feature

Македонија го преслуша Кипар на отворањето на Сребрената лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа ги започна натпреварите од Сребрената европска лига откако убедливо го совлада Кипар со 3-0 во сетови (25-21, 25-21, 25-21), на натпревар кој беше одигран во салата „Парк“ во Струмица.
Нашата репрезентација ги доби сите три сета со идентичен резултат, а гостите од Кипар имаа сила да се спротистават на Македонија само во првите два сета, додека во третиот се виде разликата во квалитет и Македонија со рутинирана игра го однесе натпреварот кон крај.
Најдобар поентер кај нашата репрезентација беше Никола Ѓорѓиев со 19 поени, додека Љафтов имаше 12, а Милев и Николов завршија со седум односно пет. Вториот натпревар Македонија го игра против Израел и е закажан за утре (сабота) со почеток од 20:00 часот. Претходно, ќе се соочат Данска и Кипар, селекцијата на данска е фаворит откако денес ја совлада репрезентацијата на Израел со 3-2.


Џеко заминува во Холивуд?!

Рома во моментот го држи местото број седум во Серија А кое води во новото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.
По крајот на сезоната тимот го презема Мурињо, „посебниот“ ќе има голем предизвик пред него. Еден од столбовите на тимот, Един Џеко, планира заминување од Италија.
Италијанските медиуми пишуваат дека Босанецот по отворањето на трансфер периодот ќе замине во МЛС лигата во редовите на ЛА Галакси.
Исто така, се пишува дека тоа е семејна одлука. Неговата најстара ќерка има желба да студира на универзитетот во Лос Анџелес, додека неговата сопруга сака да се врати на својата моделска кариера, а Лос Анџелес е вистинскиот град за тоа.
Џеко има уште една година од својот договор со „волчицата“, а неговата вредност се проценува на пет милиони евра.


Ја менува кариерата – Андре Виљаш Боаш ќе биде рели возач!

Поранешниот тренер на Порто, Челзи, Тотенхем и Марсеј, Андре Виљаш-Боаш ќе биде дел од Светското рели првенство во Португалија.
43-годишниот Виљаш-Боаш, кој на почетокот од годинава под чудни околности го напушти Марсеј, веќе има рели искуство, бидејќи пред три години се натпреваруваше на релито Дакар.
„Се чувствувам како во сон.“ – вели Боаш воочи трката за Светското првенство, која ќе се одржи овој викенд.
„Мојата страст за автомобилизмот започна во детството кога мојот татко ме одведе на трката на Формула 1 во Есторил. Мојот вујко веќе два пати настапи на релито Дакар и повеќе од очигледно е дека љубовта кон овој спорт се пренесува во мојата фамилија.“ – изјави Виљаш-Боаш.


Натпреварувачи од шест земји на 52. Илинденски кајак слалом

Претстојното 52-ро издание на традиционалниот Илинденски кајак слалом ИКАС 2021 оваа година повторно се најде на Календарот на Светската и Европската кајак федерација и ќе се одржи престојниот викенд.
„Како и во изминатите 51 изданија така и оваа година најпрво натпреварот беше закажан во својот стандарден термин во перидот од 5 до 11 април 2021. Земајќи ја во предвид моменталната состојба со ширењето на ковид-19 во нашата држава во предвидениот период за натпреварот и рестриктивните мерки кои беа воведени на територијата на целата наша држава, како организатори заедно со Градскиот кајакарски сојуз бевме приморани да го одложиме и презакажеме натпреварот за нов термин 22 и 23 мај. Во овој момент би сакале да Ве известиме дека 52-риот Традиционален Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2021 и официјално ќе се оддржи во новиот предвиден термин за оваа година и тоа на 22 и 23 мај во СРЦ „Матка-Скопје“, велат организаторите.
Годинава на ИКАС ќе пристигнат натпреварувачи од неколкуте пријавени држави и тоа Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Турција.


Хаос во Порто, полиција влезе во клупските простории

Порто може да се најде во големи проблеми поради Ковид-19, бидејќи утрово полицијата беше во просториите на овој португалски гигант.
Утрово е извршен полициски претрес во просториите на фудбалскиот клуб Порто. Причината за тоа, како што велат, е основано сомнение дека клубот го фалсификувал тестот за КОВИД-19, но тие не навеле за кој фудбалер станува збор.
„Авионско патување во странство, направено од фудбалер, наводно заразен со КОВИД-19.“ – се наведува во официјалното соопштение на полицијата.
Според тамошните медиуми, овој е натпревар одигран во јануари, но се уште не е познато за кој натпревар се работи.
Доколку се докаже дека Порто навистина го стори тоа, вицешампионот на Португалија може да има сериозни проблеми поради кршење на епидемиолошките мерки.


Лапорта го загуби трпението, Дембеле оди на продажба

Жоан Лапорта е спремен да го продаде Осман Дембеле на лето, пренесуваат каталонските медиуми.
Договорот на Дембеле со Барселона истекува во 2022 година и од клубот имаа неколку неуспешни обиди да ја продолжат соработката.
Поради тоа Барселона ќе мора на лето да го продаде Дембеле, бидејќи не сака да ризикува следната година да го загуби без обештетување.
Лапорта во неколку наврати се обидел да постигне договор со неговиот агент, но наишол на ѕид, па медиумите пишуваат дека ќе го стави Дембеле на продажба. Лапорта спрема големи промени во тимот ова лето и ќе продаде неколку ѕвезди за да го зголеми буџетет за трансфери.


Ќе биде тешко и во втора лига, Шалке го напуштаат десет играчи

Германскиот гигант од Гелзенкирхен, Шалке 04 немаше баш најдобра сезона и убедливо испадна од Бундеслигата, па за прв пат по долга пауза од следната сезона ќе се натпреварува во популарната „цвајта“, односно втора германска лига.
На тимот од Гелзенкирхен дефинитивно му требаат промени доколку сака да го врати стариот сјај на некогашниот учесник во Лигата на шампионите , па затоа тимот реши да направи чистка и да отпише дури 10 фудбалери.
Клубот официјално објави дека по испаѓањето ќе си заминат 10 играчи. Од Шалке заминуваат: Бенжамин Стамбули, Бастијан Ошчипка, Стиве Скржибски, Алесандро Шоф, Шкодран Мустафи, Набил Бенталеб, Вилијам, Гонзало Пасинесија, Фредрик Ренов и Килијан Лудевиг.
Според германските медиуми, се очекуваат уште неколку имиња да го напуштат клубот од Гелзенкирхен.


Милан ќе испрати понуда за Родриго де Пол

Јанс Петер Хауге во октомври пристигна во Милан како голем талент, а веќе на лето би можел да го напушти клубот.
Имено, една од примарните цели на „росонерите“ ќе биде ѕвездата на Удинезе, Родриго де Пoл.
Де Пoл игра уште една фантастична сезона и тренерот Пиоли смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Проблем претставува цената од 40 милиони евра која ја постави Удинезе, па „росонерите“ сакаат во трансферот да го вклучат и Хауге.


Дилета објави видео од своите тренинзи, еве како изгледа! (видео)

Дилета Леота е позната како една од најубавите спортски новинарки на светот, а неодамна повторно стана тема на разговор кога на социјалните мрежи објави видео од своите тренинзи.
Италијанската новинарка неретко на социјалните мрежи објавува атрактивни фотографии, а на Инстаграм има скоро осум милиони следачи. Еве како изгледаат нејзините тренинзи:

https://twitter.com/dea_channel/status/1395109697548689411

ЕУРО2020 – 04. Италија одблиску

„Аѕурите“ никогаш не се исклучуваат, Манчини мерка титула на Европското првенство!

Фудбалската репрезентација на Италија ја претставува Италија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалска федерација на Италија (FIGC). Својот прв натпревар репрезентацијата го одиграла во 1910 година, кога во Милано ја победи Франција со 6-2.
Италијанската репрезентација е една од најуспешните во историјата на Светските првенства со четири освоени титули (1934, 1938, 1982, 2006) – само една помалку од Бразил, две финалиња (1970, 1994), трето место (1990) и едно четврто место (1978). Во 1938 година Италија стана првата репрезентација која успеала да ја одбрани титулата на Светските првенства, и по паузата поради Втората светска војна, ја задржале титулата цели 12 години. Италија исто така претходно освоила два Централно-европски купа (1927–30, 1933–35) и Олимписки фудбалски турнир (1936). Откако поголемиот дел од репрезентативците ги загубиле животите во авионска несреќа во 1949 година, тимот не напредувал понатаму од групната фаза на следните два турнири на Светските првенства, а исто така не успеале да се квалификуваат за изданието во 1958 година – неуспех што не се случил повторно сè до изданието во 2018 година. Италија се вратила во форма дури кон крајот на шеесеттите години, кога го освои Европското првенство (1968), нивна досега единствена титула на ова натпреварување на кое имаат уште две финалиња (2000, 2012). Италија исто така настапувала и на Купот на конфедерации, каде најдоброто место го забележа во 2013 година кога завршиле како третопласирани.
Италија досега неколкупати била водечка репрезентација на ранг- листата на ФИФА, а последен пат во периодот јули-август 2006 година.

Новиот селектор донесе препород!

Роберто Манчини во мај 2018 година стана нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија, откако постигна договор со челниците на федерацијата, јавуваат тамошните медиуми.
Поранешниот тренер на Интер, Манчестер Сити и Галатасарај ја презеде новата функција по завршувањето на сезоната во руското првенство, кадешто го водеше Зенит од Санкт Петербург.
Италија бараше нов селектор откако Џампјеро Вентура доби отказ по дебаклот во квалификациите за Светското првенство во Русија.
Манчини одигра 36 средби и постигна четири гола за Италија и беше дел од тимот кој го освои третото место на СП 1990 на домашен терен.

Манчини избра супер-млад ростер на Европското првенство!

Иако има уште неполн месец до стартот на Европското првенство, италијанскиот селектор Роберто Манчини веќе го избрал поширокиот список. Станува збор за 40 фудбалери кои конкурираат за место во националниот тим, а од нив Манчини ќе треба да избере 26, но овој поширок список е со цел веќе од понеделник фудбалерите да бидат вакцинирани со прва доза на Фајзер/Бионтек, а потоа по стартот на тренинг-кампот да ја добијат и втората доза. Тренинг-кампот на италијанската фудбалска репрезентација е закажан за 24 мај на Сардинија, а потоа следуваат низа контролни мечеви, за националниот тим да биде подготвен за отворањето на шампионатот во Рим на 11 јуни во мечот со Турција.