feature

Данска е противникот на Македонија во баражот за Мундијалот

Македонската репрезентација во полуфиналето на мундијалскиот бараж за противник ја доби селекцијата на Данска.

Нашата најдобра репрезентација доколку ја победи Данска, во последната пречка ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Чешка и Република Ирска. Македонија ќе гостува, дури и доколку обезбеди пласман во финалето на плеј-офот.

Италија – Северна Ирска
Велс – Босна и Херцеговина
Домаќин на финале: победникот од мечот Велс – Босна и Херцеговина

Украина – Шведска
Полска – Албанија
Домаќин на финале: победникот од мечот Украина – Шведска

Турција – Романија
Словачка – Косово
Домаќин на финале: победникот од мечот Словачка – Косово

Данска – Македонија
Чешка – Република Ирска
Домаќин на финале: победникот од мечот Чешка – Ирска

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 26 март, додека финалињата се на програмата на 31 март 2026.


Македонија ќе игра против Данска во полуфиналето од квалификациите за Мундијалот

Denmark vs Macedonia

Македонската фудбалска репрезентација ќе гостува кај Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026, по денешната ждребка одржана во седиштето на ФИФА во Цирих. Како неносител, Македонија ќе мора да бара изненадување на тешкиот дански терен.

Победата во Копенхаген би ѝ донела на Македонија место во финалето на 31 март, каде што би се соочила со победникотод дуелот меѓу Чешка и Ирска. И во тој меч Црвено-жолтите повторно ќе играат како гости во борбата за историски мундијалски билет.

Пред Македонија е најважниот предизвик во целата квалификациска кампања. Данска, еден од постабилните европски состави, претставува сериозен испит, но за македонската селекција ова е повеќе од обичен натпревар, тоа е шанса за влез меѓу најдобрите на планетата. Успехот би значел историски подвиг и дополнителна потврда за напредокот на репрезентацијата, додека поразот би ја прекинал мундијалската приказна пред самата цел.


Нејмар го постигна својот прв гол по 3 месеци: сонот за Мундијалот не згаснува

Frontview of Neymar celebrating a goal for Santos

Нејмар ја прекина својата голгетерска суша по повеќе од три месеци, постигнувајќи гол за Сантос против Мирасол во последниот натпревар од Бразилската Серија А. Овој гол, кој дојде во неизвесна 1-1 реми завршница, го означува неговиот голем повраток по повредата на мускулот што го држеше надвор од терените од септември.

Повредите на бразилецот се повторно во центарот на вниманието оваа сезона. 33-годишниот напаѓач, кој се врати во Сантос во јануари 2025 година по краткото и неуспешно време во Саудиска Арабија со Ал-Хилал, повеќепати се соочуваше со мускулни проблеми кои го ограничуваа неговото учество. Сепак, неговото враќање во гол-сериозен формат на теренот носи оптимизам, не само за Нејмар, туку и за Сантос и нивните навивачи. И самиот играч изрази огромна радост и нова енергија, нагласувајќи дека повторното играње му ја врати среќата.

Голот на Нејмар беше прославен не само поради самото постигнување, туку и поради емоционалната прослава и насмевката што го украси неговото лице. Снимките од неговото славење укажуваат за тоа колку овој момент значи за него. По долгото отсуство, Нејмар изрази надеж дека овој гол ќе биде само почеток на нова, успешна фаза.

Бразилецот не го крие својот сон да се врати во националниот тим за Светското првенство во 2026 година. И покрај прекините поради повреди, неговата посветеност и желба за настап на најголемата фудбалска сцена не стивнуваат.


Јамал, Рафиња и Хоан Гарсија достапни против Билбао

Lamine Yamal, Raphinha and Joan Garcia

Рафиња и Ламин Јамал се потврдени како достапни за претстојниот натпревар на Барселона против Атлетик Билбао. Нивното враќање се смета за значителен поттик за тимот, особено поради тековните напори за зајакнување на составот по серијата повреди и периоди на закрепнување. Јамал, по успешно завршената процедура за рентгенска радиофреквенција на пубичната коска, се врати во целосен тренинг и се очекува да игра на овој меч.

Голманот Хоан Гарсија се враќа на гол, што претставува значителен дефанзивен напредок. Неговото отсутство поради повредата на менискусот го наруши дефанзивниот баланс на тимот, што беше очигледно во последните натпревари кога примија повеќе голови. Враќањето на Гарсија се смета за клучно, за Барселона да ја намали разликата со Реал Мадрид во Ла Лига и да напредува во европските натпревари.

Барселона во последно време се концентрира на враќање на фитнес-статусот и подобрување на тимската кохезија пред важните натпревари против Атлетик Билбао и други топ-тимови. Крајната цел на тимот останува да ја задржат круната во Ла Лига и триумф во Лигата на Шампионите


Куман: Имаше моменти во квалификациите кога не игравме доволно добро

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, направи краток осврт на патот на неговата селекција до Светското првенство 2026 година.

„Верувам дека имаме многу квалитетни играчи во нашиот тим и има голема конкуренција за места. Но, мора да бидеме свесни дека имаше моменти во квалификациската рунда кога не игравме доволно добро и им дозволивме на нашите противници да создаваат шанси. Треба да работиме на тоа. Се надевав дека ќе играме добро против Литванија од првата до последната минута и ќе постигнеме многу голови. Требаше да постигнеме два или дури три гола во првото полувреме. Имаше многу добри шанси, но и неколку лоши моменти. Но, генерално, тоа беше пристоен настап“, изјави Куман по натпреварот.

Холандија заврши прва во Групата Г (20 бода по осум натпревари) и се пласира на Светското првенство во 2026 година.


Шпанија на чекор од светскиот рекорд во мундијалските квалификации

Шпанија триумфално заврши уште еден квалификациски циклус за пласман на Светското првенство.

Актуелните европски шампиони, рутински ја поминаа групата каде што беа и Турција, Грузија и Бугарија, примија само два гола и постигнаа најмалку еден гол на секој натпревар, вкупно 21 постигнати.

Она што вреди да се напомене е дека тие продолжија да рушат рекорди во квалификациите за Светското првенство.

Еве ги рекордите:

Тие се во серија од 49 натпревари во кои постигнале барем еден гол во квалификациите, што е светски рекорд.

Тие го израмнија европскиот рекорд по бројот на натпревари во кои не се поразени (25 победи и 6 нерешени), сега се на котата 31 заедно со Италијанците (серија од 2018 до 2021 година). Светскиот рекорд го држи Бразил со 33 последователни натпревари.

Шпанија е единствената репрезентација која никогаш не изгубила натпревар дома во квалификациите за Светското првенство, тие имаат 54 победи и 10 нерешени.


Мешков Брест е новиот клуб на Филип Ивиќ

Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, Филип Ивиќ, ќе има нов предизвик во кариерата по раскинот со Војводина.

Хрватскиот чувар на мрежата се пресели во белорскиот вицепрвак Мешков Брест и веќе го имаше дебито во регионалната СЕХА лига.

Ивиќ доаѓа на местото на друг хрватски голман Сандро Мештриќ, кој го раскина договорот со Мешков Брест, каде што беше позајмен од Келце.


Малачи Флин од Башакшехир пред потпис со Олимпијакос

Кошаркарскиот состав Олимпијакос го пребарува пазарот за засилувања на позицијата плејмејкер откако Кинан Еванс заработи потешка повреда.

Според одредени шпекулации, грчкиот состав планира да го ангажира Американецот, Малачи Флин од Башакшехир.

Сепак целата ситуација е компликувана поради неподготвеноста на турскиот клуб да го ослободи играчот и затоа го одложува процесот.


Македонија го добива противникот во баражот, Украина најпосакуван ривал

Шеснаесет репрезентации меѓу кои и Македонија, денеска ќе се најдат во садовите од каде ќе се одредуваат двојките за плеј-оф натпреварите за пласман на Светското првенство во 2026 година. 12 второпласирани селекции од групната фаза на квалификациите плус четири репрезентации кои се квалификуваа преку Лигата на нации на УЕФА ќе ги добијат своите ривали во плеј-оф полуфиналето, но и можните ривали за финалниот бараж меч кој ќе води на Мундијалот.

Потврдени во плеј-офот како второпласирани од квалификациите во Европа се:

Албанија, Босна и Херцеговина, Чешка, Данска, Италија, Косово, Полска, Република Ирска, Словачка, Турција, Украина, Велс, додека четирите селекции кои преку Лигата на нации дојдоа до баражите се: Македонија, С. Ирска, Романија и Шведска.

Според рејтиногот познати се и четирите шешири од кои ќе се одредуваат двојките за полуфиналните дуели. Македонија е во четвртиот шешир и ќе очекува за противник една од селекциите во првиот шешир.

Шешир 1: Италија, Данска, Турција, Украина
Шешир 2: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Шешир 3: Ирска, Албанија, БиХ, Косово
Шешир 4: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска

Ждрепката за баражот за СП 2026 е закажана на 20 ноември, со почеток од 13:00 часот.


Милевски нема да добие нов договор, Македонија ќе добие нов селектор

По убедливиот пораз од Велс во последното коло од квалификациите за СП 2026 со 7-1, шпекулациите околу селекторското место во националниот тим полека добиваат интензитет. Се погласно се зборува дека во Фудбалската федерација на Македонија размислуваат за ново селекторско име кое ќе го замени досегашниот предводник Благоја Милевски, чиј договор заврши со последниот меч во Кардиф.

За позицијата ќе се разговара на следната седница на управниот одбор на федерацијата која ќе се одржи најверојатно веќе следната недела.

Милевски денес ќе биде во Цирих на ждрепката за одредување на двојките за баражите, а таму ќе бидат и првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ заедно со Горан Пандев и Николче Новески. Останува да мине ждрепката денеска, да ја чекаме дефинитивната одлука за позицијата на Милевски на кормилото на репрезентацијата.