feature

Бетис го купи Вилиам Жозе од Реал Сосиедад

Вилијам Жозе си замина од Сан Себастијан и го засили Бетис.

Жозе во Реал Сосиедад играше пет години и даде 52 гола на 143 меча, а пролетва мина шест месеци на заем во Вулверхемптон, па сега повторно ќе игра во Шпанија во дресот на Бетис, кој се договорил со Баскијците да го земе на едногодишен заем со задолжителен откуп на договорот за осум милиони евра.

Бразилескиот напаѓач исто така се договорил за четиригодишна соработка со зелено-белите и тоа почнувајќи од идното лето, кога ќе му заврши прво заемот.


Анчелоти: Горчлив вкус останува по овој натпревар, загубивме два бода

Во возбудлив меч со шест гола, Леванте и Реал одиграа 3-3 во меч од второто коло на Ла Лига. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сумираше впечатоците од натпреварот истакнувајќи:

„Средбата беше луда, иако го контролиравме текот во првото полувреме. Изгубивме два бода, откако потрошивме навистина добар квалитет. Тешко е да се објасни, мора да бидеме внимателни кон сите детали. Остана горчлив вкус. Иско беше еден од најдобрите денес. Постои почетна постава што може да се освежи со замени. На пример, замената на Бејл е поврзана со желба да се освежи составот. Сепак, концентрацијата во одбраната мора да биде поголема. Третиот гол на Леванте беше лоша среќа“, рече Анчелоти.


Спалети го кани Пјаниќ на „Сан Паоло“

Лучијано Спалети изрази желба да го доведе играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ. Тренерот на Наполи имал разговор со репрезентативецот на БиХ, пишува „Кориере дело Спорт“.

Минатата година, Пјаниќ пристигна на „Камп Ноу“ од Јувентус, како дел од трансферот на Бразилецот Артур. Сепак, 30-годишниот играч за врска не успеа да се наметне во Барселона и не е во плановите на тренерот Роналд Куман. Затоа клубот сега бара купувач.

До неодамна се мислеше дека Пјаниќ ќе се врати во Јувентус, но „црно -белите“ се откажаа од првичната идеја поради високата плата на играчот која изнесува 6 милиони евра по сезона.


Пјетро Пелегри од Монако се сели во Милан

Милан ќе биде многу активен во последните денови од трансфер пазарот и се очекува во текот на неделата да комплетира два трансфери.

Преговорите со Челзи за трансфер на Бакајоко се во завршна фаза, а на „Сан Сиро“ треба да пристигне и италијанскиот напаѓач од Монако, Пјетро Пелегри.

Пелегри беше посочуван како најголема надеж на италијанскиот фудбал и стана најмлад стрелец во историјата на Серија А, а потоа направи трансфер во Монако за 25 милиони евра.

Меѓутоа, во „кнежевството“ не се снајде најдобро, па сега Милан ќе го врати во Италија 20-годишниот напаѓач.

Постигнат е договор за едногодишна позајмица од еден милион евра, а „росонерите“ следното лето ќе можат да го откупат за шесњт милиони евра.


Зверев го посочи Ѓоковиќ како фаворит пред УС Опен

Александар Зверев пред стартот на УС Опен вели дека тој нема да биде фаворит.

„Минатата година пред УС Опен, не очекував ништо од себе. Прво, ние не игравме половина година претходно. Второ, пред тоа играв прилично просечно на Мастерсите. Така, на УС Опен ја барав само мојата игра, но добро функционираше и бев блиску до титулата. Оваа година Новак ќе се врати и сигурно ќе биде фаворит. Но, и другите момци се во одлична форма. Така, имам многу работа. Мислам дека Ѓоковиќ ќе прикаже неверојатен тенис во Њујорк. Ќе биде свеж. Рубљев е во одлична форма, Медведев, Циципас исто така. Овој УС Опен дефинитивно ќе биде интересен“, вели Германецот.


Одом: Да не беше дрогата денес уште ќе играв кошарка

Ламар Одом смета јавно призна дека дрогата му ја уништила кариерата.

Одом и претходно призна дека дрогата многу му наштетила во животот, но не можел да запре да ја користи.

„Искрено, мислам доколку не беа дрогите, јас ќе можев уште да играм кошарка. Ова го кажувам затоа што јас навистина немав проблеми со екстремитетите. Уште можам да трчам и да скокам“, вели 41-годишниот Одом.

Одом имаше 12 мозочни удари и шест срцеви удари, а исто така освои две шампионски титули со Лос Анџелес Лејкерс.


Кимих го продолжи договорот со Баерн до 2026 година

Баерн Минхен и официјално потврди дека играчот за врска Џошуа Кимих ќе продолжи да игра за Баерн Минхен и во следните 4 години. Баварците објавија продолжување на договорот со германскиот репрезентативец до 2025 година.

Според најавите, тој ќе стане еден од најплатените играчи во тимот, втор по Роберт Левандовски. 26-годишниот Кимих игра за Баерн Минхен од 2016 година.


Ѓоковиќ и натаму „царува“ на АТП листата

Најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ ја започнува 335. недела на врвот на АТП листата, а според разликата во бодови со конкуренцијата, тешко дека некој набрзо ќе го стигне.

Ѓоковиќ има 11.113 поени на првото место, втор е Данил Медведев со 9.980, додека на третото место Стефанос Циципас со 8.350 поени.

Србинот во најлоша ситуација може да биде симнат од врвот во октомври, што му гарантира најмалку 341 недела на врвот на АТП, но тешко е да се верува дека некој ќе го симне од врвот до крајот на годината.


Шакири потпиша за Лион

Олимпик Лион лошо ја започна новата сезона во француското првенство, а раководството се обидува да го засили тимот до крајот на преодниот рок.

Тренерот Питер Бош очигледно има одредени побарувања во однос на ростерот, па Лион преку соопштение се пофали со засилување од редовите на Ливерпул, обезбедено преку спортскиот директор Жунињо.

Се работи за швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири, кој беше ставен на трансфер листата на „црвените“ и конечно ќе настапува во тим во кој ќе може да очекува поголема минутажа.

Францускиот тим ќе плати 11 милиони евра за Шаќири кој зад себе има голем број настапи на европски и светски првенства со Швајцарија, а освои и две европски клупски титули.

Шаќири дојде во Ливерпул во 2018 година и одигра само 45 натпревари за оваа екипа.


Десетгодишник го изненади светот на атлетиката! (видео)

Десетгодишниот Омар Томас од САД го изненади светот на атлетиката кога истрча неверојатна трка на 400 метри.

Тој настапи на Олимписките игри за млади во организација на Аматерската атлетска унија во САД и истрча 400 метри со време 55,74.

Коментаторот беше импресиониран од техниката на трчање, посебно за неговите години. Омар изјави дека негов спортски идол е Вејд ван Никерк, кој го држи светскиот рекорд на 400 метри со време 43,03 поставен во 2016. година.

https://twitter.com/FloTrack/status/1428759985417297928