feature

Премиер лигата почнува на 16 август со новата сезона

Новата сезона во најквалитетната англиска лига ќе стартува на 16 август, или еден месец после завршување на Европското првенство.

Еден месец претходно, на 16 јули ќе биде објавен распоредот на натпреварите.

Од Премиер лигата потврдија дека летниот преоден рок се враќа на стариот систем и ќе трае од 9 јуни до 31 август.

Титулата во следната натпреварувачка сезона ќе ја брани Манчестер Сити.


Кошаркарките на Бадел 1861 ќе играат во Јадранската лига

Екипата на ЖКК Бадел 1862 го потврди своето учество во Јадранската WABA лига за сезоната 2021/2022.

„Учеството во ова регионално натпреварување ќе претставува дополнителна можност за младиот тим на вицешампионот за докажување на меѓународен план во натпреварите против реномирани екипи од калибарот на ЖКК Будуќност Бемакс, Берое, Цинкарна Цеље, Монтана, …“, се вели во соопштението од клубот.


Ѕвездите на Сити главни кандидати за фудбалер на сезоната во Англија

Англиската Премиер лига на својата веб-страница го претстави списокот на играчи номинирани за наградата за најдобар млад играч во изминатата сезона.

Кандидати се играчот за врска Фил Фоден и дефанзивецот Рубен Дијас (двајцата Манчестер Сити), напаѓачот Доминик Калверт-Левин (Евертон), голманот Илан Меслиер (Лидс), играчот за врска Мејсон Маунт (Челзи), напаѓачот Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), дефанзивецот Деклан Рајс (Вест Хем) и играчот за врска Букајо Сака (Арсенал).

Премиер лигата објави и список на претенденти за најдобар играч во сезоната, вклучувајќи ги Кевин Де Бруин, Рубен Дијас, Бруно Фернандеш, Џек Грилиш, Хари Кејн, Мејсон Маунт, Мохамед Салах и Томас Сучек.


Гринвуд го пропушта Европското првенство

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, ја напушти селекцијата на Англија која се подготвува за настап на Европското првенство.

Прес-службата на „Гордиот албион“ објави на социјалната мрежа -„Твитер“ дека 19-годишниот фудбалер се соочува со стара повреда и затоа ќе мора да го пропушти континенталниот собир. Гринвуд беше вклучен во поширокиот состав на репрезентацијата на Англија за Европското првенство.

Конечниот список ќе биде објавен денеска. Англичаните  во групната фаза ќе играат со селекциите на Хрватска, Чешка и Шкотска.


Лукаку е МВП на сезоната во Серија А

Белгискиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку е изгласан за најдобар играч во Серија А изминатата сезона, откако помогна „нераѕурите“ да стигна до своето 19-то скудето, прво од далечната 2010 година.

28-годишниот Лукаку постигна 30 голови за Интер оваа сезона и додаде 11 асистенции, за тимот на Антонио Конте да стави крај на доминацијата на Јувентус од 9 години. Конте замина од тимот по најавите за кратење на буџетот на неговиот тим, но новиот тренер Симоне Инзаги му најавил лично на Лукаку дека тој останува клучниот играч во тимот.

„Господ е голем! Голема благодарност до моите соиграчи и до Антонио Конте и неговиот тим. Ова е за фановите на Интер кои не поддржуваа оваа сезона“, напиша Лукаку на Твитер.


Раниери најголем кандидат за преземање на клупата на Лил

Францускиот шампион Лил е во потрага по нов тренер по заминувањето на Кристоф Галтие, кој работеше во клубот во изминатите 4 години.

Според дел од француските медиуми, раководството на Лил ја разгледува кандидатурата на Клаудио Раниери, кој минатата сезона беше на клупата на Сампдорија.

Раниери по завршувањето на сезоната, иако го освои 9. место во Серија А најави дека неговата работа на „Мараси“ е завршена. Засега тој е без нов ангажман, но по се изгледа наскоро ќе почне преговори со Лил.



Проблеми за Лејкерс – останаа без својата голема ѕвезда!

Лос Анџелес Лејкерс се наоѓаат во големи проблеми. Актуелниот шампион ќе мора да го игра наредниот натпревар против Феникс Санс без Ентони Дејвис. Во моментов има 2:2 во серијата и Феникс е домаќин на следниот натпревар. Дејвис се повреди на четвртиот натпревар против Санс, кој на крајот лесно го добија гостите. Крилниот центар пропушти половина од регуларниот дел од сезоната поради повреда, а сега може да ја пропушти целата серија против Феникс, што секако би било голем хендикеп за тимот на Лејкерс. Петтиот натпревар на програмата е ноќта помеѓу вторник и среда со почеток од 04:00 часот.


Халанд ја откри тајната на неговиот успех

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд направи огромен физички напредок откако пристигна во германскиот клуб од РБ Салцбург, и тоа е дел од причината за неговата одлична напаѓачка форма. Само оваа сезона, 20-годишниот норвешки репрезентативец одигра 41 натпревар за Дортмунд и постигна ист број на погодоци.

Халанд вели дека неговиот напредок може да се припише на намерно зголемување на телесната тежина. Тој е целосно посветен на обука и здрав начин на живот.

„Ако го погледнете моето тело, ако ги погледнете моите нозе, ќе видите дека многу се сменив. Јас сум сосема поинаков. Станав вистински маж и станав побрз. Ако ме прашате, тоа е една од најважните работи. Јас ја зголемив мојата тежина од 86 на 94 килограми, но тоа не е пивски стомак, туку чиста мускулна маса.“ – рече Халанд,  додавајќи дека е многу внимателен за неговата исхрана.



Барса го врати Ерик Гарсија во своите редови

По Серхио Агуеро, Барселона денеска и официјално објави уште едно ново засилување. Утрово од клубот го потврди враќањето и на младиот Ерик Гарсија. Денеска Барселона и Гарсија ќе потпишат договор за следните пет сезони, до 2025/26, во кој ќе има клаузула за откуп од 400 милиони евра.
Ерик Гарсија пристигнува како слободен агент, откако го заврши договорот со Манчестер Сити и ќе биде претставен денеска на „Камп Ноу“.



Двајцата Чилеанци ставени на трансфер листа во Интер

Интер има намера да го растовари платниот список во летниот преоден рок, па затоа почна со „распродажба“ на дел од шампионскиот состав. Први кандидати за продажба се играчот за врска Артуро Видал и напаѓачот Алексис Санчез. „Нероазурите“ веќе ги ставија Чилеанците на трансфер листата и сега чекаат понуди.

Видал добива плата од 6,5 милиони евра, а Санчез 7 милиони евра, што ги прави екстремно скапи за да може да продолжат и следната сезона во Милано.  Управата на клубот не е подготвена да продолжи со исплата на високи плати поради финансиската криза и бара начин како да се намалат трошоците.

Овие двајца се само еден дел од оние кои веројатно ќе го напуштат тимот.