feature

Дебела премија на фудбалерите за успешниот старт на мундијалските квалификации

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одржана во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за финансиски награди за репрезентативците за успешните настапи во квалификациите за Светското првенство, но најави и какви премии ќе добијат фудбалерите за евентуален успех на ЕП 2020.
УО донесе одлука да се исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство.
Исто така, секоја победа од групната фаза на Европското првенство, ФФМ ќе ја вреднува со 300.000 евра како парична награда за македонската репрезентација. Секој нерешен резултат на натпреварите од групната фаза на Европското првенство ќе се вреднува со 150.000 евра како парична награда.


Баер Леверкузен го претстави новиот тренер

Во најголемиот дел од европските лиги преостана да се одигра уште едно коло. Во Бундеслигата последното ќе се игра во сабота, а сите натпревари ќе започнат во ист термин од 15:30 часот.
Баер Леверкузен не може да оди ниту погоре, ниту подоле и сезоната ќе ја заврши на шестата позиција која наредната сезона ги води во Лигата на Европа.
Денес од овој клуб е објавено дека Швајцарецот Херардо Сеоне ќе го води тимот по завршувањето на сезоната. На клупата на Баер во овој момент Ханс Волф кој го наследи Питер Бош во март месец.
Сеоне до сега го водеше тимот на Јанг Бојс со кој освои титула во Суперлигата на Швајцарија. Со Баер потпиша договор до 2024 година.


Пелистер поведе во плеј-офот против ФМП Академија

Пелистер најде начин како да му се „одмазди“ на Навико Академија ФМП за она што го загуби во четвртфиналето од Купот.
Имаа одлични 20. минути домашните кошаркари во кои направија убедлива разлика, која со доста рутинирана, и смирена игра ја оддржаа во второто полувреме.
Откако „пелистерци“ и без помошта на својот капитен, Бојан Трајковски, кој се повреди толкму на нивниот меѓусебен меч од четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“, предводени од извонредниот Игор Кесар (стрелец на 20.поени), доминантно го добија првото полувреме против Навико Академија ФМП. Имаа „вишок“ од 17.поени (54:37).
Но со серијата од (11-0) момците од Кисела Воода се вратија назад во мечот. Стигнаа на минус од само шест поени (48:54), и го претворија ова четвртфинале доста поинтересно.
Имаа „академициге“ доста добра реализација во шутот за три поени (41%), но го имаа и расположениот Крстајиќ кој во второто полувреме поентерски му парираше на Кесар.
Битолчани успеаја да го одбијат тој напад на противникот. Во вистински момент почна да погодува Калахан, кој набрзина дојде до бројката од 19. поени. По две минути од играта во последниот дел, одново имаа двоцифрен плус. По поентирањето на Малешевиќ беа во плус од 11.поени (74:63).
Крстајиќ пак го одржуваше гостинскиот тим во игра за нто повеќе. Но само што ќе дојдеа на достижна разлика, кошаркарите на Навико Академија ФМП не знаеја како да го зададат тој последен удар.
Иако не блескаа и беа далеку од некои други изданија, „зелено-белите“ дојдоа до посакуваната цел.
Комплетната ударна петорка (без заменикот на Трајковски, Михајловски), имаше десет и повеќе поени. Кесар 22, Калахан 21, Малешевиќ 16, а Стајиќ 15.поени.
Крстајиќ дојде до бројка 31, но немаше друга поентерска поддршка ако не се земат в предвид десетте поени кои дојдоа од Темелковски.


Силекс е освојувач на Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс славеа победа со 4:3 по пенали на Академија Пандев и се радуваа на трофејот од Купот на Македонија.
Во регуларниот дел, натпреварот заврши нерешено, без голови. И во продолжението, два пати по 15 минути немаше погодок. Двете екипи одиграа доста тврд натпревар, неефикасен. Во пенал серијата, екипата на Силекс покажа поголема концентрација и решителност и успеа да слави со 4:3.
Кај Академија Пандев во последната серија промаши Велиновски, а Карчевски претходно ги постави конечните 4:3.
По 24 години, екипата предводена од тренерот Горан Симов успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија.


Алаба и Арнаутовиќ ја предводат Австрија на Европското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Франко Фода, го објави поширокиот список на репрезентативци кои се надеваат дека ќе добијат шанса да настапат на претстојното Европското првенство во текот на летото.
На истиот се запишани имињата на Алаба кој од Баерн Минхен ќе замине во Реал Мадрид, потоа Арнаутовиќ, Шалгер, Сабицер итн.
Познато е дека Австрија ќе и биде првиот противник на Македонија на дебитантскиот настап на континеталниот собир. Мечот против Австрија ќе го одиграме на 13 јуни на стадионот во Букурешт во Романија.


Барса и Атлетико подготвуваат трампа Гризман-Жоао Феликс

Барселона и Атлетико можат да разменат фудбалери во летниот преоден рок.
Според изворот, каталонскиот клуб сака да го размени Антоан Гризман со напаѓачот на Атлетико, Жоао Феликс. Французинот ги бранеше боите на Атлетико од 2014 до 2019 година по што се пресели во Барселона за 120 милиони евра.
Португалецот пак, се пресели во Атлетико од Бенфика во 2019 година за 127 милиони евра. 21-годишниот играч во тековнава сезона има седум погодоци (еден од пенал) и пет асистенции на 30 натпревари во шпанскиот шампионат.


Србинот Митровиќ желба на Мурињо во Рома

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, по се изгледа, ова лето ќе си замине од фулам кој испадна од Премиер лигата и на повидок е негова преселба во Италија. Српските медиуми пишуваат дека Митровиќ добил повик од новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, кој сака да го донесе во редовите на „римската волчица“. „Митрогол“ не беше задоволен од настапите под диригентската палка на Скот Паркер, затоа што имаше само 13 старта на мечевите на Фулам сезонава, иако постигна 26 гола сезоната претходно. Мурињо е навистина заинтересиран за Митровиќ, кого сакаше да го донесе и претходно во Тотенхем. За српскиот центарфор интерес има од Вест Хем.


Пред 19 години Кометал Ѓорче Петров ја покори Европа

На денешен ден, 19 мај 2002 година, пред точно 19 години, женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во Македонија. Ракометарките на нашиот ракометен првак успеаја да го совладаат тимкот на Херц во реванш финалето кое се одигра пред полни трибини во СРЦ Кале и да ја обезбедат европската круна. „Кометалки“ славеа со 26-22, откако на првиот меч на гости беа поразнеи со 27-25. И денеска со задоволство се сеќаваме на фантастичните мигови кои ни ги донесе генерацијата предводена од Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, Луминица Дину, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушенко, Наталија Малахова и Елена Златановска.


Роналдо за двајца играчи рече дека ќе ги наследат него и Меси

Кристијано Роналдо веќе има 36 години. Претходните 13 години во светскиот фудбал ги одбележаа доминацијата на Португалецот и Лионел Меси. Двоецот освои 11 од 12 Златни топки во тој период, а доминацијата накратко ја прекина само Лука Модриќ. Роналдо и Меси и понатаму се важни карики во своите екипи, но се чувствува дека се се подалеку од врвот во својата кариера. Новинарите кои го интервјуираа Роналдо ги интересираше кого Португалецот гледа како играч кој ќе го замени него и Меси, односно ќе го преземе приматот во светскиот фудбал. „Тешко е да се впери прстот во само еден играч, но возбудливо е да се види оваа нова генерација која доаѓа. Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе се играчите кои доаѓаат и се фантастични. Некои играчи може да имаат една или две одлични сезони, но оние најголемите се способни да го држат високото ниво доста долго. За тоа е потребно многу труд и работа.“ – вели напаѓачот на Јувентус. „Се надевам дека ќе ме паметат како голем играч, како некој кој напорно работеше и секогаш даваше се од себе да помогне на екипата. Сметам дека со тоа го заслужив своето место во историјата.“ – заклучи Роналдо.


Одредени бараж натпреварите за ПМФЛ

Ренова – Охрид и Тиквеш – Силекс се бараж натпреварите за Првата македонска фудбалска лига кои ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“, односно на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Двојките и местата на одигрување беа одредени по направената ждрепка во прес центарот на Националната арена. Ренова и Охрид својот меч ќе го одиграат на стадионот во комплексот „Куќа на фудбалот“, додека Тиквеш и Силекс ќе се соочат на Националната арена „тодор Проески“. Натпреварите се играат во 25. мај (вторник) од 16.00 часот. Се игра еден натпревар, а доколку во регуларните 90. минути нема победник, веднаш ќе решава пенал серијата.