feature

Формула 1 шампионатот воведува спринт трки

На три сезонски трки ќе има спринт квалификации кои ќе обезбедат бодови за првите тројца возачи, објави Формула 1.
Планот е спринтовите на 100 километри да бидат в петок по првиот слободен тренинг и ден потоа кога ќе се одреди и распоредот за главната неделна трка. Според најавите, спринтовите се планирани за патеката „Силверстоун“ во Велика Британија, „Монца“ во Италија и на една трка надвор од Европа која ќе биде дополнително одредена.
Најбрзиот возач во спринт-квалификациите ќе добие три бода вториот два а третиот ќе освои еден бод.


Ајакс со дрес посветен на Боб Марли, еве како ќе изгледа! (фото)

Холандски Ајакс, според пишувањата на медиумите од таа земја, од наредната сезона би можел да пласира трет дрес во чест на реге иконата Боб Марли. Така, на црниот дрес ќе бидат три птици во боите на реге знамето.
Причина за тоа се навивачите. Имено, песната на Боб Марли со наслов „Three Little Birds“ веќе долго време е неофицијална химна на навивачите на Ајакс, кој често создаваат нови обработки на познатиот ритам. Навивачите се воодушевени од идејата, а социјалните мрежи на клубот се веќе преплавени со пораки и обиди за резервации на новиот дрес.


Ф4 на Евролигата во Келн ќе се одигра без гледачи на трибините

Раководството на кошарката во Евролигата објави дека поради тековната глобална ситуација во пандемија и во согласност со препораките на германските власти, било одлучено Ф4 турнирот во 2021 година да се одржи во Келн без присуство на навивачи.
Одлуката е донесена, иако Евролигата има развиено голем број сценарија во последната година, бидејќи минатогодишната сезона беше откажана пред предвидениот рок, со намера да им се даде на што поголем број навивачи шанса да присуствуваат на Ф4 турнирот.
„Бидејќи здравјето и безбедноста на навивачите и учесниците остануваат приоритет за сите, присуството на Ф4 турнирот ќе биде ограничено на тимови, нивниот персонал и избрани медиуми, и сите тие ќе бидат во согласност со строгите здравствени протоколи и прописи“, се вели во соопштението на Евролигата.
Финалните натпревари ќе се одржи во германскиот град Келн од 28 до 30 мај.


Крстевски: Очекувам прво место во групата

Бојан Крстевски е еден од репрезентативците кои играа против нашите ново-стари ривали, сега во вториот круг од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023. година.
Добро се сеќава на дуелите Швајцарија и Словачка во претходниот квалификациски циклус.
Крстевски е оптимист дека можеме исто да поминеме и во овој циклус, да завршиме на првата позиција на табелата во групата „Ф“.
„Швајцарија и Словачка ни се добро познати противници. Игравме со нив во еден циклус и остваривме три победи и еден пораз и го освоивме првото место. Очекувам да ги повториме тие резултати и повторно да завршиме како првопласирани што воопшто не значи дека ќе биде лесно“- вели високото крило на нашиот национален сениорски состав.
Но, Крстевски не се залажува со резултатите во минатото. Напротив повикува на внимателност за дуелите кои ќе се играат во август.
„Швајцарија може да биде многу незгодна, ја изненади Србија во претходните квалификации. Исто така Словачка има искусни и квалитетни играчи. И затоа не можеме да спиеме на тоа уво дека ќе успееме само поради добрите резултати во поранешните дуели“.
Апострофира уште еден и тоа како важен момент, отсуството на капитенот Војдан Стојановски.
„Голем хендикеп за нас ќе биде отсуството на капитенот Војдан Стојановски. Но имаме многу млади кошаркари кои сигурен сум дека ќе ја искористат шансата и ќе се истакнат во овие претквалификации“- додава Крстевски.


Евротип и Голд Слот со помош за црквата Св.Недела

Спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите уште еднаш се во акција. Овој пат, во пресрет на Велигденските празници, направен е зафат за осветлување на црквата Св. Недела, еден од најпосетуваните храмови во Битола.
Со поставувањето на рефлектори и осветлувањето на храмот, се подобрува целосната слика за истиот, храм кој е основан во 1863. година.
Евротип, заедно со Голд Слот клубовите како општествено-одговорни компании, како досега така и во иднина продолжуваат со своите акции за подобрување на општествениот живот во секој поглед. Овој пат, тоа се направи преку поставувањето на рефлекторите за осветлување на овој храм, а во иднина се планираат и дополнителни акции, со кои ќе се помогне секаде каде што помошта ќе биде потребна.
Во оваа прилика, спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите ги честитаат Велигденските празници, посакувајќи здравје, мир и благосостојба, апелирајќи празниците да се дочекаат одговорно и во согласност со препораките на Владата за време на пандемија.


УЕФА дозволи ростер од 26 фудбалери и пет замени за ЕП

Европската куќа на фудбалот донесе одлука да им дозволи на репрезентациите да повикаат 26 фудбалери за ЕП, а воедно го одобри и правилото за пет замени.
Наместо 23 фудбалери секој селектор ќе може на списокот да пријави 26, а УЕФА се одлучи на ваков потег поради проблемите со пандемијата и поголемиот број на измени.
Ова може да биде и добра вест за македонските фудбалери, бидејќи селекторот Игор Ангеловски нема потреба да го крати списокот и ќе може да повика 26 фудбалери.
Притоа, се очекува повеќе фудбалери да добијат минутажа на Европското првенство, бидејќи ќе има пет замени.


Македонија ги доби Словачка и Швајцарија за ривали во претквалификациите за СП во кошарка

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците во претквалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2023 година ќе се одржи во Индонезија, Јапонија и Филипини.
Македонија како носител ќе игра во групата Ф од втората претквалификациска фаза, а на ждрепката се најде во група заедно со Швајцарија и Словачка.
Овие двете селекции се добро познати за нашата земја, затоа што против овие противници кошаркарите играа во претквалификациските фази за ЕП 2021. Македонија двапати беше подобра од Словачка, додека со Швајцарија победија во Скопје, но загубија гостински терен.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ, СП 2023:
ГРУПА Ф: Македонија, Словачка, Швајцарија
ГРУПА Ц: Шведска, Португалија, Австрија
ГРУПА Д: Летонија, Романија, Белорусија
ГРУПА Е: Црна Гора, Исланд, Данска


Гвардиола за Меси: Нема да пронајде подобар клуб!

Лионел Меси мора до крајот на јуни да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Договорот со Барселона му трае до крајот на сезоната, а ПСЖ со сите сили се труди да го доведе Аргентинецот во своите редови. Меѓу заинтересираните минатото лето беше и Манчестер Сити.
Тогаш, Меси сакаше да ја напушти Барселона, меѓутоа на крајот одлучи да остане и сега голема е веројатноста дека ќе остане во Барселона до крајот на кариерата.
Со тоа се согласува и Пеп Гвардиола.
„Се надевам дека Лео ќе ја заврши кариерата во Барселона, бидејќи нема да пронајде подобар клуб.“ – вели тренерот на Сити.
Меси во Барселона пристигна во 2000. година, а за сениорскиот тим игра од 2004. година. Во 773 натпревари постигна 667 погодоци. Со Гвардиола соработуваше од 2008. до 2012. година.


Де Брујне: Сега сме само на половина пат до финале

Манчестер Сити со пресврт го победи ПСЖ 2-1 на „Паркот на Принцовите“, го отвори патот кон финалето, но Кевин Де Брујне кој реализираше еден гол смета дека ништо не е готово.
„На полувремето се договоривме да играме повеќе со топката, побрзо да стигнеме до зоната од каде можеме да бидеме опасни, морам да кажам, ова е само половина пат до финалето, не очекува реванш, ништо не е готово“ – изјави Де Брујне.
Де Брујне беше еден од најдобрите индивидуалци на теренот во Париз и еден од најзаслужните во тимот на Пеп Гвардиола за направениот пресврт и големата победа против ПСЖ на гостински терен.


Милан бара уште еден фудбалер на Лил ова лето

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил.
Станува збор за 22-годишnниот крилен напаѓач, Иконе кој оваа сезона има постигнато 7 гола и запиша 7 асистенции. Иконе е спремен на лето да ја промени средината, а миланскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 25 милиони евра.
Интерес за Иконе покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но тој е блиску до договор со клубот од „Сан Сиро“.