feature

Маркез избори пол-позиција во Италија

Марк Маркез ја обезбеди пол-позицијата во Муџело. Шпанецот прв ќе ја стартува спринт трката попладнево на кулната патека и ќе стартува прв утре во главната трка. За возачот на Дукати ова беше јубилејната 100. пол-позиција во кариерата.

Марк стигна до првата стартна позиција со време од 1:44.169. Веднаш до него на стартот ќе биде тимскиот колега, двократниот шампион Франческо Пеко Бањаја. Италијанецот имаше послаб резултат за 59 илјадити делови од секундата.

Помладиот од браќата Маркез, Алекс, возач на Гресини Дукати (+0,083) ќе стартува трет.

Првите десет во квалификациите ги комплетираа Фабио Квартараро, Маверик Вињалес, Франко Морбидели, Фабио ди Џанантонио, Педро Акоста, Алекс Ринс и Марко Бечеки.

Спринт е закажан за сабота во 15 часот.


Договорот е комплетен, Зубименди пред промоција во северен Лондон

Арсенал наскоро ќе го комплетира првиот трансфер во летниот преоден рок. Како што се најавуваше во изминатите два месеци, во тимот на Микел Артета доаѓа Мартин Зубименди.

Шпанскиот репрезентативец, пристигна во Лондон за да го комплетира својот трансфер од Реал Сосиедад во Арсенал, објави „Атлетик“.

26-годишниот играч од средниот ред треба да ги договори деталите пред договорот официјално да биде финализиран.

Инсајдерот, Фабрицио Романо во петокот објави дека Арсенал ќе плати 65 милиони евра


Бетис се откажа од идејата да го откупи Антони

Повеќе фудбалски екипи се заинтересирани за потписот на Ентони кој во претходната сезона играше како позајмен во Бетис.

Бразилецот кој е во сопственост на Манчестер Јунајтед сака да остане во Шпанија но, неговиот сегашен состав не може да си дозволи од финансиска гледна точка да му го откупи договорот. Во исто време, англискиот тим сака по секоја цена да го продаде фудбалерот за да се ослободи од неговата висока плата.

25-годишниот играч добива околу 200 илјади фунти неделно со тоа што двата клуба покриваат по една половина.


Ковач: Жештината е голем противник на европските екипи

Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, верува дека европските тимови се во неповолна положба на Светското клупско првенство поради високите температури во Соединетите Американски Држави.

„Клубовите од подалеку на југ имаат голема предност поради жештината.

Мечот во Синсинати ќе се игра на пладневна жештина. Можете да замислите што значи тоа за играчите. На теренот е за два или три степени потопло“, рече Ковач.

Временската прогноза предвидува температури од 34 степени.


Алонсо нема да ризикува, Мбапе ќе ја скокне и Пачука

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, нема да се појави и на вториот меч на Светското клупско првенство во САД.

Новиот тренер на „кралевите“, Чаби Алонсо, не сака да ризикува со брзоногиот напаѓач и ќе го изостави од списокот за мечот со Пачука. Ќе потсетиме дека Мбапе беше хоспитализиран поради стомачни проблеми.

Според шпанските медиуми, тој може да се појави на теренот дури на 27 јуни во последното коло кога „кралевите“ ќе играат со РБ Салцбург на стадионот во Филаделфија.


Дарвин Нуњез опција за нападот на Наполи

Наполи ги продолжува своите обиди да го привлече напаѓачот на Ливерпул Дарвин Нуњез. Уругваецот е избор број еден на тренерот на шампионот на Италија, Антонио Конте, за засилување на нападот.

Нуњез е подготвен да се пресели во Наполи, но двата клуба треба да се договорат за сумата на трансферот. Црвените бараат околу 40 милиони фунти, додека во овој момент италијанскиот клуб е подготвен да даде 35 милиони.


Забарни од Борнмут пред потпис со ПСЖ

Иако има тешкотии да го реализира трансферот на украинскиот дефанзивец на Борнмут, Иља Забарни од Борнмут, од Пари Сен Жермен не се откажале од привлекувањето на фудбалери, напиша весникот “Екип”.

Францускиот тим, кој го освои Лигата на шампионите, не успеа да го доведе Забарни пред Светското клупско првенство, но преговорите меѓу двата клуба се обновени.

ПСЖ нуди малку повеќе од 50 милиони евра за правата на одбранбениот играч, додека од клубот од Премиер лигата инсистираат да добијат 70 милиони за правата на 22-годишниот играч. Разговорите се водат од Луис Кампос, со очекување договорот да биде финализиран во наредните денови, а Французите да платат 60 милиони евра за Забарни.


Мурињо го договори Џонатан Дејвид за Фенербахче

Поранешниот фудбалер на Лил, Џонатан Дејвид, најверојатно ќе го засили Фенербахче, пренесуваат релевантните турски медиуми.

Овој убоен канадски напаѓач некогаш го посакуваше Барселона, а до пред неколку дена беше во врска со Интер, Наполи и Јувентус, но изгледа дека Жозе Мурињо го убедил да се пресели во најголемиот турски град и да му помогне на Фенер да ја донесат шампионската титула, која овој клуб ја чека уште од 2014 година.

Наводно, сè е договорено со Дејвид, кому на крајот на сезоната му истече договорот со Лил.

Новинарите блиски до Фенербахче пишуваат дека Дејвид ќе потпише тригодишен договор за плата од 10 милиони евра по сезона.

И не само тоа, се очекува дека Фенер ќе му плати 15 милиони евра само за потпис на договорот.

Дејвид играше за Лил од 2020 година, а за пет години запиша 178 настапи и постигна 87 голови за францускиот клуб. Со Лил во 2021 година беше државен шампион.


Адеми го напушти Динамо и потпиша за унгарски Ујпешт

Аријан Адеми ја затвори својата долга етапа во Динамо Загреб. Македонскиот репрезентативец и доскорешен капитен на „модрите“ постигна договор за спогодбено раскинување на договорот што важеше до летото 2025 година, а кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот прволигаш Ујпешт.

Клучна улога во неговиот избор одигра тренерот Дамир Крзнар, поранешниот стратег на Динамо, кој сега го води тимот од Будимпешта. Иако се шпекулираше за неколку опции од регионот и Блискиот Исток, Адеми реши фудбалската приказна да ја заокружи во соседството.

Адеми стигна во Динамо во 2010 година од Шибеник, а по кратка позајмица во Локомотива, брзо се етаблираше како важна алка во средниот ред. Со својата борбеност и посветеност ја доби капитенската лента, а остана запаметен и по тешките моменти во 2015 кога доби четиригодишна суспензија поради позитивен допинг тест на мечот со Арсенал. Подоцна успеа да ја намали казната на две години, докажувајќи дека супстанцата не била земена намерно.

Во 2023 имаше кратка епизода во Пекинг Гуоан, но по неколку месеци повторно се врати во Динамо, кој му даде шанса да ја заокружи кариерата таму каде што стана легенда. Во последната сезона имаше скромна минутажа и често беше цел на критики од навивачите.

За „модрите“ одигра вкупно 420 натпревари, постигна 27 гола и запиша 24 асистенции. Со клубот освои 12 шампионски титули, 6 Купа и 4 Суперкупа.


Марк Геи од Кристал Палас на чекор до „Енфилд роуд“

Ливерпул си подале рака со Борнмут за трансфер на Милош Керкеш и продолжуваат да работат на тимот за новата сезона, следна цел е Марк Геи од Кристал Палас.

Ливерпул веќе го ангажираше Џереми Фримпонг во зделка вредна 35 милиони евра, а во скоро време ќе го потврди и рекордниот трансфер на Флоријан Вирц од 137 милиони евра.

Попладнево голем број на извори објавија дека „црвените“ си подале рака со Борнмут за трансфер на Милош Керкез, левиот бек ќе се пресели на Енфилд за нешто помалку од 50 милиони евра.

Но Ливерпул нема да запре тука и ќе продолжи да работи на тимот за новата сезона, следна цел е Марк Геи од Кристал Палас.

Дефанзивецот е на мета на Арсенал, Челси и Њукасл, но Ливерпул верува дека може да ја победи конкуренцијата.