feature

Ѓоковиќ поради семејството го откажа настапот во Мајами

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се откажа од настап на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мајами, кој започнува идната недела, како би поминал повеќе време со своето семејство. Ѓоковиќ не играше повеќе од месец дена, односно од финалето на Австралија Опен, кој го освои и покрај повредата на мускулот, па го планираше своето враќање на терен токму во Мајами, но сепак се одлучи дека неговото враќање ќе биде на турниот во Монте Карло идниот месец. „Драги пријатели, жал ми е што нема да патувам во Мајами како би се натпреварувал. Одлучив да го искористам ова драгоцено време за останување дома со семејството. Со сите постоечки рестрикции, морам да пронајдам рамнотежа помеѓу заминувањето на турнири и останувањето дома.“ – напиша Ѓоковиќ на Твитер. Претходно, својот настап на турнирот во Мајами го откажаа Рафаел Надал и Роџер Федерер.


Обамејанг: Немам никаков проблем со Артета

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг проговори за тоа како реагирал на одлуката на главниот тренер, Микел Артета, да го избрише од списокот за мечот од Премиер лигата против екипата на Тотенхем. „Што се однесува до мојата ситуација, разговарав со шефот и продолживме понатаму“ – вели црномурестиот напаѓач. „Фокусиран сум на наредниот натпревар. Верувам дека набрзо ќе започнам да постигнувам голови. Имаме повеќе играчи што можат да бидат опасни пред противничкиот гол“, потенцираше Обамејанг.


„Ѓаволите“ потпишаа најскап спонзорски договор

Манчестер Јунајтед го потпиша најголемиот договор за рекламирање на тимовите во историјата на Премиер лигата. Клубот потпиша петгодишен договор со германската компанија за софтвер „TeamViewer“.

Договорот кој стапува на сила од почетокот на сезоната 2021/22, вреди 235 милиони фунти, или околу 47 милиони фунти по сезона. Компанијата ќе го замени Шевролет на предниот дел од дресот на „Црвените ѓаволи“, а логото на оваа компанија стои на дресот на Манчестер од 2014 година. Ова е најголемиот договор за рекламирање на спортски клуб од почетокот на пандемијата и рекорд за договор за рекламирање за спонзорство само на официјалниот дрес. Дополнително, клубот е пред објавување на договор за спонзорство на дресови за тренинг. Логото на компанијата е сино, но ќе биде прикажано во бело на црвените дресови на тимот за следната сезона за да одговара на боите на екипата.


Феноменот Дивок Ориги – која е неговата тајна?

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги би можел да го напушти клубот во летниот трансфер период, бидејќи за него постои интерес од повеќе клубови и покрај тоа што од почетокот на сезоната постигна само еден погодок. Белгискиот напаѓач, заедно со Окслејд-Чемберлен, Вајналдум и Шаќири во овој момент се најблиску до напуштање на се уште актуелниот англиски шампион. Посебно е интересен примерот на Ориги, за кого интерес пројавува Реал Сосиедад, кој во него гледа замена за Александер Исак, кој ќе го напушти клубот. Освен шпанскиот клуб, интерес покажаа и Вулверхемптон, Њукасл и Астон Вила, па ќе биде интересно да се види каде поранешниот напаѓач на Лил ќе ја продолжи кариерата. Ориги е член на Ливерпул уште од 2014. година, но дебитираше година и пол подоцна.


Дончиќ повторно ги воодушеви навивачите на Далас! (видео)

Лука Дончиќ во натпреварот кој Далас го одигра ноќта петок кон сабота против Портланд ги воодушеви навивачите на тимот од Тексас, и покрај тоа што Далас беше поразен со резултат 125:119. Словенечкиот кошаркар имаше учинок од 39 поени, девет скокови и десет асистенции, дојде на чекор до нов трипл-дабл, но еден негов потег е сепак за што најмногу се зборува. Една од асистенциите на Лука Дончиќ ги воодушеви сите фанови на НБА лигата, а каква беше најновата магија на словенецот, погледнете во видеото.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1373105927029616644

Пикфорд ќе се врати на терените следниот месец

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, е повреден и ќе мора да паузира извесен период потврдија популарните „карамели“ на официјалната веб- страница на клубот. На натпреварот од Премиер лигата против Барнли, 27-годишниот голман беше заменет во првото полувреме откако се здоби со повреда на стомакот и затоа ќе мора да паузира до крајот на месецов. Во сезоната 2020/21, Пикфорд забележа 25 настапи за Евертон и прими 32 гола. Пикфорд дебитираше како репрезентативец на Англија во 2017 година.


Евротип предлог тикет – Сабота 20.03.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 30 коефициент:

Мец – Рен 2

Тешко е да се очекува дека Рен ќе ја врати формата од минатата сезона, но сепак квалитетот на клубот од Бретања преовладува против Мец. Формата на Камавинга е во надолна линија, нападот не е на висината на задачата, па овој натпревар е шанса за излез од кризата.

 

Баерн Минхен – Штутгарт 1&ГГ

Конечно сите повредени и ковид-позитивни се вратија во стројот и Баварците се комплетни. Штутгарт му лежи како противник и европскиот првак има шанса за нова голеада и убедлива победа.

 

Ваљадолид – Севиља 2

Победата над Елче во средата ја враќа Севиља во победнички колосек, по катастрофалната прва половина на месецот. Екипата на Лопетеги има нова шанса за триумф, бидејќи традиционално добро игра против Ваљадолид.

 

Хајдук – Шибеник 1

Можеби се далеку од врвот и не се мотивираат најмногу кога играат против малите клубови, но фудбалерите на Хајдук викендов имаа ривал по мерка. Шибеник е еден од полошите гости во лигата и на „Пољуд“ нема што да бара.

 

Келн – Борусија Дортмунд ГГ3+

Натпреварите на соседите од Рурската област секогаш носат многу голови, па често посигурна е опцијата дека двете екипи ќе постигнат гол(ови), отколку конечен тип. Борусија Дортмун е фаворит, но одбраната на Терзиќ и толку ранлива што тешко може да одигра натпревар без да прими гол.


Роналдо избран за најкорисен фудбалер во Серија А за сезоната 2019/20

Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во Италија за сезоната 2019/20, од Асоцијацијата на професионални фудбалери на Апенините. Во овој избор учествуваа тренери, судии, новинари и фудбалери кои гласаат во категоријата за најдобар фудбалер.
Џанпјеро Гасперини од Аталанта ја освои наградата за најдобар тренер, а Даниел Орсато е прогласен за најдобар судија. За тим на сезоната е прогласен Аталанта.
ИДЕАЛЕН ТИМ: Донарума (Милан), Тео Ернандез (Милан), Де Фрај (Интер), Бонучи< (Јувентус), Госенс (Аталанта), Барела (Интер), Алехандро Гомез (Аталанта), Луис Алберто (Лацио), Дибала (Јувентус), Имобиле (Лацио), Роналдо (Јувентус).


Солскјер го сака Мартинез во Манчестер Јунајтед

Голманот на фудбалскиот состав Астон Вила, Емилијано Мартинез може да биде замена за Давид Де Геа на голот на Манчестер Јунајтед доколку искусниот чувар на мрежата се одлучи да ја промени средината како што најавија дел од медиумите. Бидејќи според најавите и Серхио Ромеро сигурно ќе си замине, „црвените ѓаволи“ ќе мораат да обезбедат уште еден голман. Изборот паднал на Аргентинецот кој во тековнава сезона во дресот на Астон Вила не прими гол на 14 мечеви од вкупно 27 реализирани во Премиер-лигата.


Како изгледа новата стаза во Ф1, најбрза улична во натпреварувањето! (видео)

Во новата сезона на Формула 1, еден од домаќините ќе биде и Саудиска Арабија.
Трката во Саудиска Арабија ќе биде одржана во декември, а сега е познато и како ќе изгледа стазата. Се работи за улична стаза во должина од 6,175 километри по круг и ќе биде втора најдолга во календарот, веднаш зад легендарната Спа-Франкоршамп.
Просечната брзина ќе биде околу 250 километри на час, со што трката во Џеда ќе биде најбрзата улична трка во календарот на Формула 1.