feature

Пелистер со рутинска победа против младите „аеродромци“

Ниту младите „металци“ немаа решение за мотивираните битолчани. Не сакаа „зелено-белите“ ништо да препуштат на случајноста. Уште во раната фаза од мечот во СЦ „Јане Сандански“ стигнаа до комотна разлика, која од минута во минута само ја зголемуваа, и стигнаа, би се рекло, рутинерски, до планираната цел – двата бода. Предноста која битолчани ја имаа на полувремето (51:41), беше реализирана во првата четвртина, која ја решија во своја корист со (23:14). Прво полувреме во кое двоецот Малешевиќ-Кесар искомбинира 31. поен кај Пелистер, додека пак Монтгомери беше на еден скок од дабл-дабл. За нецели 19.минути на теренот Американецот во редовите на МЗТ Скопје Уни Банка имаше скоро половина од тимските поени (18) и скокови (9). На почетокот на второто полувреме, Стајиќ стана третиот „двоцифрен“ играч на Пелистер кој веќе имаше уште поубедливи (63:48). Кога застана Стајиќ, продолжи Трајковски. Репрезентативното крило набрзина стигна до бројката од 20.поени, а неговата екипа беше уште поблиску до новиот триумф. На истекот на третиот период лидерот во шампионатот „бегаше“ со недостижни 25.поени – (81:56). Со скор (11-2), Пелистер останува водечка екипа во првата лига. МЗТ Скопје Уни Банка е на ефект (2-10).


Интер се вклучи во трката за Вајналдум од Ливерпул

Жоржињо Вајналдум дефинитивно ќе го напушти Ливерпил на крајот на сезоната. Актуелниот договор на Вајналдум истекува на крајот на сезона, па 30-годишниот Холанѓанец на лето ќе го напушти клубот како слободен агент. За него интерес покажуваат Барселона и ПСЖ, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер. Интер веќе започнал преговори со агентот на Холанѓанецот и му нуди договор до 2024 година.


Бекам не крие дека Интер Мајами ги сака Меси и Роналдо во тимот

Дејвид Бекам не крие дека има големи амбиции и сака во Интер Мајами да ги доведе Кристиано Роналдо и Лионел Меси. Како што е познато Бејл го води тимот на Интер Мајами. Клубот се засилува, а таму веќе играат големи европски имиња како Игуаин и Матиуди. Во јавноста констатно се шпекулира за нови имиња во неговиот тим, а самиот Бекам потврди дека сака да ги види во дресот на Интер Мајами, ниту повеќе, ниту помалку туку Меси и Роналдо. „Ние сакаме да донесеме одлични фудбалери. Нормално дека такви се Меси и Роналдо. Од првиот ден кога дојдов кажав дека сакам нашата академија да биде важен дел од клубот, но во исто време навивачите сакаат да гледаат ѕвезди на теренот. Веќе ги имаме Матуиди и Игуаин кои ни донесоа гламур и сјај. Во иднина ќе се обидеме да довеме нови големи имиња“, изјави Бекам.


Првакот на Франција размислува за слободни трансфери следното лето

ПСЖ сака да го засили својот тим во летниот преоден рок главно преку ангажирање на слободни агенти. Во текот на летото 2021 година, напаѓачот на Барселона – Лионел Меси, дефанзивецот на Баерн – Давид Алаба, Мемфис Депај, Жоржоњо Вајналдум планираат да ги купат како слободни играчи. Сепак, приоритет е да се задржат клучните играчи. Според одредени извори, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо размислува за обновување на договорите со Нејмар, Килијан Мбапе, Анхел ди Марија, Хуан Бернат и евентуално Jулијан Дракслер.


Семенија ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права

Двократната олимписка шампионка на 800 метри, Кастер Семенија, ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права откако ИААФ донесе одлука за ограничувањето на присуството на тестостерон во телото на атлетичарите. По промената на правилата во 2019 година, Семениа не може да учествува во сите дисциплини од 400 метри до една милја без да зема лекови кои го намалуваат нивото на тестостерон. Јужно-африканката претходно ја изгуби битката и со Врховниот суд во Швајцарија. Специјализираниот спортски арбитражен суд исто така ја одби жалбата на Кастер по усвојувањето на правилото во 2019 година.


Аргентинецот Ло Селсо од следната сезона се сели во Мадрид?

Џовани Ло Селсо беше на мета на Атлетико Мадрид уште во 2019 година кога блесна во Бетис.
Уште тогаш се пишуваше дека „јорганџиите“ можат да испратат понуда за аргентинскиот играч за врска. На крајот Тотенхем понуди 30 милиони евра и го убеди тимот од Андалузија да го пушти играчот кој покрај Атлетико беше мета и на други европски клубови. Меѓутоа, сега Ло Селсо нема некоја важна улога под водство на Мурињо.
Ло Селсо одигра 19 натпревари оваа сезона и во нив постигна пет голови и подели една асистенции. Има само 24 години и го губи трпението, а враќање во шпанскиот фудбал за него би можело да биде добро.


Диего Карлос од Севиља е прва желба на Реал Мадрид

Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец. Иднината на Серхио Рамос е нејасна, но без разлика дали капитенот ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“, сепак „кралевите“ сакаат да донесат нов дефанзивец. Милитао не ги оправда очекувањата, па Зидан сака да донесе нов врвен дефанзивец, а примарна цел е Диего Карлос од Севиља. 27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.


Пресврт во преговорите, Рамос останува во Реал Мадрид?

Шпанска „Марка“ пишува за можни промени во ситуацијата помеѓу Реал Мадрид и Серхио Рамос. „Марка“ ексклузивно пренесува дека Рамос и Перез ќе ги продолжат преговорите со надеж дека сепак ќе најдат заеднички јазик. Медиумите тврдеа дека Рамос ги одбил сите понуди на Реал за нов договор и дека ќе си замина на крајот на сезоната како слободен агент. Меѓутоа, добро информираната „Марка“ тврди дека капитенот му дава предност на Реал и дека преферира да остане на „Сантиаго Бернабеу“.


Кои се условите за Меси да остане во Барселона?

Лионел Меси им најавил на претседателските кандидати на Барселона дека може да остане во клубот, само ако во летниот преоден рок бидат ангажирани неколку врвни засилувања кои би гарантирале на одреден начин, атак на сите титули во новата сезона.
Меси ова лето останува без договор со Барселона, бара најмалку четири нови соиграчи меѓу кои издвоени се Вајналдум, Алаба и Агуеро како и Канте и Гаја.
Фонт, Фреиша и Лапорта се кандидатите за нов претседател на Барселона, а „Марка“ тврди дека таткото на Меси веќе им соопштил каков е планот на капитенот на „каталонците“ и кои се неговите желби.
ПСЖ и Манчестер Сити во меѓувреме чекаат на одлуката на Меси за тоа дали ќе остане во Барселона или е подготвен за промена.


Лаутаро беше на чекор од трансферот на кариерата!

Лаутаро Мартинез во текот на целата 2020. година беше поврзуван со Барселона, а сега откри дека беше блиску до трансфер на Камп Ноу.
Тој за Газета дело Спорт изјави дека неговите агенти работеа на тој трансфер, кој на крај не се случи. Секако, Барселона немаше финансии по пандемијата, мораше да ја плати клаузулата од 111 милиони евра, што беше невозможно минатото лето.
„Вистина е, моите агенти и јас преговаравме со Барселона минатата година, тоа беше патот по кој одевме. Не можам да кажам колку бевме блиску до реализација, но знам дека тоа сега е минато. Сакам да го продолжам мојот договор со Интер.“ – изјави Лаутаро.
Истовремено, откриено е дека Лаутаро ги потврди личните услови во петгодишниот договор со Барселона, но клубовите не дојдоа до договор.
Барселона се обидуваше да испрати во Интер тројца фудбалери, Артуро Видал, Жуниор Фирпо и Жан-Клер Тодибо, но Интер инсистираше на клаузулата.