feature

Белами: Мечот со Македонија е од огромна важност за нас

Во очекување на утрешниот натпревар со нашата фудбалска репрезентација, денеска прв на прес-конференција се појави селекторот на Велшаните, Крег Белами. Тој зборуваше за огромната важност на утрешниот дуел за неговиот тим, особено за обезбедување подобро место во бараж натпреварите во март.

„Што и да кажеме, ова за нас е еден голем натпревар, огромен. Мислам, можам да ве излажам ако сакате и да ви кажам дека не е така, но знаете, ајде, да завршиме втори и да имаме домашен натпревар во плеј-офот, тоа е голем влог. Ако завршиме четврти, натпреварот на гости и тимовите што може да ги добиеме како противници ќе бидат многу поопасни. Научив доста од она што се случуваше на натпреварите со вакви репрезентации како Македониа, и морам да бидам искрен, играјќи дома, и со моето искуство од гледањето на репрезентацијата на Велс низ годините и можноста да се квалификуваме за големи турнири преку плејофот, тоа ќе биде огромна предност за нас. Затоа ќе се обидеме да направиме сè што можеме утре. Се надевам на победа и во март ќе ја имаме и таа предност во плеј-оф полуфиналето“, изјави селекторот на Велс, Крег Белами.

Прес-конференцијата на нашата репрезентација е закажана за 19.15 часот.


Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20:45 часот) ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со нерешен резултат или победа на гостувањето во Кардиф против Велс, нашиот национален тим ќе го обезбеди второто место во групата, што значи и поповолен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.

Капитенот Енис Барди е убеден дека Македонија има сили да се справи со притисокот и предизвикот што ги очекува, и покрај тоа што атмосферата во Кардиф ќе биде силно наклонета кон домаќините. Тој истакна дека поддршката на навивачите од Македонија ќе биде нивниот најголем мотив.

„Секогаш нагласувам дека треба да уживаме во секој момент, најпрво затоа што имаме чест да ја претставуваме нашата земја, а потоа и затоа што знаеме дека сите луѓе дома се со нас. На трибините можеби ќе имаме малку навивачи, но во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила. Не очекува тежок дуел, но сме подготвени да дадеме вистински одговор“, изјави капитенот Барди.


Милевски: Подготвени сме за ова што следува, да уживаме и да ја исполниме целта

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20:45 часот) го игра последниот натпревар од квалификациите за СП 2026. Доколку успееме да избегнеме пораз на гостувањето во Кардиф против Велс, ќе го обезбедиме второто место во групата и ќе добиеме на хартија полесен противник во плејофот за пласман на Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски е убеден дека тимот има сила да се справи со предизвикот и да ја оствари поставената задача.

„Подготвени сме за ова што следува. Нѐ очекува натпревар што решава многу, но мојата порака до играчите е да го одиграат со уживање. Велс е силна репрезентација со одличен селектор, но двете екипи се практично исти како на првиот меч во Скопје. Имам доверба дека ќе дадеме вистински одговор и дека ќе ги реализираме нашите цели“, истакна селекторот Благоја Милевски на прес – конференцијата пред натпреварот.


Франција и Хрватска два последни спаринг партнери на Бразил на Анчелоти

Бразилската репрезентација ќе игра пријателски натпревари против Франција и Хрватска. Натпреварите ќе се одржат во март 2026 година во САД – во Бостон и Орландо.

Договорите се веќе потпишани и се очекува да бидат објавени по натпреварот на Бразил против Тунис на 18 ноември.

На пријателските натпревари против Франција и Хрватска, бразилската репрезентација ќе ги носи дресовите што ќе ги носи на Светското првенство во 2026 година – жолти против Франција и сини против Хрватска.


Конго ја елиминира Нигерија и ќе игра интернационален мундијалски плеј-оф

Фудбалерите на ДР Конго се квалификуваа за интерконтиненталниот плејоф за Светското првенство, откако ја победија Нигерија во финалето на африканскиот плеј-оф во Рабат..

Во финалниот меч од плејофот, Конгоанците ја победија Нигерија по изведувањето пенали.

По 120 минути, резултатот беше 1-1, а Конго потоа славеше по шест серии пенали со 4-3.

Конго има шанса по прв пат да настапи на планетарната смотра под ова име. Тие учествуваа во 1974 година во Германија, но тогаш под името Заир и ги претрпеа сите три порази во групата.

Нигерија поведе во третата минута со голот на Френк Оњека, а Машак Елија израмни во 32-та минута.

Во втриот дел селекторот на Нигерија изврши неразбирливи измени. Најдобриот играч Осимен во соблекувалната го остави по првиот дел, а во раната фаза од второто полувреме од игра ги извади Чуквуезе, Лукман и Ивоби.

Конгонаците во вториот дел и продолженијата беа подобриот ривал, имаа неколку панси кои не ги искористија.

Во пенал серијата, во основниот дел двете репрезентации не реализираа по два пенали, а во шестата херој на Конго стана резервниот голман Фајула (влезе во игра во 120-та минута). Тој го одбрани пебалот на Сами Аџаји.


Лацио добива проверено засилување, се договори со Инсиње

Лоренцо Инсиње, поранешен капитен на Наполи, одреден период е без клуб, а според медиумите тој ќе се врати во Италија.

Италијанските медиуми на големо пошуваат дека поранешниот репрезентаивец и европски првак со азурите ќе стана нов член на Лацио.

„Лацио го сака Инсиње поради неговите технички карактеристики. Проблемот е што трансферите на клубот се блокирани. Ќе видиме што ќе се случи. Работиме на тоа веќе некое време, а има и некои други ситуации“, рече неговиот менаџер, Андреа Дамико, кој наговести дека ќе се случи трансфер.

„Блиску сме, но нема да ви дадеме ексклузива“, рече тој.

Инсиње веќе одби две понуди во лето, чекајќи нова соработка со Маурицио Сари.

„Инсиње заслужува да игра на високо ниво. Секој сака млад играч кој подоцна може да се продаде и да оствари профит. Но, иако има 34 години, тој е играч кој може да ги направи подобри своите соиграчи“, рече Дамико.


Кејн: Ова е најсилната Англија во историјата

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека актуелниот состав е еден од најдобрите во историјата на „Гордиот Албион“ и дека ќе биде еден од фаворитите на Светското првенство следната година.

„Изградивме нешто и имавме одлична година со новиот тренер (Томас Тухел), а сега се радуваме на она ѓто не чека во 2026 година. Мислам дека ова е најдобриот тим што некогаш сме го имале. Кога ќе го погледнете почетниот состав и клупата, мислам дека ќе бидеме еден од фаворитите на Светското првенство. Мораме да го прифатиме тоа. Тоа се случува веќе неколку турнири и е составен дел од играта“, рече Кејн по натпреварот со Албанија за британскиот ИТВ.

Фудбалерите на Англија ја победија селекцијата на Албанија со 2:0 во Тирана, во последниот натпревар од осмото коло од квалификациите за Групата К за Светското првенство.

Англија ја заврши групната фаза со сите осум победи, со максимални 24 бода, со гол-разлика од 22:0.

Двата гола во победата над Албанија ги постигна 32-годишниот Кејн, кој сега има учинок од 78 гола за репрезентацијата на 112 одиграни натпревари.


Барса се враќа дома: новата ера на Камп Ноу започнува овој викенд

Inside view of the Camp Nou

По повеќе од две и пол години неизвесност и градилишта, Барселона конечно се враќа на својот легендарен дом. Оваа сабота, против Атлетик Билбао во Ла Лига, каталонскиот клуб ќе го отвори обновениот „Спотифај Камп Ноу“, стадион кој сега нуди модерни содржини и значително подобрено искуство за навивачите, со амбиција да стане едно од водечките фудбалски места во светот.

Натпреварот е многу повеќе од обична првенствена средба. Тој претставува симболично враќање, момент на обединување меѓу клубот и навивачите. Претседателот Хоан Лапорта за време на неодамнешниот отворен тренинг не ја криеше гордоста што фудбалерите и публиката повторно можеа да го почувствуваат духот на својата вистинска домашна сцена. Реконструкцијата, како што нагласи, е инвестиција во иднината и во генерациите што доаѓаат.

Враќањето на Камп Ноу доаѓа по месеци исчекување и административни процедури за добивање конечна дозвола за одигрување натпревари. Клубот е во финална фаза на усогласување со градските власти, а навивачите нетрпеливо го очекуваат првиот натпревар во новото, модернизирано светилиште на Барса, место каде што историјата и современоста конечно се среќаваат.


Ѓоковиќ го сруши историскиот рекорд на Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, 24-кратен шампион на Гренд слем и поранешен светски број 1, ја заврши сезоната во топ 4 на АТП ранг-листата по 16-ти пат во својата кариера.

На крајот од 2025 година, Ѓоковиќ ја задржа својата четврта позиција на светската ранг-листа и постави нов рекорд за најмногу сезони во топ 4. Овој рекорд претходно му припаѓаше на Швајцарецот Роџер Федерер (15 сезони во топ 4).

Оваа сезона, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на сите Гренд слем турнири. Тој исто така освои два АТП 250 турнири во Женева (Швајцарија) и Атина (Грција).


Микел Ојарзабал: подценет лидер на Шпанија кој заслужува повеќе признание

Frontview of Mikel Oyarzabal holding the ball and pointing his finger while playing for Spain

Тешко е да се најде играч кој е поподценет од Микел Ојарзабал во светскиот фудбал. Неговото влијание на репрезентацијата на Шпанија е постојано и недвосмислено. Него го нарекуваат еден од најдобрите фудбалери кои не добиваат доволно внимание, а неговиот последен настап само ја комплементира оваа теза.

Ојарзабал даде 2 гола и асистираше за уште еден против Грузија. Но, ова не е само поединечен подвиг, тоа е само дел од импресивната серија што ја одржува во последните 8 натпревари за националниот тим.

Во тие натпревари, статистиките на Ојарзабал се импресивни: 2 гола против Холандија, 2 асистенции против Франција, голови против Португалија, Бугарија (два пати), Грузија (два пати), и 3 асистенции против Турција. Но, неговото влијание на теренот не се сведува само на бројки. Шпанецот е постојан двигател на нападите на Шпанија со својата креативност и прецизност при завршувањето на акциите. Неговиот настап во квалификациите за Светското првенство зборува многу за неговата подготвеност да биде лидер на најголемата сцена.

Почитувањето за Ојарзабал е долгот за кој сè уште не се зборува доволно. Неговата способност да игра клучна улога во важни моменти, од голот од слободен удар против Грузија до неговите одлучувачки голови во други клучни натпревари, го прават еден од најпотценетите фудбалери во светот.