feature

„Евро фан зона“ на Евротип!

Фудбалската еуфорија започнува, не очекува еден месец исполнет со воздубудвања од кои дел ќе бидат и нашите репрезентативци предводени од Горан Пандев.

Македонската нација е позната по бодрењето на своите избраници во сите спортови, за првпат ќе имаме можност да ги гледаме нашите фудбалери на едно големо натпреварување, а спортските обложувалници Евротип се приклучуваат на поддршката со формирање на фан зони каде ќе се следат натпреварите!

Посетете ги локациите во Охрид и Скопје, каде заедно со вашето друштво ќе можете да навивате за вашите фаворити, одиграјте тикет со најдобрите квоти на Евротип и вашето уживање ќе биде двојно!


Халанд избра во кој клуб сака да ја продолжи кариерата

Ерлинг Халанд го избра клубот каде сака да ја продолжи својата кариера, доколку било кој се одлучи да испрати понуда која ќе ја наговори Борусија Дортмунд да го продаде. Интерес за услугите на 20-годишнот норвешки напаѓач покажуваат повеќе европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ, но ниту еден од нив не е изборот на Халанд, бидејќи тој кариерата би сакал да ја продолжи во редовите на Челзи.

Тоа го тврдат англиските медиуми, додавајќи дека Халанд би бил последниот дел од сложувалката на Тухел, на кого му треба напаѓач да се вклучи во борбата за врвот во англиското првенство.

Повикувајќи се на норвешките медиуми, англиските извори тврдат дека Челзи и покрај високите барања на Дортмунд интензивно работи на тој трансфер за кој се претпоставува дека ќе се движи околу 170 милиони евра.

Доколку биде така, трансферот на Халанд ќе биде трет најголем на сите времиња. Поскапи ќе останат само трансферите на Нејмар (222 милиони евра) и Мбапе (180 милиони евра), кога и двајцата потпишаа за ПСЖ.


Португалецот Фонсека пред преземање на клупата на Тотенхем

Пауло Фонсека ќе биде нов тренер на Тотенхем и се очекува само официјализација.

Тотенхем долго време е во потрага по нов тренер и се поврзуваше со неколку големи тренерски имиња, но не успеа да постигне договор.

На крајот „спарси“ постигнаа договор со Пауло Фонсека, кој ја напушти Рома на крајот на оваа сезона.

Главна улога во преговорите имал новиот директор Паратичи, кој одлично ги познава квалитетите на Фонсека.


На ЕП има играчи од 208 клубови, еве кој дава најмногу!

За овогодинешното Европско првенство пријавени се 624 фудбалери, а најмногу претставници ќе имаат европскиот првак Челзи и англискиот шампион Манчестер Сити. И двете екипи на ЕУРО испраќаат по 15 фудбалери.

Потоа следат Баерн со 14 репрезентативци, Јувентус со 12, а Манчестер Јунајтед и Динамо Киев имаат по 11.

Најмногу од нив играат во Англија. Дури 152 играчи кои се пријавени за ЕП играат во англиските лиги и тоа во 35 различни клубови. Договор со германски клуб има 91 играч, а 75 играат во Италија. Потоа следат Шпанија со 42, Русија и Франција со по 32…

Надвор од Европа играат 11 играчи кои се пријавени за ЕП, седум од нив во северноамериканската МЛС, тројца во Кина, а еден во Јапонија.

Најмногу играчи кои играат во татковината има Англија, 23 од 26 пријавени, па Италија и Русија со по 22. Финска и Словачка од 26 пријавени имаат само по еден репрезентативец кој игра во домашното првенство.


Англија пишува фудбалска историја!

Во 157 години долгата историја, Деби Хјуит ќе стане првата дама на чело на англиската фудбалска асоцијација.

Хјуит, која моментално работи на позицијата директор на Виза Европа, како и БГЛ групацијата, едногласно е номинирана за функцијата од страна на одборот на ФА, а на позицијата ќе дојде од јануари 2022. година.

„Воодушевена сум од номинацијата за позицијата во федерацијата. Како што покажуваат случувањата од претходните месеци, ова е важен момент за англискиот фудбал. Желбата на сите во ФА е да се осигура долготрајно функционирање на сите нивоа. Страствено го следам фудбалот од својата рана младост и возбудена сум поради приликата да го дадам својот допринос во обликувањето на иднината на нешто што толку ми значи, како и на многу други.“– вели Хјуит.

Претходниот претседател Грег Кларк поднесе оставка, поради користење, како што кажа, на неприфатливи зборови.

Кларк говорејќи пред парламентот на Обединетото Кралство го користеше зборот обоени, говорејќи за темнокожите, азијатите и фудбалерите од помалите етнички заедници, критикуван е и поради своите коментари за луѓето од јужна Азија, како и ставот дека геј фудбалерите се исто што и жените фудбалерки.


Познато колку е сериозна повредата на Бензема

Напаѓачот на француската репрезентација и Реал Мадрид, Карим Бензема се повреди на пријателскиот натпревар против Бугарија, една недела пред почетокот на Европското првенство за Франција.

Бензема, кој минатата недела се приклучи на репрезентацијата по шест години пауза, го напушти теренот во 39. минута од натпреварот поради повреда на десното колено.

Од неговиот израз на лицето можеше јасно да се види дека чувствува силни болки, а навивачите беа загрижени дека би можел да го пропушти Европското првенство.

По натпреварот, селекторот Дешамп изјави дека Бензема доби жесток удар во мускулот над коленото.

„Доби удар, жесток удар во мускулот над коленото. Почувствува болка и не сакавме да ризикуваме.“- кратко рече Дешамп.

Меѓутоа, сега пристигнаа одлични вести од кампот на репрезентацијата на Франција. Бензема одработи детални прегледи на коленото и потврдено е дека нема посериозна повреда.

Медиумите јавуваат дека Бензема е полесно повреден и ќе се врати на тренинзите за 2-3 дена.



Пике се согласи на пониска плата за да остане во Барса

Жерард Пике е подготвен да му биде намалена платата. Според радиото Каталуња, пред неколку дена, 34-годишниот Шпанец се сретнал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кој сакал да знае какво е мислењето на фудбалерот по крајот на сезоната, што беше неуспешна за тимот.

Сепак, на оваа средба, Пике и Лапорта разговарале за иднината на дефанзивецот во клубот. Пике изразил подготвеност да има намалување на платата за да му помогне на клубот да се справи со тешката финансиска состојба. Според изворот, Пике може повторно да го потпише договорот, така што неговата плата зависи од бројот на одиграни натпревари.

Актуелниот договор на 34-годишниот дефанзивец со Барселона истекува на 30 јуни 2024 година. Оваа сезона Жерард Пике го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда и мина само 18 натпревари во шпанското првенство. Барселона заврши на третото место во Шпанското првенство.



Македонија со седум карате-надежи отпатува на олимписките квалификации во Париз

Карате федерацијата на Македонија ќе биде меѓу најбројните делегации на претстојниот олимписки квалификациски турнир за олимписките игри во Токио, што ќе се одржи од 11-13 јуни во Париз, Франција. КФМ има свои репрезенти во сите  категории во борби во машка и во женска конкуренција, како и во кати за жени.

Нашите најдобри каратисти го заслужија тоа со пласманот меѓу 100 најдобри во своите категории на ранг листата на Светската карате федерација (WKF). КФМ во изминатиот олимписки циклус заврши со тројца олимписки стипендисти меѓу кои се двојниот европски шампион и освојувач на две златни медали на премиер лигите Емил Павлов, европскиот вицешампион и медитерански првак Берат Јакупи и Пулексенија Јованоска, која двапати беше петта на европски првенства. Петто место на сениорско европско има и Ангела Мојсовска, а седмо Симона Заборска, додека Петар Заборски и Вероника Костовска се поранешни европски медалисти во помлади категории.



Избран и најдобриот дефанзивец во НБА

Центарот на Јута Џез, Руди Гобер е прогласен за дефанзивен играч на годината.

Гобер го победи Бен Симонс во директен дуел и по трет пат во кариерата ја освои наградата за најдобар дефанзивен играч.

Французинот имаше одлична сезона со Јута, што му помогна да ја освои оваа награда.

Тој имаше просечно по 2,7 блокади по натпревар и неговиот тим го имаше четвртиот најдобар одбранбен рејтинг во лигата.

Постигнува и 14,3 поени и 13,5 скока во просек по натпревар.



Крис Пол со „докторска“ партија за 2-0 на Феникс против Денвер

Феникс Санс ја имаат контролата во полуфиналната серија на Западната конференција во НБА лигата, откако со победа од 123:98 поведоа со 2:0 против Денвер.

Крис Пол одигра „докторска“ партија со која уште еднаш покажа зошто е великан на кошарката, а Никола Јокиќ беше стандардно добар во првиот натпревар по прогласувањето за МВП, но го изневерија соиграчите.

Од четвртина во четвртина Феникс го зголемуваше водството, а шест минути пред крајот, кога имаа 31 разлика, двата тренери ги испразнија клупите и на паркетот ги испратија резервите. Тоа им беше петта победа по ред на Феникс, а трета во последните четири натпревари во кои имаа и триесет поени разлика.

Пол диригираше со нападот на Феникс и заврши со 17 поени, 15 асистенции, пет скокови и една блокада, а немаше ниту една загубена топка.

Јокиќ беше запрен на 24 поени, 13 скокови, шест асистенции и две загубени топки. Но, поразувачки за Денвер беше фактот што останатите четворица стартери заедно имаа сличен учинок од 26 поени, 11 скокови и четири асистенции со шут од игра 9/32.