Екипата на Вотфорд која се врати во Премиер лигата на Англија ја засили во одбраната со Дени Роуз кој летово го напушти Тотенхем.
Бекот се согласи на двегодишен договор и ќе му се приклучи на новиот тим како слободен агент од 1 јули. Роуз во 2008 и 2009 година или во почетокот на кариерата, одигра неколку мечеви за Вотфорд како позајмен играч.
Тој тогаш успеа да се избори и за место во репрезентацијата. Црномурестиот дефанзивен фудбалер за Тотенхем одигра 241 натпревар.
Ангеловски: Ние сме растеретени, а Украинците под притисок
Македонскиот национален состав денес го има официјалниот тренинг пред утрешниот меч против репрезентацијата на Украина во рамките од второто коло од групната фаза од Европскиот шампионат.
Селекторот Ангеловски истакна дека тимот е подготвен за она што следува за најважниот меч кој веројатно оваа генерација ќе го игра.
„Најважната лекција е дека повторно веруваме дека имаме квалитет, затоа што до 80. минута имавме активен резултат против Австрија. Не се браневме, не игравме бункер дури имавме и ситуации да поведеме. Сепак, тоа не успеавме да го направиме, примивме гол по пад на концентрација. Сепак, следува меч со Украина, мислам дека имаме ситуација во која можеме да се поправиме на резултатски план“.
„Дојдовме на првенството со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите“.
Стефан Ристовски смета дека тимот е подготвен и физички и психички, не смее да се дозволи пад на атмосферата и некакво алиби за слаб настап.
„Професионалци сме и не смееме да дозволиме пад на атмосфера. Ова е големо натпреварување, ние не смееме да дозволиме ништо да не деконцентрира. Следуваат уште два меча, ќе го дадеме максимумот. Ние овде не дојдовме како туристи, имаме огромен квалитет. Со три блока, со бранење на нашиот гол, и брзи контри да го изненадиме противникот. Кога играте со вакви селекции мора да си подготвен за се. Со Австрија се подготвувавме за едно, а тие излегоа со пет дефанзивци. Секој се обидува да те изненади“.
„Непоканет“ гостин на натпревар во Полска, судијата покажа смисла за хумор!
Натпревар од петтата полска фудбалска лига минатиот викенд беше прекинат од натрапник од небото.
Играчите на Олимпија Елблаг и ПИСА Примавера Барчево пазеа каде е топката, како да додадат или да се отворат, кога од никаде на тревникот слета падобранец.
На среќа, при слетувањето не се судри со никој од играчите, а судијата веднаш го прекина натпреварот, му пријде на непоканетиот гостин и му покажа жолт картон.
Падобранецот со помош на редарите го собра своето превозно средство и го напушти теренот, по што натпреварот беше продолжен.
Ашковски потпиша за романскиот Сепси
Стефан Ашковски кој е поранешен македонски репрезентативец го напушти Ботошани, но остана во романскиот фудбал.
Ашковски потпиша договор на две години со тимот на Сепси. Инаку, тој повремено добива повик во репрезентацијата, беше и на поширокиот список на Ангеловски за ЕП, но сепак не се најде помеѓу играчите кои отпатуваа на првенството.
Германија по ЕП останува без играчи од Реал и Сити?!
Германија на Европско првенство, последното на кое репрезентацијата ја води Јоаким Лев, отвори со пораз од Франција со 1:0.
Веднаш по натпреварот „Билд“ објави дека ова би можело да биде последно големо натпреварување за Тони Крос и Илкај Гундоган. Причина за тоа е што новиот селектор Ханси Флик во средниот ред планира да ги користи Џошуа Кимих и Леон Горецка, двајцата фудбалери кои во последните две сезони ги користеше во Баерн. Тоа значи дека 31-годишниот Крос, играчот на Реал, и година помладиот Илкај Гундоган, кој е член на Сити, ќе мораат да чекаат прилика од клупата, а таа опција не им се допаѓа.
„По ЕУРО тие двајца ќе размислат дали и понатаму ќе бидат на располагање на селекторот.“ – пишува Билд за двајцата кои синоќа против Франција ги одиграа сите 90 минути.
Според истиот извор, одлуката за продолжување на репрезентативната кариера се уште не ја донеле ниту 32-годишниот Матс Хумелс и 31-годишниот Томас Милер. Билд пишува дека тие веројатно ќе се опростат од репрезентацијата по Светското првенство идната година.
Шелби Гулиган суспендирана заради позитивен допинг тест
Американската атлетичарка Шелби Гулиган, шампионка на 1.500 и 5.000 метри во затворен простор во 2019 година е суспендирана на четири години поради позитивен тест за анаболен стероид.
Неколку дена пред почетокот на квалификациите за Олимписките игри во американскиот тим, 28-годишната атлетичарка призна дека во нејзиниот примерок од јануари е пронајден нандролон. Гулиган, која беше кандидатка за медал во Токио 2020, тврди дека намерно не земала допинг и дека забранетата супстанца можела да влезе во нејзиното тело преку контаминирано месо.
„Направив сè што можев за да ја докажам својата невиност. Поминав полиграфски тест, а косата ми ја тестираше еден од водечките светски токсиколози“, напиша Шелби на социјалните мрежи.
ВАДА се согласи дека нелегалната дрога не се акумулирала во моето тело, што значи дека не ја земав редовно. Но, ова не ја промени одлуката за казнување. Се чувствувам целосно уништено, изгубено, скршено, збунето и изневерено од самиот спорт што го сакав и целосно му се предадов. Никогаш не сум користела супстанции за подобрување на перформансите, додаде американската атлетичарка.
Варди стана косопственик на клуб од САД
Напаѓачот на Лестер Сити, Џејми Варди стана косопственик на американскиот фудбалски тим Рочестер Рајнос.
34-годишниот Варди купи малцински дел акциите во клубот, но не планира наскоро да престане да игра фудбал.
Рочестер, основан во 1996 година, не се натпреваруваше на шампионатот на САД во последните четири години поради финансиски потешкотии, но планира да ги продолжи натпрерварите во 2022 година со помош на Варди и другите партнери.
УЕФА потврди: Јуве, Реал и Барса ќе играат во следната ЛШ
УЕФА официјално го извести Јувентус дека учеството на тимот во следното издание на Лигата на шампионите е загарантирано, објави агенцијата АНСА.
На „Бјанконерите“ им се закануваше исфрлање од Лигата на Шампионите затоа што одбија да се повлечат од Суперлигата. Првично, УЕФА се закани со строги санкции за Јувентус и другите два клуба – Барселона и Реал Мадрид, кои исто така се категорични дека нема да ја напуштат идеjата за формирање на Суперлига.
УЕФА дури отвори дисциплинска постапка против бунтовниците, но потоа „замрзна“ сè откако швајцарскиот суд го предупреди Нион дека нема надлежност да казнува во овој случај.
Македонија – Австрија донесе голем скандал во Романија! (фото)
Натпреварот на Европското првенство кој во Букурешт го одиграа Македонија и Австрија донесе голем скандал во Романија.
Имено, весникот „Газета Спортурилор“ на насловната страна открива дека тамошните политичари тој натпревар го следеа од свечената ложа, додека романските фудбалски легенди добија место на обичната трибина, помеѓу навивачите на Македонија.
Таму завршија Георге Хаџи, најголемиот фудбалер во историјата на Романија, познат како Марадона од Карпатите, потоа уште еден великан, Георге Попеску, како и Доринел Мунтеану, неговиот соиграч од златната репрезентација од 90-тите.
Major scandal in Romania following the Euro 2020 game between North Macedonia and Austria. Many politicians had VIP tickets, while the country's football heroes, Hagi and Popescu, were sent to a normal stand, among regular supporters. Case revealed by GSp as cover story today. pic.twitter.com/VFRHxN0xpm
Претставена новата топка за следната сезона во Премиер лигата
Веќе започнуваат да се прават подготовките за новата сезона, па така Премиер лигата ја претстави топката која ќе се користи во ова натпреварување наредната сезона.
Денес од Премиер лигата ја претставија топката, а утре се очекува да излезе и распоредот за новата сезона.