Миланските гиганти Интер и Милан на лето ќе водат битка за потписот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи. Солскјер е во потрага по нов дефанзивец, а тоа значи дека минутажата на Баи додатно ќе се намали, па самиот фудбалер побарал трансфер. Баи на лето влегува во последната година од договорот па тоа е последна шанса Јунајтед да заработи на неговото заминување. Ситуацијата внимателно ја следат миланските гиганти Интер и Милан и сакаат да го донесат дефанзивецот во Милано. Интер има одлична соработка со Манчестер Јунајтед и во последните години донесе четворица фудбалери од „Олд Трафорд“.
Ковачиќ ќе го прескокне првиот натпревар на Челзи против Реал
Матео Ковачиќ нема да може да му помогне на Челзи во првиот натпревар од полуфиналето помеѓу Челзи и Реал Мадрид кој се игра во вторник. Одличниот 26 годишен играч за врска има проблеми со повреда и ќе биде единствениот играч на лондонските „сини“ на кој менаџеот Томас Тухел не ќе може да смета. Не е познато кога Ковачиќ ќе се врати на теренот, но веројатно би го пропуштил и натпреварот против Фулам на (1 мај), но и реваншот против Реал Мадрид на „Стенфорд Бриџ (5 мај).
Велс остана без селектор, Гигс обвинет за напад врз поранешната девојка
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го загуби статусот селектор и нема да ја предводи селекцијата на Велс на Европското првенство летово, откако покренато е обвинение за присилна контрола и напад на својата поранешна девојка, Кејти Гревил по караница во неговиот дом во Манчестер на 3 ноември. 47-годишниот Гигс беше уапсен по инцидентот, а денеска е обвинет за физички напад и за присилна контрола над Гревил од декември 2017 до ноември 2020 година, објави полицијата од Салфорд, Манчестер. За нападот, Гигс може да добие 6 месеци затвор и казна до 5.000 фунти, но посериозно е обвинението за контрола, за кое може да добие дури 5 години затворска казна. Гигс и Гревил беа заедно од 2017 година, осум месеци по разводот од сопругата Стејси, кога се дозна дека осум години ја мамел со сопругата на неговиот брат, Родри Гигс. Гигс паузираше три меча од селекторското место во Велс, но се врати на клупата после истрагата. Селекција на Велс на ЕВРО 2020 ќе ја предводи Роберт Пејџ.
Несторовски го повреди коленото, неизвесен настапот на ЕП
Илија Несторовски се повреди и сезоната за него во Серија А е завршена, а во прашање се доведува и неговиот настап на Европското првенство. Италијанските медиуми пренесуваат дека Нестор се повредил на вчерашниот тренинг, станувало збор за повреда на коленото и во наредните денови ќе биде позната точната дијагноза. По прегледите ќе се знае дали станува збор за истегнување, оштетување или кинење на лигаменти, до тогаш ние ќе се надеваме на најдоброто сценарио, а тоа е да биде спремен да и помогне на Македонија на ЕП.
Бордо под административна контрола по повлекувањето на инвеститорите од САД
Францускиот прволигаш Бордо е ставен под административна контрола откако инвеститорите од Кинг Стрит ја повлекоа финансиската поддршка, објави Лига 1. Причината за нивната одлука е пандемијата на ковид-19 и прекинатата претходна сезона, што доведе до големи загуби на жирондинците. Финансиската криза во Бордо се засили по банкротот на „Медијапро“, кој ги имаше телевизиските права за рекордни 780 милиони евра за сезоната помеѓу 2020 и 2024 година. Шпанскиот медиумски гигант ги откажа финансиските придонеси минатата година. Бордо беше шампион на Франција во сезоната 2008/2009, но оваа сезона е во лоша форма и ситуација и сега е на 16-то место во Лига 1 со пет бода над линијата за испаѓање.
Артета: Обамејанг загуби седум килограми
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, проговори за состојбата на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, кој се опоравува од маларија. „Многу разговарав со него. Вчера за прв пат влезе на терен на тренинг. Тој сè уште е под медицински надзор. Тој претрпе сериозно заболување, имаше неколку тешки моменти. Ние сакаме да му помогнеме брзо да се опорави и да се врати во форма, бидејќи ни е потребен. Вчера изгледаше подобро. Се надевам дека кога ќе ја врати претходната тежина, која ја изгуби поради болест, ќе може целосно да тренира“, изјави Артета. Во тековната сезона на англиската Премиер лига, Обамејанг одигра 25 натпревари, на кои постигна 9 гола и 1 асистенција.
Хамес најави враќање во Шпанија
Хамес Родригез планира да го напушти Евертон на крајот од оваа сезона, тврдат медиумите на Островот. Колумбијскиот фудбалер пристигна на Гудисон Парк во септември и на почетокот беше еден од најдобрите играчи во клубот, но и во лигата. 29-годишниот Колумбиец брзо се етаблираше во клучна фигура во тимот на Карло Анчелоти и одлично игра оваа сезона. Меѓутоа, на Хамес не му се допаѓа живото на Островот и сака да ја промени средината на лето. Наводно, на него не му се допаѓа времето во Англија, но и фудбалот кој се игра, поради кој доаѓа до честите повреди.
Евротип предлог тикет – Сабота 24.04.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 92 коефициент:
Ливерпул – Њукасл 1-1
Низ историјата овие две екипи одиграле многу легендарни натпревари. Секако дека фаворит е Ливерпул, но и последниот натпревар против Лидс потврди дека екипата е надвор од ритам. Но, неуспех со Њукасл значи збогум од шансите за Лигата на шампионите.
Мец – ПСЖ 2, ГГ
Со оглед на заостанувањето зад Лил, ПСЖ мора да ги добие сите натпревари до крајот на Лига 1 ако сака да ја одбрани титулата. Мец е екипа со далеку поскромен квалитет, па и да ротира Почетино, бодовите ќе заминат за Париз.
Валенсија – Алавес 1, 3+
„Лилјаците“ се благи фаворите, а на Алавес му „гори под нозе“. Низ историјата на „Местаља“ нема многу бодови за малиот баскиски клуб од Виторија, а не би требало да биде поразлично и сезонава. Иако играа тврдо со Абелардо, по тренерската смена очекувам поинакво издание на Алавес.
Волфзбург – Борусија Дортмунд ГГ 3+
Двете екипи знаат дека ова е натпревар со голем влог и многу работи за иднината на двата клуба зависат од овие 90 минути. Сепак, и Волфзбург и Борусија Дортмунд не знаат да играат тактички и верувам во натпревар со многу голови.
ПСВ Ајндховен – Гронинген 1, 3+
Важен натпревар за домаќинот, кој сезонава не се истакна премногу на големите натпревари. И постигнува и прима многу голови, па затоа верувам во уште еден натпревар со многу голови. Домашна победа е императив.
Даблин исклучен од ЕП 2020, натпреварите преместени во Лондон и Санкт Петерсбург
УЕФА одлучи да го тргне од картата на градови организатори на ЕУРО 2020 градот Даблин. За разлика од Даблин и Билбао, Минхен и стадионот „Алијанц арената“ ќе се одржат со навивачи, но максималниот број ќе изнесува 14.500 навивачи. Исто така УЕФА потврди за некои промени на стадиони. Четири натпревари кои требаше да се одржат во Билбао се преместени на „Ла Картуха“ во Севиља и тоа со гледачи, а исполнетоста на стадионот треба да биде максимум 30% од капацитетот и ќе биде домаќин на три меча од групата Е и еден од осминафиналето. Трите натпревари од истата група Е кои требаше да се играат во Даблин се префрлени на стадионот во Санкт Петербург кој веќе е домаќин на три меча од групата Б и еден од четвртфиналето. Значи овој стадион доби уште три дополнителни натпревари. Едниот натпревар од осминафиналето кој требаше да се одржи во Даблин е префрлен на „Вембли“ во Лондон.
Македонија коорганизатор на ЕП во одбојка во 2023 година
Македонија и љубителите на одбојката добија одлични вести, а тоа е дека нашата земја ќе биде организатор на една до групите на Европското првенство во одбојка за сениори кое е закажано за 2023 година. Првиот човек на Европската одбојкарска конфедерација Александар Боричиќ гостуваше во нашата земја и ја соопшти добрата вест на состанокот со премиерот Зоран Заев и претставници на Одбојкараската федерација на Македонија. „Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, рече Боричиќ. Македонската одбојкарска репрезентација игра одлично во изминатите неколку години, а со тоа обезбеди пласман и настап на две Европски првенство, што е доволен показател дека се работи добро за развојот на овој спорт во нашата држава.