Регионалната кошаркарска лига во скоро време може да добие нов тим.
Според порталите од соседна Србија, тим од Саудиска Арабија би можел да биде нов член во ова регионално натпреварување.
Клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран на настап во АБА лигата. Шеик од Саудиска Арабија веќе бил во посета на овие простори. Но, од идеја и желба до реализација патот е долг, има технички фактори за кои ќе се решава и како тие да се вклопат.
Тимот на Ал-Ула од Саудиска Арабија престојуваше на подготовки во Србија.
Во АБА лигата во минатото имало екипи од Унгарија, Романија, Израел, а од минатата сезона член е и тимот на Дубаи.
Фаворитите се избегнаа во осминафиналето на Лига Купот
По одигрувањето на последните четири натпревари кои беа на програмата синоќа, беше реализирана и ждребката за 1/8 финалето на англискиот Лига Куп.
Ждрепката сакаше дел од главните фаворити да се избегнат, но сепак ќе има четир дуели меѓу екипи од Премиер лигата. Најголемо внимание треба да го привлече дуелот меѓу Њукасл и Тотенхем.
Натпреварите од осминафиналето ќе се одиграат на 26 и 27 октомври.
Киеза вклучен во составот за Лигата на Шампионите по повредата на Леони
Федерико Киеза е додаден во составот на Ливерпул за Лигата на Шампионите, откако неговиот соиграч Леони доживеа сериозна повреда на коленото. Овој неочекуван пресврт му отвори врата на италијанскиот напаѓач, кој првично не беше на списокот.
Тренерот Арне Слот ја донесе одлуката поради одличната форма на Киеза на почетокот од сезоната. Неговата енергија, динамичност и чувство за гол оставија силен впечаток кај стручниот штаб.
Иако не беше дел од првичниот состав, Киеза реагираше со зрелост и целосна посветеност. Покажа дисциплина и квалитет на тренинзите и неодамнешните натпревари, особено против Саутемптон во ЕФЛ Купот, што му обезбеди нова шанса да се покаже на најголемата европска сцена.
Оваа промена во составот ја покажува флексибилноста на Ливерпул. Киеза ќе додаде свежина и длабочина во нападот, особено во пресрет на тешките натпревари што следат.
Шоу на Алварез, Атлетико го доби градското дерби со Рајо
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Рајо Ваљекано 3-2 во шестото коло од Ла Лига.
Апсолутен херој на Атлетико беше Хулијан Алварез, кој го постигна првиот хет-трик во дреост на „органџиите“. Голот за победа во 88-та минта беше спектакуларен, со што го поништи торпедото на Пеп Чаварија во финишот на првото полувреме.
Атлетико надмоќно влезе во натпреварот со градскиот ривал, Алварез го отвори резултатото во 15-та минута. Аргентинецот потоа промаши зицер за 2-0, а казната стигна во 44-та минута.
Левиот бек на Рајо, Пеп Чаварија, постигна еден од најубавите голови оваа есен не само во Шпанија туку во светот. Од 30 метри испрати торпедо кон голотнна Облак, топката заврши во горниот десен агол.
И во вториот дел, Атлетико играше подобро, се обидуваа играчите на Чоло Симеоне да ја вратат предноста, а откако Нико Гонзалес и Џулијано Симеоне (два пати) промашија чисит зицери, казната дојде преку капитенот на Рајо, Гарсија, кој во 78-та минута избегна офсјад и го совлада Облак.
Две минути подцона Алварез го врати резултатото во егал, а истиот играч во 88-та минута постигна евро-гол со удар од 25 метри. До крајот, Рајо не напраби ништо во нападот, а Атлетико промаши уште една чиста шанса, повторно трагичар беше Симеоне.
Атлетико ја забележа втората сезонска победа, го освои деветтиот бод и во добро расположение го чека градското дерби со Реал во сабота.
Фаворитите лесно во осминафиналето на Лига Купот на Англија
Вечерва се одиграа последните натпревари од третото коло на Лига купот. Според очекувањата Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем и Њукасл се пласираа во следната рунда.
Манчестер сити гостуваше кај Хадерсфилд и победи со 2:0. Сити водеше со 1:0 по 18 минути. Фил Фоден им донесе водство на „Граѓаните“, а тоа беше резултатот од првото полувреме.
Во 74-та минута, Фоден се најде во улога на асистент, а Савињо го постави конечниот резултат.
Њукасл го победи Бредфорд со 4:1 (2:0). „Страчките“ во првите 20 минути ги решија дилемите околу конечниот победник,.
Во 17-та минута, Жоелинтон го отвори резултатот, а само две минути подоцна, гол постигна и Осула.
Во 75-та минута, Њукасл постигна трет гол, Жоелинтон повторно беше стрелец. Четри минути подоцна Кук го намали резултатот. Конечните 4:1 ги постави Осула три минути пред крајот.
Тотенхем немаше проблеми со Донкастер. Тимот на Томас Франк победи со 3:0, а головите ги постигнаа Палиња, Мекграт (авто гол) и Џонсон.
Арсенал гостуваше во Порт Вејл и победи 0:2 (0:1). Арсенал поведе во осмата минута. Одличен гол постигна Езе, аТросар го затвори овој дуел во 86-та минута.
Италија рутински во полуфиналето на одбојкарскиот Мундијал
Машката одбојкарска репрезентација на Италија обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство што се одржува на Филипините, откако во четвртфиналето во Пасеј Сити убедливо ја совлада Белгија со 3-0 во сетови (25-13, 25-18, 25-18).
Најзаслужен за победата кај Италијанците беше Роберто Русо со 12 поени, додека Алесандро Микелето додаде уште 11. Кај Белгијците, најрасположен за игра беше Фере Регерс со 13 поени.
Италија во полуфиналето закажано за 27 септември ќе се сретне со победникот од денешниот дуел меѓу Полска и Турција.
Детонит ја елиминира Беласица, Охрид го исфрли Шкупи од Купот
Екипите од Втората фудбалска лига Охрид и Детонит Плачковица изборија четвртфинале од Купот на Македонија. ГФК Охрид пред своите навивачи успеа да го совлада прволигашот Шкупи со 3-0 .
Воедно охриѓани ја искористија слабата форма на прволигашот, кој нема освоено бод во лигата.
Во Струмица гостите Детонит Плачковица ја совладаа екипата на Беласица со 1-0 за пласман меѓу најдобрите осум екипи во куп натпреварувањето.
Во другите двојки ќе играат: Македонија ЃП – Струга ТЛ, Вардар – Новаци, Башкими – Силекс, Шкендија Тетово – Тиквеш, Работнички – Брегалница Штип и Шкендија Арачиново – Пелистер. Натпреварите треба да се играат на 29.октомври.
Уапсени преку сто тифози на Рома во Ница
Повеќе од сто навивачи на Рома беа уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти во градот пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа.
Како што објави „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот град во Ница. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки.
Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на Рома“.
„Полицијата ги запре тие лица и го заплени целото оружје“, се вели во соопштението.
Еурофарм Пелистер тргна максимално мотивирано и без нималку респект против данскиот вицешампион ГОГ Гудме. Избраниците на Рубен Гарабаја доминитаа по 20-тина минути игра, но во продолжение дојде до неочекуван пад во играта. Еурофарм Пелистер во два наврати имаше „плус“ пет на семафорот во првото полувреме и последен пат тоа беше при резултат 10-5. Сепак, ГОГ Гудме направи серија од 2-6 во завршната фаза од првиот дел и на пауза замина со 14:14.
Гостите од Данска продолжија во ист ритам и постигнаа уште три гола во низа на стартот на вториот дел, па многу брзо се одлепија и на „плус четири“, по што стана јасно дека моментумот се префрлува во противничкиот табор. И покрај тоа, Пелистер не се откажа и се врати на минимална негатива од 23-24, но тоа беше последна ваква фаза од мечот, бидејќи домашните ракометари останаа и без енергија во финишот. ремето полека истекуваше и стана јасно дека гостите ќе ги освојат бодовите, па на крајот тоа го направија со резултат 28-31.
Неверојатна партија имаше гостинското крило Фредерик Бјере кој имаше максимални 13 од 13 гола, а Дејан Манасков кај битолчани даде девет. Кај голманите Салах Бутаф од ГОГ забележа осум интервенции, додека дуото на пелистерци Митревски-Хаидаридад забележаа по три.
Во следното четврто коло од групната фаза Еурофарм Пелистер гостува кај Висла Плоцк на 8 октомври.
Тен Хаг го менува Потер на клупата на Вест Хем
Ерик тен Хаг се поврзува со враќање во Премиерлигата, стратегот се посочува како опција за клупата на Вест Хем.
Ерик тен Хаг оваа сезона доби спектакуларен отказ од Баер Леверкузен по само два натпревари во Бундеслигата, но Холанѓанецот би можел наскоро да се врати на „островото“.
Тој се посочува како опција за клупата на Вест Хем, каде Грем Потер е под голем притисок и му се спрема „клоца“ по серијата слаби резултати.
Иронично, Тен Хаг заработи отказ од кормилото на Манчестер јунајтед минатата година токму по поразот од Вест Хем.