feature

Дембеле: ПСЖ е најдобрата светска екипа годинава

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, по победата над Тотенхем (2:2, пенал – 4:3) во натпреварот за Суперкупот на УЕФА, истакна дека парискиот тим е најдобар во Европа во 2025 година.

Кога ПСЖ сè уште се бореше за Лигата на шампионите и се движеше напред од натпревар во натпревар, особено по осминафиналето, каде што го победивме Ливерпул, кој, според мене, е еден од најдобрите тимови во Европа, си рековме дека сè е можно. Четвртфинале, полуфинале, финале. Во 2025 година, бевме најдобриот тим во Европа, изјави Дембеле за сајтот на УЕФА.

Во 2025 година, ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА, Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција и Суперкупот на Франција.


Надал вложува богатство во хотелиерскиот бизнис во Аргентина

Рафаел Надал влезе во светот на хотелскиот бизнис, подготвен да инвестира повеќе од 200 милиони долари.

По завршувањето на богатата и успешна тениска кариера, Надал целосно се посвети на разни проекти надвор од теренот.

Покрај неговата позната тениска академија, една од најпочитуваните во светот, и неговиот личен бренд на спортска облека, тој сега се впушта во голем инвестициски потфат – изградба на луксузни хотели во Аргентина.

Како што потврди аргентинскиот секретар за туризам, Даниел Чоли, поранешниот светски број еден планира да изгради дури седум објекти преку хотелскиот синџир „Манакор“ на атрактивни туристички локации: Барилоче, Ел Калафате, Игуасу, Мендоза, Посадас, Салта и Ушуаја.

Првиот хотел ќе биде изграден во Ел Калафате, а според бизнис плановите, треба да биде завршен до 2026 година.


Убедлив пораз на одбојкарите во Атина

Одбојкарската репрезентација на Македонија не успеа да дојде до посакуваниот резултат на гостувањето кај Грција во Атина, загуби во три сета и сега не е се во рацете на нашите одбојкари во обидот да се дојде до место на Европското првенство.

Натпреварот во Атина заврши со резултат 3-0 (18-25, 15-25, 25-27) за репрезентацијата на Грција. Нашите репрезентативци беа најблизу да го освојат тој посакуван сет во третиот сет, кога имаа водство во повеќе наврати, на почетокот водеа со 10-5 и 11-6, но Грција се врати и направи пресврт и во финишот влегоа со предност.

Сепак и Македонија имаше сет топка кој не ја искористи, за на крај домашните одбојкари да го добијат третиот сет со 27-25 и да дојдат до победа од 3-0. Сега на одбојкарите ќе им биде потребна чиста победа од 3-0 над Грузија во последното коло, а и да се поклопат сите резултати од другите групи, за да се игра на ново Европско првенство.

Кај Македонија најдобри поентери беа Никола Ѓорѓиев со 13 и Љафтов и Маџунков со по шест поени.


Луис Енрике: Не знам дали заслуживме, но покажавме карактер и верба

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го изрази своето задоволство по драматичната победа по изведувањето на пенали над Тотенхем во финалето на Европскиот Суперкуп. Сепак, Шпанецот призна дека Лондончани беа подобриот тим во поголемиот дел од натпреварот.

„Да бидам искрен, тешко ми е да дадам објективна оценка за овој натпревар. Имавме само 5-6 дена подготовка пред него, па затоа е неверојатно што триумфиравме. Благодарност до навивачите кои нè поддржуваа бескрајно од првата до последната минута. Среќен сум што возвративме на гестот со овој трофеј“, рече Енрике.

Тренерот не криеше дека противникот им го отежнал максимално можното натпреварување на Парижаните: „Тотенхем одигра силен натпревар – беа посвежи и подобро подготвени од нас. И покрај ова, покажавме карактер и се боревме до крај. Не можам да кажам дали нашата победа беше целосно заслужена, но тоа е фудбалот. Среќен сум за нашите навивачи. Знам дека сè уште имаме многу да подобриме – секогаш сакам повеќе од мојот тим“ изјави Луис Енрике по натпреварот.


Лион преговара за трансфер на Тимо Вернер

Францускиот тим Олимпик Лион ја држи вратата отворена за Тимо Вернер, но ќе го потпише само под многу специфични услови пред затворањето на преодниот рок. Според „Фут Меркато“, францускиот клуб внимателно ја следи ситуацијата на германскиот напаѓач во РБ Лајпциг. 29-годишникот му беше понуден на францускиот тим претходно ова лето како можно засилување.

Сепак, почетните разговори меѓу клубовите не успеаја поради високите барања на играчот, кои се сметаа дека се далеку над можностите на клубот. Сепак, раководството на Лион не ја исклучи целосно можноста за потпишување на Германецот додека бараат алтернативи. Доколку овие алтернативи не успеат, името на Вернер повторно ќе биде на дневен ред.

Вернер има договор со Лајпциг до 2026 година, а клубот од Бундеслигата стравува дека ќе го изгуби бесплатно следната година. Лион е подготвен да почека до последните денови од преодниот рок за да изврши притисок врз Лајпциг за договор. Најголемата пречка, сепак, останува неговата плата од околу 900.000 евра месечно.

За да се случи трансфер, германскиот репрезентативец ќе мора да се согласи на значително намалување на платата. Важно е да се напомене дека буџетот за плати на Лион е под строга контрола, што значи дека секој договор ќе мора да биде добро испланиран.


Нкунку е првата цел на Баерн до крајот на преодниот рок

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, ја отфрли можноста за потенцијален трансфер на Николас Џексон. Шефот на баварскиот гигант потврди дека клубот е заинтересиран да го потпише Кристофер Нкунку од Челзи ова лето.

По потпишувањето на играчи како Жоао Педро и Лиам Делап, времето за играње на Џексон во Челзи ќе биде строго ограничено, што доведе до гласини за трансфер. Напаѓачот е поврзуван со неколку англиски клубови, вклучувајќи ги Њукасл и Манчестер Јунајтед, а Баерн исто така се споменува како можна дестинација за сенегалскиот напаѓач.

И покрај шпекулациите, Еберл категорично ја отфрли можноста Баерн да го ангажира Џексон.

„Дефинитивно не. Никогаш не сум разговарал со него“, рече Еберл.

Баварците веќе го засилија својот напад ова лето со потпишувањето на колумбискиот напаѓач Луис Дијаз од Ливерпул.

Иако трансферот на Џексон не е во план, Баерн останува заинтересиран за уште еден играч на Челзи кој беше отфрлен од клубот. Тоа е Кристофер Нкунку, објави Флоријан Плетенберг.

Според Плетенберг, договор помеѓу „сините“ и „баварците“ би можел да се постигне пред затворањето на преодниот рок на 1 септември, но тоа ќе зависи од тоа дали Баерн ќе го обнови интересот за Ник Волтемаде од Штутгарт.


Сабаленка лесно ги прескокнува пречките во Синсинати

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Шпанката Џесика Бусас Манеиро во натпреварот од четвртото коло на турнирот во Синсинати — 6-1, 7-5.

Првиот светски рекет го доби мечот за 81 минута.

Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од седум брејк топки. Нејзината противничка имаше два аса, четири двојни грешки и две реализирани брејк топки од седум шанси.

Во четвртфиналето, Сабаленка ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан.

Наградниот фонд на турнирот во Синсинати, САД изнесува 5,2 милиони долари.


Парма и Ливерпул се договорија за Џовани Леони

Одбранбениот фудбалер на Парма, Џовани Леони, ќе ја продолжи кариерата во Англија, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.

Според Романо, договорот за 18-годишниот Италијанец е веќе завршена работа. Трансферната сума ќе биде околу 35 милиони евра.

Самиот фудбалер изрази желба да се пресели во англискиот клуб.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 18 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Леони играше на 17 натпревари на сите турнири и постигна еден гол.


ПСЖ ќе заработи пет милиони евра од освојувањето на Суперкупот

Фудбалерите на ПСЖ го победија Тотенхем на пенали синоќа и го освоија Суперкупот на УЕФА, но не беа финансиски наградени за тоа. Поточно, заработија дури 30 пати помалку отколку што заработија за освојувањето на Лигата на шампионите.

Имено, само за учество на натпреварот одигран синоќа во Удине, двата тима добија по 4 милиони евра, а ПСЖ доби дополнителен 1 милион евра затоа што победи.

Така, вкупниот награден фонд за ПСЖ е само 5 милиони евра, или дури 30 пати помалку отколку за освојување на Лигата на шампионите, со оглед на тоа што парижаните минатата сезона добија вкупно 150 милиони евра за европската титула.

Секако, треба да се земе предвид дека ПСЖ одигра 17 натпревари на патот до титулата во Лигата на шампионите, но сепак награда од 5 милиони евра е занемарлива кога се знае колку се трошоците за трансфери и платите во денешниот фудбал.

За потсетување, Тотенхем поведе со головите на Мики ван де Вен и Кристиано Ромеро во 39-тата и 48. минута, а ремито и пеналите на ПСЖ му ги изборија Ли Кан-ин и Гонсалу Рамуш во 85-тата и 90+4 минута. Пенал рулетот заврши 4:3 за клубот од Париз.


Ѓорческа ќе игра четвртфинале на турнирот во Србија

Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Нејзината ривалка Дарја Астахова го предаде мечот во вториот сет при водство на Ѓорческа од 1:0 во сетови и 2:0 во гемови во вториот сет.

Голема борба имаше во завршницата на првиот сет, кога Ѓорческа испушти предност од 5:2 во гемови, но сепак успеа да го добие тај брејкот со 8:6 на поени. По водството од 2:0 во гемови во вториот сет противничката го предаде мечот поради повреда.

Утре во четвртфиналето македонската тенисерка ќе игра против Аурора Ѕантедески, која со 2-1 во сетови ја совлада петтата носителка Португалката Матиле Жорге.