Манчестер Јунајтед, наводно, успеал да направи неколку конкретни разговори со агентот на напаѓачот на Ипсвич Таун, Лиам Делап, околу можноста за преселба на младиот фудбалер на „Олд Трафорд“ ова лето.
Англискиот репрезентативец до 21 година импресионираше со настапите за Ипсвич оваа сезона, постигнувајќи десет голови во Премиер лигата и покрај севкупните проблеми на неговиот тим.
Не е премногу изненадувачки фактот дека големите клубови го следат Делап, а на Манчестер Јунајтед во трката за него му се придружија и Ливерпул и Челзи, кои исто така имаат свои планови за евентуалниот трансфер на младиот голгетер.
Сепак, една од предностите што „црвените ѓаволи“ би можеле да ја имаат во преговорите со него е присуството на техничкиот директор Џејсон Вилкокс, кој добро го познава Делап од нивното време заедно во Манчестер Сити.
Милан ќе добие нов директор, Фабио Паратичи се враќа во италијанскиот фудбал
Фабио Паратичи е многу блиску до назначување за спортски директор на Милан.
Извршниот директор на „росонерите“, Џорџо Фурлани отпатува за Лондон за да се сретне со поранешниот спортски директор на Јувентус и Тотенхем.
Договорот со Паратичи би можел да биде склучен уште денеска, пренесува новинарот Пепе Ди Стефано. Фабио Паратичи имаше слична улога во Тотенхем од 2021 до 2023 година. Во 2023 година, тој доби 2,5-годишна суспензија за финансиска измама додека работеше во Јувентус. Суспензијата наскоро истекува и тој ќе може да се врати на фудбалска функција.
Кејн: Мојот сон е да ја освојам Лигата на шампионите
Најдобриот стрелец во Бундеслигата, Хари Кејн сонува да ја освои Лигата на шампионите со Баерн (М). Во очекување на четвртфиналните дуели, Англичанецот не крие дека силно посакува на крајот на сезоната да го крене победничкиот пехар во своите раце.
„Освојувањето на Лигата на шампионите е сон. Сонот на целиот мој живот. И оваа година имаме можност да го направиме тоа, дома, пред нашите навивачи. Мислам дека таква победа би била уште поспецијална. Ни претстои голем двомеч, тежок натпревар во четвртфиналето против Интер, затоа треба да бидеме подготвени. Знаеме дека ако е наш ден, можеме да победиме секого. Имаме доволно силен тим за да го направиме тоа, но главната работа е да бидеме константни во двата меча, а потоа ќе видиме до каде ќе стигнеме.
Но секако, знаејќи колку е важно за нашите навивачи финалето кое ќе се одржи во Минхен, тоа на сите ни дава дополнителна мотивација“, изјави напаѓачот на Баерн.
Евротип програма за лојалност
Бидете дел од новата
програма за лојалност на Евротип, преку која ќе имате можност да користите ексклузивни поволности,
привилегии и понуди.
Со секоја уплата
на тикет, користете ја вашата Евротип клуб картичка, собирајте поени и одберете
вредни производи од КС маркетот.
Вашата лојалност и доверба заслужуваат награда. Со Евротип добивате секогаш повеќе. Сите потребни информации околу програмата за лојалност ќе ги пронајдете на следниов линк https://ksgroup.mk/loyalty/
ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА KS GROUP LOYALTY
ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ
Програмата за лојалност “KS Group Loyalty” е дизајнирана да
им користи на корисниците во повеќе компании. Моментално учество во
програмата за лојалност имаат Евротип обложувалниците. Во иднина, Програмата за
лојалност може да се прошири и да вклучи дополнителни компании.
ЕВРОТИП LOYALTY КОРИСНИЦИ
Програмата за лојалност е исклучиво достапна за корисниците
кои се регистрирале и добиле картичка за лојалност преку уплатно-исплатните
локации на Евротип обложувалниците. Тоа им овозмужува на сопствениците на
картичка за лојалност да заработуваат поени врз основа на нивната историја на
тикети, уплата, исплата и останати промотивни кампањи.
ЗАРАБОТУВАЊЕ ПОЕНИ ЗА ЕВРОТИП КОРИСНИЦИТЕ
Корисниците кои поседуваат картичка за лојалност во Евротип
обложувалниците заработуваат поени преку нивното обложување на следниот начин:
Поени
се доделуваат за секој тикет со минимален вкупен коефициент од 1,50
За
секој квалификуван тикет, 5% од износот на уплатата се кредитираат на
сметката за лојалност на KS Group Loyalty во форма на поени. Пример: Тикет
со уплата од 100 денари со вкупен коефициент 1,50 или поголем заработува 5
поени (5% од 100).
Облозите
направени на тикети со коефициент под 1,50 не се квалификуваат за поени.
Максималниот
износ на поени кој може да се заработи од еден тикет изнесува 1000 поени.
Поените
се евидентираат, акумулираат и истите се кредитираат на корисничката
сметка еднаш дневно.
НАПОМЕНА: Е-поштата која е регистирана и се користи на
Евротип картичката за лојалност мора да биде идентична со е-поштата
регистирарана во KS Group програмата за лојалност. Во спротивно корисниците на
Евротип картичка за лојалност нема да акумулираат и заработуваат поени во KS
Group програмата за лојалност.
ОПШТИ ПРАВИЛА НА KS GROUP МАРКЕТОТ
KS Group маркетот („Маркет за лојалност“) е ексклузивна карактеристика
на нашата Програма за лојалност, дизајнирана да ги наградува регистрираните
корисници. Маркетот им овозможува на корисниците да ги заменуваат поените
заработени преку Програмата за лојалност за различни награди, производи или
услуги достапни во каталогот на маркетот.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Само регистрираните корисници на Програмата за лојалност на
KS Group со доволно поени на нивната корисничка сметка можат да го користат
маркетот за лојалност. Поените се непреносливи и немаат готовинска вредност надвор
од Програмата за лојалност.
ПОЕНИ КАКО ЕКСЛУЗИВНО СРЕДСТВО
Маркетот за лојалност работи исклучиво на систем заснован на
поени. Сите трансакции во Маркетот за лојалност се вршат со користење на поени
за лојалност заработени од корисниците преку учество во Програмата за лојалност
на KS Group.
Никакви финансиски плаќања, вклучително, но не ограничувајќи
се на готовина, кредитни/дебитни картички или други монетарни инструменти, не
се прифаќаат или се бараат за пристап или купување производи во маркетот за лојалност.
БЕЗ ФИНАНСИСКИ ТРОШОЦИ
Корисниците не плаќаат парични средства за да набават
производ од маркетот за лојалност. Размената на поени за производи е без какви
било финансиски трошоци за корисникот и нема да се применуваат дополнителни
такси или трошоци надвор од поените потребни за секој производ.
ПРОЦЕС НА КУПУВАЊЕ
Членовите можат да го прелистат каталогот на маркетот за
лојалност и да ги купат достапните производи со размена на наведениот број
поени. Откако ќе се купи производот, поените се одземаат од сметката на
корисникот и не е вклучена парична трансакција во ниту една фаза од процесот.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
KS Group не е одговорен за квалитетот, состојбата,
гаранциите, или перформансите на производите, услугите или наградите понудени
во маркетот за лојалност. Сите производи се обезбедени “како што се”, и сите
прашања поврзани со квалитетот на производот, дефектите или незадоволството
треба да се упатат до производителот или добавувачот на соодветиот производ. KS
Group не нуди поврат на средства, размена или дополнителна поддршка освен
доставата на продуктите.
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ И МАРКЕТИНГ ЦЕЛИ
Согласност за политиката за приватност и маркетинг цели
Со регистрација на Програмата за лојалност, се согласувате
дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за маркетинг цели. Ова
вклучува испраќање на промотивни е-пораки, насочени реклами или понуди што
мислиме дека ќе ви се допаднат.
Информации што ги собираме:
Основни
податоци: Вашето име, презиме, е-пошта и сл.
Активност
на сметката: историја на набавки, заработени поени и преференции што ги
споделувате со нас.
Податоци
за активност: Како комуницирате со нашата веб страница, е-пошта или
промоции (на пр., кликнувања, отворање и сл.)
Како ги користиме вашите информации:
Управување
со програмата за лојалност: да ги следите вашите поени, да набавувате
производи и да управувате со вашата корисничка сметка.
Персонализација:
да ги приспособите понудите, попустите и препораките врз основа на вашите
навики за купување.
Маркетинг
комуникации: да ви испраќаме ажурирања за Програмата за лојалност,
специјални промоции, нови производи или настани преку е-пошта, текстуална
порака или други канали.
Анализа:
да ги разбереме трендовите на корисниците и да ги подобриме нашите
прозводи, услуги и сл.
Познати шеширите за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија
Познати се сите шеснаесет екипи кои ќе играат во четвртфиналните групи на Купот на Македонија во ракомет. Пред ждрепката познати се квалитативните шешири.
Куп на Македонија 2024/25
групна четвртфиналнафаза:
Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април, а завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.
Евролигата жестоко ја казни Црвена Звезда
kosarkas Crvene zvezde na utakmici Evrolige protiv Olimpijakosa Pirej u hali Beogradska arena, Beograd 13.12.2024. godine Foto: Marko Metlas
Kosarka, Crvena zvezda, Evroliga, Olimpijakos Pirej
Кошаркарскиот клуб Црвена звезда соопшти дека Евролигата го казни клубот и затвори дел од белградската Арена за натпреварот против Ефес во 33. коло.
Како што е наведено на сајтот на „црвено-белите“, клубот е казнет поради неспортското и неодговорно однесување на дел од публиката и поединци за време и по натпреварот против Реал Мадрид во минатото коло.
„За натпреварот од 33. коло во Евролигата со Анадолу Ефес, кој е закажан за петок, 4 април, во 20 часот, со одлука на дисциплинскиот судија, која е детално образложена, клубот нема да може да продава билети за 80 отсто од капацитетот на белградска Арена“, се наведува во соопштението.
Црвена звезда исто така во касата на Евролигата ќе мора да уплати и 16.000 евра.
Црвена звезда во петок од 20 часот го пречекува турскиот тим во 33. коло од Евролигата, а натпреварот е од големо значење во битката на двете екипи за плеј-оф и плеј-ин.
Црвено-белите се на деветтото место на табелата со скор 18-14, додека Ефес со истиот учинок е на шестата позиција.
Третолигашот Арминија Билифилд ќе игра во финалето на Купот
Torjubel zum 2:1 durch Maximilian Grosser 19 Arminia Bielefeld, Arminia Bielefeld vs. Bayer 04 Leverkusen, DFB-Pokal, Halbfinale, 01.04.2025 DFB regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video Bielefeld Nordrhein-Westfalen Deutschland *** Goal celebration for 2 1 by Maximilian Grosser 19 Arminia Bielefeld , Arminia Bielefeld vs Bayer 04 Leverkusen, DFB Pokal, Semifinal, 01 04 2025 DFB regulations prohibit any use of photographs as image sequences and or quasi video Bielefeld Nordrhein Westfalen Germany Copyright: xkolbert-press/MarcxNiemeyerx
Членот на третиот ранг на германскиот фудбал Арминија од Билефелд избори пласман во финалето на купот. Во полуфиналниот натпревар, Арминија го победи бранителот на трофејот Баер Леверкузен со 2-1.
На патото до финалето Арминија ги победи Хановер (0-2), а потоа членовите на Бундес лигата: Унион Берлин (0-2), Фрајбург (1-3) и Вердер (1-2).
Домашната екипа по пресврт го елиминира бранителот на трофејот.
Џонатан Та ги доведе „фармацевтите“ во водство во 17. минута, но Мариус Вор одговори само три минути подоцна.
Тимот од Билефелд не застана тука, а до одморот, во третата минута од судиското надополнување, преку Максимилијан Грозер го комплетираа пресвртот против шампионот на Германија.
Во продолжение Арминија можеше да го удвои водството преку Џоел Гродовски. Во финишот Јонас Керскен најпрвин брилијантно го одбрани ударот на Виктор Бонифас, а набрзо Патрик Шик со глава ја погоди стативата.
Бранителот на титулата во Купот не можеше да избегне пораз до крајот на мечот, па Арминија во финалето на 23 мај во Берлин ќе игра со подобриот од дуелот Штутгарт-Лајпциг.
Болоња пред вратите на финалето на Копа Италија
Фудбалерите на Болоња го совладаа Емполи како гости во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија со резултат 0-3.
Јасно е дека реваншот ќе биде само формалност по ваквата демонстрација на силата на тимот на Виченцо Италијано. Болоња игра феноменално во последно време, ова за нив беше шеста последовна победа во сите натпрварувања.
Двоен стрелец за гостите на стадионот „Карло Кастелани“ беше Холанѓанецот Тијс Далинга во 29. и 51. минута.
Претходно, уште еден гол сезонава постигна и најдобриот стрелец на тимот Рикардо Орсолини.
Многу поголема неизвесност се очекува во второто полуфинале, в среда градските ривали Интер и Милан го играат првиот натпревар.
Болоња го освои Купот двапати во својата историја, вториот пат во 1974 година.
Полуавтоматскиот офсајд доаѓа во Премиер лигата на 12 април
Прес-службата на англиската Премиер лига на социјалната мрежа Х објави дека од 12 април ќе биде воведен полуавтоматски систем за откривање офсајд. Нагласено е дека овој систем ќе започне да се применува во 32. коло од натпреварувањето.
Претходно медиумите објавија дека ваквата иновација би требало да помогне да се намали времето за проверка на офсајд позициите со помош на ВАР системот на 31 секунда.
Да потсетиме дека полуавтоматскиот систем за откривање офсајд моментално се користи во италијанското првенство и Лигата на шампионите. За прв пат беше тестиран за време на натпреварите на Светското првенство во 2022 година во Катар.
Од Рома жалат што не го ангажираа Рабио
Поранешниот директор на фудбалскиот состав Рома, Валтер Сабатини, откри дека на времето Французинот, Адриен Рабиот, не и се приклучил на „волчицата“ само поради неговата мајка.
„Единствено жалам за неуспешниот трансфер на Рабиот. Неговата мајка е виновна за тоа. ПСЖ плати 30 милиони евра и таа сакаше да ги добие парите“ – рече Сабатини.
Ќе потсетиме дека Рабиот играше за францускиот состав од 2012 до 2019 година. По завршувањето на договорот замина како слободен во Јувентус.