feature

Аргентина рутински до финале на Копа Америка

Аргентина ја оправда улогата на фаворит во првото полуфинале на Копа Америка и дојде до триумф  од 2-0 против Канада.

Резултатот го отвори Алварез со гол во 22. минута од натпреварот. По само шест минути игра во вториот дел, Лео Меси постигна гол за 2-0, што беше и кончен резултат на мечот.

Аргентина во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.


Белами нов селектор на Велс

Според информациите кои ги пренесува „Би-Би-Си“, легендата на Ливерпул Крег Белами ќе биде нов селектор на Велс.

За Белами ова ќе биде прва работа како главен тренер во сениорска конкуренција. Тој беше помошник на Компани со кого ја делеше соблекувалната во Манчестер Сити, а работеше и во младинските категории на Андерлехт.

Како фудбалер Белами беше дел од бројни англиски клубови како: Норвчич, Ковентри, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем, Манчестер Сити, Селтик, Кардиф и Ливерпул.


Стракоша потпиша за Панатинаикос

Репрезентативецот на Албанија, Томаш Стракоша кариерата по заминувањето од Брентфорд ја продолжува во Грција.

Стракоша потпиша договор на пет години со екипата на АЕК. Стрaкоша е роден во главниот град па за 29-годишниот чувар на мрежата ова е враќање дома.

Во Италија, Старкоша остави трага бранејќи за Салернитана и Лацио на 164 натпревари во кои на 48 ја сочува својата мрежа. Во редовите на Брентфорд, беше резервен голман, а во Грција пристигнува како слободен агент.


Петит: Мбапе не е достоен за капитен

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Емануел Петит го критикуваше капитенот на „галските петли“, Килијан Мбапе за неговиот настап на ЕП.

„Мбапе мора да игра на следниот меч, но само затоа што противник е Шпанија. Против Португалија беше заменет на паузата во продолженијата кога требаше многу порано да го заменат. Физички не е добро, а му пречи и скршениот нос. Неговото ниво е недостојно за капитен на тимот. Не презема доволно одговорност на теренот. На ЕП 2024 не го покажува најдоброто од себе“, изјави легендарниот некогашен фудбалер.


Дерозан се обврза на договор со Сакраменто

Американскиот кошаркар Демар Дерозан потпиша тригодишен договор со Сакраменто Кингс.

Дерозан ќе го напушти Чикаго и ќе оди во Кингс, а во замена за него Булси ги добиваат Херисон Барнс,

Крис Дуарте и два пика од втората рунда на драфтот и пари како финална компензација. Дерозан ставил потпис на тригодишен договор вреден 70 милиони долари.


Македонија ќе има три претставници во АБА2 лигата

Македонија следната сезона ќе има три претставници во второлигашката конкуренција во АБА лигата.

Освен шампионот МЗТ Скопје и вицешампионот Пелистер, во АБА-2 лигата ќе игра и екипата на Работнички, која го освои третото место во македонската лига.

Сега се познати и шеширите за новата сезона, која ќе се игра по нов формат, со четири групи со по четири екипи и со натпревари дома-гости.

Ждрепката за новата сезона во АБА-2 лигата ќе биде извршена на 15 јули.


Руските борачи ги бојкотираат Олимписките игри

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) има строги критериуми во однос на учеството на руските спортисти.

Шест членови на руската боречка репрезентација, меѓу кои и Абдулрашид Садулаев, борец во слободен стил и олимписки шампион во Рио 2016 и Токио 2021 година, не ги поминаа критериумите, па поради оваа причина, колегите кои обезбедија учество ќе г0 бојкотираат турнирот во Париз.

„Не ги прифаќаме неспортските принципи на селекција според кои ИОК го состави списокот на спортисти со право на учество, бидејќи е донесен со очигледна цел да го поткопа нашиот тим“, е дел од соопштението на Боречката федерација на Русија.


Меси подгтотвен за полуфиналето со Канада

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ќе биде подготвен за вечерашното полуфинале на Копа Америка против Канада во Њу Џерси, изјави селекторот на репрезентацијата Лионел Скалони.

Меси се врати на теренот во четвртфиналето против Еквадор, откако го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради повреда. Тој го одигра целиот натпревар, но изгледаше дека не е подготвен физички.

37-годишната ѕвезда на Интер Мајами промаши пенал за време на настапите на стадионот Хјустон.

„Лео е добро, ние сме мирни околу тоа. Неговото ниво на физичка состојба е добро, тој е клучен играч за нас“, призна Скалони.


Куман останува селектор на Холандија до 2026 година

Селекторот на Холанија, Роналд Куман изјави дека се гледа себеси како селектор на „лалињата“ уште неколку години. Претходно по разочарувачкиот пораз од Австрија тој самиот отвори простор за заминување од кормилото по ова ЕП.

„Сега за сега, како што изгледа ќе продолжам да бидам селектор. Мислам дека не можат повеќе да се ослободат од мене“, изјавил Куман, напоменувајќи дека планира да ја води Холандија и на Светското првенство во 2026 година.

Медиумите нагласуваат и дека на Куман му одговара селекторската работа во која нема толку многу обврски како во клупскиот фудбал, пред се поради здравствената состојба на неговата сопруга Бартина, на која и е дијагностициран рак на дојка.


Кехинде од Гостивар се сели во Струга

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга ТЛ донесе уште едно големо засилување во пресрет на новата сезона. Од вчера ново засилување за стружани е Ланре Кехинде, кој е еден од деветте нови фудбалери кои ќе играат за Струга во новата сезона.

Нигериецот се сели крај езерото од екипата на Гостивар, каде настапуваше минатата сезона. Според информациите, тој со Струга ТЛ потпиша договор на една сезона.

Минатата сезона во ПМФЛ, Кехинде постигна 12 гола и забележа пет асистенции во 23 натпревари. Стружани денеска заминуваат за Братислава каде утре ќе го одиграат првиот меч против Слован во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.