feature

Трајковски: Наивно загубивме, но имаме уште два натпревари во групата

Напаѓачот на нашата репрезентација Александар Трајковски кој беше во стартниот состав на средбата со Австрија, ден по првиот натпревар и поразот на ЕП 2020 (1:3), направи анализа на натпреварот и најави дека овој неуспех не е крај за Македонија на европското првенство.

„Искрено, мислам дека одигравме квалитетни 70 минути и се боревме до крај. Го имавме тој позитивен резултат, а потоа примивме два гола, по, мое мислење, наивно, по еден центаршут и еден аут. Не можам да кажам дека Австријците беа поквалитетни од нас. Ние создававме шанси и игравме наш фудбал, покажавме дека може да играме со секого и ако продолжиме вака и во наредните мечеви ќе дојдеме до поголем резултат. Оваа Македонија нема никогаш да се предаде. Ќе се бориме до крај, па ќе видиме што ќе биде. Многу е убаво да се игра на големо натпреварување. Драго ми е што дојдоа толку луѓе да не бодрат. На крајот криво ми е што немавме позитивен резултат на првиот меч, но ние нема да се откажеме, ќе се бориме да ја минеме првата група и да ги направиме сите горди да излезат на улица“, изјави Трајковски на денешниот брифинг.



Караванот на Евротип низ секој град во државата!

Откако деновиве започнаа фудбалските возбудувања на Европското првенство, каде ги бодриме нашите миленици, се чини дека целото лето ќе биде резервирано за најатрактивните спортски збиднувања. Секој ден по неколку натпревари на ЕУРО, а спортските обложувалници Евротип и нивниот караван имаат изненадувања во секој град, подготвени само за Вас!

По успешните акции во Дебар, Скопје и Битола, веќе денеска караванот на Евротип продолжува на во градот под Марковите кули. Во Прилеп ќе не најдете на локацијата на ул. Сотка Ѓорѓиоски бр.18/1 (Катна),а  утре (вторник) караванот продолжува во Велес на локацијата на ул. Благој Ѓорев бр.67. Во среда патуваме и се дружиме во Гостивар на ул. Јордан Јорданоски бр.2, а во четврток, посетете ги штандовите во Струга на ул. 15-ти Корпус бр. 9!

Искористете ја приликата за следење на натпреварите од Европското првенство, забавувајте се и освојте некоја од наградите и големите изненадувања кои Евротип ги подготви за Вас.

Повелете во Спорткафе терасите на Eвротип заедно да го проследиме ова историско Европско Првенство во фудбал и да навиваме за нашите фудбалски икони.

Бидете и вие дел од нашите фан зони, носиме бројни изненадувања!



Дали го имаме најубавиот погодок на ЕП а можеби и на сезоната?

Патрик Шик играчот на Баер Леверкузен со два погодока носии предност на Чешка од 0-2 на дуелот против Шкотска што се игра во Глазгов.
Вториот гол е вистинско ремек-дело, со извонреден удар од половина терен го матираше чуварот на мрежата на Шкотите, Дејвид Маршал.
Погледнете:


Израмнет негативниот рекорд на Југославија на ЕП

Со поразот од Холандија од 3:2, Украина го израмни негативниот рекорд од шест порази во низа на Европските првенства.

Украина на тој начин му се придружи на Југославија, која во периодот од 1968. до 1984. година загуби шест натпревари по ред. Најпрво финалето во 1968. од Италија со 2:0, потоа осум години подоцна од Западна Германија 4:2 и Холандија 3:1, а потоа и во групната фаза во 1984. од Белгија 2:0, Данска 5:0 и Франција 3:2.

Украинците на бодови чекаат уште од 2012. година, кога беа домаќини и кога во првото коло ја совладаа Шведска. Потоа беа поразени од Франција, Англија, германија, Северна Ирска, Полска и синоќа од Холандија.

Шанса за прекин на таа низа ќе бараат против нашата репрезентација во четврток.


Верати се враќа за дуелот со Швајцарија

Фудбалерот на ПСЖ и на селекцијата на Италија, Марко Верати, ќе му биде на располагање на селекторот, Роберто Манчини, за мечот против Швајцарија закажан за в среда во рамките на 2 коло во групата А на ЕП.

„Газета дело спор“ денеска објави, дека играчот од средниот ред кој поради повреда на коленото го пропушти воведниот натпревар против Турција кој им припадна на „аѕурите“ со 3-0, најверојатно ќе биде на клупата.

Во исто време,  Мануел Локатели, Николо Барела и Жоржињо, се очекува да започнат против Швајцарија додека десниот бек, Алесандро Флоренци ќе го пропушти вториот натпревар во групата. Неговото место ќе го добие Џовани ди Лоренцо.


Поради КОВИД-19, Кансело го пропушта ЕУРО, позната неговата замена

Жоао Кансело денес ги дозна непријатните вести кои може да ги слушне еден фудбалер во моментот. Дефанзивецот на Португалската репрезентација и член на Манчестер Сити е позитивен на КОВИД-19, и за него Европското првенство заврши уште пред првиот натпревар, потврди Фудбалскиот сојуз на Португалија.

Замената е исто така позната. На местото на Кансело ќе се најде Диого Далот, фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој сезоната ја помина на позајмица во Милан, а десното крило веќе играше на Европскиот младински национален шампионат. Младиот дефанзивец со португалската репрезентација „У21“ освои сребро.

Првиот натпревар Португалија го игра во групата Ф на Европското првенство во вторник од 18. часот против Унгарија.


Ериксен ја завршува фудбалската кариера

Санџај Шарма, кој е на врвот на листата на спортските кардиолози во светот и сигурно најпознат во Англија, упати загрижувачки вести за кариерата на Ериксен кој вчера колабираше на натпреварот против Финска.

„Ова момче имало нормални тестови се до 2019 година, и сега како да го објасниме срцевото запирање? Добра вест е што е жив, лоша вест е што се доближува кон крајот на кариерата. Дали ќе игра повторно професионално фудбал? Не можам да кажам, но со сигурност не би можел да игра во Англија. Ние сме многу строги околу тоа. Фактот што е стабилен и буден е одлична вест. Не знам дали некогаш повторно ќе заигра фудбал. Тој умре на натпреварот неколку минути, па сега се прашувам дали лекарите ќе му дозволат да умре повторно? Одговорот е не“, порача Шарма.


Барселона е на европскиот ракометен трон!

Шпанскиот ракометен гигант Барселона ја освои десеттата европска титула, откако во последниот натпревар на последниот турнир од Лигата на шампионите во Келн го совлада данскиот Алборг со 36:23, на полувреме 16:11.

За Каталонците ова беше дури 15. европско финале и рекордна десетта титула, додека Алборг за првпат стигна до финалето.

Данците, кои го изненадија фаворизираниот ПСЖ во полуфиналето, поведоа со 4:1, но поискусната Барса возврати со серија од 8:1 и повеќе не ја загуби предноста.

На полувреме беше 16:11, во 47. минута веќе беше плус 10, а на крајот големи 13 голови разлика.

Каталонците до големото славје беа предводени од Гомез Абело со девет погодоци, Н’гуесан со шест и хрватскиот ракометар Лука Циндриќ со пет погодоци.

Во данските редови најефикасни беа Лукас Сандел со осум и Николај Кристенсен со четири погодоци.


Барди: Шампионатот само што започна, гледаме своја шанса против Украина

Енис Барди и покрај проблемите кои ги имаше со ковид-19 пред ЕП сепак доби шанса од првата минута и учествуваше на дебито на македонската репрезентација.

Според него, ништо не е загубено и дека шансите за пласман во следната фаза и понатаму се присутни.

„Мислам дека ова беше добар натпревар за нас. Беше тешко и очекувавме така да биде. Во некои моменти бевме подобри од нив. Тие подобро ги искористија шансите кои ги имаа. Дадовме сè од себе. Мора да продолжиме, имаме шанси до крајот на првенството. Сега треба да се одмориме добро и да видиме каде ни се грешките. Секој противник ни ги анализира слабите точки. Да ги одмориме главите и телото и да мислиме на Украина. Ќе играме за да дадеме повеќе од овој меч. Ни фали малку за да бидеме поопасни во напад. Им благодарам на сите што дојдоа да не бодрат. Тие се дванаесетти играч за нас“, рече Барди по натпреварот со Австрија.


Пандев: Жалам што не ги израдувавме навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија го одигра својот прв натпревар на ЕП и секако тоа е големо искуство за секој фудбалер кој настапи на оваа средба.

Македонија загуби со 3-1, а капитенот Горан Пандев по натпреварот истакна дека жали затоа што фудбалерите не ги израдувале навивачите кои беа на стадионот во Букурешт со победа.

„Како за првпат, за прв натпревар на Европското првенство, за нас ова е едно големо искуство. Одигравме одлични 80 минути. Австрија физички е многу посилна од нас, имаат добра клупа, знаевме дека ако издржиме во првите 15 минути, можеме да играме против нив. Примивме еден несреќен втор гол, па натпреварот беше решен. Шансите не се загубени, треба добро да се одмориме. Не чека уште еден тежок натпревар против Украина, на кој мора да играме отворено и да одиме на победа затоа што нема што да загубиме. Најмногу ми е жал за луѓето кои дојдоа тука, им благодарам од срце. Ние го дадовме максимумот, се надевам дека ќе бидеме уште подобри“, изјави Пандев по натпреварот.