feature

Дарко Грозданоски потпиша за прилепска Победа

Победа во последните часови од зимскиот преоден рок обезбеди засилување на најневралгичната точка во тимот, односно „шпиц напаѓач“.
Во оваа улога за Победа во пролетната полусезона ќе настапува младиот Дарко Грозданоски (15.4.1999 г одина). Тој во Победа доаѓа од Силекс, чиј играч беше изминава година и пол, но есенва беше позајмен и настапуваше за Тиквеш од Кавадарци. Притоа, на 14 натпревари постигна 4 голови. Минатата сезона во Првата лига настапи на 20 натпревари за Силекс при што постигна 2 гола (против Вардар и Струга Трим Љум).
Станува збор за млад но веќе афирмиран фудбалер кој минал низ младинската школа на Црвена Звезда , Чукарички и БСК Белград, каде што тренери му биле познати имиња на српскиот фудбал како Огњен Короман, Александар Трифуновиќ, Душко Љубичиќ и други.


ПСЖ доби и добри вести пред дуелот со Барселона

Првиот голман на Париз Сен Жермен, Кејлор Навас се опорави од повредата и конечно се врати во составот од главниот град на Франција.
Маурисио Покетино конечно ќе може да се смета на Навас, кој ќе брани против Ница, како би се подготвил и за најважниот дуел со Барселона во вторник на Камп Ноу.
Навас беше во аут на претходните четири натпревари, се враќа во клучен момент, што конечно е една добра вест за Покетино по низата лоши. Нејмар и Ди Марија сигурно ја пропуштаат Барса, Марко Верати и понатаму е под знак прашалник и одлуката за неговиот настап ќе биде донесена на денот на натпреварот.
ПСЖ ја дочекува Ница денеска во 17. часот, а во вторник во 21. часот гостува кај Барселона.


Оставка за првиот човек на олимписко Токио заради секситички изјави

Претседателот на организацискиот одбор на претстојните Олимписки игри во Токио, Јоширо Мори, ќе поднесе оставка поради неодамнешните сексистички изјави што предизвикаа лавина реакции во јавноста, jавија британски медиуми.
Поранешниот јапонски премиер го навлече гневот на домашната и светската јавност на почетокот на овој месец кога рече дека „жените премногу разговараат“ за време на состаноците на Јапонскиот олимписки комитет.
„Притиснат“ потоа од новинарите да го допрецизира својот став, дали навистина мисли дека жените премногу зборуваат, Мори рече: „Во последно време не слушам многу жени, па затоа не знам“.
Во продолжение на скандалот, 83-годишниот Мори свика итна прес- конференција на 4 февруари во Токио, признавајќи дека неговиот коментар бил непримерен и се коси со олимпискиот дух, но не поднесе оставка на раководното место на Игрите, што треба да започнат на 23 јули.
Извори за агенцијата Ројтерс тврдат дека Мори ќе биде заменет на должноста од поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација и градоначалник на олимпиското село во Токио, Сабуро Кавабучи.


Рамос го напушта Реал поради – Бејл?!

Серхио Рамос и Флорентино Перез не можат да постигнат договор, па се поизвесно е дека ќе се разделат по 17 години.
Мадридски „Ас“ пишува дека еден од проблемите е и платата на Герет Бејл, на која Реал се подготвува и наредната година, бидејќи Тотенхем нема намера да го задржи велшанецот. Бејл го чини Реал 30 милиони евра годишно, што е огромна сума која влијае на потенцијалните други договори, меѓу кои е и обновата на договорот со капитенот.
Реал ќе се обиде да го продаде Бејл по пониска цена на година дена пред истекот на договорот, но велшанецот не сака да се откаже од високата плата која ниеден друг клуб нема да му ја даде. Така, се поизвесно е дека Бејл ќе остане макар и клупата, само да остане до крајот на договорот, на што инсистираше и минатата година, иако не беше дел од плановите на клубот.
Исто така, Реал ќе мора и да купува по две години, во 2019. беа „фрлени“ 300 милиони евра на Азар, Јовиќ, Милитао и Менди, а скоро ниту еден од нив не ги оправда очекувањата.
Мадридскиот тим е најблиску до потпис со Давид Алаба, кој исто така бара висока плата, но Перез е спремен да ризикува бидејќи ќе го доведе без обесштетување.


Баерн го договори трансферот на еден од најбараните дефанзивци во Европа

Баерн Минхен го договори трансферот на Дајот Упамекано од РБ Лајпциг, потврди спортскиот директор на германскиот шампион, Хасан Салихамиџиќ.
Сјајниот 22-годишен дефанзивец практично беше желба на сите големи европски клубови, како Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул, но на крајот ќе го облече дресот на минхенски Баерн.
На францускиот стопер во последните денови на јуни ќе му се активира отштетната клаузула од 42 милиони евра, која за големите клубови не би претставувала проблем, но клучно е тоа кој ќе ги договори личните услови со играчот. Во тоа успеа Баерн.
„Можам да потврдам, среќен сум што ќе го доведеме.“ – изјави Салихамиџиќ.


Сао Паоло го назначи Креспо за свој нов предводник

Хернан Креспо имаше голема кариера како фудбалер, но како тренер уште се чека да се докаже.
Во досегашната кариера немаше кој знае каков успех, меѓутоа сега доби голем предизвик. Креспо доби прилика да го води тимот на бразилскиот гигант Сао Паоло. Овој ангажман на Креспо ќе му биде најголем до сега после водењето на младинците на Парма, Модена, Банфилд и Хустисија.
Денес тој се договори со Сао Паоло и потпиша договор на две години.


Евротип предлог тикет – Сабота 13.02.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 32 коефициент:

ПСЖ – Ница | 1-1
Иако веќе во вторник следи натпреварот против Барса во Лигата на шампионите, ПСЖ не смее да распродава бодови во Лига 1. Без Ди Марија и Нејмар се очекува шанса да добијат Икарди и Кин од првата минута. Традицијата не е на страната на Ница на „Паркот на принцевите“.

Динамо – Осијек | 1, 3+
„Модрите“ со мислите се на враќањето на Лига Европа, но победа над Осијек во ХНЛ им е императив. Мамиќ не би требало да ротира и со тоа шанса за победа ќе добијат најдобрите. Се очекува и деби на нашиот Стефан Ристовски.

Специја – Милан | 2
Лидерот не смее да распродава бодови против таканаречените мали тимови, па во Специја само три бода се во игра. Следниот викенд следи градското дерби, а во него подобро е да се влезе од првото место и со лесни три бода.

Борусија Дортмунд – Хофенхајм | 3+
Во некоја друга ситуација домаќинот ќе беше апсолутен фаворит. Но, со оглед на кризата посигурна опција е игра на голови. Борусија Дортмунд и постигнува и прима голови, па веројатно нема да биде здодевно.

Севиља – Хуеска | 1-1
Победата над Барса во Купот само ја зацврсти довербата кај момците на Лопетеги. Пред враќањето на Лигата на шампионите распоредот им подава рака на фудбалерите на Севиља и на гости им доаѓа најслабата екипа во лигата. Секој резултат освен домашна победа ќе биде сензација.


Дончиќ со настап на кариерата, се „поигруваше“ со Њу Орлеанс! (видео)

Далас Маверикс синоќа го победија Њу Орлеанс со 143:130 со фантастичен настап на Лука Дончиќ.
Неверојатниот словенечки кошаркар за 40 минути на паркетот постигна 46 поени, што му е најдобар учинок во кариерата. Дончиќ имаше шут од игра 17/30, погоди пет од осум тројки, а слободни фрлања погодуваше 7/9. Покрај тоа, Дончиќ запиша и 12 асистенции, а за трипл-дабл му недостасуваа два скока.
Неговиот досегашен рекорд беше 42 поени, колку што имаше постигнато на три натпревари, а еден од тие беше минатата недела против Голден Стејт. Ова за него беше 13. натпревар по ред сезонава во кој постигна повеќе од 25 поени, што е рекорд на клубот.
Одличен беше и неговиот соиграч Кристапс Порзингис, кој додаде 36 поени. Латвискиот центар висок 221 сантиметар погоди осум тројки, вклучувајќи и една од осум метри. Додаде седум скокови и една асистенција, а и за него ова беше најдобар натпревар откако е дојден во НБА лигата.
Дончиќ и Порзингис заедно постигнаа дури 82 поени, а на Њу Орлеанс не му помогна ниту одличниот Вилијамсон кој постигна 36.

https://twitter.com/NBA/status/1360470821437857794

Манчестер Јунајтед ќе го добие Санчо по ниска цена

Борусија Дортмунд постави нова цена за Џејдон Санчо и е спремна на крајот на сезоната да го пушти играчот за 95 милиони евра.
Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ минатото лето, а проблем беше токму цената од 120 милиони евра, која Јунајтед сметаше дека е превисока.
Дортмунд се соочува со сериозни финансиски проблеми и ќе мора ова лето да продаде некоја од своите ѕвезди.
Сега медиумите тврдат дека „милионерите“ се спремни додатно да ја намалат целата на Санчо и да го пуштат „само“ за 60 милиони евра.


Јуве и Рома го сакаат Мауро Икарди

Италијанските медиуми тврдат дека голема е веројатноста Мауро Икарди да се врати во Серија А на лето. Новиот тренер на ПСЖ, Маурицио Покетино наводно не е симпатизаер на играта на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб. Интерес за Аргентинецот има од Италија и тоа од Јувентус и Рома, па ќе се обидат да го донесат во своите редови. Реален проблем може да биде високото обештетување што ПСЖ сигурно ќе го побара за Икарди, па ќе се обидат да го донесат на позајмица со право на откуп. Голгетерот своите најдобри партии ги имаше во дресот на Интер и не крие дека сака да се врати во Серија А.