Мурињо: Не знам што виде ВАР, но ваков пенал не се суди
Жозе Мурињо за „Ток Спорт“ изјави дека Англија е заслужено во финалето, на Вембли победи подобриот тим, но за Мурињо пеналот е непостоечки.
Португалецот е разочаран што е досуден ваков пенал, но смета дека подобриот тим победил на вчерашното полуфинале во Лондон.
„Како човек од фудбалот сум разочаран што беше досуден пенал за Стерлинг, веројатно англиските фанови нема да се согласат со мене, но тоа никогаш не е пенал. Победи подобриот тим, но на вакво ниво, во полуфинале на Европско првенство, не можам да ја сфатам одлуката на судијата. Главниот судија не смее да спие мирно.“ – изјави Мурињо.
Стерлинг објасни зошто беше досуден пенал за Англија
Англија ја елиминираше Данска во полуфиналето на ЕУРО. Англичаните победија со 2:1 во продолжението, а одлучувачкиот погодок беше дело на Хари Кејн во 104. минута. Контактот во шеснаесетникот помеѓу Рахим Стерлинг и Даниел Јенсен за холандскиот судија Дани Макели беше пенал, кој по долга консултација и со ВАР беше досуден.
Стерлинг, кој го избори пеналот, вака ја коментираше ситуацијата:
„Дефинитивно беше пенал. Влегов во казнениот простор, тој ја испружи ногата и тоа беше чист пенал.“
За натпреварот тој изјави:
„Беше тоа одличен натпревар. Моравме да дадеме максимум, прв пат примивме погодок на овој турнир. Израмнивме, а потоа знаевме да бидеме трпеливи. Знаевме дека можеме да ги победиме и на крајот добивме пенал. Сега мораме да се фокусираме на викендот.“
Англија и Италија го играат финалето на Европското првенство во недела од 21. часот на Вембли.
Ѓока верува во пресврт: Можеме да победиме во Словенија
Екипата на Шкендија го загуби првиот меч со словенечка Мура во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. На домашен терен тетовци загубија со 1-0, а тренерот Ернест Ѓока вели дека резултатот е таков само поради неискористените шанси на неговиот тим. „Кога ќе пропуштиш толку шанси, јасно е дека ќе се случи ова. Статистиката вели дека сме доминирале, имавме многу шанси кои не ги искористивме. И покрај овој пораз, ќе се бориме максимално. Нема ништо да промениме, нема потреба, само треба да реализираме. Да постигнеме гол. Мислам дека добро почнавме, и тоа е вистинскиот начин за нас. Како се одвиваше мечот ние моравме да менуваме, стававме напаѓачи, го ослабевме нашиот среден ред, нашиот најсилен дел од тимот, но таквите ситуации, носат и вакви потези““, изјави тренерот на Шкендија на прес-конференцијата по мечот.
Рома ќе купува во Германија, Бенсебаини е замената за Спинацола
Жозе Мурињо ќе се обиде да го доведе левиот бек на Борусија Мехенгладбах, Рами Бенсебаини.
После повредата на Спинацола приоритет на „волчицата“ ќе биде доведување на лев бек. Прва желба на „Специјалниот“ беше Марсело, но откако стана јасно дека Бразилецот ќе остане во Реал Мадрид, изборот падна на Бенсебаини.
26-годишниот Алжирец одигра одлична сезона во Бундеслигата каде на 33 меча постигна 7 гола. Мехенгладбах за неговата слобода бара 20 милиони евра, но Рома ќе се обиде да ја намали таа сума.
Два поранешни европски прваци го сакаат Австриецот Сабицер
Ливерпул и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Лајпциг, Марсел Сабицер, пренесуваат медиумите на Островот.
Ливерпул веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажува и Милан. Сабицер влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината, па Лајпциг е спремен да го продаде.
Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека Австриецот побарал трансфер, а клубот за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Милан во него гледа идеална замена за Чалханоглу, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.
ПСЖ подготвува уште една „бомба“!
Париз Сен Жермен дефинитивно реши со сите сили да го нападне долгоочекуваниот трофеј во Лигата на шампионите.
„Светците“ ова лето го доведоа Серхио Рамос од Реал Мадрид и Вајналдум од Ливерпул, Ашраф Хакими пристигна како најскапиот десен бек во историјата и Џанлуиџи Донарума од Милано, а сега на ред е левата страна.
Парижаните не се смируваат, па по доведувањето на Донарума, тие сакаат уште еден играч на Милан – Тео Хернандез, со кого веќе ги договорија финансиските услови.
Тоа се случи уште пред Европското првенство, но потешкиот дел остана затоа што „росонерите“ одбиваат да се откажат од еден од најдобрите играчи.
Мелвин Ричардсон претставен како нов ракометар на Барса
Барселона официјално потврди уште едно засилување за новата сезона-тоа е францускиот репрезентативец Мелвин Ричардсон.
Каталонците успеаа да го добијат потписот на одличниот десен бек кој се обврза дека ќе го носи овој дрес во наредните четири сезони. Тој во новата средина доаѓа од Монпелје, а претходно беше дел од Шамбери.
Мелвин ќе биде четвртиот Французин во Барселона, односно ќе им прави друштво на сега веќе староседелците Мем, Фабрегас и Нгесан.
Европскиот првак во овој преоден рок освен синот на легендарниот Џексон Ричардсон ги ангажираше Анхел Фернандез, Лео Масиел, Али Зеин, додека пак за нов тренер беше именуван Карлос Ортега.
„Ел Класико“ дуел за Емерик Лапорт
Реал Мадрид и Барселона ова лето ќе водат голема битка на трансфер пазарот за шпански репрезентативец.
Двата шпански гиганти се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесуваат шпанските медиуми.
27-годишниот Лапорт го загуби стартното место во тимот на Гвардиола и е спремен ова лето да ја промени средината. Реал и Барселона се во потрага по квалитетен дефанзивец, па веруваат дека Лапорт би бил идеално решение за одбраната.
„Граѓаните“ се спремни да го пуштат, а за неговата слобода бараат сума од 60 милиони евра.
Шпанските гиганти не се спремни да ја платат оваа сума и се надеваат да ја намалат цената преку преговори бидејќи самиот Лапорт инсистира да се врати во Шпанија.
Александар Ѓурковски потпиша за Шкупи
Шкупи е најактивен на трансфер пазарот ова лето, во пресрет на дуелот од конференциската лига со Лапи, промовираше уште едно засилување.
Станува збор за централниот дефанзивец од Вардар, 19-годишниот Александар Ѓурковски кој во наредната сезоона ќе го носи дресот на Шкупи.
„Сакам да се заблагодарам на управата на клубот и тренерот Гоце Седлоски што му дадоа можност да бидам дел од Шкупи. Знам дека очекувањата се високи и на домашната и на меѓународната сцена. Затоа и решив да потпишам за Шкупи. Се надевам дека брзо ќе се прилагодам и ќе работам напорно за да ги оправдам очекувањата на клубот“, изјави Ѓурковски.
Му требаат 100 милиони евра – Интер продава шест играчи!
Интер минатата сезона ја освои титулата шампион на Италија по цели десет години чекање, но се чини дека пред нив е доста тешко време. Во неколку наврати мораше да се спогодува со играчите околу платите поради тешките финансиски долгови, кои се влошија со пандемијата.
Ла Газета дело Спорт пишува дека клубот мора со продажби да заработи барем 100 милиони евра, како би ја издржал наредната сезона, а притоа половина тим е на продажба.
Ашраф Хакими потпиша за ПСЖ во трансфер вреден 68 милиони евра, а Интер би можел да заработи уште дополнителни пет милиони преку бонуси. Бенфика е заинтересирана за Жоао Марио, кој не се наоѓа заедно со тимот кој се подготвува за новата сезона. Марио се пресели во Интер од големиот ривал на Бенфика, Спортинг и во договорот има клаузула при евентуална продажба во Бенфика, тој мора да биде понуден на Спортинг за истата сума.
Клубот би требало да го напушти и Раџа Наинголан. За Белгијанецот не се очекува преголема отштета, но Интер ќе се ослободи од неговата голема плата, која изнесува околу 150 илјади евра неделно. Тој има голема желба да се врати во Каљари, а за тоа е подготвен да се согласи на многу помала плата.
Валентин Лазаро и Далберт би можеле на првакот на Италија да му донесат околу 15 милиони евра. Конечно, нероазурите сакаат да се ослободат и од Андреа Пиемонти, но неговата годишна плата од 2,2 милиони евра е голем проблем за евентуалните купувачи.