Ливерпул е заинтересиран за играчот на Волвс, Адама Траоре. Траоре е голема желба на актуелниот англиски првак, а медиумите пренесуваат дека неговиот тим за евентуален трансфер бара обештетување од сто милиони евра. Дали Ливерпул е подготвен да го плати тој износ останува да видиме. Неодамна се пишуваше дека еден од најбрзите и најсилните фудбалери во Англија кариерата ќе ја продолжи во Лидс, но од тоа веројатно нема да има ништо.
По тешката повреда, Нуркиќ мора на операција
Кошаркарот од Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ кој настапува за Портланд, ќе мора на операција на зглобот на десната рака, откако се повреди на натпреварот против Индијана. По таа повреда, тој ќе паузира најмалку два месеци. Тоа е нов пех за Нуркиќ, кој во 2019. година имаше скршеница на ногата, а се врати на крајот од минатата сезона. Пред таа повреда, имаше просек од 17 поени и 10 скокови по натпревар. На почетокот на оваа сезона, навивачите го критикуваа поради лошите партии. Нуркиќ ги пропушти подготовките бидејќи сакаше да помине повеќе време со семејството, откако неговата баба почина по компликации од коронавирусот. „Луѓето се однесуваат како да сум мртов. Не сум многу загрижен за тоа, но очигледно е дека сите сме луѓе и се соочуваме со нешто што се случува надвор од теренот и во нашите семејства. Сакам да му помогнам на екипата, поминаа само неколку натпревари и знам дека ќе биде се во ред. Не заборавив да играм кошарка и се обидувам да одам напред.“ – изјави 26-годишниот центар.
Се поместува терминот за одигрување на Австралија Опен?!
Извршниот директор на Австралија Опен, Крег Тили ја отфрли можноста да се помести одигрувањето на првиот гренд слем од сезоната поради големиот број на тенисери кои се наоѓаат во карантин. Тили ја остави можноста за Владата на државата Викторија да донесе некои посебни мерки за изолација, доколку се стекнат услови. „Ниту еден играч додека е во изолација нема да може да го напушта хотелот. Сега ја разгледуваме ситуацијата од недела во недела, па во консултации со Владата ќе донесеме одлуки. Што се однесува до одлагањето или промените на распоредот, тоа воопшто не е во план и распоредот останува како што и претходно беше најавен. Единствена можност е да играчите кои се во карантин добијат поголем простор во хотелот каде ќе можат да тренираат.“ – изјави Тили. Бранител на титулата во машка конкуренција е Новак Ѓоковиќ, кој во минатогодишното финале го совлада Доминик Тим. Турнирот треба да стартува за нешто помалку од три недели.
Анелка пред промоција за спортски дирекот на француски четвртолигаш
Николас Анелка важеше за фудбалер кој никако не успеваше да се задржи подолго време во еден клуб. Патуваше во Европа и Азија и настапуваше за гиганти како Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул, ПСЖ, Сити…играше и во Кина и Индија каде што ја заврши кариерата. Во пензија Анелка е веќе пет години, а сега е пред нов ангажман, но не на теренот. На поранешниот репрезентативец на „триколарите“ му е понудено местото спортски директор во францускиот четвртолигаш Јер.
Се враќа ли Бензема во репрезентацијата? Дешамп дециден!
Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп ја отфрли можноста за Карим Бензема да се врати во селекцијата, откако напаѓачот на Реал беше исфрлен од репрезентацијата по скандалот со соиграчот Валбуена. Бензема своевремено се обиде да изнуди пари од сегашниот фубалер на Олимпијакос, за своите „сомнителни“ пријатели, притоа уценувајќи го со наводно секс видео. Дешамп бескомпромисно го отстрани Бензема, кој ќе одговара пред судот за ова кривично дело. „Не ги читам интервјуата на Бензема, бидејќи ретко купувам весници. Секој играч е слободен да каже што сака, многу сакаат да бидат во репрезентацијата. Сепак, сите знаат какво мислење имам за Карим и нема да го променам. Тоа не е мој проблем, туку само одлука која води грижа за екипата.“ – вели францускиот селектор. Тоа значи дека напаѓачот на Реал и еден од најдобрите европски центарфори ќе го пропушти Евроопското првенство, кое ќе биде второ по ред за Бензема кое ќе го пропушти.
Невидена борба во историјата на УФЦ! (видео)
Макс Холовеј како победник, но и Калвин Катар како поразен, ги шокираа фановите на ММА на првиот УФЦ спектакл за годинава, одржан во Абу Даби. Во главната борба на вечерта, Холовеј во лесна категорија го победи Каар со едногласна одлукан а судиите и тоа по борба каква што не се памети во УФЦ. Холовеј победи со резулат 50:42, што во историјата на УФЦ никогаш не се случило во една главна борба. Причина е што таквата доминација инаку завршува со нокаут, но Катар чудесно преживеа еднакво чудесни 700 удари, со колку што го нападна Холовеј! По претставата која ги импресионира коментаторите, фановите, но и легендите на овој спорт, Холовеј се предложи за главна борба на вечерта идниот викенд, на која ќе бидат Конор Мекгрегор и Дастин Порие.
Искусниот хрватски фудбалер, Марио Манџукиќ постигна договор со Милан во врска со доаѓањето во клубот, а во наредните денови треба и да се официјализира оваа соработка, пренесуваат медиумите од Италија. Како што се наведува, договорот помеѓу двете страни е постигнат на 18 месеци, а останува да се види дали ќе биде потпишан во целина, или пка до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една сезона. Веќе нема дилеми дека Милан ќе има уште една вредна опција во нападот во борбата за Скудетото, заедно со пет години постариот Ибрахимовиќ. Манџукиќ ќе се врати во Италија една и пол година по напуштањето на Јувентус, со кој освои четири титули и играше финале во Лигата на шампионите.
Клоп во Удинезе го пронајде наследникот на Вајналдум
Ливерпул го постави името на аргентинскиот играч за врска на Удинезе, Родриго Де Пол, на врвот на приоритетите како потенцијална замена за Вајналдум, доколку Холанѓанецот го напушти „Енфилд“ на лето. „Кориере дело Спорт“ тврди дека договорот на играчот од средниот ред со Ливерпул истекува накрајот на сезоната и Вајналдум може да го напушти клубот како слободен агент. 26-годишниот Де Пол има договор со Удинезе до 30 јуни 2024 година, но „црвените“ се подготвени да инвестираат во него. Проблем за можен трансфер на Аргентинецот на „Енфилд“ може да биде неговата висока цена, бидејќи минатата недела потпретседателот на Удинезе, Стефано Кампоха беше категоричен дека клубот нема да го продаде за помалку од 40 милиони евра.
Томори на чекор до позајмица во Милан
Милан ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Челзи, Фикајо Томори со опција за купување на лето. Англискиот репрезентативец скоро нема шанси да се појави во тимот на лондончани оваа сезона, со оглед на тоа што има четири настапи на сите турнири. Менаџерот на сините, Френк Лампард неодамна изјави дека Томори може да биде продаден, а „росонерите“ во моментов се први кандидати за неговиот потпис. Сепак, лидерот во Серија А сака да го задржи Томори на долг рок и се надева дека ќе преговара за опција за купување на централниот дефанзивец во вредност од околу 30 милиони евра.
Евротип предлог тикет – Недела 17.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 16 коефициент:
Лион – Мец | 1-1 Пред нешто повеќе од еден месец овие две екипи се сретнаа во Мец и Лион извојува лесна и убедлива победа. Фудбалот на Мец им лежи на момците на Руди Гарсија и очекувам нова лесна победа на лидерот.
Аталанта – Џенова | 1, 3+ Аталанта е во налет и случајот Папу Гомез воопшто не го поремети планот на тренерот Гасперини. Џенова ги чуваше клучните фудбалери на натпреварот од Купот против Јуве, но којзнае дали тоа ќе им биде доволно да остане непоразена во Бергамо.
Баерн – Фрајбург | 1, 1+ПП&1+ВП По елиминацијата од Купот на Германија, Баерн ќе мора да се извади со вистински пристап не би требало да има проблеми со Фрајбург. Момците на Флик може да понудат натпревар со многу голови.
АЕК – Атромитос | 1-1 Грчкиот вицешампион и екипата која оваа сезона играше во групната фаза на Лига Европа е апсолутен фаворит и не би смеела да си дозволи кикс. На домашен терен во Атина, АЕК и оваа сезона е неприкосновен.
Мадервел – Ренџерс | 2 Лидерот во шкотската Премиер лига е во налет, а Џерард целосно го препороди гигантот во Шкотска. Мадервел е ранлив, прима многу голови и не може да одолее на најдорбиот шкотски напад.