feature

УЕФА им даде 3 дена на спорните градови домаќини на ЕП 2020

УЕФА одлучи да го одложи крајниот рок до 23 април за градовите Даблин, Минхен и Билбао, кои треба да се изјаснат дали ќе дозволат да има навивачи на трибините додека се играат мечевите на Европското првенство. Според одредени информации, трите града ризикуваат да го загубат правото да бидат домаќини на натпреварите на турнирот. Континеталниот собир требаше да се одржи во изминатата година, но, поради пандемијата со ковид-19, турнирот беше одложен за летото пред нас. Планирано е ЕП да се реализира од 11 јуни до 11 јули во 12 градови – Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Даблин.


Борис Џонсон се изјасни против Суперлигата

Британската влада разгледува различни опции за да го спречи почетокот на Европската Суперлига во фудбал, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. „Видов голем број предлози што беа изнесени како потенцијални решенија. Разгледуваме голем број можности и премиерот сака да разгледа сè што можеме да сториме за да се осигураме дека тие предлози нема да бидат спроведени како што е предложено“ рече портпаролот. Реакциите доаѓаат откако 12-те најмоќни фудбалски клубови од Англија, Шпанија и Италија објавија дека создаваат Суперлига.


Ајакс најави разделба со голманот Андре Онана

Голманот на Ајакс од Амстердам, Андре Онана е близу до напуштање на клубот. „Преговорите се стопирани. Можеби тој ќе се обиде да замине во јули. Штета е што не го решивме ова прашање“, рече Овермарс. Во февруари, Онана беше суспендиран на една година поради кршење на антидопинг правилото. Оваа сезона, Камерунецот одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, прими 22 гола и го сочува својот гол недопрен на девет натпревари. Во март, Трансфермаркт го состави список на највредни фудбалери надвор од најдобрите пет европски лиги. Двајца играчи на Ајакс беа на врвот на списокот: Давид Нерес (36 милиони евра) и Андре Онана (36 милиони евра).


Драган Бајиќ е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

КФСМ денес на прес-конференција го промовираше новиот селектор на кошаркарската репрезентација Драган Бајиќ кој ќе ја предводи машката кошаркарска репрезентација, а доаѓа на местото на Александар Тодоров на кого раководството на КФСМ не му понуди нова соработка, откако имаше неуспешните квалификации за ЕП. Драган Бајиќ е петтиот странец, кој седнува на клупата на нашиот национален тим, а ќе има за задача да ги мине претквалификации за СП, а потоа и да ја врати Македонија на ЕП, каде последен пат игравме во 2015 година. Новиот селектор на кошаркарската репрезентација во моментов е тренер на Игокеа, со која оваа сезона во АБА-лига се најпријатно изненадување. Спортскиот директoр, Тодор Гечевски најави дека Драган Бајиќ доби четиригодишен договор, а самиот селектор искажа задоволство од понудената доверба.


Фоден добива нов договор и тројно поголема плата

Манчестер Сити планира да му понуди нов договор на својот играч за врска Фил Фоден. Овој 20-годишник оваа сезона има постигнато 13 голови и девет асистенции на 42 натпревари. Според изворот, клубот има намера да го продолжи рокот на договорот на Фоден за две сезони – до летото 2026 година и да ја зголеми за повеќе од тројно платата на играчот – од 30 000 на 100 000 фунти неделно. Фил Фоден го постигна победничкиот гол во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Тој стана вториот фудбалер кој постигнал гол во две четврт-финалиња во Лигата на шампионите на УЕФА пред неговиот 21 роденден. Претходно ова достигнување беше направено од напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Фоден исто така постави рекорд на голови во Лигата на шампионите за англиски играчи на возраст под 21 година.


Палмарсон ја напушта Барса и ќе потпише за Алборг?

Данските медиуми објавија дека Арон Палмарсон, еден од најдобрите ракометари во светот, ја напушта Барселона и ќе се пресели во екипата на Алборг. Палмарсон се согласил на соработка со данскиот тим во следните три сезони, а работата ќе биде официјално потврдена на лето. Исланѓанецот со години е еден од најдобрите ракометари на светот, а претходно играше за Кил и Веспрем. Тој е уште една голема ѕвезда на светскиот ракомет која се сели во данскиот тим, откако претходно за следната сезона беше обезбеден потписот и на најдобриот ракометар на денешницата, Микел Хансен. Алборг за следната сезона ги обезбеди и потписите на Мартин Ларсен (Лајпциг), шведскиот пивот Јеспер Нилсен (Рајн-Некар Ловен) и норвешкото десно крило Кристеин Бјорнсен (Вецлар).


Де Брујне „виси“ за клучните натпревари

Кевин Де Брујне заработи повреда на скочниот зглоб и не можеше да помогне до крајот на средбата со Челзи во полуфиналето на ФА Купот. Белгискиот офанзивец ја напушти играта во 48. минута, кога побара лекарска помош. Според првичните имформации, состојбата на 29- годишникот не е добра. По еден дуел со Н’Голо Канте играчот на Манчестер Сити се пожали на болка во скочниот зглоб, а денес беше објавено дека тој ќе мора да пропушт неколку важни натпревари во претстојниот период. Манчестер Сити се надева дека ќе може да смета на Де Брјне за полуфиналните дуели против ПСЖ во Лигата на шампионите. Претходно екипата од Манчестер ќе треба да ја потврди титулата во Премиер лигата, а потоа ќе игра со Тотенхем во полуфиналето од Лига Купот. Кевин Де Брујне беше надвор од теренот осум натпревари во јануари и февруари. Во тој период неговите соиграчи играа одлично и ги добија сите натпревари, а носители на играта беа Гундоган, Бернардо Силва и Фоден.


Погба: Ни недостига трофеј за да бидеме оној стар Јунајтед

Манчестер Јунајтед е клуб со голема традиција со многу трофеи и успеси, но откако легендарниот сер Алекс Фергусон си замина премиерлигашот има доста проблеми да се врати на победнички патеки, да освојува трофеи од сезона во сезона. „Црвените ѓаволи“ последниот пехар го освоија во 2017 година, а тоа Пол Погба сака да се промени, поточно тој и соиграчите да донесат титула на „Олд Трафорд“. „Како нешто да ни недостасува, мора нешто да освоиме. Јас сум лош губитник, отсекогаш сум бил. Када и да играм, сакам да победувам. Мислам дека сме се поблиску до трофејот, напредокот е очигледен. Клубот има големи амбиции и цели, ние сакаме да ги оствариме што значи дека сакаме трофеј. Сè уште имаме шанси во Лигата на Европа, имаме за што да се бориме. И во лигата. Се додека не го предадат трофејот на Сити, ние ќе продолжиме да работиме. Оваа година сè уште имаме шанса да освоиме нешто, зошто да не“, истакна Погба.


Толисо бира меѓу Интер и Јуве

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо. 26-годишниот играч за врска на лето ќе влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување. Баварците се спремни да го продадат, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација. Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн за неговата слобода ќе бара 25 милиони евра.


Вајналдум очајно посакува трансфер на „Камп Ноу“

Фудбалерот на Ливерпул, Џеорџино Вајналдум и дефинитивно ќе си замине од „Енфилд“ по крајот на оваа сезона. Холандскиот репрезентативец нема да го продолжи договорот со „црвените“ и како слободен агент ќе направи трансфер во некој од заинтересираните клубови за неговиот потпис. Желбата на Вајналдум е да потпише за Барселона, клуб кој се интересира за неговите услуги, но се уште не е познато дали ќе тргне по него со оглед на фактот што не е позната судбината на Роналд Куман кој вчера го донесе трофејот од Купот на Кралот во витрините на „Камп Ноу“.