Тотенхем постави висока цена за продажба на Педро Поро
Екипата на Тотенхем ќе му дозволи на дефанзивецот, Педро Поро, да замине во Реал Мадрид доколку шпанскиот состав плати 70 милиони евра, тврдат медиумите во Англија.
Таа сума може да биде значајна пречка за реализација на таков трансфер. 25-годишниот дефанзивец во тековнава сезона има 11 настапи и 1 гол за „спарси“ .
Дополнително се појави веста дека за потписот на Поро може да конкурира и Манчестер Јунајтед.
Халанд: Пеп е најголемиот тренер во историјата
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, проговори за неговиот однос со менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола.
„Тој е најдобриот тренер во светот и веројатно најголемиот во историјата“, изјави норвешкиот интернационалец.
Се очекува шпанскиот фудбалски стартег да го продолжи договорот со Сити до 2027. Во исто време „граѓаните“ преговараат за нов договор и со Халанд.
Милан спреми нови договори за Тео Хернандез и Мајк Мањан
MILAN, ITALY – MAY 6: Theo Hernandez of AC Milan and Mike Maignan of AC Milan celebrate at the end of the Serie A football match AC Milan vs Lazio at San Siro Stadium in Milan, Italy on May 6, 2023 (Photo by Piero Cruciatti/Anadolu Agency via Getty Images)
Техничкиот директор на Милан, Жофре Монкада ги смири навивачите со изјавата дека успешно течат преговорите за обновување на договорите на Мајк Мањан и Тео Хернандез .
„Разговорите започнаа пред два месеца и можам да кажам дека се одвиваат многу добро. Сигурно и двајцата се среќни во Милан и немаат желба да си замина. Тео Хрнандез може да биде лидер на тимот. Тој е сеуште млад и пред него е неверојатна кариера“, изјави Монкада.
Мелтон сериозно се повреди, Голден Стејт остана без клучен кошаркар
Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Диантони Мелтон, ќе го пропушти остатокот од сезоната, поради операција на предните вкрстени лигаменти (ACL), соопшти клубот. Франшизата од Калифорнија додаде дека 26-годишниот плејмејкер наскоро ќе биде опериран.
„Очигледно ова е страшна вест, многу ми е жал за Диантони, тој совршено ни одговараше и бевме многу возбудени што го имаме. Добрата вест е дека тој е млад човек и ќе има рутинска операција овие денови па би требало да може да се врати и да ја продолжи кариерата, но јас се чувствувам ужасно. Ова се лоши вести и за него и за нас“, изјави тренерот на Голден стејт, Стив Кер.
Мелтон оваа сезона одигра шест натпревари за Голден Стејт, од кои два во стартните пет.
Тој имаше просек од 10,3 поени, 3,3 скока и 2,8 асистенции за просечни 20,2 минути поминати на теренот.
Како домаќин, Голден Стејт, изминатата ноќ, ја победи Атланта со 120:97 и сега е на првото место во Западната конференција со скор од 11 победи и три порази.
Инако, бидејќи остана без Мелтон до крајот на сезоната, Вориорс добија дозвола од НБА лигата да ангажираат нов играч, но за неговата плата не смеат да издвојат повеќе од 6,4 милиони долари.
Габиа верен на Милан, дефанзивецот потпиша до 2029 година
Фудбалерот на Милан, Матео Габија, го продолжи договорот до летото во 2029 година. Покрај тоа, платата на 25-годишниот играч ќе биде двојно зголемена на 2,2 милиони евра по сезона.
Габија за првиот тим одиграл вкупно 83 натпревари со 5 гола и 1 асистенција. Во тековната сезона, дефанзивецот има седум натпревари но, мораше да ги пропушти последните четири на „росонерите“ поради повреда.
Габија веројатно ќе игра на викенд-дербито со Јувентус.
Јончевски: Убеден сум дека ќе извлечеме поука од овој пораз
Селекторот на нашите кошаркари, Александар Јончевски, го анализираше поразот од Литванија во квалификациите за Европското првенство.
„Се боревме, но лошо го отворивме мечот, игравме под притисок. Литванија влезе со машка игра која судиите ја толерираа што ни беше многу чудно. Кога сфативме како треба да играме, ја намаливме разликата, но тоа не беше доволно“ – вели Јончевски.
„Го променивме начинот на игра во одбраната, тоа се покажа како правилен потег. Ќе го анализираме натпреварот и ќе извлечеме поуки. Ќе видиме што треба да се подобри“ – изјави селекторот Јончевски по натпреварот.
Македонија немоќна во првиот квалификационен дуел со Литванија
Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија во Скопје со 67-82 и го запиша вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.
Во отсуство на неколку клучни играчи кои поради обврски во Евролигата и повреди не можеа да му бидат на располагање на селекторот Александар Јончевски, македонската репрезентација беше немоќна да ѝ се спротивстави на Литванија и со вториот пораз во групата значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот.
Најефикасен во македонските редови беше Кристијан Николов со 18 поени.
Македонија в недела ѝ гостува на Литванија пред двата завршни евроквалификациски дуели, против Естонија на гостински и Полска на домашен терен во февруари идната година.
СподелиFacebookTwitterLinkedInPinterestSkypeСподели преку Е-маилИспринтај
Најавите добија потврда: Гвардиола уште две сезони во Сити
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го продолжи договорот со клубот на уште две години.
Договорот на шпанскиот тренер би истекол на крајот од оваа сезона, но по потпишувањето на нов, Гвардиола ќе остане во Манчестер 11 сезони.
Тој го презеде Сити во 2016 година и освои 18 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
“Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона. Доживеавме толку многу неверојатни моменти заедно. Имам навистина посебно чувство и затоа сум многу среќен што останувам уште две сезони”, изјави Гвардиола за веб-страницата на клубот.
Тој го предводеше тимот до четири последователни титули во Премиер лигата, што е рекорд во лигата, како и до тројната круна во 2023 година, односно три трофеи во една сезона – титулата во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.
„Го кажав ова многу пати досега, но имам сѐ што еден тренер би можел да посака и го ценам тоа многу. Се надевам дека можеме да додадеме уште трофеи на оние што веќе ги освоивме. Тоа ќе биде мојот фокус“, додаде Гвардиола.
Најдолго остана во Сити како тренер, откако работеше четири години во Барселона и три во Баерн Минхен.
Рома застана во редот за Ендрик од Реал Мадрид
Конкуренцијата во нападот на “кралевите“ е голема, тука се Мбапе, Винисиус, Родриго, но сепак се очекуваше младиот Бразилец Ендрик да добие адекватна шанса.
Шпанските медиуми пишуваат дека Ендрик би можел во јануари да го напушти Мадрид и да се пресели во друг тим каде што ќе има поголема минутажа.
Саутемптон покажува интерес, но сега во трката се вклучи и Рома, која веќе работи на трансферот и е фаворит за потписот.
Леброн Џејмс се одјави од социјалните мрежи
Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.
„АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе“, напиша Леброн.
Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот.
– Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.