feature

Димитриевски: Жал ми е што не помогнав си одбранетиот пенал

По дуелот со Украина одигран на „Националната арена“ во Букурешт, свое видување даде и голманот на нашата репрезентација Столе Димитриевски, кој беше најзаслужен што Македонија остана во игра за бод до самиот крај на натпрерварот.

„Имавме два различни натпревари. Првиот беше доста добар, додека на вториот меч првиот дел беше послаб од вториот. Сепак, ја покажавме најдобрата игра на ЕП во вторите 45 минути. Искрено, не сум задоволен од себе, затоа што не ѝ помогнав на екипата да дојдеме барем до бод. Сепак, одиме до крај сите заедно. Кога говориме за пеналот, разговараме со сите тренери. Да се одбрани пенал не е лесно, ги имаме сите играчи простудирано. Ова не е само мој одбранет пенал, туку на сите нас. Сега следи Холандија, каде одиме да се покажеме во најдобро светло, па да освоиме барем бод“, изјави Димитриевски.

Следниот натпревар, кој воедно че биде последен во групната фаза, за Македонија ќе биде во Амстердам на гостински терен кај Холандија (понеделник, 21 јуни од 18:00 часот).



Аргентинецот Де Пол се сели во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид ја победи конкуренцијата и го договори трансферот на ѕвездата на Удинезе, Родриго де Пол.

Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол игра фантастично во Удинезе и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. Интерес за Аргентинецот покажуваа уште Милан и Јувентус, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата.

„Скај Италија“ пренесува дека „јорганџиите“ постигнале договор со Удинезе и за потписот на Де Пол ќе платат 35 милиони евра плус бонуси.



По 117 години – Реал добива странец за капитен

Серхио Рамос и Реал Мадрид синоќа објавија дека шпанскиот дефанзивец ова лето ќе го напушти клубот, а со неговото заминување останува празно местото капитен во мадридскиот клуб.

Шпанска „Марка“ денеска пишува дека Марсело, Карим Бензема и Рафаел Варан се играчите кои ќе ја преземат траката, со тоа што, Марсело ќе биде капитен, а Бензема и Варан негови заменици.

Марсело ќе стане првиот „странски“ капитен на Реал Мадрид уште од 1904. година, 15 години по доаѓањето во клубот. Англичанецот Артур Џонсон беше првиот странец капитен на клубот, во далечната 1902. година.

Заменет беше од Кубанецот Хозе Гиралт, додека последен странец кој ја носеше траката на Реал беше од Гватемала, Федерико Ревиерто. По него, сите капитени беа шпанци.

Рамос освои 12 титули во своите шест сезони како капитен, повеќе од Икер Касиљас (кој освои седум во пет години) и Раул (кој освои четири во седум години).


Суарез: Не постои пријател на теренот

Фудбалерите на Аргентина и Уругвај ќе се сретнат во второто коло од групата А на Копа Америка.

Фокусот сигурно ќе биде насочен кон одличните пријатели и поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез.

Суарез минатото лето се пресели од Барселона во Атлетико, на што Меси не се согласуваше, а подоцна ја освои титулата шампион на Шпанија со 21 погодок.

„Имам одлично пријателство со Лео. Но, објективно, тоа не постои на теренот. Исто е и кога играв против Барселона, а сега ќе биде и против Уругвај”, изјави Суарез.

Во првото коло Аргентина ремизираше 1: 1 со Чиле, додека Уругвај одмараше.

„Аргентина е многу добар тим, ќе биде комплицирано. Ние ќе се обидеме да не им дозволиме да создадат многу шанси, тие се премногу силни во нападот. Сепак, тие исто така имаат слабости и на нас е да ги искористиме и да се обидеме да ја искористиме секоја шанса.“ – заклучи тој.


Реал Мадрид ја сака англиската сензација Калвин Филип

Калвин Филипс, кој имаше одлична сезона во дресот на Лидс и успеа да се избори за место во репрезентацијата на Англија на Европското првенство, може да добие понуда од Реал Мадрид.

Наводно, новиот тренер на „кралевите“, Карло Анчелоти, го гледа Филипс како идеална замена за ветеранот, Лука Модриќ, кој треба да ја одработи последната сезона кај „белите“.

Филипс на Евро 2020 имаше одличен настап на мечот со Хрватска и беше асистент на единствениот погодок кој го реализираше Рахим Стерлинг и кој им донесе три бода на Англичаните.


По само 20 дена, Гатузо ја напушта Фиорентина

Италијанските медиуми од синоќа пишуваат за веста која ја потврди и Фабрицио Романо, еден од најсигурните италијански, а и светски спортски новинари.

Џенаро Гатузо по само 20 дена во клубот ја напушта Фиорентина. Прекинот на соработката на поранешниот тренер на Наполи и клубот од Фиренца треба да се официјализира наскоро.

Раи и Скај Спортс тврдат дека нема шанси да се промени одлуката на Гатузо и наведуваат дека го напушта „Артемио Франки“ со спогодбен раскин на договорот.

Веќе при првите разговори за трансфери дојде до високи тензии помеѓу Гатузо и претседателот на клубот, Роко Комисо. Главниот човек на Фиорентина беше незадоволен од тоа што Гатузо за засилувања бараше играчи на кои им е менаџер Жорге Мендеш, истиот менаџер кој се грижи и за неговата кариера.

Фиорентина сакаше да доведе поефтини играчи, а Гатузо заговараше за клиенти на Мендес и тука дојде до несогласувања.


За три сантиметри – тешко повредениот Белгијанец ќе останеше без фудбалска кариера

Белгискиот репрезентативец, 25-годишниот Тимоти Кастањ го заврши својот настап на Европското првенство уште при првиот наптревар. Во победата на Белгија од 3:0 над Русија, Кастањ се судри со главите со Русинот Далер Кузјаев во 26. минута од натпреварот.

Кастањ доживеа двојна скршеница на очната празнина во тој судар и нема да може да игра фудбал во следните шест до осум недели. Со самото тоа, нема да може да настапи во продолжението на Европското првенство.

Кастањ мораше на операција која траеше шест часа. Изведена му беше реконструкција на очната празнина, а доколку ударот беше три сантиметри подлабок, кариерата на Кастањ веројатно ќе беше завршена, пишуваат белгиските медиуми.

Белгија денеска го игра вториот натпревар на ЕП против Данска.


Флоријан Милер потпиша за Штутгарт

Штутгарт потврди дека потпишал договор на четири години со голманот Флоријан Милер.

Тој доаѓа како замена за Грегор Кобел кој се пресели во Борусија Дортмунд. 23-годишниот Милер во минатата сезона настапи како позајмен во Фрајбург и остави одличен впечаток.

„Развојот на Флоријан Милер во последниве години е навистина импресивен. Неговиот потенцијал, со оглед на неговата младост, неговиот карактер и менталитет, го прави совршено ново засилување”, рече спортскиот директор на Штутгарт, Свен Минзлинтат.



Рускиот дефанзивец Фернандез добро мина, не е сериозно повреден

Дефанзивецот на Русија, Марио Фернандес, нема повреда на ‘рбетниот мозок, покажаа деталните лекарски прегледи, соопшти раководството на руската фудбалска репрезентација. Тој денеска беше изнесен на носилки во 26-та минута  на средбата со Финска која и припадна на „Зборнаја“ со минимални 1-0.

„Според резултатите од прегледот, Марио Фернандес нема повреди на ‘рбетот. Тој ќе замине со тимот за Москва и ќе биде под надзор на лекарите од руската репрезентација”, се вели во соопштението.

Русија последниот меч од групната фаза ќе го одигра против Данска на 21 јуни во Копенхаген.


Пронајден автомобил-бомба во близина на стадионот во Рим

Италијанските медиуми ја загрижија светската јавност со објавата пред натпреварот помеѓу Италија и Швајцарија дека е пронајден автомобил-бомба во близина на стадионот во Рим.

Автомобилот се наоѓал во близина на стадионот, каде што играа двете репрезентации, а навивачите наводно забележале некаков чуден предмет во него и веднаш повикале полиција.

Службените лица пристигнале во 17. часот по локално време пред почетокот на натпреварот, и во контролирана експлозија го уништиле автомобилот.