feature

Рекордите на Халанд: Голови на осум репрезентативни меча по ред

Напаѓачот на Манчестер Сити и Норвешка, Ерлинг Халанд, постигна два гола во победата од 1-4 над Италија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година, со што ја продолжи својата серија голови во квалификациските натпревари за Светското првенство на осум натпревари.

Според „Mister Chip“ , ова е втората најдолга серија голови во историјата на квалификациите за Светското првенство во Европа. Рекордот му припаѓа на Португалецот Педро Паулета , кој постигна голови во девет последователни натпревари помеѓу 2001 и 2004 година.

Вреди да се напомене дека норвешката репрезентација обезбеди директен пласман на Светското првенство во 2026 година со освојувањето на првото место во групата со Италија, Молдавија, Израел и Естонија, победувајќи на сите осум натпревари со гол-разлика од 37-5.

Покрај тоа, 25-годишниот Халанд е огромен лидер во трката за најдобар стрелец во квалификациите за Светското првенство во УЕФА 2026 година со 16 гола, осум повеќе од неговите најблиски ривали.


Синер го победи Алкараз во финалето на Завршниот АТП турнир

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои завршниот АТП турнир во Торино. Во финалето, вториот светски тенисер го победи првиот рекет Шпанецот Карлос Алкараз со 7-6 (7-4) и 7-5.

Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Италијанецот сервираше 8 аса, направи 5 двојни грешки и реализираше 2 од 2 брејк топки. Шпанецот погоди 5 аса, не се соочи со двојни грешки и реализираше 1 од 3 брејк топки.

Дваесет и четиригодишниот Синер го освои Завршниот турнир втора сезона по ред, победувајќи го Американецот Тејлор Фриц во финалето во 2024 година. Италијанецот сега има 24 АТП титули во поединечна конкуренција.

Дваесет и двегодишниот Алкараз е исто така победник на 24 АТП турнири. Тој го играше своето прво финале на Завршниот турнир./


Касемиро: Нејмар треба да игра за Бразил како што Меси играше за Аргентина

Фудбалерот на Бразил, Касемиро, апелира неговиот соиграч Нејмар да се користи во репрезентацијата на „кариоките“ на истиот начин како што Аргентина го искористи Лео Меси на Мундијалот во 2022 година.

„Можете да го оставите Нејмар и да играте околу него. Не е како тој само да стои таму а ние да трчаме наоколу – не, не функционира така.

Аргентина играше така: Хулијан Алварез се спушти длабоко, а Меси играше како лажна деветка. Тимот се бранеше со низок блок а Меси стоеше напред“, потенцираше играчот на Бразил.


Линекер не верува премногу во шансите на Англија на Мундијалот

Легендарниот напаѓач на Англија, Гери Линекер вели дека „трите лава“ ќе имаат тежок период на Светското првенство.

„Шпанија е меѓу главните кандидати. Тие имаат фантастичен тим. Англија има многу добри играчи и шанси но, како што знаеме, многу е тешко за нашата земја да го освои Светското првенство.

Исто така мислам дека Франција и Аргентина имаат шанса“ , потенцираше некогашниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.


Пеп го сака назад Ечевери во Манчестер уште во јануари

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размилува да ја прекине позајмицата на Клаудио Ечевери во Баер Леверкузен и да го врати во Англија.

Во август, германскиот клуб го потпиша 19-годишниот играч од средниот ред на „граѓаните“ на едногодишна позајмица. Луѓето од „Етихад“ не се задоволни од минутажата што ја добива младиот играч и затоа сакаат да разговараат со колегите од Германија.

Весникот – „Билд“ тврди дека Ечевери веројатно ќе се врати во Манчестер во текот на зимскиот трансфер период во јануари.


Пелистер го доби дербито во Куманово

Кошаркарите на Пелистер експресно се вратија на победнички патеки во Супер-лигата, оставајќи го зад себе поразот од МЗТ минатиот викенд со одлична победа на гостувањето против Куманово со резултат 79-87.

Кумановчани имаа перфектен ефект дома во досегашниот дел од сезонава, вечерва за првпат имаа и поддршка од своите верни навивачи на трибините, но тоа беше само мотив плус за „пелистерци“ со одлична игра да го земат скалпот на овој незгоден ривал.Стајиќ ги постигна првите поени на натпреварот, по што центарот Вилсон нанижа седум поени во серија и донесе водство од 6-9. Куманово возврати и поведе со 14-11, но Пелистер имаше одговор за оваа мини-серија на противникот, подобро завршувајќи ја четвртината и поведувајќи со 22-24 со серијата од седум поени на Дејвис и Прајс. Вториот период беше и најслабиот на овој меч на „пелистерци“, во кој на противникот му беше дозволено да доминира (27-16) и на одмор да замине со водство од 49-40.

Пелистер ја покажа својата големина во второто полувреме, во кое „зелено-белите“ собраа сили за целосен резултатски пресврт. Клучна се покажа одличната одбрана во финишот од третата четвртина во која Пелистер четири минути не прими кош, правејќи целосен пресврт и поведувајќи со 62-67 на осум минути до крајот.

Кумановчани се обидоа да се вратат, но Пелистер секогаш имаше одговор, најпрвин преку Стајиќ, потоа и преку Крстевски осигурувајќи си ја оваа голема победа. Ленгстон Вилсон со 21 поен беше прв стрелец во овој триумф, 16 имаше Стајиќ, 15 Дејвис, а двоцифрен беше и Малешевиќ со 12 поени.


Македонија до 19 година поразена од Португалија на квалификацискиот турнир за Елитна фаза

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години го запиша вториот пораз во квалификациите за пласман во Елитна фаза квалификации за Европското првенство. Домаќинот на турнирот, репрезентацијата на Португалија славеше со 4-1 од Португалија.

Силната португалска селекција уште еднаш го потврди својот квалитет и пред домашната публика беше пресилен противник за нашите млади надежи.

Во првото полувреме, Патрао, Силва и Соареш ја погодија нашата мрежа за високо водство. По одморот, Тровиско зголеми на 4-0, по што Македонија успеа да намали преку фудбалерот на Вардар, Емир Шаботиќ, кој погоди во 71. минута.

За Македонија ова беше втор пораз, по стартниот меч со Белгија. Нашата селекција ќе го заврши квалификацискиот циклус со дуелот против Естонија, која досега одигра два нерешени натпревари, против Португалија и Белгија (1-1).


Макеле главен судија на натпреварот против Велс

Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Кардиф против Велс ќе го одигра решавачкиот натпревар за освојување на втората позиција во квалификациската група за пласман на Светскиот шампионат.

Со оглед дека ова е дуел кој директно решава која од двете селекции ќе обезбеди место во баражот, УЕФА го делегираше еден од најдобрите арбитри во Европа.

Главен судија е Холанѓанецот, Дани Макеле, а ќе му помагаат Хесел Стегстра и Јан де Фрис. Четврти арбитар е Марк Нагтегал.

Холандска двојка ќе биде и во ВАР собата, а таму се делегирани Пол ван Бокел и асистентот Рихард Мартенс.

Четириесет и две годишниот полициски службеник од Дордрехт, кој знакот на ФИФА го носи од 2011-тата судел на Светскиот куп во Катар 2022 и на последните два Европски шампионати.

Бил делегиран на финалето во Лигата на шампионите пред пет години меѓу ПСЖ и Баерн како на финалето во Лига Европа во кое се соочија Севилја и Интер,

Макеле три пати бил главен арбитар на мечеви во кои настапила репрезентацијата на Македонија.

Во 2016-тата во Скопје на натпреварот во кој Италија ја совлада нашата селекција со 3:2. Три години подоцна на дуелот Македонија – Словенија исто така во Скопје кога славевме со 2:1 и во 2021-та на мечот на арената Тодор Проески против Германија во кој гостите триумфираа со 4:0.

Холанѓанецот е еден од најискусните судии на Стариот континент. Во кариерата има 750 натпревари од кои 362 во националниот шампионат, 54 во Лигата на шампионите, 18 во Лига Европа, а 31 пат бил делегиран на квалификациски мечеви за пласман на Светските и Европските шампионати.


Белами: Не смееме да ја потцениме Македонија

Велс во натпреварот во вторник во битката за втората позиција во баражот против Македонија ќе биде без двајца клучни играчи. Итан Ампаду и Џордан Џејмс, но селекторот Крег Белами не гледа простор за паника.

Тој потсетува дека велшаните ги очекува исклучително тежок предизвик и не ја потценува Македонија.

„Ќе биде тежок натпревар против Македонија. Тие имаат добри резултати, а за нас најважно е да создаваме шанси и да бидеме трпеливи. Ќе се прилагодиме без Џејмс и Ампаду, имаме голема група на фудбалери“, истакна Белами.

Натпреварот помеѓу Велс – Македонија е закажан за 18 ноември во Кардиф, со почеток од 20:45 часот.


Белорусија ја изненади Данска и ја искомпликува групата

Драмата во групата Ц, за пласман на Светското првенство ќе продолжи до самиот крај.

Данска и Шкотска се репрезентациите кои во претпоследното коло влегоа со 10 поени. На Днците им требапе победа, но кикснаа во Копенхаген против Белорусија, додека Шкотите загубија во Атина од Грција.

Грците ги победија Шкотланѓаните со 3-2 (1-0) во возбудлив натпревар, домашната екипа немаше што да изгуби, а избраниците на Иван Јовановиќ успеаја да слават голема победа на крајот, победа која дава самодоверба и ништо повеќе од тоа.

Грција нема шанси да се пласира во следната фаза, Шкотланѓаните ќе бараат победа во последното коло против Данска за да се квалификуваат за Светското првенство. Реми ќе им одговара на Данците.

Данците, против аутсајдерот Белорусија запошнаа според планот, со гол на Дамсгард во 11. минута.

Вистонски шок фаворитите доживеаја во вториот дел. Два гола постигнаа Белорусите за само три минути. Стрелци беа Громико и Демченко.

Напаѓаше Данска до самиот крај, но само успеа да избегне пораз со голот на Исаксон во 79-та минута.

За три дена во решавачкиот меч, Шкотска ќе ја пречека Данска.