feature

Шоу на Мбапе, Реал го освои Билбао

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Атлетик во Билбао со 0-3, во 15. коло од Ла Лига.

Централна фигура на натпреварот беше незапирливиот Килијан Мбапе, кој постигна два гола и забележа асистенција, во триумфот што го врати Реал на бод минус од лидерот Барселона.

Килијан Мбапе во само 24 натпревари оваа сезона, за клубот и репрезентацијата, постигна 30 гола и забележа шест асистенции.

Првиот гол беше потврда за класата на Французинот, ја прифати топката некаде на средината од теренот, потоа започна молскавичен продор, сам против сите, се ослободи од еден, а потоа и од друг бек и ја погоди мрежата на Унаи Симон.

Во 42. минута, тој несебично со глава го погоди Кававинга, кој потоа се „поклони“ за 2-0.

Мбапе го заврши натпреварот во Баскија мајсторски во 59. минута со удар од околу дваесет метри во поблискиот агол од голот на Симон, го фати на „спиење“ голманот на Атлетико.


Ливерпул не го победи ни Сандерленд, Челзи загуби во Лидс

Фудбалерите на Челзи и Ливерпул влегоа во натпреварите од 14. коло од Премиер лигата како фаворити, а на крајот си заминаа дома со наведнати глави.

Ливерпул ремизираше 1-1 дома со најпријатното изненадување оваа сезона, Сандерленд.

Интересно е што ова е прво реми во Премиерлигата за „црвените“. Ливерпул не успеа да ги освои трите бодаа, на четири од последните пет натпревари.

Сандерленд така остана пред Ливерпул на табелата, на шестата позиција со бод повеќе.

По неинтересно прво полувреме и 0-0, првиот гол падна во 67-та минута кога Талби ги доведе гостите во водство.

На крајот Ливерпул успеа да избегне пораз. Во 81. минута погоди Вирц, но Германецот не му се израдува на првиот гол во дресот на „црвените“, бидејќи набргу одлуката беше дека тоа е автогол на Мукиеле, но резултатот остана 1-1.

Челзи, изненадувачки, по брилијантните натпревари против Барселона и Арсенал, доживеа тежок пораз во Лидс. „Сините на „Еланд Роуд“ загубија со 3-1.

Ова беше прваа победа за Лидс по четири последователни порази во Премиер лигата и со неа се извлекоа од зоната за испаѓање, додека „сините“ го претрпеа првиот пораз по четири натпревари и останаа на четвртото место на табелата.

Веќе на полувремето беше јасно каде дека Лидс ќе слави победа. Со головите на Бијол и Танака, Лидс дојде до предност 2-0..

Гостите го намалија резултатот во 50-та минута, преку Педро Нето, но тоа беше се од нив. Калверт-Луин во 72-та минута стави точка на натпреварот.


Халанд: Не очекував толку брзо да „раситнам“ стотка

Манчестер Сити вчера ја совлада екипата на Фулам со 4-5 во натпревар од 14.коло од Премиер лигата, а првиот стрелец на тимот Ерлинг Халанд успеа да постигне гол што беше негов 100-ти во Премиер лигата по 111 одиграни натпревари.

Тој со ова стана рекордер откако го собори рекордот на Алан Ширер, кој претходно 100 гола постигна на 124 натпревари.

– Кога доаѓав во Премиер лигата сакав да постигнам 100 гола за Сити. Но, искрено не очекував да се случи толку брзо. Сега сум горд, бидејќи ова е голема работа. На овој натпревар ќе се сеќавам цел живот, изјави Халанд.

Норвежанецот е најдобар стрелец во Премеир лигата со 15 голови.


Добар почеток и лош крај за пелистерци во Загреб

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби со 27-23 на гостувањето кај Загреб во десеттото коло на Лигата на шампионите/ Хрватскиот првак беше доминантен во второто полувреме и заслужено ги освои бодовите.

Македонскиот претставник одлично го започна дуелот и водеше со 1-5, но Загреб успеа брзо да се врати и да дојде до 7-7, а до крајот на полувремето обезбеди предност со резултат 14-12. Во продолжението, домаќините набрзина стигнаа до 19-13, а таа предност од плус шест ја имаа неколку пати и не му дозволија на Еурофарм Пелистер да ја врати неизвесноста.

Кузмановски со 7 голови беше најефикасен кај битолскиот тим, додека во редовите на Загреб се истакна Главаш со 10 голови, а одлично второ полувреме имаше и голманот Мештриќ кој имаше 12 одбрани од 24 удари.

Последните четири кола од групната фаза на Лигата на шампионите се играат во февруари и март 2026 година.


Менди само што се врати пак се повреди

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди, го повреди мускулот на десната нога, објави денеска шпанскиот клуб. Реал Мадрид во своето соопштение наведе дека Менди претрпел „повреда на бицепс-феморис мускулот на десната нога“.

Инсајдерот Фабрицио Романо објави дека францускиот дефанзивец ќе отсуствува од теренот најмалку три недели.

Менди го имаше својот единствен настап за Реал Мадрид оваа сезона на 26 ноември, во натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпијакос.ег


Берзански скандал во Турција, приведен Гокан Гонул

Дванаесет осомничени, меѓу кои и поранешниот турски фудбалски репрезентативец Гокан Гонул, се приведени денеска во рамки на обемна истрага поврзана со наводни манипулации на Истанбулската берзата, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.

Дефанзивецот Ѓонул е поранешен играч на истанбулските гиганти Фенербахче и Бешикташ и има 66 настапи за турската репрезентација.

Групата е осомничена дека вршеле координирано тргување на берзата со цел вештачки да ја зголемат цената и обемот на тргување на одредени акции. Како резултат на тоа, биле забележани необични флуктуации на цените на акциите што не одговарале на природниот тек на пазарната активност и довело до загуби за малите инвеститори на берзата.

Апсењата биле извршени во координирани полициски акции во Истанбул, Анкара, Анталија, Самсун и Кахраманмараш.
Осомничените се под истрага за формирање криминална организација и извршување пазарна измама преку употреба на внатрешни информации


Фудбалерите на Реал го сакаат Зидан ако Чаби Алонсо добие отказ

Пораз од Атлетик Билбао може да му пресуди на Чаби Алонсо, а како што пренесуваат медиумите од Шпанија, фудбалерите на Реал Мадрид сакаат да се врати Зинедин Зидан.

„Кралевите“ влегоа во мала резултатска криза, има и негодување од фудбалерот за начинот на кој Чаби Алонсо го води тимот, а ова придонесе и да се појават шпекулации за отказ на стратегот.

Пораз од Атлетик Билбао може да му пресуди, па низ медиумите кружат одредени имиња за новиот тренер на Реал Мадрид.

Постарите играчи во составот сакаат да се врати Зинедин Зидан, кој е без ангажман, но се верува дека ќе стане селектор на Франција по крајот на Светското првенство во 2026 година.

Се споменува и името на Јирген Клоп, но Германецот повеќе е по мерак на раководството, отколку на играчите.


„Глоуб сокер“ го објави тимот на годината

Објавени се номинираните за „Тим на годината“ на „Глоуб Сокер“ за 2025 година.

На листата се наоѓаат: Ал Ахли (Каиро, Египет), Барселона (Барселона, Шпанија), Баерн Минхен (Минхен, Германија), Челзи (Лондон, Англија), Фламенго (Рио де Жанеиро, Бразил), Ливерпул (Ливерпул, Англија), ПСЖ (Париз, Франција) и Спортинг Лисабон (Лисабон, Португалија).

Наградата ќе биде доделена на 28 декември 2025 година во Дубаи.

Минатата година награда ја освоија фудбалерите на Реал Мадрид.


Милевски првпат се обрати по истекот на договорот

Доскорешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ѝ се обрати на јавноста со соопштение во кое изрази благодарност и почит за шансата да го предводи нашиот национален тим.

Договорот на Милевски истече на 30 ноември, а соопштението доаѓа откако стана јасно дека истиот нема да биде продолжен.

„Драги поддржувачи на македонската репрезентација,

Би сакал да изразам искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите претседатели на нашата федерација, Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ, кои од 2014 година, обезбедуваа услови и поддршка што ни овозможија да постигнеме резултати вредни за историјата на македонскиот фудбал.

Посебна благодарност упатувам до претседателот Масар Омерагиќ за континуираната и јасна поддршка во изминатиот период. Таквите основи се неопходни за секој професионален процес да функционира стабилно. Во фудбалот, како и во секоја друга област.

Особено сум горд на нашите фудбалери. Нивната енергија, посветеност и упорност ни донесоа победи и резултати кои ќе останат во сеќавање. Тие покажаа што значи да се игра за Македонија и тоа ме исполнува со вистинска гордост.

Благодарен сум и на мојот стручен штаб, медицинскиот и логистичкиот тим за професионалноста и соработката. Секој од нив ја вршеше својата работа тивко и прецизно, како дел од една целина што мора да биде усогласена за да успее.

Чест ми беше да ја водам репрезентацијата и да бидам дел од овој заеднички труд. Јас и во иднина ќе бидам со репрезентацијата, со внимание, поддршка и почит“.

Благоја Милевски


Локомотива Загреб се пофали со потписот на Александар Трајковски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски од денеска и официјално е ново засилување за екипата на Локомотива Загреб. Хрватскиот клуб од тамошната елитна лига го претстави Трајковски во новиот дрес.

„Локомотива со гордост го претставува најновото засилување – Александар Трајковски! Искусниот македонски репрезентативец и долгогодишен репрезентативец пристигна во Кајзерица. Трајковски пристигнува во Загреб по две години поминати во Хајдук, каде што одигра 32 натпревари во ШНЛ и постигна 10 гола. Особено се истакна во дуелот против Локомотива во последното коло од сезоната 2023 /24, кога постигна хет-трик“, објавија од Локомотива.

Share.
Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn