Интер се вклучи во трката за Вајналдум од Ливерпул
Жоржињо Вајналдум дефинитивно ќе го напушти Ливерпил на крајот на сезоната. Актуелниот договор на Вајналдум истекува на крајот на сезона, па 30-годишниот Холанѓанец на лето ќе го напушти клубот како слободен агент. За него интерес покажуваат Барселона и ПСЖ, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Интер. Интер веќе започнал преговори со агентот на Холанѓанецот и му нуди договор до 2024 година.
Бекам не крие дека Интер Мајами ги сака Меси и Роналдо во тимот
Дејвид Бекам не крие дека има големи амбиции и сака во Интер Мајами да ги доведе Кристиано Роналдо и Лионел Меси. Како што е познато Бејл го води тимот на Интер Мајами. Клубот се засилува, а таму веќе играат големи европски имиња како Игуаин и Матиуди. Во јавноста констатно се шпекулира за нови имиња во неговиот тим, а самиот Бекам потврди дека сака да ги види во дресот на Интер Мајами, ниту повеќе, ниту помалку туку Меси и Роналдо. „Ние сакаме да донесеме одлични фудбалери. Нормално дека такви се Меси и Роналдо. Од првиот ден кога дојдов кажав дека сакам нашата академија да биде важен дел од клубот, но во исто време навивачите сакаат да гледаат ѕвезди на теренот. Веќе ги имаме Матуиди и Игуаин кои ни донесоа гламур и сјај. Во иднина ќе се обидеме да довеме нови големи имиња“, изјави Бекам.
Првакот на Франција размислува за слободни трансфери следното лето
ПСЖ сака да го засили својот тим во летниот преоден рок главно преку ангажирање на слободни агенти. Во текот на летото 2021 година, напаѓачот на Барселона – Лионел Меси, дефанзивецот на Баерн – Давид Алаба, Мемфис Депај, Жоржоњо Вајналдум планираат да ги купат како слободни играчи. Сепак, приоритет е да се задржат клучните играчи. Според одредени извори, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо размислува за обновување на договорите со Нејмар, Килијан Мбапе, Анхел ди Марија, Хуан Бернат и евентуално Jулијан Дракслер.
Семенија ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права
Двократната олимписка шампионка на 800 метри, Кастер Семенија, ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права откако ИААФ донесе одлука за ограничувањето на присуството на тестостерон во телото на атлетичарите. По промената на правилата во 2019 година, Семениа не може да учествува во сите дисциплини од 400 метри до една милја без да зема лекови кои го намалуваат нивото на тестостерон. Јужно-африканката претходно ја изгуби битката и со Врховниот суд во Швајцарија. Специјализираниот спортски арбитражен суд исто така ја одби жалбата на Кастер по усвојувањето на правилото во 2019 година.
Аргентинецот Ло Селсо од следната сезона се сели во Мадрид?
Џовани Ло Селсо беше на мета на Атлетико Мадрид уште во 2019 година кога блесна во Бетис. Уште тогаш се пишуваше дека „јорганџиите“ можат да испратат понуда за аргентинскиот играч за врска. На крајот Тотенхем понуди 30 милиони евра и го убеди тимот од Андалузија да го пушти играчот кој покрај Атлетико беше мета и на други европски клубови. Меѓутоа, сега Ло Селсо нема некоја важна улога под водство на Мурињо. Ло Селсо одигра 19 натпревари оваа сезона и во нив постигна пет голови и подели една асистенции. Има само 24 години и го губи трпението, а враќање во шпанскиот фудбал за него би можело да биде добро.
Диего Карлос од Севиља е прва желба на Реал Мадрид
Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец. Иднината на Серхио Рамос е нејасна, но без разлика дали капитенот ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“, сепак „кралевите“ сакаат да донесат нов дефанзивец. Милитао не ги оправда очекувањата, па Зидан сака да донесе нов врвен дефанзивец, а примарна цел е Диего Карлос од Севиља. 27-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.
Пресврт во преговорите, Рамос останува во Реал Мадрид?
Шпанска „Марка“ пишува за можни промени во ситуацијата помеѓу Реал Мадрид и Серхио Рамос. „Марка“ ексклузивно пренесува дека Рамос и Перез ќе ги продолжат преговорите со надеж дека сепак ќе најдат заеднички јазик. Медиумите тврдеа дека Рамос ги одбил сите понуди на Реал за нов договор и дека ќе си замина на крајот на сезоната како слободен агент. Меѓутоа, добро информираната „Марка“ тврди дека капитенот му дава предност на Реал и дека преферира да остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Кои се условите за Меси да остане во Барселона?
Лионел Меси им најавил на претседателските кандидати на Барселона дека може да остане во клубот, само ако во летниот преоден рок бидат ангажирани неколку врвни засилувања кои би гарантирале на одреден начин, атак на сите титули во новата сезона. Меси ова лето останува без договор со Барселона, бара најмалку четири нови соиграчи меѓу кои издвоени се Вајналдум, Алаба и Агуеро како и Канте и Гаја. Фонт, Фреиша и Лапорта се кандидатите за нов претседател на Барселона, а „Марка“ тврди дека таткото на Меси веќе им соопштил каков е планот на капитенот на „каталонците“ и кои се неговите желби. ПСЖ и Манчестер Сити во меѓувреме чекаат на одлуката на Меси за тоа дали ќе остане во Барселона или е подготвен за промена.
Лаутаро беше на чекор од трансферот на кариерата!
Лаутаро Мартинез во текот на целата 2020. година беше поврзуван со Барселона, а сега откри дека беше блиску до трансфер на Камп Ноу. Тој за Газета дело Спорт изјави дека неговите агенти работеа на тој трансфер, кој на крај не се случи. Секако, Барселона немаше финансии по пандемијата, мораше да ја плати клаузулата од 111 милиони евра, што беше невозможно минатото лето. „Вистина е, моите агенти и јас преговаравме со Барселона минатата година, тоа беше патот по кој одевме. Не можам да кажам колку бевме блиску до реализација, но знам дека тоа сега е минато. Сакам да го продолжам мојот договор со Интер.“ – изјави Лаутаро. Истовремено, откриено е дека Лаутаро ги потврди личните услови во петгодишниот договор со Барселона, но клубовите не дојдоа до договор. Барселона се обидуваше да испрати во Интер тројца фудбалери, Артуро Видал, Жуниор Фирпо и Жан-Клер Тодибо, но Интер инсистираше на клаузулата.
Евротип предлог тикет – Недела 28.02.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 70 коефициент:
Шефилд Јунајтед – Ливерпул | 2-2 Идеален натпревар за прекинување на црната серија на шампионот на Англија. По подолго време Клоп имаше дури осум дена за подготовка на натпреварот и во таква клима не би требало да си дозволи луксуз да не го победи убедливо најслабиот домаќин во лигата. Верувам во победа со многу голови разлика на „црвените“.
Динамо – Славен Белупо | 1, 1+ПП&1+ВП Традиционално гостите од Копривница лошо минуваат на „Максимир“. По успехот во Лига Европа, екипата на нашите Адеми и Ристовски има идеален натпревар за продолжување на победничката серија. Верувам дека бодовите ќе останат во Загреб.
Баер Леверкузен – Фрајбург | 1, 2+ПП Европската елиминација на Баер Леверкузен беше големо изненадување, а ако се придодаде ремито во последен час во Аугсбург минатиот викенд, екипата на Бош не е во најдобра форма. Затоа им треба лесна и убедлива победа за нов почеток. Фрајбург е екипа која возвраќа и игра офанзивен фудбал. Очекувам натпревар со многу голови.
Наполи – Беневенто | 1 Засилено се ниша клупата на Рино Гатузо, а елиминацијата од Европа беше силен удар за младиот тренер. Беневенто му откина два бода на Рома, но не верувам во подвиг на „Сан Паоло“.
Виљареал – Атлетико Мадрид | 2 По двата кикса против Леванте, лидерот во Примера има тешко гостување кај Виљареал. Сепак, тимот на Симеоне знае да ги игра овие натпревари, а умее и под притисок. Верувам дека „жолтата подморница“ ќе биде и малку уморна по европскиот натпревар против Ред Бул Салцбург.