Одегард пред враќање во Арсенал за 30 милиони евра
Реал Мадрид е подготвен да ја намали цената на својот играч за врска
Мартин Одегард, само за да го продаде. Познато е дека „кралевите“ бараа 40-50 милиони евра за играчот, но сега клубот е подготвен да го ослободи од него и за околу 30 милиони евра.
Главен кандидат за играчот е лондонски Арсенал, кој подготвен да плати таква сума. Во моментов, преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Самиот играч е исто така заинтересиран за промена на клубот.
За потсетување, Одегард стана играч на Реал Мадрид во 2015 година.
Мбапе бара состанок со претседателот на ПСЖ, инсистира на трансфер
Килијан Мбапе побарал состанок со претседателот на Париз Сен Жермен, Насел Ал Келаифи. Истиот би требало да се одржи оваа недела и на него ќе биде донесена одлука за иднината на Мбапе.
Тоа го тврдат шпанските медиуми, а пренесува Марка додавајќи дека францускиот напаѓач нема да ја промени одлуката за напуштање на клубот.
Мбапе веќе неколку пати одби да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од оваа сезона бидејќи инсистира на трансфер. Притоа се споменува дека Реал Мадрид наводно е подготвен да плати 150 милиони евраза истиот. Дека Мбапе целосно се оддалечи од екипата, тврдат многу медиуми, а како најнов доказ се нуди фотографијата од роденденот на Андер Ерера на кој се појавија многу фудбалери, меѓу нив и Лионел Меси и Серхио Рамос, но не и Мбапе.
Тој сам говореше дека би останал во ПСЖ ако се формира екипа за освојување на Лигата на шампионите, но се чини дека, покрај доаѓањето на Меси и останатите ѕвезди, Мбапе и понатаму посакува трансфер.
Лукаку: Челзи игра прекрасен фудбал, ми се допаѓа стилот на игра
Ромелу Лукаку кој во текот на летово го напушти Интер за 115 милиони евра и се врати во редовите на Челзи, вели дека со нетрпение го очекува дербито со Арсенал во рамките на новото коло во Премиер-лигата.
„Ќе се обидам на тренинзите да бидам активен 100%. Моите лични цели се совпаѓаат со тие на клубот. Сакам Челзи да победува и да освојува трофеи. Ми се допаѓа шемата. Можам да дејствувам сам во напад но, исто така можам да бидам во тандем со друг напаѓач“, вели корпулентниот голгетер.
Бајиќ: Ова ќе биде сјајна екипа во иднина!
Втора по ред победа за нашата најдобра селекција на турнирот во Скопје. Многу значајна, ако се земе предвид дека ја совладавме Швајцарија, која не победи во првиот круг од натпреварите.
„Морам да им честитам на момците, одговорија на задачите кои ги поставив за мечот. Морам да бидам презадоволен од тоа прво полувреме и од самиот меч во кој противникот го спуштивме на 60 поени. Нервозата се јави во вториот дел. Но таа е сосема нормална во вакви важни натпревари. Не ја гледам разликата, најважна е победата. Овие кошаркари покажуваат напредок од меч во меч и сигурно е дека ова ќе биде една сјајна екипа во следниот период. Публиката беше голем ветер во грбот за нас. Во последните две минути момците покажаа карактер. Се фрлаа на паркетот, имаа контрола на скокот и во одбраната. Тие се виновни за овој резултат кој го имаме. Ни останува уште еден натпревар до крајот, се надевам дека и тој ќе го победиме.
Кога говорам за трите натпревари кои ги одигравме досега, задоволен сум од одбраната. Мора да бидеме свесни за квалитетот на тимот кој го имаме во моментов. На пример, на плејмејкерската позиција го имаме младиот Николов кој немаше ни 45 минути во МЗТ, а доби голема улога да игра натпревари за репрезентацијата. Се трудам тој да напредува и работам со него, тој е одличен играч. Напаѓачки, треба да ги поправиме работите, вечерва беше многу подобро во однос на оној прв меч со Швајцарија. Знаевме да ги казниме сите грешки. Но, не смееме да имаме таква нервоза додека играме важен меч, посебно кај некои играчи кои се поискусни“- искоментира селекторот по мошне важниот триумф над Швајцарија со кој сме многу блиску до квалификациите за Светскиот Куп 2023.
Корнет од Лион се сели во Барнли
Дефанзивецот на Лион, Максвел Корнет, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, јавуваат некои англиски весници.
Според информациите, Барнли тргна по потписот на 24-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска. Англискиот клуб понудил 14 милиони евра за играчот, што е реално повисока од сумата што претходно ја нудеше германската Херта.
Минатата сезона, Корнет настапи на 39 натпревари за Лион, постигнувајќи четири гола и шест асистенции.
Ленгле е желбата на Мурињо за одбраната на Рома
Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле. Жозе Мурињо сака да ја засили одбраната и Французинот е прво име на неговиот список.
Рома испратила прва понуда од 15 милиони евра, но Барселона во овој момент бара најмалку 5 милиони евра повеќе. Рома не се откажува и спрема нова понуда, па преговорите помеѓу двата клуба ќе продолжат во следните денови.
Ленгле разговарал со Мурињо и дал согласност за негов трансфер на „Олимпико“.
Барселона е во лоша финансиска ситуација и токму поради тоа е спремна да ја прифати понудата на италијанскиот клуб.
Анчелоти го бара Роналдо назад во Реал Мадрид?!
Новиот менаџер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти веќе стапил во контакт со Роналдо околу неговото евентуално враќање во Ла Лига.
Ова не е поврзано со најавениот трансфер на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал, Анчелоти имал потреба од искусен и докажан напаѓач, па откако стана познато дека Португалецот не е среќен во Јувентус, ќе се обиде да го убеди да се врати во Мадрид.
Роналдо во моментов е достапен за 30 милиони евра, откако влезе во последната година од договорот со Јувентус.
Зајков од Белгија се пресели во бугарски Левски
Ѓоко Зајков ја напушти Шарлроа и веќе е нов играч на Левски Софија, а клубот од Бугарија го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец.
Нашиот репрезентативец има 26-години, кај Шарлроа не играше многу и сега е нов играч на стадионот „Васил Левски“. Зајков пред Шарлроа настапуваше за Рен и Работнички.
Бледсо во Клиперси, Рондо и Беверли во Мемфис
Откако го продолжија договорот на Каваи Ленард, првите луѓе на ЛА Клиперс успеаја да направат трејд со Мемфис во кој го добија 30-годишниот Ерик Бледсо. Како што потврдија извори од двата клуба, мемфис го испраќа Бледсо во редовите на ЛА Клиперс а за возврат ќе ги добие Ражон Рондо и Патрик Беверли, како и младиот центар Даниел Отуру.
Бледсо се враќа во клубот од Лос Анџелес, каде што ја започна својата НБА кариера по драфтот во 2010 година и помина три години таму.
Минатата сезона, тој беше дел од Њу Орлеанс и одигра 71 натпревар од регуларната сезона со просек од 12,2 поени, 3,4 скокови и 3,8 асистенции.
Благодарение на оваа размена, Клиперс го намалуваат својот платен список за 30 милиони долари.
Куртоа потпиша нов петгодишен договор со Реал Мадрид
Голманот на фудбалскиот тим Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ќе остане на стадионот – „Сантијаго Бернабеу“ до 30 јуни во 2026 година, објави кралскиот клуб.
Белгискиот репрезентативец кој пристигна кај „кралевите“ во 2018 година од редовите на англискиот состав Челзи, денеска го продолжи договорот за уште пет сезони.
Куртоа во моментов се вбројува меѓу Топ-5 голманите во европскиот и светскиот фудбал.