feature

Велшанецот Рамзи од Јуве се сели во Ливерпул

Арон Рамзи пристигна во Јувентус како големо засилување, но не ги оправда во целост очекувањата во Торино.
Англиските медиуми тврдат дека Рамзи би можел да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Ливерпул.
Јирген Клоп е во потрага по квалитетно засилување за средниот ред и во Рамзи гледа идеална замена за Вајналдум.
Јувентус е спремен да го продаде и да се ослободи од неговата висока плата, а и самиот играч сака да се врати во Премиер лигата.


Евротип предлог тикет – Недела 23.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 11 коефициент:

Ливерпул – Кристал Палас | 1
Поранешниот првак на Англија нема да ја испушти оваа шанса која му се укаже и со победа против Кристал Палас ќе ја завери Лигата на шампионите. Победа над тимот на Хоџсон многу веројатно ќе значи место во ТОП4, но „црвените“ мора да бидат претпазливи, бидејќи Кристал Палас не им лежи како противник. Радува формата за напаѓачите во последните неколку кола, иако најважниот погодок го постигна голманот Алисон.

Манчестер Сити – Евертон | 3+
Новиот шампион со мислите ќе биде кон финалето на Лигата на шампионите, но тоа не е проблем да не се одигра уште еден отворен и ефикасен натпревар. Евертон „потона“ во вториот дел на сезоната и со разнишан морал доаѓа на „Етихад“. Победа на домашната екипа е реална опција, а многу голови во двете мрежи уште пореална.

Брест – ПСЖ | 2
Единствен опција за ПСЖ да продолжи да сонува титула во Лига 1 е победа во Брест. Тоа треба да биде полесно остварлива опција, во споредба со кикс на Лил во Анжер, но момците на Почетино имаат обврска да си ја завршат обврската. Нејмар ќе се врати по неиграњето во финалето на Купот.

Интер – Удинезе | 1-1
Поразот од Јуве пред една недела не остави последици, но новиот шампион не сака да ја заврши сезоната во Серија А туку-така. Безбедниот Удинезе, без повредениот Илија Несторовски доаѓа на „Сан Сиро“, но нема што да бара против Лукаку, Лаутаро, Барела…

Севиља – Алавес | 1-1
Поразот од Виљареал пред една недела е единствениот многу лошо одигран натпревар на Севиља пролетва и Лопетеги ќе побара од своите фудбалери уште малку труд за со победата да се заокружи уште една успешна сезона. Враќањето во Лигата на шампионите е исполнување на мисијата на клубот од Андалузија.


Вест Хем му понуди нов договор на Дејвид Мојс

Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс е близу до потпишување на нов договор со клубот. Според „Телеграф“, Шкотланѓанецот ќе потпише нов тригодишен договор со „чеканите“. Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед ќе биде награден со нов договор за одличната сезона на Вест Хем во Премиер лигата. „Чеканите“ моментално се наоѓаат на шестото место во лигата, а до пред неколку недели беа блиску до учество во Лигата на шампионите.


ФИФА одлучува Мундијалите да се одржуваат на две години?!

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА сериозно размислува да направи радикална промена по однос на досегашната пракса за паузата од едно до друго Светско првенство.Според последната најава, со 166 од 188 гласови на членките на ФИФА, прифатен е предлогот на Саудиска Арабија, Мундијалите да се играат на секој две години, наместо како досега на четири. Промената нема шанси да се случи пред 2026 година, а допрва ќе треба да се расправа за овој предлог кој помина исклучително „лесно“ на гласањето. Следното Светско првенство е закажано за декември идната година во Катар.


Продажбата на француските дресови порасна за 2400 проценти!

Францускиот селекторт Дидие Дешамп по шест години го врати Карим Бензема во репрезентацијата.

Одличниот напаѓач на Реал во последните две години игра во фантастична форма и селекторот едноставно не можеше веќе да го игнорира, па го вклучи во списокот за претстојното Европско првенство.

Бензема беше во центарот на случувањата по скандалот во кој од неговиот соиграч Метју Валбуена бараше 150 илјади евра за да не објави негова секс снимка со наводно малолетна личност, а подоцна рече и дека Дешамп подлегна на притисокот на расистите, па затоа не го повикал за репрезентација.

Но, селекторот се одлучи да го врати, а колку тој потег беше популарен помеѓу француските навивачи доволно говорат бројките. Откако Дешамп го објави списокот на кој се најде и напаѓачот на Реал, продажбата на дресовите на француската репрезентација порасна за неверојатни 2400 отсто!


Депај: Имам понуда од Барса, но и од други клубови

Мемфис Депај потврди дека го напушта Лион на крајот на сезоната.

Депај е слободен агент и веќе една година се поврзува со трансфер во Барселона, но тој тврди дека има и понуди од други клубови.

„Сакам да одам во некој од најголемите европски клубови, но се уште не знам каде точно ќе играм. Статистиката која ја имам во Лион, ако ја имав во ПСЖ или Манчестер, цела Европа ќе зборуваше за тоа“.

„Треба да покажам дека можам да го повторам истото во некој од првите четири, пет клубови во Европа. Барселона покажа интерес за мене, но не се единствени. Имам понуди и од други големи клубови и се уште не сум донел конечна одлука. Нема да брзам, сакам да го направам најдобриот избор“, изјави 27-годишниот голгетер.


Сампдорија ќе добие нов тренер, Раниери заминува ова лето

Клаудио Раниери, објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2020/2021.
„Јас веќе му кажав на тимот дека нема да останам уште една сезона. Нема соодветни услови за престој. Сакам да им се заблагодарам на навивачите. Се надевам дека им се допаднав како тренер. Сакам да им се заблагодарам на сите. Играчите беа одлични. Особено во моментот на одлука, на крајот го задржавме своето место во Серија А. Оваа година се боревме, имавме многу добри натпревари, неколку лоши, но тоа е фудбалот. Сакам од се срце да им се заблагодарам на моите играчи“, изјави Раниери за „Фудбал Италија“.
Претходно беше објавено дека Клаудио Раниери може да ја преземе функцијата главен тренер на Фиорентина. Истовремено тренерот на Фиорентина, Џузепе Јакини се прости од клубот, кој ќе замине по последното коло од сезоната 2020/21 во италијанскиот шампионат.


ФФМ ги подели евро-лиценците за следната сезона

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека клубовите кои изборија пласман во еврокуповите и ќе ја претставуваат нашата земја добија лиценци за настап во натпреварувањтата на УЕФА.
Одделeнието за лиценцирање информираше дека Комисијата за лиценцирање на ФФМ по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 во кој се пријавија сите 12 клубови од Прва МФЛ, а по преглед на доставената документација донесе одлуки:
Шкендија, Шкупи, Струга Трим Љум и Силекс да може да играат во Европа бидејќи добиле лиценци. Исто така лиценци имаат и Академија Пандев, Македонија ЃП, Работнички и Ренова. Лиценци не добија Беласица , Вардар и Пелистер кои имаат проблеми со долгувања. Велешки Борец, пак, не се пријави во процесот за лиценцирање пред Комисијата за лиценцирање на ФФМ.


Барса го сака Рајкард како наследник на Куман

Неколку шпански медиуми излегоа со информација дека првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, Хуан Лапорта, планира да го ангажира Франк Рајкард, кој седеше на клупата на Каталонците од 2003 до 2008 година.
Холандскиот стратег ќе треба да го замени неговиот сонародник, Роналд Куман, кој најверојатно ќе ја заврши сезоната само со трофејот освоен во домашниот Куп.
Рајкард откако ја напушти селекторската позиција во Саудиска Арабија, цели осум години е надвор од фудбалските терени.


Чуамени од Монако интересен за Тухел и Челзи

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, планира да го ангажира играчот за врска на Монако, Аурелиен Чуамени, објавија денеска дел од медиумите во Англија.
21-годишниот талент кој има одлична сезона во Франција, одигра 41 меч во сите конкуренции и постигна два гола.
Монако е подготвен да се раздели со младиот талент за околу 40 милиони евра, сума што е речиси двојно повеќе од тоа што му беше платена на Бордо во јануари во 2020 година за потписот на Чуамени.