feature

Надал се согласи да игра на отворањето на новиот „Сантијаго Бернабеу“

20-кратниот освојувач на Грен Слем турнирите, Шпанецот Рафаел Надал ја прифати понудата од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да игра на егзибициски тениски натпревар на отворањето на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.
Долгогодишниот навивач на Реал Мадрид треба да игра против Роџер Федерер, но доколку Швајцарецот не се согласи, организаторите ќе се обидат да го поканат Новак Ѓоковиќ.
Реновирањето се очекува да заврши следната година. Стадионот со капацитет од 81.000 гледачи може да стане најголемиот објект на кој се одиграл еден тениски меч во историјата.


Челзи добива засилување од соништата од Сити?!

Челзи се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, со одличната одбрана го „архивираа“ Атлетико, победија со нивното оружје, а тимот на Тухел навистина е за избегнување на утрешната ждрепка.
„Сите ќе сакаат да не играат со нас.“ – заклучи Тухел, кој слободно може да се каже дека го „прероди“ Челзи.
Инаку, „сините“ од Лондон се во потрага по нов напаѓач, една варијанта е да го испратат Вернер во Дортмунд за Халанд, но тоа не е реално. Наводно нудеа и 50 милиони на Јувентус за Дибала, но тоа е недоволно.
Она што го планираат го објавија англиските медиуми.
Имено, Челзи ќе му понуди договор на Серхио Агуеро. Според одредени информации, Аргентинецот не сака во Барселона, сака да остане во Премиерлигата, ќе биде слободен играч ,а во Лондон го чекаат со ширум отворени раце. Би бил огромно засилување, не само поради квалитетот, туку и искуството, а би можел да биде и ментор на помладите играчи.


Борусија се подготвува за живот после Халанд

Се појасно е дека Борусија Дортмунд тешко ќе го задржи Ерлинг Халанд во своите редови по најавите дека Норвежанецот би можел да го напушти клубот уште по крајот на тековната сезона.
Секако, „милионерите“ сосема пристојно ќе заработат на него, а Германците веќе имаат и резервен план.
Медиумите во Англија тврдат дека Дортмунд е заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги.
Белгијанецот би чинел околу 15 милиони евра, што не би било проблем за Борусија, „црвените“ сакаат да се ослободат од него, па ова би била вистинската прилика за такво нешто.
Ориги добиваше шанса воглавно од клупата, јасно е дека за него на Енфилд веќе нема место, што ќе го натера 25-годишниот напаѓач сериозно да размисли за заминување во Дортмунд, доколку се поајви таква можност.


Нагелсман прв пик ако Баерн остане без Флик

Баерн Минхен ќе се обиде да го убеди тренерот на РБ Лајпциг Јулијан Нагелсман да го преземе тимот доколку Ханзи Флик замине од „Алијанц Арена“. Баварците немаат желба да се разделат со нивниот сегашен тренер, но тој може да ја преземе репрезентацијата на Германија. Откако Јоаким Лев најави заминување по ЕП кое се одржува ова лето, тамошната федерација бара опции за негова замена и Флик е меѓу фаворитите. Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ веќе стапи во контакт со претставниците на Нагелсман за да ја испита можноста тој да го преземе тимот. Тенерот има договор со Лајпциг до 2023 година, но Баварците можат да го привлечат за одредена сума, а се споменува 10 милиони евра. 33-годишниот тренер беше опција за шампионот на Германија и Европа дури и по отказот за Нико Ковач. Нагелсман исто така беше поврзуван со работа во Барселона, Тотенхем и Челзи. Според „Билд“, тој се чувствува одлично во Лајпциг, но можноста да го предводи Баерн можеби е премногу примамлива.


Само во Евротип, ЕКСТРА заработка со ЕКСТРА тип!

Најбогатата понуда на спортските обложувалници Евротип денеска и со можност за ЕКСТРА добивка. Во својата понуда, Евротип за сите свои верни обложувачи ги има таканаречените игри „ЕКСТРА ТИП“ и „ЕКСТРА ТИП ПЛУС“. Денеска на програмата, покрај натпреварите од Лига Европа, има и останати низа фудбалски, но и кошаркарски, тениски натпревари, а сите тие се дел од можноста за поголема заработка.
Преку понудата „ЕКСТРА ТИП“, одберете еден натпревар со повисока квота од регуларната понуда, одиграјте уште дополнителни три натпревари и дојдете до значително повисока добивка.

Доколку пак составите тикет со повеќе натпревари, одиграјте два од понудата „ЕКСТРА ТИП ПЛУС“ со повисоки квоти, додадете уште шест натпревари, па добивката ќе биде уште поголема.

Не заборавајте, искористете ја Вашата Евротип клуб картичка при уплаќањето на тикетите, па искористете ја можноста и за бонус на тикетите во висина од 467%, како и можноста за предвремена исплата на тикетот, популарниот „кеш аут“. Сето тоа, само во спортските обложувалнци Евротип кои се на чекор до Вас!


Ако се оперира, Азар ќе стави крај на кариерата?!

Еден Азар по трет пат го повреди истиот зглоб и со тоа се продолжи серијата на неговите повреди откако дојде во Реал Мадрид во 2019. година. Белгискиот капитен е соочен со нова операција, поради која би можел да го пропушти остатокот од сезоната, како и Европското првенство. Сепак, лекарот Хозе Гонзалез сугерира дека нова операција на истиот зглоб за Азар би можела да значи и крај на кариерата. „Трета операција на неговиот зглоб е доста ризична, бидејќи постои можност потоа да не може веќе да игра фудбал. Без операција ќе може да тренира за неколку месеци, но не и да игра. Од искуство ќе ви кажам дека Азар веќе нема да настапи сезонава за Реал.“ Лекарот му даде и совет: „Додека не биде 100 отсто подготвен, не треба да се враќа на терен. Кога играч се враќа по подолга пауза во која не тренирал, јасно е дека повторно ќе се повреди.“ Азар досега одигра 36 натпревари за Реал и постигна четири погодоци.


Гонсалвеш од Порто е нов приоритет на Солскјер и „ѓаволите“

Џејдон Санчо сега е на третото место во трансферните приоритети на Оле Гунер Солскјер, пренесуваат медиумите на Островот. Солскјер прво сака да го засили тимот во две други зони, а дури потоа ќе се насочи кон англискиот репрезентативец, кој минатото лето беше трансфер цел број еден на „црвените ѓаволи“. Приоритет на Манчестер Јунајтед ќе биде централен дефанзивец и централен напаѓач, но не се посочувата конкретни имиња. За засилување на крилната позиција Јунајтед ја следи ѕвездата на Спортинг Лисабон, Педро Гонсалвеш. Гонсалвеш сезонава постигна 15 гола на 21 меч, а неговата цената е многу помала од таа на Санчо.


Европскиот првак се интересира за Бастони од Интер

Баерн Минхен е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми. Спортскиот диркетор на Баварците, Салихамиџиќ веќе го контактирал менаџерот на Бастони, бидејќи верува дека Италијанецот ќе биде идеален партнер за Упамекано следната сезона. 21-годишниот Италијанец веќе втора сезона игра во Интер и оваа сезона е еден од најдобрите поединци во тимот на Конте. Станува збор за еден од најголемите таленти на Апенините, па Баерн сака да ја разгледа можноста за негов ангажман.


Тотенхем го сака Милитао од Реал Мадрид

Жозе Мурињо е силно заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Милитао. Милитао има тешка прва сезона на „Сантиаго Бернабеу“ со оглед дека не може да се избори за голема минутажа покрај неприкосновенииот тандем Варан – Рамос. 23-годишниот дефанзивец беше платен 50 милиони евра и требаше да биде големо засилување, но сега и самиот размисува да ја промени средината бидејќи не добива голема минутажа. „Специјалниот“ е во потрага по квалитетен дефанзивец и сака да ги искористи добрите односи со Реал Мадрид за да го донесе Милитао.


Два италијански гиганти го сакаат потписот на Ван ден Бек

Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следат Јувентус и Милан, кои сакаат да го донесат во своите редови на лето.
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има многу мала минутажа во Премиер лигата, а на „Олд Трафорд“ пристигна за 40 милиони евра.
Италијанските клубови сакаат да го искористат незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А за поволна цена.
Поради слабата сезона цената на Холанѓанецот падна, па споменатите клубови се спремни да понудат 25 милиони евра.