feature

Спортските обложувалници Евротип, Gold Slot клубовите, СН Осигурителен брокер и СН Финансии помагаат во првиот регионален центар за вакцинација во салата „Билјанини извори“ – Охрид

Интензивно се работи во салата „Билјанини извори“ која наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација.

Во салата се поставени сите:
14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,
14 пункотви за 28 вакцинални места.

Деновиве ќе се инсталира компјутерскиот систем за потребите на министерството за здравство. Ќе биде донесен агрегатот за фрижидерот каде ќе се чуваат вакцините и по извршената дезинфекција салата ќе биде отворена за граѓаните. Според планираното истата треба да биде готова до петок.

Огромна благодарност до компаниите СН Осигурителен Брокер и спортските обложувалници Евротип, Gold Slot клубовите и SN Финансии кои не само што ги донираа сите паравани туку и сами ги наместија. Во овие моменти од исклучителна важност е солидарноста на општествено одговорните компании. Со нивен допринос овој вакцинален пункт ќе ги услужи граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.


Баерн го враќа Дракслер во Бундеслигата

Јулијан Дрекслер би можел да се врати во Германија и да го облече дресот на Баерн Минхен, пренесува „Калчомеркато“. Договорот на 27-годишниот Германец со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а „светците“ не планираат да му понудат продолжување на соработката. Дрекслер е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а неговите агенти веќе оствариле контакт со Баерн Минхен. Бавраците се спремни да го донесат Дрекслер како слободен агент, па се очекува двете страни брзо да најдат заеднички јазик околу финансиските аспекти. Дрекслер оваа сезона одигра 27 меча за ПСЖ на кои постигна 4 гола и запиша 4 асистенции.


Кејн најавил заминување од Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн на крајот на сезоната ќе побара да си замине од клубот бидејќи не е задоволен од постигнатите резултати, најавија денеска англиските медиуми. Договорот на Кејн со „спарси“ е валиден до 2024 година што значи дека Англичаните сигурно нема лесно да се откажат од неговите услуги. Одредени информации наведуваат дека Манчестер Јунајтед е меѓу главните кандидати да ја искористи целата ситуација иако тука се споменува и Манчестер Сити како и неколку тимови од Шпанија и Италија.


Порази на сите македонски борачи на ЕП во Полска

Македонските борачи ги завршија своите настапи на Европското првенство во Варшава. Последната надеж на Макеоднија беше Владимир Егоров, кој доби шанса во репасажо, но загуби од репрезентативецот на Азербејџан, Ахмеднаби Гварзатилов со со 2-6. Во шест борби на Европското првенство, нашите борачи не издвојуваа ниту една победа и освоија само седум бода, од кои четири се дело на Фати Вејсели. Ова е големо разочарување за нашите борачи кои се надеваат на многу подобри резултати на ова Европско првенство. Резултати на македонските борачи: -61 кг: Владимир Егоров – Андрил Џелеп (Украина) 0-7 Репасаж Владимир Егоров –Ахмеднаби Гварзатилов (Азербејџан) 2-6 -70 кг: Фати Вејсели – Даниел Антал (Унгарија) 4-7 -79 кг: Дејан Митров – Акшарбек Гуалев (Русија) 0-10 (ТТ) Репасаж – Дејан Митров – Арман Авагјан (Ерменија) 1-12 (ТТ) -97 кг: Могамедгаџи Нуров – Елизбар Одикадѕе (Грузија) 0-5.


Јаневски го одведе кипарски Олимпијакос во финалето на Купот по три децении

Чедомир Јаневски се избори за финале со Олимпијакос во Купот на Кипар. Колку е голем овој успех на Јаневски најдобро зборува податокот дека клубот на едно финале во купот чекаше цели 30 години. Олимпијакос славеше против АЕЛ Лимасол на гости со 1-0, претходно имаа победа од 4-2 во првиот натпревар и така со вкупни 5- 2 дојдоа до шанса да се борат за пехарот. Јаневски работи одлично и Олимпијакос е во една победничка серија. Овој клуб купот го освои само еднаш и тоа во 1977 година, има и уште три порази во финалињата.


ПСЖ и Интер подготвуваат трампа Ериксен-Паредес

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Леандро Паредес од ПСЖ. Приоритет за Конте ќе биде доведување на играч за врска, кој ќе биде алтернатива за Брозовиќ, а Паредес е прв на листата желби. Паредес е голема желба на Антонио Конте кој смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, притоа има големо искуство во Серија А. Италијанските медиуми не исклучуваат како дел од трансферот да биде вклучен Кристиан Ериксен, кој е голема желба на тренерот на ПСЖ, Покетино. Паредес е отворен за преселба во Милано, па се очекува наскоро да започнат преговорите за трампа.


ФФМ ќе ги плати тестовите за ковид-19 за да се доиграат шампионатите

Фудбалската Федерација на Македонија објави дека ќе ги покрие трошоците за сите ПЦР тестови за ковид-19 откако Владата донесе одлука истите да се прават задолжително пред секој натпревар. Тоа значи дека ФФМ одлучи за сите мечеви од првата и втората лига кои ќе бидат одиграни во текот на викендот да ги плати трошоците за тестирање. Секој клуб мора да пријави по 25 лица за секој натпревар, покрај играчите и тренерите тука се вбројуваат и службените лица од клубот. Тестирањето ќе биде направено утре и в петок. Воедно, ФФМ ќе ги покрие трошоците и за тестовите на судиите, делегатите и контролорите.


Рома одлучи да го откупи Шпанецот Борха Мајорал

Раководството на Рома сака да ја искористи опцијата за откуп на напаѓачот Борха Мајорал. 23-годишниот Мајорал игра во Рома како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Позајмицата истекува во јуни 2022, а „волчицата“ за откуп ова лето треба да плати 15 милиони евра. Ако опцијата за откуп не биде активирана ова лето, следната година сумата ќе биде 20 милиони евра. Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе работи на перманентен трансфер на шпанскиот напаѓач. Мајорал веднаш се наметна како добра опција во нападот на „волчицата“ и оваа сезона има постигнато 13 гола и 7 асистенции.


Тухел: Играчите играат под стрес по вестите за Суперлигата

Фудбалерите на Челзи доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Брајтон 0-0 а нивниот тренер, Томас Тухел, вели дека за тоа голема вина има и целата приказна околу новата Суперлига. По натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, стратегот на „сините“ призна дека сите информации за создавањето на Европската Суперлига имале негативно влијание врз перформансите на играчите. „Вестите за Суперлигата влијаеја на психата на играчите. Пред натпреварот разговаравме само за тоа и за ништо друго. Разочарани сме. Сакавме да победиме“, искоментира стратегот на Челзи.


Милан го сака Нуњез од Бенфика како замена за Ибрахимовиќ

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти. Скаутите на Милан го следат веќе подолго време, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ сакаат да го донесат на лето. 21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него. Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Милан сигурно ќе треба да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.