feature

Ботас од следната сезона ќе вози во болидот на Алфа Ромео

Валтери Ботас ја вози последната сезона како партнер на Луис Хамилтон во Мерцедес.

Денес е потврдено дека од сезоната 2022, односно од наредната сезона Ботас ќе биде нов возач на Алфа Ромео.

Долго време Ботас во Мерцедес важи за втор возач, затоа што тимот предност му дава на Хамилтон. Сега во Алфа Ромео ситуацијата ќе биде веројатно поинаква.

Инаку, сезонава Мерцедес води голема со Ред Бул за титулата, на последната трка викендов во Холандија победи возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.

На местото на Ботас во Мерцедес би требало да дојде младиот Џорџ Расел.


Кулибали е јануарската желба на Тухел во Челзи

Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали во зимскиот преоден рок.

Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља. Откако пропадна трансферот на Кунде, „сините“ сега ќе се насочат кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи, но ова лето не пристигнаа понуди за него.

„Сините“ стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што поскоро да постигнат договор и да го реализираат трансферот во јануари.


Лукаку со ситна повреда се врати од репрезентацијата во Челзи

Ромелу Лукаку мораше да  го напушти белгискиот табор и да замине на лекарски преглед пред да се врати на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.

Тој вчера против Чешка во квалификациите за Мундијалот го одигра 100-от меч за „црвените ѓаволи“ и го постигна 67-от репрезентативен гол. По натпреварот Лукаку откри дека се соочува со мала повреда.

„Имам одреден проблем што ме мачи извесно време. Прво ќе одам да ја снимам ногата а потоа ќе се вратам во Челзи“, рече Лукаку.


Фоден добива нов договор во англискиот шампион

Челниците на Манчестер Сити подготвуваат нов договор за младиот фудбалер, Фил Фоден,  кој сега ќе заработува речиси четири пати повеќе од актуелната сума.

Наводно, „граѓаните“ ќе му понудата на 21-годишниот фудбалер да остане на “Етихад“ и во наредните шест години и да добива  неделна плата од 150.000 фунти.

Крилниот напаѓач во претходната сезона одигра 28 натпревари во Премиер-лигата  и постигна девет голови.


Драма за титулата во Формула 1

Холандскиот Ф1 возач Макс Верстапен од Ред Бул победи на трката за Големата награда на својата Холандија во Зандворт и го презеде водството на табелата во Формула 1.

Верстапен на стазата во Зандворт, која по 36 години е на календарот на Ф1, водеше од стартот до целта. За него тоа седма победа сезонава, 17. во кариерата.

Второто место замина во рацете на Луис Хамилтон од Мерцедес, трет беше неговиот клупски колега, Финецот Валтери Ботас.

По 13 трки Ферстапен е прв со 224 бодови, него го следи Хамилтон со три бода помалку, на третото место пак е Ботас со 123 бода.

Следната трка е на 12. септември во Монца за Големата награда на Италија.


Дибала бара висока плата за продолжување со Јувентус

Пауло Дибала бара од Јувентус во новиот договор да ги израмни неговите примања со Матијс Де Лихт, јавуваат италијанските медиуми додавајќи дека се јавија проблеми во преговорите помеѓу двете страни.

Годишната плата на Де Лихт во Јувентус е девет милиони евра, а со бонуси расте и до 12 милиони евра, што го прави најплатен играч во клубот.

Јувентус на Дибала во моментот му нуди девет милиони евра со вклучени бонуси.

Договорот на 27-годишниот Аргентинец со торинскиот клуб е до крајот на оваа сезона.


„Враќањето на Роналдо е лоша вест“

Менаџерот на Дони ван де Бек, играчот за врска на Манчестер Јунајтед, призна дека е загрижен по враќањето на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд, бидејќи на неговиот играч веројатно му се намалија шансите за настапи.

„Разговаравме со Солскјер и управата. Презедовме иницијатива да пронајдеме клуб и го одбравме Евертон. Ноќ пред последниот ден за трансфери добивме повик од Солскјер, кој ни рече дека нема ништо од трансферот и дека играчот мора да се јави на тренинг наредниот ден.“ – вели Гуидо Алберс.

Сепак, Алберс верува дека Ван де Бек ќе ја добие својата шанса и е подготвен за нови предизвици.

„Се сложивме дека Дони не е играч само за куп натпревари. Тој дојде во Англија да игра во Премиерлигата. Начинот на кој течеше разговорот со Солскјер, во споредба со оној минатото лето… Сега се е појасно. Имам јасни очекувања дека Дони ќе добие своја шанса. Работеше напорно цело лето, имаше само седум дена одмор и останатиот период го искористи да се подготви максимално за новата сезона.“ – изјави Алберс.

Ван де Бек пристина во Јунајтед минатото лето во трансфер вреден 39 милиони евра од редовите на Ајакс.


Нејмар ќе го чини ПСЖ астрономски 600 милиони евра

Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ беше тежок 222 милиони евра, што и натаму а рекорд на фудбалската сцена, но таа сума е отприлика третина од тоа што францускиот клуб ќе го потроши за Бразилецот.

Анализата на „Мундо Депортиво“ вели дека до крајот на сезоната 2022/23, ПСЖ ќе потроши нешто над 489 милиони евра или речиси половина милијарда, а во таа сума се вклучени платата и бонусите предвидени за Бразилецот.

Годишната плата на Нејмар изнесува 43,3 милиони евра, а според првичниот договор, ако Бразилецот го одработи целиот петгодишен договор, тогаш шестата сезона ќе има право на годишна плата од 50 милиони евра.

Ако Нејмар остане во ПСЖ до 2025 година, францускиот клуб ќе потроши над 600 милиони евра само за овој фудбалер.


За Аргентина е скандал, а Бразил тврди дека е измама!

Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина беше прекинат по седум минути игра откако бразилската федерална полиција и здравствените власти влегоа на теренот и приведоа четворица аргентински репрезентативци, што предизвика хаос во фудбалскиот свет кој ситуацијата ја нарече скандалозна.

Властите од Бразил обвинија за „измама“, а според нив  „виновници“ се  Џовани Ло Селсо, Кристијано Ромеро, Емилијано Мартинез и Еми Буендија.

Според бразилските здравствени власти четворицата Аргентинци не смееле да влезат во земјата, бидејќи „лажирале“ дека минатиот викенд не играле и не биле во Велика Британија.

Откако играчите од составот на Аргентина беа отстранети од теренот, аргентинските репрезентативци се повлекоа во соблекувалната и побараа натпреварот да се регистрира со службен резултат 0:3 во нивна корист.


Италија испиша историја на светскиот фудбал!

Италијанската репрезентација одигра 0:0 против Швајцарија во квалификациите за Светското првенство, а покрај освоениот бод, и припадна и израмнување на рекордот кој досега го држеше Бразил.

Актуелниот европски првак е непоразен во 36 натпревари по ред, што е еднаква низа на онаа на бразилската репрезентација од 1993. до 1996. година.

Италија ќе има прилика и да го сруши рекордот за два дена, кога ќе биде домаќин на Литванија, репрезентација која во овој квалификациски циклус во четири натпревари не освои ниту еден бод.