feature

Брера триумфално се враќа од Струга, Шкупи на зимска пауза без победа

Екипата на Брера постигна убедлива победа од 1-3 во Струга против Шкупи, доминирајќи во поголемиот дел од натпреварот. Трите бода ѝ овозможуваат на АП Брера да се искачи на табелата, додека најубавиот момент на мечот беше почесниот гол постигнат од Ерион Шуку.

Уште од самиот старт, гостите покажаа дека дошле по победа, ставајќи ја под притисок одбраната на Шкупи. Предноста беше остварена многу брзо.

Во шестата минута, босанскиот напаѓач Емрах Макиќ беше најснаодлив во шеснаесетникот и со брз допир ја испрати топката во мрежата, отворајќи го резултатот на 1-0.

Раната доминација беше повторно конкретизирана во 17-тата минута. По центаршутот од левата страна, топката го одмина Нзегуе, но не и Ивановски, кој беше прецизно позициониран на втората статива и лесно погоди за 2-0.

Првиот посериозен одговор на Шкупи дојде од Шуку во 28-та минута, но неговиот удар отиде покрај голот.

Вториот дел повторно започна со висок ритам од страна на АП Брера. По обидот на Нзегуе, кој беше запрен од голманот Муслиу, дојде и голот што ја запечати победата.

Во 50-тата минута, Тодоровски го постигна третиот гол, мајсторски лобувајќи го голманот на Шкупи за 3-0.

По овој гол, темпото падна, а Брера ја контролираше играта. Шкупи се обиде преку Аризанконски и Џихан Адили, но нивните обиди не беа доволно опасни.

Додека натпреварот се приближуваше кон крајот, Шкупи го постигна почесниот гол, кој воедно беше и најубавиот момент на мечот.

Во 85-тата минута, Ерион Шуку тргна во соло акција и, откако си создаде простор на 17 метри од голот на АП Брера, упати прецизен и силен удар кој заврши во мрежата, намалувајќи ја предноста на 3-1.

Со оваа победа, Брера освои 3 бода и се искачува на 7-то место со 19 поени додека Шкупи останува на последното место на табелата со само 1 освоен бод


Охрид ја освои есенската титула во Втората лига

Екипата на Охрид ја совладаа Слога 0:2 на гостувањето во Виница со што ја освои првата позиција на табелата на полусезоната во Втората фудбалска лига. Стрелци на головите за екипата на Охрид Лихнидос беа Албнор Каба и Андреј Ристовски.

Големо Коњари со висок пораз ја заврши есенската полусезона и ќе биде на дното од табелата откако дома загуби од Тетекс со 2-6.

Дополнителен проблем за домаќинот беше исклучувањето на Сркески, па тимот играше со играч помалку на теренот.

Јамини беше двоен стрелец за Тетекс, откако вториот гол го постигна од белата точка, а во првиот дел погоди и Мисајловски. Во вториот дел за Тетекс стрелаа Нурединовски, Зеќири и Елмази. За домашниот тим првиот гол беше дело на Зоран Даноски, а вториот гол во финишот на првиот дел го постигна Каришик.

Во првенство во Втората лига следи зимска пауза.


Ландо Норис е нов светски првак во Формула 1

Пилотот на Мекларен Мерцедес, Британецот Ландо Норис е нов светски шампион во Формула 1.

На последната трка што се возеше денеска во Абу Даби, Норис го освои 3-то место зад клупскиот колега и кандидат за титулата Оскар Пијастри и четирикратниот првак Макс Верстапен на Ред Бул кој и покрај победата на последната трка во сезоната заостана 2 бода во генералниот пласман.

Ландо Норис е 35 шампион во 76-годишната историја на Формула 1 која оваа година ни приреди исклучително возбудливива тркачка сезона што кулминираше со драматична завршница во која титулата кај возачите се одлучуваше во последната трка.

Претходно Мекларен ја освои и титулата во конструкторите со што тимот ја комплетираше супер успешната сезона за тимот кој чекаше на светска титула во конкуренција на возачи од 2008 година.

Новиот шампионат во Формула 1ппчнува на 8 март 2026 година.


Мирчевски двоен стрелец, Силекс лесно го надигра Работнички

Силекс славеше убедлив триумф над Работнички од 0-3, во 16. коло од Првата фудбалска лига. Со тоа, кратовци ќе презимат на четвртата позиција со 31 бод, додека клубот од Дебар Маало останува на претпоследното место, со само седум освоени поени.

Двоен стрелец за Силекс беше Мартин Мирчевски, а погоди и Дарко Додев, сите три гола беа постигнати во првото полувреме.

Во осмата минута се обиде Тимовски од слободен удар, а Василев успеа да одбрани. Но, само две минути подоцна Силекс дојде во водство.

Огромно недоразбирање меѓу голманот Васко Василев и одбраната на Работнички, тоа го искористи Мартин Мирчевски и со лоб удар ја погоди мрежата на домаќинот.

Во 13.минута Мирчевски искористи уште едно невнимание и зголеми на 0-2.

Димитар Трајков имаше можност да го врати Работнички во живот, влезе во убава шанса, но Љупчо Џеков го одбрани неговиот удар.

Во 43.минута, Дарко Додев доби одлична топка од Илија Донов, влезе во шеснаесетникот откосо од левата страна и рутински погоди во спротивниот агол.

Работнички во второто полувреме се обиде да стигне до почесен погодок, но не успеа, а во Силекс беа задоволни од тоа што го сторија во првите 45 минути.


Алба и Бускетс заминаа во пензија со МЛС титула

Интер Мајами е шампион на МЛС. Во спектакуларното финале одиграно во саботата, тимот од Флорида ги победи Ванкувер Вајткепс со 3-1 и со тоа ја освои својата прва титула откако се приклучи на лигата во 2020 година.

Финалето беше последен натпревар во величенствените кариери на Џорди Алба и Серхио Бускетс.

Тие го кренаа победничкиот пехар заедно со нивниот долгогодишен пријател и соиграч Лионел Меси. Друг соиграч на Меси, Бускетс и Алба од деновите кога играа заедно во Барселона, Хавиер Маскерано, го освои трофејот како тренер.

„Нивните кариери не заслужуваа ништо помалку од тоа да се збогуваат како шампиони. Ова се момците кои беа допрени од магичното стапче. Денес ги испраќаме како што заслужуваат затоа што напишаа историја во овој клуб“, рече Маскерано.

Шпанското дуо го напушта фудбалот со чувство на исполнетост.

„Ги остварив сите мои соништа, дури и повеќе отколку што некогаш сум сонувал. Среќен сум. Имав одлична кариера и горд сум на сè што постигнав“, рече Алба.

На неговите зборови се надоврза Бускетс, светскиот шампион од 2010 година.

„Направив сè, многу сум привилегиран поради патот што го поминав. Уживав во тоа и сега е време за нова фаза од мојот живот.“


Превц победа на ски-скокови натпреварувањето во Висла

Словенецот Домен Превц триумфираше вечерва на скокалницата во Висла во рамки на Светскиот куп во скијачки скокови.

Превц дојде до својата прва победа во сезоната со скокови од 136,0 и 130,0 метри, со што освои 286,2 поени, 6,8 повеќе од второпласираниот Германец Филип Рајмунд (129,0 и 130,5 метри). Третопласираниот Јапонец Рјоју Кобајаши заостана 19 поени зад победникот, со скокови од 130,5 и 123,0 метри.

Словенецот Анже Ланишек го задржа водството во генералниот пласман на Светскиот куп со денешното четврто место со 406 поени, 36 повеќе од второпласираниот Превц и 80 од третопласираниот Кобајаши.


Ракометарките со победа над Словачка го освоија турнирот во Турција

Македонската женска ракометна репрезентација го освои првото место на меѓународниот турнир во Анкара во рамки на ЕХФ неделата, откако денеска во завршното трето коло ја совлада Словачка со 26-24.

Дуелот против до овој натпревар непоразената Словачка донесе резултатски израмнето прво полувреме (12-12).

На стартот од вториот дел, македонските ракометарки влегоа во серија од 3-0, за водство од 15-12, кое со пожртвувана игра го задржаа до самиот крај на натпреварот.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го завршија настапот на турнирот со пет бодови, откако во првото коло триумфираа над домаќинот Турција со 29-26, а во саботата одиграа нерешено против Словенија 23-23.


Винсент Крихмаер победи на супер-велеслаломот во Бивер Крик

Скијачот, Винсент Крихмаер, победи во трката во Супер-Џи реализирана во Бивер Крик, САД. Истата беше одложена за еден час поради магла и обилни снежни врнежи.

Австриецот постигна време од 1:06,77 секунди, победувајќи го Норвежанецот Фредрик Милер за 56 стотинки. Рафаел Хасер од Австрија го пополни третото место на подиумот.

Зад нив се пласираа Доминик Париз и Марко Одермат, кој со новите бодови останува на чело во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање.


Шпанија прв фаворит на Мундијалот следното лето

Откако беше извршена жрепката за групите за Светското првенство во 2026 година, водечките светски обложувалници ја гледаат Шпанија како најголем фаворит за освојување на титулата.

Според обложувалниците, Шпанија е прв фаворит за светската титула со коефициент од 4-5.

На второто место се Англија и Франција со коефициент од 6,5, по што следат Аргентина и Бразил (8,5), Германија (14), Португалија (16) и Холандија (20).

Хаити има најмали шанси, со коефициент од 4.500.


Динамо се спаси од пораз во 102. минута од хрватското дерби со Хајдук

Најголемото хрватско дерби, меѓу Динамо и Хајдук во 16-то коло од СуперСпорт ХНЛ заврши 1-1.

Натпреварот имаше неверојатен тек, Динамо доминираше речиси 70 минути, но не успеа да поведе, додека по интервенцијата на ВАР, на „модрите“ им беа поништени гол и пенал.

После тоа, Шего го шокираше „Максимир“ во 68-та минута и Хајдук беше на дофат на голема победа, но Арбер Хоџа ги постави конечните 1-1 во 12-тата минута од судиското продолжение.

По ова лудо дерби, Динамо го задржа првото место на табелата со бод повеќе од второпласираниот Хајдук.