feature

Севиља го има најбараниот дефанзивец во Европа!

Минатото лето цела Европа зборуваше за Диего Карлос од Севиља, па тимот од Андалузија веќе се подготви за големата заработка која на крајот изостана. Сега уште поголема би можел да донесе другиот човек од стоперскиот тандем. Жул Кунде со одличните игри во завршницата од минатата сезона го навлече вниманието на себе, а во ист ритам продолжи и сезонава. Откако Упамекано ги договори условите со Баерн, 22-годишниот Кунде во овој момент е можеби и најбараниот централен дефанзивец на светот. Но, тоа нема да биде лесно бидејќи Севиља во 2019. година за него издвои 25 милиони евра во трансферот од Бордо. Според Трансфермаркт, цената на Кунде во моментот е двојно поголема, но сигурно е дека Севиља ќе бара повеќе од таа сума.


Почетино: Ќе играме на победа и на „Камп Ноу“

Тренерот на ПСЖ, Маурицио Почетино ги откри очекувањата од првиот меч со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампиони. „Светците“ на 16-ти февруари и гостуваат на Барселона на Камп Ноу, а Почетино се надева на победа. „Ни претстои дуел против многу силен тим како што е Барселона. Нашиот менталитет е да бараме победа во секој меч, па на Камп Ноу ќе одиме по победа. Ќе ни недостасуваат важни фудбалери, но не бараме оправдувања. Ние сме силен тим и ќе се справиме без Нејмар“, истакна Почетино. Нејмар се повреди и сигурно ќе го пропушти дуелот со Барселона, но има шанси да игра во реваншот кој на програмата е на 10 март.


Колку заработува Зидан од една објава на Инстаграм?

Зинедин Зидан е често на мета на критичарите, кои го менуваат од ден во ден,иако има договор со клубот до 2022. година.
Шпанските медиуми минатата недела пишуваа дека Реал веќе ја пронајде замената на крајот на сезоната и дека екипата би можел да ја преземе Алегри. Но, Зидан верува во својата позиција која му гарантира 12 милиони евра по сезона.
Французинот не е ни блиску да биде најплатениот тренер во Европа, па ниту во Шпанија.
Диего Симеоне во Атлетико заработува 22 милиони евра, Клоп во Ливерпул 18, а Гвардиола дури 24 милиони евра во Сити.
Иако не е меѓу најплатените, Зидан заработува по нешто и на страна. Марка објавува дека тренерот на Реал за секоја објава на Инстаграм во која е споменат некои од спонзорите добива дури 200 илјади евра.
Зидан на Инстаграм има околу 28 милиони следбеници, далеку повеќе од било кој друг тренер.


Поразен за прв пат, откако запиша 535 победи по ред!

Андерс Вејрганг, 15-годишното дете кое го импресионираше светот со своите игри на најпопуларната фудбалска симулација, го загуби првиот натпревар по 535 победи по ред.
Вејрганг стана апсолутен рекордер во Ultimate Team, начинот на ФИФА 21 во кој играчите составуваат сопствена екипа и се натпреваруваат против играчи од целиот свет за виртуелни награди. Секој играч во „викенд лига“ може да одигра максимум 30 натпревари, по што во зависност од бројот на победи, ќе добие и награда.
Вејрганг, кој инаку е професионален играч на ФИФА во е-спорт тимот на РБ Лајпциг, немаше загубено натпревар неколку месеци и од викенд во викенд го поправаше својот скор.
Но, низата ја прекина играчот со име „damesheet“ кој го совлада Вејрганг со високи 5:1 во момент кога младиот данец во оваа викенд лига имаше скор од 25-0 и сите очекуваа дека повторно ќе ги добие сите 30 натпревари, но не успеа.
Младиот данец постави рекорд во играта пред неколку месеци кога дојде до 300 победи по ред, што дотогаш на никого не му успеало. Во моментот, тој има скор од 535-1.


Мароканецот Зијеч експресно заминува од Челзи

Хаким Зијеч на почетокот на 2020 година потпиша за Челзи како големо засилување, но сега тој изгледа решил да си замине од лондонскиот клуб. За околу 40 милиони евра Мароканецот од Ајакс премина во Челзи. Во тие моменти голем број екипи сакаа да го доведат, а тој се реши да игра во Лондон. Зијеч изгледа не е во плановите на новиот тренер Томас Тухел и затоа побарал состанок со раководството на клубот. Неговата намера е да разговара и да побара повеќе да игра, во спротивно е спремен да си замине.


Де Врај и Интер заедно до јуни 2023 година

Дефанзивецот на Интер и Холандија, Стефан Де Врај ќе потпише нов договор со миланскиот клуб, пренесува „Калчомеркато“. Според изворот, двете страни се согласиле за условите на новиот договор. Објавено е дека холандскиот фудбалер се согласил да направи отстапки за клубот. Актуелниот договор на Де Врај со Интер до летото 2023 година. Де Врај се пресели во Интер од Лацио, а оваа сезона тој учествуваше на 19 натпревари од италијанската Серија А и постигна еден гол. Минатата есен Барселона беше заинтересирана за овој дефанзивец. Инетр има освоено 47 поени на 21 средба и е на второто место на табелата со два бода помалку од лидерот Милан кој има 49 бода.


Орландо Сити е новиот клуб на Алесандре Пато

Бразилецот Алесандре Пато е пред потпис со новиот клуб. Кога пред 15-тина година стигна во Милан беш еден од најголемите таленти во светот, а сега неколку месеци се обидуваше да најде клуб. Пато кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата во Орландо Сити. Бразилецот со тимот од Флорида ќе потпише договор на една година со опција истиот да биде продолжен на уште една. Oрландо неговиот трансфер го најави со неколку мистериозни објави на друштвените мрежи. Пато последниот ангажман го имаше во Сао Паоло, а слободен е од август.


РБ Лајпциг го откупи договорот на Анхелињо

РБ Лајциг по победата над Аугзбург, објави уште една добра вест и тоа дека официјално нивен нов член е Хосе Анхел Есморис Тасенде или попознат само како Анхелињо. Анхелињо досега играше за „биковите“ како позајмен играч од премирлигашот Манчестер Сити, но со вечерашниот настап против Аузгбург беше активирана клаузулата според која Шпанецот станува фудбалер на Лајпциг и тоа за сума од 18 милиони евра. Левиот бек кој може да игра и како крило ако е потребно потпиша договор со важност до 2025 година. Анхелињо перфектно се снајде во системот на тренерот Нагелсман и севкупно досега на 47 мечеви даде 9 голови и запиша 16 асистенции.


Евротип предлог тикет – Недела 14.02.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 18 коефициент:

Арсенал – Лидс | ГГ 3+
Ако на првиот натпревар двете екипи играа тврдо и со мал број на голови, сега очекувам поинаков тип на натпревар. Лидс игра секогаш офанзивно, а Арсенал е под пресија да победува ако сака место во евро-куповите. Блага предност им давам на домаќините.

Бордо – Олимпик Марсеј | 0-2
Олимпик Марсеј е во голема криза, уште не назначил тренер, а игра променливо. Натпреварот крај Атлантикот е тежок за прогнозирање на конечен скор, но предвидувам тврд и неатрактивен натпревар, со мал број на голови.

Ријека – Истра 1961 | 1-1
Амбициите на Ријека се далеку поголеми од тие на Истра 1961 и на „Рујевица“ не би требало да има проблеми бодовите да останат кај домаќините. Мислам дека и ако брзо падне гол, тимот од Пула може и лошо да помине.

Галатасарај – Кашимпаша | 1, 1+ПП&1+ВП
Победата во дербито со Фенербахче ги осоколи момците на Фатих Терим и тој триумф не би имал на тежина ако не се прокнижат значајни три бода дома против Кашимпаша. Терим нема проблеми со тимот и Галатасарај е апсолутен фаворит.

Мореирензе – Бенфика | 2
Последните неколку недели Бенфика личи на тимот кој Жорж Жесус сака да го гледа. И овој викенд имаат противник по мерка за нова победа и продолжување на серијата.


Голем удар за Атлетико во клучен период!

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Марија Хименез ќе паузира најмалку три недели поради повреда и така ќе пропушти неколку важни натпревари. Хименез нема да игра на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи, а ќе пропушти и минимум четири лигашки натпревари – денешното гостување кај Гранада, двомечот со Леванте, па гостувањето кај Виљареал, а ќе биде неизвесен и за градското дерби против Реал на 7. март. Ова е голем удар за Симеоне кој во минатиот период имаше отсутни фудбалери и поради корона, а се уште во аут се Жоао Феликс и Хектор Херера, додека се вратија Ермосо и Караско. Во отсуство на Хименез, тројца стопери ќе мораат да играат на сите натпревари, Савиќ, Фелипе и Ермосо, што нема да биде нималку лесно. Атлетико во наредните три недели има шест натпревари, од кои само два во Мадрид, против Леванте и Реал.