feature

Тодоров го одбра тимот кој ќе ја нападне Италија

По утринскиот тренинг, во поголема мерка шутерски, селекторот на нашиот сениорски национален состав, Александар Тодоров ги пополни оние 12. места кои ќе влезат во официјалниот записник за средбата со Италија. Тодоров имаше неколку дилеми, кои ги тргна непосредно по одработените 45. минути. Се одлучи на средбата со Италија која стартува од 15.30 часот (по македонско време), да им укаже доверба на следниве играчи:
Дамјан Робев, Андреј Митревски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.
„По точно една недела од првиот собир, од денеска ја почнуваме серијата од четири натпревари во период од пет дена. За нас ова е прв натпревар по пауза од точно една година. Се надевам дека ќе покажеме дека можеме да се ‘носиме’ со најсилните европски репрезентации како што беше случај минатиот февруари против Русија. Но во исто време и да потврдиме дека мечот со Естонија на домашен терен беше само лош ден“ – вели Тодоров пред почетокот на „балонот“ во Перм.


Сон не потпишува нов договор, Јуве му нуди 90 милиони евра на Тотенхем

Јувентус покажува силен интерес за ѕвездата на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, пренесуваат италијанските медиуми. Кореецот, игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 17 гола и 9 асистенции за Тотенхем. Сон има договор со тимот од Лондон до 2023 година, но Јувентус е спремен да му понуди многу поголема плата и да плати 90 милиони евра за неговиот потпис. „Старата дама“ верува дека покрај фудбалските квалитети Сон ќе придонесе и за комерцијални придобивки на клубот во азискиот пазар.


Охрид го надигра Прилеп во контролен натпревар пред стартот на плеј-офот

Ракометарите на Охрид забележаа нова победа во подготвителните натпревари, триумфирајќи во Прилеп против истоимениот состав со 28-26 (15-17). „Гладијаторите“ не беа на висина од задачата во првиот дел, кој не само што го загубија, туку на противникот му дозволија
дури 17 голови.
Избраниците на Раде Стојановиќ коцките за победа ги наместија во
вториот дел, играјќи фантастична одбрана. Охриѓани го маѓепсаа
голот, а нападот на спротивната страна погодуваше за нов триумф во
тест натпреварите.
Екипата на Охрид, генералката за пролетната полусезона во Супер
лигата ќе ја има в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“. Ривал ќе му
биде Прилеп.


Милано фаворит за домаќин на финалето на Купот на Италија

Последниот натпревар од Купот на Италија, финалето меѓу Аталанта и Јувентус може да се одигра на стадионот „Олимпико“ во Рим, а не на „Сан Сиро“ во Милано, како што првично беше планирано. Финалето на Купот на Италија традиционално се одржува на Олимпискиот стадион во Рим, но оваа година УЕФА побара натпреварот да се игра на друг стадион, поради подготовките на стадионот „Олимпико“ за ЕП 2020. Сега УЕФА може да дозволи натпреварот да се одржи во главниот град на земјата, но наверојатно ќе биде одлучено да се игра оваа средба без гледачи на трибините. Италијанската фудбалска федерација ќе треба да се договори со УЕФА и да го организираат овој натпревар во Рим. Последниот натпревар од Купот на Италија кој го играат Аталанта и Јувентус ќе се одржи на 19 мај.


Атлетико го враќа Хамес Родригез во Шпанија

Хамес Родригез сака да го напушти тимот и да се врати во Мадрид, објавија неколку медиуми на Островот.
Според истите, колумбискиот фудбалер е незадоволен од временските услови во Англија и сака да се пресели во Атлетико Мадрид.
Оваа сезона, 29-годишниот Родригез одигра 16 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна пет гола и направи три асистенции. Поранешниот играч на Реал Мадрид се пресели во Евертон пред почетокот на тековната сезона. Неговиот договор со англискиот клуб трае до летото 2022 година. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 35 милиони евра.
Претходно, Хамес играше за Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто, аргентински Банфилд и колумбиски Енвигадо.


Братот на Погба ќе игра во Словенија (фото)

Матиас Погба е нов играч на словенечкиот прволигаш Табор од Сежана.
Клубот од малото место со шест илјади жители на социјалните мрежи се пофали со доведувањето на 30-годишниот напаѓач, кој е брат на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Матиас Погба во Словенија пристигнува како слободен играч, откако половина сезона помина во Расинг од Мурсија. Претходно, играше за неколку нисколигаши како Врексам и Кру во Англија, Пескара во Италија, Тур во Франција, Сиудад и Лорка во Шпанија.
За Мурсија не одигра ниту еден натпревари, а најмногу настапуваше во дресот на Кру, каде одигра 63 натпревари и постигна 21 погодок.
Матиас е роден во Гвинеја, а за таа репрезентација има пет настапи.

https://twitter.com/nktaborsezana/status/1361719479948951552

Мбапе испиша историја на Камп Ноу

Париз Сен Жермен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите ја „прегази“ Барселона со 1:4. Јунак на натпреварот е Килијан Мбапе, францускиот напаѓач кој беше незапирлив за одбраната на домашната екипа. Мбапе постигна три од четирите погодоци за францускиот шампион. Со тоа, Мбапе стана само третиот играч кој против Барселона постигнал хет-трик на Камп Ноу, по Фаустин Асприља и Андреј Шевченко. И двајцата тоа го направија во 1997. година, Асприља во дресот на Њукасл, а Шевченко за киевски Динамо. Мбапе стана и првиот фудбалер кој на стадионот на Барселона во нокаут фаза на Лигата на шампионите постигнал два или повеќе погодоци, а неговиот ПСЖ е првата екипа која славеше во на Камп Ноу во елиминационен натпревар по Баерн во 2013. година.


Хакими се враќа во Реал Мадрид уште ова лето

Ашраф Хакими би можел на лето да го напушти клубот и да се врати во Реал Мадрид. Како што пренесуваат шпанските медиуми Интер се уште не почнал да му ги плаќа ратите на Реал Мадрид за трансферот на Хакими вреден 45 милиони евра. Последниот рок кој го поставија „кралевите“ истекува на 31 март, па постои шанса доколку Интер не ја уплати првата рата да биде во голем проблем. Не само што Хакими ќе биде вратен во Мадрид по завршувањето на сезоната, туку и Интер да биде казнет од УЕФА за не завршување на своите обврски кон други клубови.


Талентот Лука Станковски од јуни се сели во Монца

Суперталентираниот фудбалер на Работнички, Лука Станковски, од јуни кариерата ќе ја продолжи во Италија. Негов следен клуб ќе биде Монца. Раководствата на двата клуба ги договорија сите детали за трансферот што треба да се случи во летниот преоден рок. „Горди сме што може да објавиме дека еден од најталентираните македонски фудбалери Лука Станковски од јуни кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот клуб Монца. Двата клуба ги договорија деталите за трансферот што треба да се реализира во летниот преоден рок. Можам да кажам дека имаше многу понуди за Лука Станковски, но донесовме заедничка одлука со фудбалерот и со неговите родители, Монца да биде идниот клуб, каде ќе продолжи да се развива и да се надградува. Среќни сме што Работнички успешно ја продолжува стратегијата за реализација на трансфери на млади и талентирани фудбалери во странство и горди што во еден исклучително тежок период на глобална пандемија на коронавирусот, Работнички оствари два трансфери, Давид Тошевски во Ростов и Лука Станковски во Монца“, изјави претседателот Драган Поповски. Лука Станковски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Работнички, а потоа ќе биде промовиран во редовите на Монца. Тој во првиот дел од сезоната постигна седум гола и беше четврти стрелец во првенството на Македонија.


Ѕвездата на Порто се сели во Милан

Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Порто, Отавио. Бразилецот на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе одби да го продолжи договорот со Порто. „Скај Италија“ пренесува дека Милан веќе стапил во конаткт со неговиот агент и испратил понуда за четиригодишен договор тежок 1,5 милиони евра по сезона. Весникот „А Бола“ тврди дека големи се шансите Отавио на лето да се пресели во Серија А, каде покрај Милан интерес за играчот покажуваат уште Рома и Јувентус.