feature

Вардар го повлече дресот со број 11 во чест на Васил Рингов

Фудбалскиот клуб Вардар, денес одржа комеморативна седница во чест на легендарниот Васил Рингов, кој по кратко боледување почина во 70. година од животот.

„Васил Рингов беше пред се човек со карактер и вредност какви ретко се среќаваат. Тој е наша ѕвезда која замина од овој свет без ниту еден непријател“ – рече извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.

На комеморацијата беше објавено дека клубот одлучил да го повлече дресот со број единаесет што го носеше Рингов и дека биде поднесена иницијатива јужната трибина на градскиот стадион во Скопје да го носи името на легендарниот струмичанец.


Пораз на македонските ракометари на тестот со Хрватска во Пореч

Македонската ракометна репрезентација загуби од Хрватска (26-23), на првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство кое започнува на средина на следниот месец.

Избраниците на Кирил Лазаров по неколку дена тренинзи, вечерва во Пореч го имаа првиот посериозен тест, а домаќините ја искористија одличната вечер на голманот Славиќ за на полувреме да дојдат до солидна предност од 14-11. Македонската селекција не дозволи противникот да се одлепи посериозно во продолжение од мечот, стигна и на минус еден во дуелот со ривалот во чии редови беа покажани и два црвени картони, но случувањата на теренот не донесоа ниту пресврт.

Филип Кузмановски со седум голови беше најефикасен во нашиот состав, додека Дино Славиќ со петнаесет одбрани се истакна како најдобар поединец кај победничката селекција.

Македонија до почетокот на Европското првенство ќе игра пријателски натпревари и со Швајцарија, Бахреин и Украина.


Милан рутински и лесно ја надигра Верона

Екипата на Милан без поголеми проблеми ja совлада Верона со 3-0 во рамки на 16. коло од Серија А и повторно се искачи на челната позиција на табелата.

Отпорот на гостите беше скршен веднаш по паузата, кога Кристијан Пулишиќ во 46. минута го отвори резултатот и им донесе водство на „росонерите“. Само неколку минути подоцна, Кристофер Нкунку блесна со два брзи гола и стави точка на убедливата победа на миланскиот гигант.

Со овие три бода, Милан стигна до 35 поени и моментно е лидер во шампионатот, додека Интер е втор со 33 бода, но и натпревар помалку во однос на градскиот ривал.


Спремна трансфер листата, тројца кошаркари заминуваат од Партизан

Центарот на Партизан, Тајрик Џонс, би можел да го напушти клубт во наредните денови. .

Како што пишува грчкиот новинар Вангелис Јоану, сопствениците на Олимпијакос, браќата Ангелопулос, се подготвени да платата обесштетување, за да го доведат црно-белиот центар.

Заедно со Џабари Паркер, Џонс е играчот кој има најлош углед меѓу навивачите на Партизан. Тие го исвиркаа во неколку наврати, а имаше и вербална расправија по поразот од Макаби во петокот.

За да успее Олимпијакос да го реализира трансферот на Џонс и да го има на располагање за следните натпревари од Евролигата, ќе мора да реагира до 5 јануари. Тоа е крајниот рок за трансфери меѓу клубовите во Евролигата.

Уште неколку грчки медиуми ја објавија веста за интересот на Олимпијакос за црно-белиот центар, чиј договор истекува на крајот од сезоната. Наводно тој има годишна плата од 1.100.000 евра

Тие исто така пишуваат дека Олимпијакос веќе контактирал со претставниците на играчот, но дека го сакаат само како слободен агент, односно ако Партизан го отпушти.

Од друга страна, медиумите во Шпанија, тврдат дека до 5 јануари, покрај тајрик Џонс, Партизан ќе го напуштат Џамари Перкер и Стерлинг Браун.


Аморим има полна листа за засилувања уште во јануари

По триумфот во петокот над Њукасл во Манчестер Јунајтед се подготвуваат за претстојниот преоден рок. Навивачите очекуваат големи имиња, но заминувања на некои од играчите кои според нив не го заслужуваат дресот на тимот од Олд Трафорд.

Како прво име за засилување се споменува играчот на Нотингем Форест Елиот Андерсон, а меѓу потенцијалните засилување е и играчот на Оксер Ласине Синајоко. Неговиот договор со францускиот тим истекува на лето, но во Манчестер го посакуваат во јануари и управата на „црвените ѓаволи“ е веќе во преговори со агентите на играчот. На листата на засилувања се наоѓа и Рубен Невеш.

Во меѓувреме на „излезна врата“ се наоѓа Зиркзе, кој според италијанските медиуми е пред трансфер во Рома.


Фратези од Интер се сели во Фенер?

Турскиот гигант Фенербахче се подготвува за купување на уште еден фудбалер. Управата на клубот е подготвена да плати 40 милиони евра за италијанскиот репрезентативец Давид Фратези.

Репрезентативецот на Италија во моментов не е во преден план кај тренерот на Интер Кристијан Киву, кој пак е подготвен да се откаже од услугите на играчот.

За Фратези заинтересирани сè уште и италијанските екипи: Јувентус, Наполи и Рома.

Репрезентативецот на Италија член на Интер е од 2023 година, а претходно има настапувано за Монца, Емполи, Асколи и Сасуоло. За Италија има одиграно 33 натпревари и постигнал 8 голови.


Пјер Гисли купи акции од кошаркарски евролигаш

Францускиот возач во Формула 1 Пјер Гасли наводно станал малцински сопственик на францускиот евролигаш Асвел.

Според информациите, Асвел го финализирал влезот на нов малцински акционер во сопственичката структура на клубот, потег кој бил оценет како неопходен со цел финансиска стабилизација во сложениот период низ кој поминува клубот.

Новиот инвеститор, наводно се помала група на поединци, а најпознато име меѓу нив е токму Гасли, кој на овој начин влегува во кошаркарскиот спорт на сопственичко ниво.

Асвел оваа сезона се соочува со сериозни финансиски проблеми и веќе беше казнет од страна на Евролигата поради неисполнување на минималните барања поврзани со буџетот и потрошувачката.


Дувњак ќе потпише нов договор со Кил

Хрватскиот ракометар и член на бундеслигашот Кил, Домагој Дувњак иако најави крај на кариерата на крајот од сезоната сепак реши да игра уште една година.

На ваков чекор Хрватот се реши по потпишувањето нов договор со неговиот тим Кил до летото 2027 година.

Дувњак кариерата ја почна во Ѓаково каде играше две сезони, потоа три години беше играч на хрватскиот првак Загреб до 2009 година, кога ја почна интернационалната кариера. Прво четири сезони настапуваше за Хамбург

37-Годишниот Хрват кој потекнува од Ѓаково, играше за Загреб до 2009 година, пред да замине во Хамбург каде остана до 2014 година и да направи трансфер во редовите на Кил, каде сега ја носи и капитенската лента.

Преминот на Дувњак од Загреб во Хамбург беше најскапиот трансфер во тој период, а хрватскиот репрезентативец со својот национален тим има настапи на четири Олимписки игри.


Дрејпер ќе го пропушти Австралија опен

Организаторите на првиот Грен слем турнир во годината Австралија опен објавија дека еден од ТОП 10 играчите на светот Џек Драјпер нема да настапи.

Британецот одигра само еден меч по Вимблдон и повредата на левата рака што го принуди да ја скрати сезоната во 2025 година.

Рехабилитацијата ќе трае подолго време од предвиденото и тој во порака на мрежата Х објави дека сè уште не е доволно подготвен.

– Заедно со тимот донесовме одлука оваа година да не настапам во Австралија. Одлуката беше тешка, но природата на повредата бара подолг третман. Ова е една од најтешките повреди. Се радувам на враќањето на терените во 2026 година, изјави Драјпер.

Во 2023 година најдобриот британски тенисер имаше пауза од шест месеци поради повреда на рамо, со неколку операции.

Оваа година ја освои првата титула на Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, а неговиот најдобар ранг му беше четвртото место во јуни годинава.

Со откажувањето на настапот на турнирот во Мелбурн, Драјпер најверојатно ќе се подготвува за одбрана на титулата во Индијан Велс.


Ал-Рајан го продава Митровиќ, Фенер прв застана во редот

Репрезентативецот на Србија Александар Митровиќ е пред враќање во европскиот фудбал. Тој веќе две сезони игра во Саудиска Арабија, а сега е член на Ал-Рајан од Катар. Но, за очекување е 31-годишниот напаѓач да ја смени средината.

Според медиумите од Турција еден од најголемите клубови Фенербахче сака во своите редови да го донесе Митровиќ. Во Доха не се премногу задоволни од игрите и ефектот на напаѓачот особено што често е повреден.

Сепак, двата клуба ќе треба да постигнат договор, а Фенербахче да издвои и годишна плата од околу 10 милиони евра за фудбалерот.

Митровиќ по заминувањето од Премиер лигата одигра две сезони во Ал-Хилал и постигна 68 голови на 79 натпревари.