feature

ЕУРО 2020 – 05. Турција одблиску

Турците фудбалски се издигнаа во последните три децении!

Фудбалската репрезентација на Турција ја претставува Турција на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Турција.

Досега, Турција трипати се квалификувала на Светско првенство: 1950, 1954 и 2002 година. Меѓутоа, пред почетокот на првенството во 1950 репрезентацијата морала да се повлече поради финанскиски проблеми. Најдобриот резултат на Светските првенства го оствариле во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја освојувајќи го третото место.

На Европските првенства учествувала трипати. Најдобриот резултат на Турците им е полуфиналето во 2008 година. Исто така, турската репрезентација учествувала шест пати на Олимписките игри каде најдобриот резултат го оствариле на Игрите во 1948 и 1952 година, стигнувајќи до четвртфиналето.

Во 2003 година после откажувањето на Германија, Турција за првпат настапила на Купот на конфедерации и исто како и година дена претходно на Светското првенство го освоила третото место.

Најсилниот турски блесок на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја!

Својот прв историски натпревар Турција го одиграла на 26 октомври 1923 година против Романија. Првиот официјален натпревар Турција го одиграла на 25 мај 1924 на Олимписките игри против Чехословачка.

Со победата од 7-0 над Сирија, Турција обезбедила учество на Светското првенство во 1950 година, но поради финансиски проблеми го откажала учеството во Бразил. Четири години подоцна Турција повторно се квалификувала за Светско првенство, играјќи бараж против Шпанија. Во првиот натпревар Шпанија победила со резултат 4-1, но во реваншот Турција била подобра со 1-0. Тогашните правила биле такви да ниту една од двете репрезентации не се квалификувала за Светско првенство во 1954 година, па било одлучено со фрлање на паричка. После подобрата среќа во фрлањето на паричката, при извлекувањето на групите, Турција немала среќа. Добиле група во која противници им биле Западна Германија, Унгарија и Јужна Кореја. По тогашните правила секоја репрезентација во групата морала да одигра натпревар со две противнички репрезентации. Во таквиот систем Турција воопшто не играла против Унгарија. Својот прв натпревар на Светските првенства, Турција го одиграла на 17 јуни 1954 година против Западна Германија. Со пораз од 4-1 против Германците и победа против Јужна Кореја со убедливи 7-0, Турција ги завршила своите настапи во групата со два освоени бода колку и Западна Германија поради што овие две репрезентации морале да одиграат бараж за да се одлучи кој ќе помине понатаму. Во баражот Западна Германија ја победила Турција со резултат 7-2. Во 1956 година Турција одиграла пријателски натпревар против една од тогаш најсилните светски репрезентации, репрезентацијата на Унгарија во Истанбул и победила со 3-1.

Без оглед на уведувањето на националното првенство, и настапите на турските клубови во европските натпреварувања, периодот од 1960 до 1990 година бил разочарувачки за турската репрезентација. Во тој период репрезентацијата ги претрпела својте највисоки порази со 8-0 против Полска и двапати против Англија.

Од почетокот на 90-тите Турција почнала сериозно да вложува во најважната споредна работа на светот, а првите видливи резултати дошле во 1996 со пласманот на Европското првенство во Англија. Таму завршија со нула бодови и три порази во групата од Хрватска, Португалија и Данска.

Во меѓувреме не успеаја да се пласираат на Светското првенство во1998 во Франција, но затоа повторно се квалификувале за првенство на стариот континент играно во Холандија и Белгија во 2000. Таму успеале да ја минат групната фаза, завршувајќи како втори во конкуренција на Италија, Шведска и Белгија и да стигнат до четвртфиналето, каде биле елиминирани од Португалија.

На Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија, Турција го освои фантастичното трето место. Ја помина групата во која биле уште Бразил, Костарика и Кина, а потоа ја совлада Јапонија и Сенегал. Во полуфиналето загуби од Бразил, а во натпреварот за трето место го победи домаќинот Јужна Кореја со 3-2.

Во 2008 година Турците стигнаа до полуфиналето на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Турската репрезентација најпрво ја мина групата, во која се наоѓаа неколку силни репрезентации како Португалија, Чешка и Швајцарија, а во четвртфиналето ја елиминира Хрватска по продолженија. Во полуфиналето Турците беа поразени од Германија.

Хакан Шукур е најдобриот и најпопуларниот играч на сите времиња. Има постигнато речиси 200 гола во турската лига. Постигнал 51 гол за репрезентацијата и неприкосновено го држи рекордот за најдобар стрелец на турската репрезентација.

Селекторот Ѓунеш најзаслужен за успесите!

Искусниот фудбалски стратег Шенол Ѓунеш во март 20219 година беше именуван за нов селектор на репрезентацијата на Турција.

Фудбалската федерација на Турција се одлучи да го врати Ѓунеш на клупата на националниот тим која ја водеше и во периодот од 2000 до 2004 година.

Ѓунеш е најуспешниот турски селектор со кого оваа селекција стигна до третото место на Светското првенство во 2002 година. Сега желбата на Турците е со Ѓунеш повторно да бидат учесници на ЕП 2020 и СП 2022.


Милевски го одреди тимот за контролата против Словенија

Селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски, го објави поширокиот список на фудбалери за контролниот меч со Словенија на  3 јуни.

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија ЃП), Александар Анѓелковски (Ренова), Иван Николоски (Велазерими 77);

Одбрана: Филип Алексовски (Македонија ЃП), Александар Ѓурковски (Вардар), Георге Јанкулов (Железничар Панчево), Филип Антовски (Славија Софија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори), Марко Стојчески (Телеоптик), Божидар Митревски (Тетекс), Бесир Исени (Струга ТЉ), Ардиан Беќири (Дрита), Анатолиј Петејчук (Вардар);

Среден ред: Агон Елези (Вараждин), Бојан Димоски (Академија Пандев), Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина), Флорент Рамадани (Шкендија), Лука Станковски (Работнички), Томче Гроздановски (Злате Моравче), Лука Здравковски (КОМ), Давид Манасиевски (Силекс);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Вождовац), Марио Илиевски (Септември Софија), Методи Максимов (Работнички), Арби Воша (Македонија ЃП), Јакуп Бериша (Шкупи), Амел Рустемоски (Грасхопер), Лука Трајкоски (Борец).

Подготовките ќе стартуваат на 26 мај. Потоа Милевски ќе одлучи околу составот за мечот во Словенија.


Евротип предлог тикет – Сабота 22.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 53 коефициент:

Каљари – Џенова | ГГ, 3+
Опстанок е обезбеден за двете екипи и натпреварот е само за престиж. Во овој момент непознато е со какви состави ќе се претстават и едните и другите, но веројатно ќе има доста измени. Подобра опција за типување е бројот на голови, отколку конечен тип. Предвидуваме натпревар со многу голови.

Баерн Минхен – Аугсбург | 1-1, 4-6
Левандовски го брка рекордот на Герд Милер, а Баерн сака со стил да го испрати тренерот Ханси Флик. Нема дилеми дека домашната екипа има доволно мотиви да одигра отворен натпревар и да победи со многу голови во дресот на противникот. Баварскиот дуел секако дека има само еден фаворит.

Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен | 1, ГГ
Борусија Дортмунд треба само да го верификува пласманот во Лигата на шампионите, а против себе има ривал кој сака отворен фудбал. Нема дилеми дека мрежите ќе се тресат, а почесто би требало да се тресе гостинската. Халанд, Санчо, Торген Азар и другарите се гаранција за голови.

Свонси – Барнсли | 1
Натпреварот е голема шанса велшкиот клуб да се пласира во финалето на плеј-офот, а по победата на гостински терен, дома само треба да ја заврши работата. „Лебедите“ се многу поквалитетни и поискусни, а ги води и Африканецот Андре Ајев.

Динамо Загреб – Шибеник | 1, 3+
Сите рекорди и трофеи се освоени и Динамо Загреб треба само да одигра за своја душа за крај на ХНЛ. Предвидени се промени во тимот и шанса за помладите, но тоа не значи дека нема да има голови и возбудувања. Бодовите треба да останат во Загреб.


Тер Штеген го оперираше коленото, се огласи по операцијата

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген успешно ја помина операцијата на коленото. Поради оваа причина, тој нема да биде во тимот на Германија на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи од 11. јуни до 11. јули.
Искусниот чувар на мрежата се огласи по операцијата истакнувајќи дека се надева на брзо заздравување.
„Се помина во најдобар ред, сега целата концентрација е кон моето заздравување. Им благодарам на сите за пораките на поддршка во последните десет дена.“– напиша тој на Твитер.


Пелистер лесно до полуфинале!

Екипата на Пелистер ќе игра во полуфиналето на плеј-офот и останува во трката за шампионскиот трофеј. Во рок од 48 часа битолчани беа подобри од екипата која им ја укина шансата да атакуваат на другиот трофеј во сезона, Навико Академија ФМП.

Со такви размислувања допатуваа битолските „зелено-бели“ во главниот град и максимално успешно си го одработија својот дел од задачата. 

Очаен почеток имаа домашните кошаркари во овој меч кој одлучуваше дали ќе има и трет во серијата од четвртфиналето против Пелистер. Буквално, на прстите на една рака можеа да се избројат постигнатите поени на тимот од Кисела Вода. Иако без својот капитен Бојан Трајковски на теренот, и шефот на струката Марјан Илиевски, на клупата, за кои оваа сезона е предвреме завршена, битолчани знаеја што бараат, и што сакаат на овој натпревар.

Од самиот почеток го наметнаа својот препознатлив стил на игра, а во прилог на желбите им одеше и фактот дека најдобриот играч на Навико Академија ФМП, Стефан Крстајиќ, беше комплетно надвор од ритам. Па по десет минути „пелистерци“ имаа и десет поени плус (15:5).

Во исто темпо „бело-зелените“ продолжија и во вториот квартал. Имаа и вишок од 19. поено (30:11) во средишниот дел од втората четвртина, која гостите од Битола ја завршија со уште поголемо водство (41:21).

Силаџи даде 12.поени кај лидерската елипа, додека петте стартери во домашниот тим дадоа само десет поени, што доволно говори за лошото прво полувреме на избраниот состав на тренерот Александар Петровиќ.

Ништо ново во играта на домаќините не донесе ниту одморот од 15.минути. По шест одиграни во третиот период, Пелистер имаше двојно повеќе дадени во однос на примени кошеви (62:31), по што и на Петровиќ му стана јасно дека тука е крајот на сезоната. Па како вистински тренер одлучи да им даде шанса на најмладите во екипата која ги исполни амбициите – играше плеј-оф.

Но во полуфиналето оди најдобриот тим од регуларниот дел – Пелистер. Дури и ваков тим, со еден, петти странец на трибините, капитенот на рехабилитација, а тренерот на лечење е пресилен за дебитантот во првата лига, кој минатиот викенд му ја одзема шансата да го „брка“ трофејот во Купот.


Македонија го преслуша Кипар на отворањето на Сребрената лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа ги започна натпреварите од Сребрената европска лига откако убедливо го совлада Кипар со 3-0 во сетови (25-21, 25-21, 25-21), на натпревар кој беше одигран во салата „Парк“ во Струмица.
Нашата репрезентација ги доби сите три сета со идентичен резултат, а гостите од Кипар имаа сила да се спротистават на Македонија само во првите два сета, додека во третиот се виде разликата во квалитет и Македонија со рутинирана игра го однесе натпреварот кон крај.
Најдобар поентер кај нашата репрезентација беше Никола Ѓорѓиев со 19 поени, додека Љафтов имаше 12, а Милев и Николов завршија со седум односно пет. Вториот натпревар Македонија го игра против Израел и е закажан за утре (сабота) со почеток од 20:00 часот. Претходно, ќе се соочат Данска и Кипар, селекцијата на данска е фаворит откако денес ја совлада репрезентацијата на Израел со 3-2.


Џеко заминува во Холивуд?!

Рома во моментот го држи местото број седум во Серија А кое води во новото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.
По крајот на сезоната тимот го презема Мурињо, „посебниот“ ќе има голем предизвик пред него. Еден од столбовите на тимот, Един Џеко, планира заминување од Италија.
Италијанските медиуми пишуваат дека Босанецот по отворањето на трансфер периодот ќе замине во МЛС лигата во редовите на ЛА Галакси.
Исто така, се пишува дека тоа е семејна одлука. Неговата најстара ќерка има желба да студира на универзитетот во Лос Анџелес, додека неговата сопруга сака да се врати на својата моделска кариера, а Лос Анџелес е вистинскиот град за тоа.
Џеко има уште една година од својот договор со „волчицата“, а неговата вредност се проценува на пет милиони евра.


Ја менува кариерата – Андре Виљаш Боаш ќе биде рели возач!

Поранешниот тренер на Порто, Челзи, Тотенхем и Марсеј, Андре Виљаш-Боаш ќе биде дел од Светското рели првенство во Португалија.
43-годишниот Виљаш-Боаш, кој на почетокот од годинава под чудни околности го напушти Марсеј, веќе има рели искуство, бидејќи пред три години се натпреваруваше на релито Дакар.
„Се чувствувам како во сон.“ – вели Боаш воочи трката за Светското првенство, која ќе се одржи овој викенд.
„Мојата страст за автомобилизмот започна во детството кога мојот татко ме одведе на трката на Формула 1 во Есторил. Мојот вујко веќе два пати настапи на релито Дакар и повеќе од очигледно е дека љубовта кон овој спорт се пренесува во мојата фамилија.“ – изјави Виљаш-Боаш.


Натпреварувачи од шест земји на 52. Илинденски кајак слалом

Претстојното 52-ро издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2021 оваа година повторно се најде на Календарот на Светската и Европската кајак федерација и ќе се одржи престојниот викенд.
„Како и во изминатите 51 изданија така и оваа година најпрво натпреварот беше закажан во својот стандарден термин во перидот од 5 до 11 април 2021. Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на ковид-19 во нашата држава во предвидениот период за натпреварот и рестриктивните мерки кои беа воведени на територијата на целата наша држава, како организатори заедно со Градскиот кајакарски сојуз бевме приморани да го одложиме и презакажеме натпреварот за нов термин 22 и 23 мај. Во овој момент би сакале да Ве известиме дека 52-риот Традиционален Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021 и официјално ќе се оддржи во новиот предвиден термин за оваа година и тоа на 22 и 23 мај во СРЦ „Матка-Скопје“, велат организаторите.
Годинава на ИКАС ќе пристигнат натпреварувачи од неколкуте пријавени држави и тоа Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Турција.


Хаос во Порто, полиција влезе во клупските простории

Порто може да се најде во големи проблеми поради Ковид-19, бидејќи утрово полицијата беше во просториите на овој португалски гигант.
Утрово е извршен полициски претрес во просториите на фудбалскиот клуб Порто. Причината за тоа, како што велат, е основано сомнение дека клубот го фалсификувал тестот за КОВИД-19, но тие не навеле за кој фудбалер станува збор.
„Авионско патување во странство, направено од фудбалер, наводно заразен со КОВИД-19.“ – се наведува во официјалното соопштение на полицијата.
Според тамошните медиуми, овој е натпревар одигран во јануари, но се уште не е познато за кој натпревар се работи.
Доколку се докаже дека Порто навистина го стори тоа, вицешампионот на Португалија може да има сериозни проблеми поради кршење на епидемиолошките мерки.