини избра супер-млад ростер на Европското првенство!
Иако има уште неполн месец до стартот на Европското првенство, италијанскиот селектор Роберто Манчини веќе го избрал поширокиот список. Станува збор за 40 фудбалери кои конкурираат за место во националниот тим, а од нив Манчини ќе треба да избере 26, но овој поширок список е со цел веќе од понеделник фудбалерите да бидат вакцинирани со прва доза на Фајзер/Бионтек, а потоа по стартот на тренинг-кампот да ја добијат и втората доза. Тренинг-кампот на италијанската фудбалска репрезентација е закажан за 24 мај на Сардинија, а потоа следуваат низа контролни мечеви, за националниот тим да биде подготвен за отворањето на шампионатот во Рим на 11 јуни во мечот со Турција.
Кире Ристевски потпиша за кипарски АЕЛ Лимасол
Кире Ристевски, кој ќе биде дел од нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство во текот на летото, од денеска е нов член на АЕЛ Лимасол. Тој по три години го напушти Ујпеш од Унгарија и се обврза на двегодишна верност кон кипарскиот состав. Ристевски досега ги бранеше боите на: Пелистер, Елбасани, Билиш Славија Софија, Тирана, Работнички и Вашаш. Ќе потсетиме дека во шампионатот на Кипар настапуваат повеќе наши интернационалци: Дамјан Шишковски, Душко Трајчевски, Дарко Глишиќ, Стефан Спировски, Иван Тричковски и Мартин Богатинов.
Ангеловски: Ќе направиме се нашите фанови да бидат горди!
Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство 2020. Во составот на македонската репрезентација се 26 фудбалери. Младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов се најдоа на списокот, а како трет голман е повикан Ристе Јанков. – Ристовски, Чурлинов и Јанков се нашата иднина, затоа се на нашиот список. Со својот квалитет јас сметам дека можат да придонесат во А тимот и да соберат искуство, бидејќи очекувам во наредните години да бидат стандардни првотимци. Жалам за отсуството на Илија Несторовски, со нас е пет години и вредно работеше со сите нас да се пласираме на Европско првенство. Сепак, верувам во останатите играчи и дека без проблем ќе го дополнат неговото отсуство. УЕФА дозволи и три резерви во случај на ковид-проблеми, но се надевам дека тоа ќе не одмине. – Навивачите се навикнаа на успеси, сега бараат да бидеме европски шампиони. Овие фудбалери многу пати досега ја направија нацијата горда и со самиот пласман на Европскиот шампипонат. Со нивните настапи за тимот и можам да ветам на нацијата дека ќе направат сè во своја моќ пак да ги направат фановите горди. – Одиме со желба за надигрување и ќе ја грабнеме секоја шанса за позитивен резултат и пласман во втората фаза. Јас прв верував во играчите и очекувам максимум од нив на секој натпревар. Првиот собир е на 25 мај, со тренинзи стартуваме ден подоцна, а според УЕФА регулативите, закажавме и уште еден тест против Казахстан на 4. јуни. Ги анализираме и противниците, со Австрија игравме и иако двапати не совладаа, ќе се обидеме да научиме од тие грешки, Украина исто така е многу квалитетна селекција, знаеме дека Шахтјор Доњецк двапати го победи Реал Мадрид, а таму има многу украински репрезентативци. На крајот одиме во Амстердам во Холандија со надеж дека повторно би можеле да се вратиме во Романија, ако ја минеме првата фаза, изјави селекторот Игор Ангеловски. Собирот е на 25 мај, закажани се два тест натпревари, со Словенија (01. јуни) и Казахстан (04. јуни).
Лазаров останува уште една сезона во Нант
Кире Лазаров неодамна наполни 41 година, а македонската и светска легенда во ракометниот спорт, официјално ќе игра уште една сезона за Нант. Клубот од Франција стигна до Ф4 во Келн откако беше подобар во двомечот со Веспрем, а веднаш по изборениот пласман, претседателот на Нант, Гаел Пелетие имаше убава вест. „Чест ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година за Нант“, објави Пелетие. Лазаров во Нант е од 2017. година, претходно играше за Барселона, Атлетико Мадрид, Сиудад Реал, Загреб, Веспрем, Пелистер и Борец.