feature

Жиру ќе го предводи нападот на Милан во Лигата на шампионите

Милан веднаш започна активно на трансфер пазарот и денес го договори првиот трансфер, голманот Мајк Мањан од Лил. Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се блиску до договор со Оливие Жиру, кој ќе пристигне како слободен агент. Жиру треба да биде замена за Манџукиќ и алтернатива на Ибрахимовиќ во нападот на Милан. Двете страни се блиску до договор и Французинот ќе потпише 2- годишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона.


Репрезентативците ги започнаа подготовките за ЕУРО

Македонската фудбалска репрезентација од денеска и официјално ги стартува подготовките за историското премиерно учество на Европското првенство. По вчерашниот официјален собир, селекцијата предводена од Игор Ангеловски денеска ќе го одработи и првиот тренинг, закажан во 18. часот на теренот на ФФМ. Со амбиција за успешен настап, нашите најдобри фудбалери во рамките на подготовките ќе одиграат и две контролни средби, на 1. јуни против Словенија и на 4. јуни против Казахстан во Скопје. На 8. јуни, репрезентативците се селат во Букурешт, каде ќе биде и тренинг базата за ЕУРО 2020. Македонија на ЕП ќе дебитира против Австрија на 13. јуни на „Националната Арена“ во Букурешт.


Захариевски потпиша договор на уште една сезона со Струга Трим Љум

Струга Трим Љум ја продолжи соработката со тренерот Срѓан Захариевски за уште една година. Се надеваме дека со Захариевски на чело, нашиот тим ќе направи достојна презентација во европските натпреварувања, каде ќе бидеме во улога на дебитанти, – соопшти прволигашот од Струга, обзнанувајќи ја одлуката за нов едногодишен договор со македонскиот фудбалски тренер и поранешен репрезентативец. Захариевски на чело на Струга Трим Лум дојде на 12 март минатата година, а претходно ги предводеше екипите на Металург и Пелистер. Под негово водство екипата на Струга ја заврши сезоната во Првата македонска лига на третото место и обезбеди настат во квалификациите за Конференциската Лига Европа.


Француските клубови се избегнаа во полуфиналето во Келн

Францускиот состав Нант ќе игра против Барселона во полуфиналето на фајнал-фор турнирот во Лигата на шампионите, одлучи ждрепката. Тоа значи дека нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров, по сензационалната елиминација на Веспрем во четврт-финалето, сега ќе се сретне со неговиот поранешен тим со кој триумфираше во елитната конкуренција на Европа. Во вториот меч од 1 /2 финалето силите ќе ги одмерат францускиот Пари Сен Жермен и Алборг од Данска. Така наречениот Ф4 турнир ќе биде реализиран во – „Ланксес Арена“ во германскиот град Келн од 12 до 13 јуни.


Дибала прави трансфер во Милано?

Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.

Иако веќе неколку месеци двете страни преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.

Поради тоа Јувентус донесе одлука да го продаде на лето, бидејќи влегува во последната година од договорот, па ќе се обиде да заработи на аргентинецот.

Италијанските медиуми денес објавија „бомба“ и тврдат дека Дибала може да заврши во редовите на големиот ривал Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Дибала преферира да остане во Серија А, а Милан ќе има солиден буџет после пласманот во Лига на шампиони и наскоро ќе започне преговори со „старата дама“.


Коман побарал трансфер, Захави веќе му бара нов клуб

Францускиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен, Кингсли Коман, сака да добие зголемување на платата за да остане во клубот.

Одличниот фудбалер кој има договор до 2023 година и добива 8 милиони евра по сезона, сака да има двојно поголеми примања. Според весникот „Билд“, неговиот татко побарал од агентот задолжен за трансфери, Пини Захави, да се обиде да му пронајде нов клуб кој ќе ги прифати неговите барања.

Во исто време, Баварците се обидуваат да го убедат Коман да ја продолжи соработката.


Милинковиќ Савиќ сака да премине во Реал Мадрид

Сергеј Милинковиќ Савиќ, кој имаше блескави партии во дресот на Лацио, може да добие понуда во текот на летото да се пресели во редовите на Реал Мадрид, најави дел од медиумите на Пиринеите што се блиски до „кралскиот клуб“.

Според напишаното, Милинковиќ Савиќ би бил одлична замена за Лука Модриќ кој ќе ја има последната сезона во шпанскиот состав. Лацијалите проценуваат дека трансферната вредност на српскиот интернационалец  е околу 70 милиони евра.

За потписот на Милинковиќ Савиќ, наводно се заинтересирани и англискиот Манчестер Јунајтед и францускиот, ПСЖ.


Асенсио го напушта Реал ова лето

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Марко Асенсио, најверојатно ќе ја промени срединта бидејќи не е задоволен со минутажа што ја добиваше од тренерот, Зинедин Зидан.

Според медиумите во Италија, за неговиот потпис се заинтересирани екипите на Милан и Јувентус. Нивните претставници имале контакт со агентот на младиот играч и наводно добиле зелено светло да започнат преговори со „кралскиот клуб“.

Асенсио има активен договор со Реал Мадрид до летото во 2023 година што значи дека „белите“ нема да сакаат да останат без неговите услуги.


Јуве и Интер ќе играат за Суперкуп титулата во Саудиска Арабија

Финалето на Суперкупот на Италија следната сезона ќе се игра во Саудиска Арабија, потврди претседателот на Серија А.
Натпреварот помеѓу шампионот и освојувачот на Купот на Италија се одигра во Саудиска Арабија во 2018 и 2019 година, додека последниот се одигра во Италија поради пандемијата на Ковид 19.
„Следниот Суперкуп ќе се одржи во Саудиска Арабија, со навивачи, како што предвидува нашиот договор“, потврди Дал Пино.


Јувентус нема да игра во Лигата на шампионите?!

Според специјализираниот сајт „stopandgoal.com“, нивните инсајдерски информации од УЕФА велат дека Јувентус нема да игра следните две сезони во Лигата на шампионите, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин по саботното финале во ЛШ ќе објави суспензија за „старата дама“, Барселона и Реал Мадрид поради активности во Суперлигата.

УЕФА нема да ја запре војната против бунтовниците кои се уште сонуваат за Суперлигата, казната ќе биде жестока, Јувентус нема да игра следната сезона во ЛШ.

Доколку сето ова се реализира, Наполи ќе добие место во европската елита идната сезона, но се уште е на ниво на шпекулација и останува да се види во сабота дали Чеферин навистина ќе објави ваква одлука.