Легендарниот фудбалер на Јувентус, Александро дел Пиеро, би можел да ја добие улогата на претседател и да го замени Андреа Ањели кој се најде на удар на јавноста по сите збиднувања околу Европската Суперлига. Ањели нема намера да поднесе оставка во Јувентус, но, акционерите предводени од Џон Елкан би можеле да го отпуштат за време на состанокот на 27 мај. Покрај Дел Пиеро кој работи како консултант за „ЕСПН“, за директорската позиција кај „старата дама“ се шпекулира и со името на легендарниот тренер, Марчело Липи.
„Светците“ треперат, Мбапе се повреди непосредно пред дуелот со Манчестер Сити
Килијан Мбапе вчера одигра добар натпревар и постигна два гола во победата на ПСЖ против Мец, меѓутоа пред крајот мораше да биде заменет поради повреда. Покетино го замени Мбапе на пет минути до крајот и се надева дека не е ништо сериозно затоа што за два дена „светците“ ги чека натпревар против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Мбапе доби удар во квадрицепсот и почувстувва болка. Беше заменет за да го заштитиме. Се надевам дека не станува збор за ништо сериозно“, изјави Покетино.
Баерн не се откажува, ќе го убедува Флик да остане во Минхен
Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге откри дека управата на клубот ќе седне на разговори со тренерот Ханзи Флик. Клубот се надева дека тренерот кој минатата сезона го водеше тимот до сите можни трофеи ќе остане на клупата на нивниот тим. Минатата недела Флик објави дека сака да го напушти Баерн Минхен. Една од причините е неговата желба да ја преземе германската репрезентација по Европското првенство, кога Јоаким Лев ќе поднесе оставка. Другата причина е поврзана со неговите затегнати односи со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. „Се согласивме да седнеме на разговори по натпреварот со Мајнц. Ако ја задоволиме желбата на Ханзи, сите страни мора да работат заедно за да најдат решение од кое Баерн ќе биде задоволен”, изјави Румениге за венсикот „Билд“.
Брандт пред портите на „Емирати“, ако Арсенал не го откупи Одегард
Арсенал ќе го обнови интересот за германскиот репрезентативец Јулијан Бранд. Една од причините за оваа акција е што Мартин Одегард ќе биде прескап по завршувањето на договорот за закуп од Реал Мадрид. „Топчиите“ сакаат трајно да го ангажираат Норвежанецот, но цената што ја бараат „кралевите“ е превисока од онаа што ја нудат лондончани. Според Билд, цената за Јулијан Бранд е поприфатлива за Арсенал и се очекува преговорите меѓу раководството на англискиот клуб и Борусија Дортмунд да започнат во следните неколку недели.
Тајкун од Шведска го купува Арсенал?
Вчера навивачите на Арсенал протестираа пред „Емирати“ брајќи сопственикот Стен Кронке да си замине од клубот. Навивачите не се задоволни од тоа како тој го води клубот, а се кулминираше со неговиот обид да се приклучи кон Суперлигата. Протестите беа масовни, се собраа голем број навивачи кои бараа промена на раководството. Набрзо потоа се јави и човек кој има можност и кој е заинтересиран да го купи Арсенал. Шведскиот милијардер Даниел Ек јавно испрати понуда. „Како дете го поддржував Арсенал откако се сеќавам за себе. Ако КСЕ (групацијата која го поседува клубот) сака да го продаде, јас би сакал да го купам“, пиша Ек на Твитер. Швеѓанецот инаку е сопственик на популарниот музички стриминг- сервис „Спотифај“, неговото лично богатство се проценува на 4.7 милијарди долари.
Ансу Фати добива нов договор во Барселона
Барселона му понуди нов договор на Ансу Фати, пренесува Мундо Депортиво. Според изворот, Каталонците сакаат да го продолжат договорот со 18- годишниот Шпанец до 2026 година. Актуелниот договор на фудбалерот важи до крајот на јуни 2022 година. Оваа сезона тој одигра 10 натпревари за Барселона, на кои постигна 5 гола и даде 4 асистенции. Играчот во моментов се опоравува од повредата на менискусот која ја заработи во ноември.
ПСЖ нема да го откупи договорот на Флоренци, Италијанецот се враќа во Серија А
ПСЖ нема намера да го откупи договорот на Алесандро Флоренци, кој беше ангажиран во Рома на позајмица оваа сезона. Клубот ги смени своите планови за играчот откако Маурисио Покетино ја презеде функцијата главен тренер. Износот предвиден за договор на трајна основа е 9 милиони евра, кој ПСЖ не сака да ги плати за Флоренци. 30-годишниот Италијанец има одиграно 30 натпревари за парижаните, на кои има 2 гола и 1 асистенција.
Евротип предлог тикет – Недела 25.04.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 40 коефициент:
Астон Вила – ВБА 1-1, 3+
Неиграњето на Грилиш остави трага врз играта на Астон Вила во клучниот дел на сезоната. Клубот до Бирминген ја загуби креацијата, а во една доза и самодовербата. Дуелот со градскиот ривал ВБА е идеална шанса за почеток на нова победоноста серија.
Анжер – Монако 2
Со оглед на шансата за освојување на титулата покрај ПСЖ и Лил, Монако мора да верува во пет победи до крајот на Лига 1. Екипата на Ковач има за цел влез во Лигата на шампионите, а ако се укаже шанса, зошто да не и трофеј во шампионатот. Анжер е идеална шанса за продолжување на победоносната серија, бидејќи разликата во квалитет е очигледна.
Аталанта – Болоња 1, 3+
По несреќно загубените два бода во Рим против Рома, Аталанта има противник по мерка. Во Бергамо доаѓа екипа која игра отворен фудбал и нема по секоја цена да се затвори. Тоа им одговара на момците на Гасперини и верувам дека ќе „наплатат“ со победа со многу голови.
РБ Лајпциг – Штутгарт 1
По непредвидените киксови минатата недела и само еден бод против Хофенхајм и Келн, екипата на РБ Лајпциг дефинитивно ја загуби трката за титулата со Баерн. Сепак, Нагелсман е тренер кој секогаш го сака најдоброто од своите фудбалери и победа против Штутгарт е императив.
Интер – Верона 1-1
Реми средбите против Наполи и Специја во гости се само очекуван стоп на позитивната серија на Интер. Веројатно новиот првак на Италија има противник по мерка за победа. Иако Верона подобро игра со посилните тимови сезонава, сепак против Интер не се изнаигра на првиот натпревар. Очекувам нова победа на тимот на Конте.
Гундоган: Новата ЛШ е помало зло од Суперлигата
Формирањето на Суперлигата од дванаесет клубови од три земји не наиде на позитивна поддршка од фудбалска Европа. Навивачите уште на стартот најавија бојкот, а УЕФА, пак, одма реагираше, воведувајќи нов натпреварувачки формат во Лигата на Шампиони. Новиот систем на натпреварување не му се свиѓа на германскиот репрезентативец на Илкај Гундонган, кој рече дека, УЕФА повеќе мисли на мечеви, отколку на играчите. „Покрај за Суперлигата, ве молам, отворено да поразговараме за новиот формат во ЛШ. Се повеќе и повеќе натпревари, морам да прашам, дали некој се грижи за нас, играчите? Новиот формат во ЛШ е помали зло од Суперлигата“, напиша на социјалните мрежи Гундонган. УЕФА во понеделникот објави дека од 2024 година ЛШ ќе се прошири од 32 на 36 клубови. Групната фаза ќе биде замената со лига, во која ќе учествуваат сите клубови. Осумте најдобри автоматски ќе играат во нокаут фазата, а од деветто до дваесет и четвртото место ќе играат плеј-оф натпревари за осумте места, кои преостануваат.
Нуно го одби Тотенхем за да остане во Вулверхемптон
Менаџерот на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито Санто одговори на гласините за негова наводна преселба на кормилото на Тотенхем. Оваa информација се појави на Островот по отпуштањето на Жозе Мурињо на почетокот на оваа недела. „Имам договор со Вулверхемптон. Го потпишав минатиот септември. Тоа беше моја одлука и се држам до неа. Само тоа можам да кажам”, изјави Санто за Мирор.