feature

Реал и Манчестер далечни 30 милиони за Рафаел Варан

Манчестер Јунајтед доставил понуда за трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан. Англискиот клуб понудил 40 милиони евра за Французинот од Реал Мадрид, но клубот бара најмалку 70 милиони евра.

Претходно беше објавено дека „црвените ѓаволи“ се блиску до купување на 28-годишниот француски репрезентативец кој влегува во последната година од договорот со шпанскиот гигант. Реал е подготвен да се раздели со играчот ова лето, но очигледно ќе помине период на преговори за да се утврди точната сума на трансферот.



Втора година по ред – откажана ГН на Австралија!

Големата награда на Австралија, 21-та трка на Формула 1 шампионатот, е откажана втора година по ред поради строгите ограничувања поврзани со КОВИД-19, објавија организаторите.

„Со големо жалење објавуваме  дека Големата награда на Австралија за 2021 година е откажана поради ограничувањата и мерките со пандемијата на КОВИД-19“, рекоа организаторите на трката, што требаше да се одржи на 21. ноември.

„Пандемијата  и последиците од компликации при патувањето и логистичките ограничувања значат дека не било можно да се потврди одржливоста на настаните во овој момент и затоа нема да бидат на календарот за 2021 година.“ – истакнуваат организаторите.



Нејмар во дуел со Меси, Бразил ќе победи во финале

Бразилските фудбалери го победија Перу со 1: 0 и се пласираа во полуфиналето на Копа Америка. Победничкиот гол за „Кариоке“ го постигна Лукас Пакета, а асистент беше Нејмар, пишува србијаданас.

„Ја сакам Аргентина! Ќе ја бодрам Аргентина затоа што имам пријатели таму, а во финалето ќе победи Бразил“, рече Нејмар со насмевка по мечот.

Нејмар постигна два гола на претходниот дел од Копа Америка.

Натпреварот помеѓу Аргентина и Колумбија е закажан ноќта помеѓу вторник и среда, додека финалето е закажано ноќта помеѓу сабота и недела.


Манчини: Италија се уште не е во финалето

Италија се уште не е во финалето, предупреди италијанскиот селекторт Роберто Манчини на последната пресконференција воочи полуфиналето на Европското првенство против Шпанија.

„Ќе биде тоа тежок натпревар, баш како и против Белгија.“ – истакна Манчини додавајќи:

„Шпанија е извонредна во последните неколку години, има многу млади игрчаи и одличен тренер.“

Го коментираше и фактот дека многу италијански новинари и стручњаци веќе ги гледаат Азурите во финалето.

„Италија се уште не е во финале. Нема да биде лестно, треба да одиграме одличен натпревар. Шпанија е врвна репрезентација, во полуфинале сме, па нема да биде така лесно.“

Манчини призна дека воочи полуфиналето постои одредена напнатост, но „во тоа е убавината на овие предизвици.“ Сепак, тој жали што на трибините нема да има поголем број италијански навивачи.

„Подобро е да се игра пред полн стадион, бидејќи тоа е убавината на фудбалот.“


Инсиње не добива нов договор, го напушта Наполи ова лето

Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње би можел да ја промени средината ова лето.

Инсиње одигра одлична сезона и игра добро на Европското првенство, но преговорите за продолжување на соработката со Наполи не одат во добра насока. Крилниот напаѓач влезе во последната година од договорот, па Наполи јасно му порача дека ако не стави потпис на нов договор ќе биде продаден ова лето.

Барселона и Тотенхем внимателно ја следат ситуацијата со Инсиње и сакаат да го донесат во своите редови.



Холанѓанецот Кујперс ќе го суди финалето на Европското првенство

УЕФА го избрала судијата за финалето на Европското првенство.

Холандските медиуми пренесуваат дека Бјорн Кјуперс ќе биде на центарот на натпреварот на 11. јули. Како што се најавува ова ќе биде награда за искусниот судија затоа што го суди последниот голем турнир во својата кариера.

Кјуперс претходно не судел подалеку од едно четвртфинале на Европско или Светско првенство. Негов најголем натпревар финалето во Купот на Конфедерации во 2013 година.

Финалето се игра на „Вембли“, а за место во него се борат Шпанија – Италија и Англија – Данска.



Задар и годинава домаќин на Ф4 на СЕХА лигата

Десеттото издание на Ф4 турнирот од СЕХА Гаспром лигата повторно ќе се одржи во Задар, Хрватска. Како што потврдија од лигата, најдобрите четири тима од годинешното издание на регионалната лига ќе се соберат во Задар од 3 до 5 септември.

Натпреварите ќе се играат во СЦ Вишњик во салата „Крешимир Ќосиќ“.

Секако, пред Ф4 турнирот останува да се одиграат и оние четвртфинални натпревари по кои ќе бидат комплетирани патниците на завршниот турнир. Тие се закажани од 21 до 31 август.



Ливерпул преговара со Саул Нигез

Саул Нигез го притиска раководството да го пуштат да направи трансфер ова лето.

26-годишниот Шпанец веќе подолго време е трансферна цел на „црвените ѓаволи“ кои минатата година направија конкретен обид да го донесат на „Олд Трафорд“.

Меѓутоа, сега во трката за потписот сериозно се вклучи Ливерпул, кој веќе спремил понуда за Саул Нигез. Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска и е спремен да понуди 40 милиони фунти за потписот на Саул Нигез.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра, па се очекува двата клуба наскоро да седнат на преговарачка маса.


Арсенал го враќа Ренато Санчез во Премиер лигата

Англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот играч за врска, Ренато Санчез е главна трансфер цел на Арсенал.

Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде. Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Арсенал е во потрага по квалитетен играч за врска, а најголема желба на тренерот Артета е токму Ренато Санчез.

„Топџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и се спремни наскоро да испратат понуда од 40 милиони евра за потписот на Санчез.



Мбапе поставил еден услов кон ПСЖ – веднаш е одбиен!

Килијан Мбапе се уште не постигнал договор со ПСЖ за продолжување на соработката. Францускиот напаѓач сака да го напушти Париз и тоа може да го направи на два начина – со продолжување на соработката со договор за отштета или да почека една сезона и да замине како слободен играч.

Во овој момент се поизгледна се чини втората опција, бидејќи Мбапе постави само еден услов кон ПСЖ во преговорите, а истиот веднаш е одбиен. Тој бараше во новиот договор да се стави клаузула со која со одредена отштета може да замине во мадридски Реал. Раководството на ПСЖ не сакаше ни да чуе за таков договор, бидејќи планираат екипата да ја градат околу Мбапе во наредните години.

„Килијан ќе остане во Париз. Нема никогаш да го продадеме, ниту пак ќе замине како слободен играч. Тука има се што ќе посака, кој клуб има амбиција како нас? Ова е неговата земја. Тој има мисија не само да игра фудбал, туку и да ја промовира француската лига, државата и Париз.“ – рече претседателот на клубот, Насерл Ал-Келаифи.

ПСЖ го плати Мбапе 180 милиони евра на Монако, а постои можност 22-годишниот фудбалер идното лето да замине како слободен играч, што сигурно би бил тежок удар за клубот од Париз.