feature

Погба се предомисли, сега сака да остане на „Олд Трафорд“

Францускиот фудбалски интеранционалец, Пол Погба, нема намера да си замине од „Олд Трафорд“ иако во повеќе наврати се шпекулираше дека може да замине во Реал Мадрид или да се врати во Јувентус. Сега последните вести велат дека 27-годишниот играч е подготвен да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед. Неговиот активен договор е валиден до 2022 година. Погба наводно е подготвен да седне на преговарачката маса со газдите на клубот за да издејствува продолжување на соработката.


Буфон планира да игра до 2023 година

Џанлуиџи Буфон откри кога планира да стави крај на богатата фудбалска кариера. Легендарниот чувар на мрежата на „аѕурите“ дебитираше во професионалните води во ноември во 1995 година во дресот на Парма. Потоа поголемиот дел од кариерата го помина во Јувентус. „Имам замислено во мојата глава дека тоа ќе биде во јуни во 2023 година. Тоа е максимумот, иако можам да престанам да играм и по четири месеци“, изјави Буфон. Буфон со „старата дама“ успеа да освои десет титули во Серија А. Тој е светски шампион со италијанската репрезентација. Во еден период од кариерата ги бранеше и боите на ПСЖ.


Се разделија Ѓоре Јовановски и Беласица

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на неколку македонски прволигаши, Ѓоре Јовановски одлучи да го раскине договорот со фудбалскиот клуб Беласица. Според информациите кои доаѓаат од Струмица, Јовановски и управата на струмичкиот прволигаш не успеале да се поклопат со плановите и начинот на реализација на целиот проект, по што договорот бил спогодбено раскинат. Јовановски се повлекува од менаџерската позиција на ФК Беласица по последниот пораз од Борец од 2:1 во ПМФЛ.


Резервистот на Индијана оствари ретко виден учинок во НБА

Резервниот плејмејкер на НБА тимот Индијана Пејсерс, Ти Џеј Мекконел постави нов рекорд на лигата по бројот на украдени топки во едно полувреме. Мекконел во првото полувреме од натпреварот против Кливленд украде девет топки. Натпреварот го заврши со 16 поени, 13 асистенции и 10 украдени топки, со што го остварио првиот трипл-дабл учинок со поени, асистенции и украдени уште од 1998. година кога во тоа успеа Муки Блејлок. Со нив двајца, таков учинок имаат остварено уште Кевин Џонсон, Алвин Робертсон, Клајд Дрекслер и Лафајет Левер. Севкупно досега во НБА лигата се остварени 11 трипл-дабл учиноци со украдени топки, а Мекконел е првиот на кој тоа му успеало, а натпреварот го започнал од клупата. Пејсерси на крајот победија со резултат 114:11, а заедно со Мекконел ги предводеше Брогдон со 29 поени, додека кај Кливленд најдобар беше Секстон со 32 поени и 10 асистенции.


Легендарниот УФЦ борец Чимаев шокантно замина во пензија

Една од sвездите во подем на УФЦ – Хамзат Чимаев, преку социјалната мрежа Инстаграм шокантно објави дека става крај на кариерата. „Сакам да искажам голема благодарност на сите што ме поддржаа на моето патување. Мислам дека тоа беше сè. Многумина можат да бидат вознемирени, но, моето срце и моето тело велат така“, напиша шведскиот борец со чеченско потекло. 26-годишниот Чимаев кој има сериозни здравствени компликации откако го прележа корона-вирусот, последен пат беше во „кафезот“ во септември 2020 година кога го победи Џералд Мершарт.


Азар нема да заздрави за дербито со Атлетико Мадрид

Рехабилитацијата од повредата на ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар не оди според планот. Белгиецот се здоби со најновата повреда на 3 февруари, а првичните прогнози беа дека ќе се врати на терените за 3 до 4 недели. Лекарите на Реал се надеваа дека Азар ќе ги обнови тренинзите на почетокот на март. Во саботата Белгиецот одработил интензивен тренинг, но почуствувал болки, па готово сигурно ќе го пропушти дуелот со Атлетико овој викенд.


Мистериозна повреда на најдобриот фудбалер на Јувентус

Јувентус веќе поголем дел од сезоната игра без Пауло Дибала. Минатогодишниот МВП на Серија А, од есента одигра само 859 минути и во 16 настапи постигна три погодоци и две асистенции.
Аргентинецот го мачи повреда на левото колено, но веќе два месеци не може целосно да го санира проблемот. Неодамна асот на Јувентус беше во Барселона кај познатиот доктор Цугат, но нема позитивни реакции. Дибала и понатаму чувствува болки во коленото. Лекарите кои ги посетува не можат точно да одредат кој е проблемот.
Маките на Дибала започнаа на 10. јануари кога беше заменет во првото полувреме на натпреварот против Сасуоло. Првите прогнози беа дека ќе го нема 10 до 20 дена. Почетната дијагноза покажуваше полесна повреда на лигаментот, но испадна дека нешто покомплексно е во прашање.
Дибала веќе е на работ на очај бидејќи сезоната наскоро влегува во самиот финиш, на Јувентус му се потребни неговите голови во борбата за четвртфинале во Лига Шампиони, како и во трката кон Интер во Серија А.


Тухел го „краде“ најдоброто од Милано?

Џанлуиџи Донарума се уште нема ставено параф на новото продолжување на договорот со Милан.
22-годишниот голман и веројатно еден од најдобрите чувари на мрежата во Европа има договор кој истекува за помалку од пет месеци, што го прави интересна мета за многу европски великани.
Според пишувањата на медиумите, Челзи е заинтересиран за голманот на „росонерите“.
Кепа Аризабалага падна во заборав по доаѓањето на Менди, се очекува шпанецот веројатно да го напушти Стемфорд Бриџ наредното лето. Најскапиот голман не го даде очекуваното, Донарума би бил вистинско подобрување, а и одлично решение земајќи предвид дека Менди ќе има обврски со Сенегал во Купот на нации во Африка.
Рајола за својот клиент бара плата од 175 илјади фунти на неделно ниво, а останува да видиме што Тухел и „сините“ мислат за тоа.


Се продава Поршето на Марадона

Порше автомобилот кој го поседуваше аргентинскиот фудбалски великан Диего Марадона во текот на својата последна сезона во Европа, оваа недела оди на аукција.
Марадона во 1992. година возеше сребрен Порше 911 на тренинг и на натпревар, додека играше за шпанскиот клуб Севиља, а тоа беше неговата последна сезона во Европа, по што отслужи 15- месечна забрана поради позитивен тест на дрога.
Марадона во текот на таа сезона беше на насловните страници бидејќи полицијата го сопре токму во ова возило поради поминување на црвено светло и брзина од 180 километри на час во центарот на градот.
„Го возеше само Диего Армандо Марадона и поради тоа овој автомобил би можел да вреди двојно или трикратно повеќе од вредноста на стандардниот автомобил.“ – рече Грегори Тујтенс, специјалист за автомобили во аукциската куќа Бонхамс во Белгија.
Аукцијата преку интернет ќе трае до 10. март, а почетната цена е 200 илјади евра. Возилото на аукцијата доаѓа со поминати околу 120 илјади километри.


Интер во проблеми поради Лукаку!

Лидерот во Серија А, милански Интер се најде во неочекуван проблем поради неисплатениот бонус кон Манчестер Јунајтед за трансферот на Ромелу Лукаку, кој настана по клаузулата за обврската на миланскиот клуб да го исплати остатокот од барањата.
Најдобриот белгиски напаѓач во Милано пристигна во 2019. година од Јунајтед потпишувајќи петгодишен договор. Обесштетувањето за кое Интер се обврза да го плати изнесуваше 74 милиони евра, со додатни бонуси на име на учинок на фудбалерот кој е одличен оваа сезона.
Бидејќи Интер не го исплатил бонусот, Јунајтед ја активира споменатата клаузула.
Знаејќи дека парите се голем проблем во годината на пандемија, Јунајтед предлага алтернатива во вид на надокнада „во натура“.
Според пишувањата, „црвените ѓаволи“ се распрашуваат за Лаутаро Мартинез и Милан Шкринијар, па останува да видиме каков ќе биде епилогот.