feature

Раскол во репрезентацијата на Германија!

Германски „Билд“ пишува дека германските репрезентативци се незадоволни од формацијата која има намера да ја користи селекторот Јоаким Лев. Тој на Европското првенство планира да игра во формација 3-5-2, а тоа не им одговара на играчите на Баерн.

Тие сметаат дека Германија треба да игра со четворица играчи во дефанзивната линија.

Поддршка на играчите на Баерн им даваат и останатите соиграчи. Повеќето од нив мислат дека репрезентацијата би изгледала подобро со четворица во одбрана.

Играчи на Баерн во репрезентацијата на Германија се Мануел Нојер, Никлас Суле, Серж Гнабри, Леон Горецка, Џошуа Кимих, Томас Милер и Лирој Сане.

Лев наиде на голем отпор во тимот воочи Европското и прашање е дали ќе попушти до почетокот на турнирот. За Лев ова се последни денови на клупата на Германија, а ќе биде наследен од поранешниот тренер на Баерн, Ханси Флик.


Астон Вила бара астрономска отштета за Џек Грилиш

Се поголеми се шансите најдобриот фудбалер на Астон Вила Џек Грилиш и наредната сезона да игра на „Вила Парк“ затоаш то клубот од Бирмингем бара нереално висока оштета за својата најголема ѕвезда.

Трансферот на Грилиш се најавуваше како најголем ова лето во Англија. Веќе беше виден во Манчестер Јунајтед, иако и градскиот ривал на „ѓаволите“ Сити покажуваше интерес.

Меѓутоа фудбалерот кој постигна седум голови и запиша 12 асистенции за Вила колку и да е добар, навистина е прескап. Медиумите пишуваат дека Астон Вила за неговите услуги бара сума над 100 милиони фунти, се споменува и цифра од 130 милиони фунти (150 милиони евра).



Саул го напушта Атлетико Мадрид, Симеоне ќе го менува со Де Пол

Играчот за врска на Атлетико Мадрид го притиска раководството да го пуштат да направи трансфер ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

26-годишниот Шпанец веќе подолго време е трансферна цел на неколку европски гиганти, а ова лето сака да ја промени средината.

Баерн Минхен во моментов покажува најсериозен интерес за Саул Нигез, но ситуацијата ја следат и Манчестер Јунајтед и Челзи.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра.

Симеоне како замена за Шпанецот го сака аргентинскиот репрезентативец, Родриго де Пол.


Бејл ја завршува кариерата по Европското првенство?!

Шпанска „Марка“ тврди дека Герет Бејл ќе ја заврши кариерата по Европското првенство.

Велшкиот репрезентативец беше на позајмица во Тотенхем, но веројатно го чека враќањето во Реал Мадрид, каде пристигна Карло Анчелоти. Бејл и Анчелоти имаа добра соработка во првиот мандат на Италијанецот во Реал, но „Марка“ тврди дека ниту тоа нема да го премисли Бејл.

Се пишува дека Бејл во фудбалот е единствено среќен кога игра за репрезентацијата на Велс. Тешко пронаоѓаше мотивација за фудбал и кога беше во Тотенхем минатата сезона, иако одигра неколку одлични натпревари. Бејл планира да го одигра Европското и потоа сака да стави крај на фудбалската кариера и да се посвети на голфот.

Истиот извор додава дека Бејл веќе одлучи, па проблем нема да му претставува ниту тоа што има уште една година од договорот со Реал Мадрид. Договорот би требало да се раскине на обострано задоволство, со што Реал ќе заштеди околу 20 милиони евра.


Евротип предлог тикет – Недела 06.06.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 34 коефициент:

Белгија – Хрватска | ГГ, 3+

Двете селекции најавија дека ќе играат со „шарени“ состави, иако ова е последен тест пред Европското првенство. Белгија има многу моќен состав, а Хрватите се во пад, кој го видовме и против Ерменија. Сепак, без Де Брујне моќта на „ѓаволите“ многу се намали, па очекувам израмнет натпревар со многу голови. 

Холандија – Грузија | 1-1, 3+

Со новиот експеримент и формација 3-5-2 Франк де Бур не ги собра симпатиите, напротив, многу го критикуваат во татковината. Ремито со Шкотска беше окарактеризирано како неуспех, а Грузија е можност запоправен испит. Со убава победа „лалињата“ може да ја поправат климата пред големиот турнир. 

Данска – БиХ | 1, 1+I & 1+II

По ремито во Германија, самодовербата на данската репрезентација порасна и сите во земјата веруваат во квалитетите на оваа селекција. Данска е многу поискусна од БиХ, која доаѓа со нова репрезентација и среде експеримент. Домашната победа делува како реален исход. 

Англија – Романија | 1-1

Англија ја победи Австрија во тест во кој не играа фудбалерите на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челзи. Сега се очекува нивно приклучување кон ростерот и можност Саутгејт да го види целиот потенцијал. Романија не е противник на нивото на „Гордиот Албион“. 

Норвешка – Грција | 0-2

Две селекции кои не играат на Европското првенство, тестираат за продолжувањето на мундијалските квалификации. Овие две репрезентации не може да се пофалат со отворен фудбал и многу голови. Затоа, идеална опција е игра на мал број на голови, иако се работи за контролен натпревар.


Бразилците не сакаат да играат на Копа Америка?!

На само неколку денови пред почетокот на Копа Америка, турнирот е доведен во прашање.

Откако Аргентина го откажа домаќинството, а Бразил го презеде, сега играчите на Бразил не сакаат да го играат турнирот, кој би требало да започне на 13. јуни до 10. јули.

Бразилските медиуми пишуваат дека селекторот Тите рече дека конечната одлука ќе ја донесат играчите по настапите во квалификациите за СП.

„Играчите имаат јасен став. Се противат на одигрувањето на турнирот.“ – рече Тите и додаде дека конечната одлука ќе биде донесена по натпреварите со Еквадор и Парагвај.

Тите, заедно со капитенот Касемиро, ќе се појават на прес конференција и јасно ќе го кажат својот став.

Наводно, голем број бразилски репрезентативци им се јавуваат на нивните колеги од други репрезентации да ги наговорат и тие да реагираат со одбивање на турнирот.


Проблеми за Формула 1 – одложена трката во Сингапур!

Раководството на Формула 1 е во потрага по решение. Откако го наполнија календарот, сакајќи трките да се одржат на што повеќе континенти, организацијата сепак поради пандемијата не се одвива се според планот.

Големата награда на Сингапур нема да се вози оваа сезона. Челниците на Формула 1 и сингапурските власти донеле одлука трката да се отстрани од календарот бидејќи нема можност да се организира поради строгите правила за влез во земјата.

Сингапур воведе рестрикции околу патувањата, а од Формула 1 ќе се обидат да пронајдат нов домаќин со цел да не се намали бројот на трките. Кандидати за замена се Турција, Кина и Остин во САД, каде оваа сезона би можеле да се возат две трки.

Англиските медиуми јавуваат дека покрај Големата награда на Сингапур во прашање се доведува и одржувањето на трките во Бразил, Јапонија, Мексико и Австралија.


Бубакар Камара од Олимпик Марсеј пред портите на „Сан Сиро“

Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.

21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.

Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Марсеј е спремен да ја пушти својата ѕвезда за 30 милиони евра, но Милан ќе се обиде да ја намали цената преку преговори.


Поради наместени натпревари – уапсена руска тенисерка на Ролан Гарос!

Руската тенисерка Јана Сизикова е уапсена на Ролан Гарос под сомнение дека местела натпревари.

Полицијата во Париз синоќа ја уапсила Сизикова и русинката е задржана во притвор. Обезбедување на турнирот се обидело да го спречи апсењето на тенисерката кое се случило додека одела на масажа по натпревар.

Истрагата против неа е покрената во октомври минатата година поради тврдења дека натпреварот од првото коло од женската пресметка во двојки е наместен.

Локалните медиуми јавуваат дека Сизикова ги негирала наводите, а нејзиниот адвокат Фредерик Бело за „АП“ истакнал дека 26-годишната тенисерка сака да поднесе жалба поради клевета.

„Ставена е во притвор како криминалец. Таа истакна дека е невина и не сакаше да и помагам за време на испитувањето бидејќи се смета за жртва.“ – истакнал адвокатот на руската тенисерка.


Карлос Тевез стави крај на богатата кариера

Поранешниот аргентински репрезентативец, Карлос Тевез објави дека ја напушта Бока Јуниорс и заминува во пензија на 37 година.

„Сега можам да кажам дека се повлекувам, иако можно е за три месеци да се разбудам и да посакам повторно да играм. Но, никогаш повторно нема да биде дел од Бока. Ова е ден од моите најтажни денови, но верувам дека носам правилна одлука. Бока е мојот живот и не смеам да бидам само просек тука. Ако не можам да дадам 100%, подобро е да се повлечам.“ – изјави Тевез.

Тевез кариерата ја започна во Бока Јуниорс по што ги носеше дресовите на Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.