Ди Марија сруши неверојатен рекорд на легендарниот Сафет Сушиќ
ПСЖ синоќа ја одбрани титулата во францускиот Куп по финалето одиграно на стадионот „Стад де Франс“, каде победи со 2:0 против Монако. За ПСЖ тоа беше 14. титула во ова натпреварување, додека Монако во своето десетто финале беше поразен по петти пат. ПСЖ поведе во 19. минута со голот на Мауро Икарди, Монако беше најблиску до израмнување во 81 минута, но Желсон Мартинс ја погоди пречката. Конечните 2:0 ги постави Мбапе во 81. минута на асистенција на Анхел Ди Марија. Тоа беше првата победа на тимот од Париз против Монако оваа сезона, откако играчите на Нико Ковач беа подобри во двата првенствени натпревари. Со асистенцијата за голот на Мбапе, Ди Марија дојде до 104. асистенција во дресот на ПСЖ, со што го сруши рекордот на Сафет Сушиќ, кој има 103.
Овој податок покажува колку е голем Џиџи Буфон!
Пред 22 години, на почетокот на месец мај 1999. година, тогаш 21-годишниот Џанлуиџи Буфон го освои првиот трофеј во кариерата. На голот на Парма против Фиорентина го освои италијанскиот Куп. Соиграчи му беа Лилијан Турам, Фабио Канаваро, Хуан Себастијан Верон, Марио Станиќ, Хернан Креспо и Енрико Киеза, чиј син Федерико тогаш имаше година и пол. Буфон 22 години подоцна на голот на Јувентус го освои шестиот Куп во кариерата и стана италијански рекордер. Оној „малиот“ Федерико Киеза сега му е соиграч, кој против Аталанта постигна погодок за триумфални 2:1. Киеза јуниор беше прогласен за играч на натпреварот, по кој најмногу говореше за неверојатниот соиграч кој на крајот од сезоната во својата 43. година го напушта Јувентус: „Му реков пред финалето: Џиџи, го освојуваше овој трофеј со татко ми. Сега, тоа го направи и со мене. Многу ќе ни недостасува, тој е легенда.“ – вели Федерико Киеза.
Кедира објави крај на кариерата
Поранешниот играч за врска на Јувентус, Реал Мадрид и репрезентацијата на Германија, Сами Кедира, објави дека се одлучил на завршување на професионалната кариера. Во моментов 34- годишниот играч за врска е играч на Херта Берлин. „Време е да се збогуваме. Таквите одлуки никогаш не се лесни. Го менуваат животот. Во сабота ќе го играм последниот натпревар во мојата кариера. Ми беше чест да играм за најголемите клубови, да освојувам трофеи и да бидам дел од историскиот момент кога Германија го освои Светското првенство во 2014 година. Благодарност до сите навивачи, соиграчи, тренери и секако до моето семејство и пријателите. Вие бевте со мене во текот на ова патување, на кое му се ближи крајот. Се гледаме! Со почит, Сами“, напиша Кедира на својата страница на Инстаграм.
Дебела премија на фудбалерите за успешниот старт на мундијалските квалификации
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одржана во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за финансиски награди за репрезентативците за успешните настапи во квалификациите за Светското првенство, но најави и какви премии ќе добијат фудбалерите за евентуален успех на ЕП 2020. УО донесе одлука да се исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство. Исто така, секоја победа од групната фаза на Европското првенство, ФФМ ќе ја вреднува со 300.000 евра како парична награда за македонската репрезентација. Секој нерешен резултат на натпреварите од групната фаза на Европското првенство ќе се вреднува со 150.000 евра како парична награда.
Баер Леверкузен го претстави новиот тренер
Во најголемиот дел од европските лиги преостана да се одигра уште едно коло. Во Бундеслигата последното ќе се игра во сабота, а сите натпревари ќе започнат во ист термин од 15:30 часот. Баер Леверкузен не може да оди ниту погоре, ниту подоле и сезоната ќе ја заврши на шестата позиција која наредната сезона ги води во Лигата на Европа. Денес од овој клуб е објавено дека Швајцарецот Херардо Сеоне ќе го води тимот по завршувањето на сезоната. На клупата на Баер во овој момент Ханс Волф кој го наследи Питер Бош во март месец. Сеоне до сега го водеше тимот на Јанг Бојс со кој освои титула во Суперлигата на Швајцарија. Со Баер потпиша договор до 2024 година.
Пелистер поведе во плеј-офот против ФМП Академија
Пелистер најде начин како да му се „одмазди“ на Навико Академија ФМП за она што го загуби во четвртфиналето од Купот. Имаа одлични 20. минути домашните кошаркари во кои направија убедлива разлика, која со доста рутинирана, и смирена игра ја оддржаа во второто полувреме. Откако „пелистерци“ и без помошта на својот капитен, Бојан Трајковски, кој се повреди толкму на нивниот меѓусебен меч од четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“, предводени од извонредниот Игор Кесар (стрелец на 20.поени), доминантно го добија првото полувреме против Навико Академија ФМП. Имаа „вишок“ од 17.поени (54:37). Но со серијата од (11-0) момците од Кисела Воода се вратија назад во мечот. Стигнаа на минус од само шест поени (48:54), и го претворија ова четвртфинале доста поинтересно. Имаа „академициге“ доста добра реализација во шутот за три поени (41%), но го имаа и расположениот Крстајиќ кој во второто полувреме поентерски му парираше на Кесар. Битолчани успеаја да го одбијат тој напад на противникот. Во вистински момент почна да погодува Калахан, кој набрзина дојде до бројката од 19. поени. По две минути од играта во последниот дел, одново имаа двоцифрен плус. По поентирањето на Малешевиќ беа во плус од 11.поени (74:63). Крстајиќ пак го одржуваше гостинскиот тим во игра за нто повеќе. Но само што ќе дојдеа на достижна разлика, кошаркарите на Навико Академија ФМП не знаеја како да го зададат тој последен удар. Иако не блескаа и беа далеку од некои други изданија, „зелено-белите“ дојдоа до посакуваната цел. Комплетната ударна петорка (без заменикот на Трајковски, Михајловски), имаше десет и повеќе поени. Кесар 22, Калахан 21, Малешевиќ 16, а Стајиќ 15.поени. Крстајиќ дојде до бројка 31, но немаше друга поентерска поддршка ако не се земат в предвид десетте поени кои дојдоа од Темелковски.
Силекс е освојувач на Купот на Македонија
Фудбалерите на Силекс славеа победа со 4:3 по пенали на Академија Пандев и се радуваа на трофејот од Купот на Македонија. Во регуларниот дел, натпреварот заврши нерешено, без голови. И во продолжението, два пати по 15 минути немаше погодок. Двете екипи одиграа доста тврд натпревар, неефикасен. Во пенал серијата, екипата на Силекс покажа поголема концентрација и решителност и успеа да слави со 4:3. Кај Академија Пандев во последната серија промаши Велиновски, а Карчевски претходно ги постави конечните 4:3. По 24 години, екипата предводена од тренерот Горан Симов успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија.
Алаба и Арнаутовиќ ја предводат Австрија на Европското првенство
Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Франко Фода, го објави поширокиот список на репрезентативци кои се надеваат дека ќе добијат шанса да настапат на претстојното Европското првенство во текот на летото. На истиот се запишани имињата на Алаба кој од Баерн Минхен ќе замине во Реал Мадрид, потоа Арнаутовиќ, Шалгер, Сабицер итн. Познато е дека Австрија ќе и биде првиот противник на Македонија на дебитантскиот настап на континеталниот собир. Мечот против Австрија ќе го одиграме на 13 јуни на стадионот во Букурешт во Романија.
Барса и Атлетико подготвуваат трампа Гризман-Жоао Феликс
Барселона и Атлетико можат да разменат фудбалери во летниот преоден рок. Според изворот, каталонскиот клуб сака да го размени Антоан Гризман со напаѓачот на Атлетико, Жоао Феликс. Французинот ги бранеше боите на Атлетико од 2014 до 2019 година по што се пресели во Барселона за 120 милиони евра. Португалецот пак, се пресели во Атлетико од Бенфика во 2019 година за 127 милиони евра. 21-годишниот играч во тековнава сезона има седум погодоци (еден од пенал) и пет асистенции на 30 натпревари во шпанскиот шампионат.
Србинот Митровиќ желба на Мурињо во Рома
Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, по се изгледа, ова лето ќе си замине од фулам кој испадна од Премиер лигата и на повидок е негова преселба во Италија. Српските медиуми пишуваат дека Митровиќ добил повик од новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, кој сака да го донесе во редовите на „римската волчица“. „Митрогол“ не беше задоволен од настапите под диригентската палка на Скот Паркер, затоа што имаше само 13 старта на мечевите на Фулам сезонава, иако постигна 26 гола сезоната претходно. Мурињо е навистина заинтересиран за Митровиќ, кого сакаше да го донесе и претходно во Тотенхем. За српскиот центарфор интерес има од Вест Хем.