feature

Претставена новата топка за следната сезона во Премиер лигата

Веќе започнуваат да се прават подготовките за новата сезона, па така Премиер лигата ја претстави топката која ќе се користи во ова натпреварување наредната сезона.

Денес од Премиер лигата ја претставија топката, а утре се очекува да излезе и распоредот за новата сезона.



Мбапе како Болт – стана хит на Интернет! (видео)

На натпреварот од првото коло од групата Ф на Европското првенство, Франција ја совлада Германија со 1:0.

Еден од потезите кои го одбележаа натпреварот и стана хит на Интернет беше неверојатниот спринт на Килијан Мбапе. Напаѓачот на француската репрезентација неверојатно лесно во контранапад го претрча Матс Хумелс, влезе во шеснаесетникот и падна по контакт со дефанзивецот на Германија, но судијата не сметаше дека се работи за прекршок и најстрога казна.

Хумелс беше трагичар на синоќешниот натпревар бидејќи постигна автогол, а Мбапе на средината од второто полувреме постигна мајсторски погодок кој беше поништен поради офсајд.



Пол ликува по враќањето на топ-формата во НБА плеј-офот

Плејмејкерот на Феникс Санс, Крис Пол беше еден од најзаслужните за високите 4-0 со кои Феникс го совладаа Денвер и обезбедија конференциско полуфинале на Западот.

Пол на последниот меч синоќа постигна 37 поени и додаде 7 асистенции.

„Пред неколку години бев отпишан. Но, оваа приказна не е за мене. Станува збор за нас“, рече Пол.

Во плејофот во 2019 година, Пол и Хјустон беа елиминирани во второто коло. Се шпекулираше дека плејмејкерот има лоши односи со Џејмс Харден. Со оглед на четиригодишниот договор вреден 159,7 милиони долари потпишан една година порано, многумина го нарекоа ветеранот „проблем“.



Роналдо собори три рекорди на европските првенства!

Кристијано Роналдо во победата на Португалија на Романија испиша историја на европските првенства.

Португалија долго се мачеше, а до победата стигна со головите во финишот од натпреварот. Стрелаше Гереиро и Роналдо во два наврати.

Капитенот на Португалија на овој натпревар стана првиот играч во историјата кој настапил на пет различни еврпоски првенства, како и првиот кој постигнал барем еден гол во пет завршници на најсилното натпреварување за репрезентации на европскиот континент.

Роналдо не застана тука. Со два погодоци стигна до бројката од 11 на европските првенства, по што стана исто така рекордер. Зад него остана Мишел Платини, кој има постигнато девет погодоци.

Овие три рекорди веројатно ќе останат долго во сопственост на Роналдо, бидејќи нив може да ги стигне само играч кој ќе може толку долго да трае на најголемата сцена.

Пред Роналдо стојат нови натпревари и нови прилики да ги помести границите на своите успеси, а наредниот рекорд по кој трага е на Али Даеи.

Легендарниот напаѓач на Иран постигна 109 погодоци за својата репрезентација и во моментот е играч со најмногу погодоци за некоја држава. Но, Роналдо е многу блиску бидејќи за Португалија има постигнато 106 погодоци.



Кока-Кола поради Роналдо загуби милијарди евра! (фото)

Кристијано Роналдо веќе неколку денови е прва медиумска ѕвезда на Европското првенство, а во пресрет на премиерниот натпревар против Унгарија предизвика вистинска бура, кога на прес-конференцијата двете шишиња на спонзорот Кока-Кола ги замени со вода.

Тогаш Роналдо порача: „Пијте вода!“

Потегот на Португалецот за кратко време направи акциите на Кока-Кола да загубат четири милијарди долари!

Берзите во Европа отворија во 15. часот, а тогаш една акција на Кока-Кола вредеше 56.10 долари.

Половина час подоцна, вредноста падна на 55.22 долари. Тоа значи дека за само половина час забележан е пад од 1.6 отсто, што значи дека вредноста на Кока-Кола од 242 милијарди падна на 238 милијарди.

Знаејќи ја аверзијата на Роналдо кон газираните сокови и склоноста кон здрав живот, оваа реакција не е чудна.

Исто така, Роналдо неодамна изјави дека е лут на неговиот 10-годишен син поради Кока-Кола.

„Ме лути бидејќи пие Кока-Кола и Фанта, се расправам со него кога јаде чипс и сето тоа. Дури и моите мали деца ме погледнуваат кога јадат чоколада.“ – рече Роналдо минатата година.



Величествениот Дурант го донесе Бруклин на чекор од финале на Истокот

Бруклин Нетс го совладаа Милвоки на свој терен со 114:108 и поведоа со 3:2 во серијата од полуфиналето на Источната конференција на НБА лигата.

Бакси многу подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа огромни 14 поени предност. До крајот на полувремето дадоа уште два поени повеќе од домаќинот, па на одмор се отиде со резултат 59:43 за гостинската екипа. Сепак, домаќините во продолжението се разбудија и на крилјата на Дурант запишаа голем пресврт кој ги донесе на чекор од финалето на Истокот.

Јунакот Кевин Дурант, кој е најдобар офанзивец во лигата, имаше неверојатни 49 поени, 17 скокови, 10 асистенции. На тоа додаде три освоени топки и две блокади, со само три загубени топки. Дурант со тоа стана првиот играч во историјата на лигата кој запишал барем 45 поени, 15 скокови и 10 асистенции во плејоф натпревар.

За таков учинок му беа потребни само 23 шута, од кои погоди 16. За тројка погодуваше 4/9, додека од линијата за слободни фрлања погодуваше 13/16.



Бразилецот Кутињо е сензационалната желба на Лестер

Лестер спрема изненадувачка понуда од 20 милиони фунти за Филипе Кутињо.

Бразилецот нема одиграно натпревар за Барселона во 2021 година поради повреда на коленото поради што му беа направени две операции. Барселона сака да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.

Јасно е дека за Кутињо нема голем интерес, а Лестер сака да ја искористи шансата и да го донесе во своите редови.



Претседателот на ФИБА обвинет за сексуално вознемирување

Претседателот на Меѓународната кошаркарска федерација ФИБА, Хамане Нијанг времено се повлекува од функцијата под притисок на внатрешна истрага против него за наводно сексуално вознемирање и злоупотребување на десетина кошаркарки од Мали.

За случајот информираше весникот „Њујорк Тајмс“, а слични информации обезбеди и Организацијата за заштита на човековите права, Хјуман Рајтс Воч.

Истрагата против Нијанг се вoди за наводно сексуално вознемирување и злоупотребување на кошаркарки од 1999. до 2011. година, во период кога актуелниот прв човек на светската кошарка беше претседател на Кошаркарската федерација на Мали, а потоа и министер за спорт на оваа западноафриканска држава.

Во краткото соопштение на ФИБА, Нијанг „остро ги негира“ обвинувањата на негова адреса.



Де Брујне се враќа во тимот за натпреварот со Данска

Останува дилемата дали селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, ќе се реши да го започне мечот в четврток против Данска со првата ѕвезда, Кевин Де Бруин, кој се врати на тренинзите откако го пропушти воведниот дуел против Русија.

Како што е познато, искусниот кретаор на играта се здоби со повреда во финалето од Лигата на шампионите, откако доби напукнатини на носната и јагодична коска по судирот со Рудигер.

Белгија е еден од главните фаворити на Европското првенство и засилена со квалитетите на 29 годишниот, Де Бруин, несомнено ќе биде уште посилна во продолжението од европскиот турнир.



Чурлинов: Подготвен сум да му помогнам на тимот

Македонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов, вели дека е горд што е дел од селекцијата која е на европското првенство.

„Атмосферата е одлична, нормално е да има еуфорија, сите сме среќни и сите сме весели бидејќи Македонија е прв пат на Европско. Кога сме на тренинг сите сме на високо ниво и се надеваме дека тоа така ќе остане. За мојот настап против Украина можам да кажам дека верувам во моите квалитети и подготвен сум во секое време да помогнам да се освојат три бода, тоа не зависи од мене. Можам да бидам добра помош за екипата“, потенцира Чурлинов.