feature

Шпанските клубови ѝ помагаат на Барса да го задржи Меси

Лионел Меси во овие моменти официјално е без договор и во Барселона работат да ја продолжат соработката со својот најдобар фудсбалер.

Проблем како што е познато се финансиите, Барселона мора да направи некои промени за и со платата на Меси да остане во рамките на финансискиот фер-плеј. Шпанскиот новинар Роберто Хименез објави дека дел од клубовите во Ла Лига се спремни да и помогнат на Барселона да го задржи Меси.

„Претседателите на неколку клбуови во елитниот шпански фудбалс сакаат да дадат свој придонес и да и помогнат на Барселона да го задржи Меси“, изјави новинарот Хименез.

Нормално, тие сакаат Меси да остане затоа што на тој начин не би се намалила популарноста на шпанскиот фудбал.


Агентот на Хакими: Не е крај на светот и да замине Мбапе од ПСЖ

Ашраф Хакими пристигна во ПСЖ од редовите на Интер и јасно е дека ќе биде сериозно засилување за францускиот тим, но засега се уште не е целосно потврдено дека Килијан Мбапе ќе остане во Париз.

И натаму се појавуваат шпекулации дека Мбапе и Реал Мадрид сакаат да соработуваат и да реализираат трансфер уште ова лето, па дилемата ќе биде решена за некоја недела.

Агентот на Хакими, Алехандро Камањо со интересна изјава ги искоментирал овие шпекулации.

„ПСЖ вели дека Мбапе останува, но во фудбалот ништо не е сигурно. Ако остане, ќе биде прекрасно, но нема да биде крај на светот дури и да си замине“, изјавил Камањо.


Рибери разочаран од Фиорентина: Сакав да останам уште една година

Франк Рибери не доби понуда за останување во Фиорентина и сега е слободен агент, а Французинот вели дека не очекувал таков однос од италијанскиот клуб.

Во својата последна изјава тој вели дека уживал во Фиренца, но на крајот никој од клубот не му се јавил иако знаеле дека договорот истекува.

„Двете години во Фиорентина, фановите и градот беа одлични, бидејќи покрај сите потешкотии, сретнав фантастични луѓе. Штета, сакав да останам уште една година во овој клуб, но тоа е мојата судбина. Секогаш бев на располагање на тимот и се трудев да го дадам максимумот“, рече Французинот.


Навиваме во Пин Петрол

Дел од атмосферата во Пин Петрол во Куманово.


Нашиот Димитриевски меѓу најдобрите голмани на Европското првенство

Столе Димитриевски веројатно беше најдобриот поединец на Македонија на дебитантскиот настап на Европското првенство.

Димитриевски во секој натпревар имаше по неколку одлични интервенции, а одбрани и пенал. По една статистичка категорија Димитриевски се уште е на врвот.

Имено, девет пати нашиот голман расчиствуваше опасност при некое нафрлување на топката. Кога не можеше да ја фати топката тој ја „боксираше“ далеку од казнетиот простор.

Зад Димитриевски е англискот голман Џордан Пикфорд кого го очекува и финалето во недела со пет исфрлања.

Треба да споменеме и дека Димитриевски е еден од шестте голмани кој може да се пофали со одбранет пенал. Останатите се Бушчан, Дубравка, Храдецки, Лорис и Шмајхел.


Леброн Џејмс е најнавредуван спортист на Твитер

Интернет страницата „pickswise.com“ направи анализа во врска со сите твитови испратени до професионалните спортисти од светот на фудбалот, кошарката, тенисот, американскиот фудбал, голгот и хокејот.

Анализата која е направена врз основа на испратените твитови од јуни минатата до јуни оваа година ги даваат следните податоци:

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс за една година добил 122.568 пораки кои вклучуваат навредлив говор. Дневно му доаѓале во просек по 336 пораки на Твитер и со тоа е најнавредуваниот спортист.

На неславното второ место е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд со 32.328 такви пораки. Следуваат Том Брејди (со 28.151), Кевин Дурант (24.370) и Вилијам „Буба“ Валас со 21.750.

Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо за една година добил 11.757 навредливи твитови, а зад него се Стеф Кари со 11.203 и Месут Озил со 11.192.

Интересен податок е фактот што дури 16 од првите 20 на оваа листа се црномурести спортисти.


Играа Серија А, сега прогласија банкрот и згаснување на клубот!

Поминаа седум сезони откако Ливорно испадна од Серија А. Тогаш поради бројните финансиски проблеми го напуштија највисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

Потоа, проблемите не застанаа, а доста брзо Ливорно заврши во Серија Ц, третото по ранг клупско натпреварување.

Сега, приказната на Ливорно е скоро па заклучена. Клупското раководство одржа состанок и прогласи банкрот, со што е започнат процесот на ликвидација на поранешниот прволигаш.

Рокот за подмирување на долгот веќе истече, а откако не се најде нов инвеститор, банкротот е единствена опција.

Раководството на клубот има десет дена да пронајде нов сопственик. Доколку не успее, Ливорно ќе биде дисквалификуван. Овој клуб два пати во својата историја бил италијански вицешампион.


Клоп ќе испрати понуда за Адама Траоре

Ливерпул ќе направи напор да го купи крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре.

Според изворот, „волците“ се подготвени да ги слушнат понудите за Траоре бидејќи неговиот договор истекува за две години. „Црвените“ изразиле подготвеност да платат околу 25 милиони фунти а Вулверхемптон сака двојно повеќе.

Минатото лето се шпекулираше дека Ливерпул ќе даде понуда за Траоре, но тогаш „црвените“  изненадија со трансферот на друг играч на Вулверхемптон – Диого Јота. Португалецот направи брилијантна прва сезона на стадионот „Енфилд“.


Европскиот првак ја сака тинејџерската сензација Камавинга

Челзи го контактираше тимот на Рен за можноста да го привлече Едуард Камавинга. Постои сериозен интерес за играчот од средниот ред уште од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои започнале преговорите за фудбалерот.

18-годишниот Французин има договор со Рен на уште една година и клубот најверојатно ќе го продаде ова лето, бидејќи во спротивно ризикува да го изгуби без пари.

Камавинга дебитираше за тимот на Рен на само 16-годишна возраст и веќе има 3 натпревари за репрезентацијата на Франција.


Турција ќе биде следна дестинација на голманот Филип Гачевски

Филип Гачевски би можел да направи трансфер во Турција.

Гачевски во овој момент брани во Кипар во екипата на Енозис која испадна во втората лига во ова првенство. Сега според турските медиуми интерес за македонскиот голман покажал Коачелиспор. Се наведува дека трансферот е блиску до реализација, меѓутоа се додава дека и Бурсаспор покажала интерес. Коачилспор игра во турската втора лига.

Во редовите на Енозис Гачевски пристигна минатото лето после распадот на Вардар, претходно пет години го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб.