feature

Партизан и АЕК ќе го преиграат дуелот на неутрален терен

Ракометниот натпревар меѓу Партизан и грчки АЕК во рамките на четвртфиналето на Купот на ЕХФ е одложен поради инциденти во салата Бањица.

По тој повод 24 часа подоцна се огласи и Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Според соопштението на Европската ракометна федерација, реваншот ќе се игра, но на неутрален терен.

„ЕХФ во понеделник одлучи да го премести натпреварот на неутрален терен, ниту во Србија, ниту во Грција. Точната локација и време ќе бидат објавени во догледно време. Со оглед на се она што се случуваше во недела навечер, ЕХФ размислува натпреварот да се одигра без публика. Сепак, ќе биде покрената правна постапка за се она пто се случи во салата на Бањица“, се вели во соопштението.

Натпреварот требаше да започне во 18 часот во салата Бањица, но навивачите на Партизан фрлија неколку топовски удари на теренот, поради што реваншот не започна навреме, а потоа се претвори во двочасовно чекање, откако играчите на АЕК одбија да излезат на теренот.

Ракометарите на Партизан ги молеа своите симпатизери да се вратат во спортските рамки на навивање, но тоа не се случи.

На првиот натпревар во Атина, исто така во многу тензична атмосфера, АЕК го совлада Партизан со резултат 27:22.


Холанѓанецот Стеинс го продолжи договорот со ПСЖ

Ракометниот репрезентативец на Холандија, Лук Стеинс го продолжи догоорот со ПСЖ.

Средниот бек и раководството на ПСЖ се договорија на нова соработка, па така искусниот ракометар во дресот на „светците“ ќе остане најмалку до летото, 2029 година.

Холанѓанецот со ПСЖ имаше договор до 2026, а двете страни одлучија дека продолжувањето на соработката е најдобра опција, па новиот договор ќе го задржи во Париз уште три дополнителни сезони.

Стеинс во ПСЖ пристигна во текот на 2020 година како „медицински џокер“ за Никола Карабатиќ и веднаш ги задоволи критериумите на раководството на клубот.


Роналдо в лето пак ќе заигра за Реал?

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ова лето би можел да се пресели во Реал Мадрид, пренесува „Sky Sports“.

Како што забележува британскиот медиум, 40-годишниот фудбалер сака да игра на Светското клупско првенство во 2025 година, за кое саудискиот клуб не успеа да се квалификува и затоа ја разгледува опцијата да потпише краткорочен договор со Реал Мадрид.

ФИФА ќе отвори специјален трансфер прозорец од 1 до 10 јуни, а Португалецот ќе има можност да потпише договор со „Кралевите“ за еден турнир.

Роналдо му се приклучи на Ал Наср на крајот на 2022 година. Неговиот договор со Саудијците трае до јуни 2025 година.

Португалецот играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година.


Куња заминува од Вулверхемптон во јуни

Ѕвездата на Вулверхемптон, Матеус Куња, најави дека ќе го напушти клубот на лето. Бразилецот призна дека имал можност за тоа уште во јануари, но не го направил овој чекор за да му помогне на својот тим во борбата за опстанок во Премиер лигата.

Моментално „волците“ се веднаш над зоната за испаѓање со освоени 26 бода.

„Имав многу понуди во јануари, но немаше да се чувствувам добро да си заминам. Некои работи се надвор од твоја контрола, но немаше шанси да го напуштам клубот на средината на сезоната, во тешка ситуација во зоната за испаѓање. Сега кога сме блиску до остварување на нашата цел, јасно ми е дека треба да го направам следниот чекор во кариерата“ изјави Куња.

Интерес за услугите на Бразилецот имаше и од лидерите во Премиер лигата, Ливерпул и Арсенал.


Иско: Бетис треба да собира донации за да го задржи Антони

Антони игра како препороден откако од Манчестер јунајтед се пресели во Бетис, вчера имаше уште една одлична партија.

Бразилецот го одигра целиот меч од градското дерби меѓу Бетис и Севиља кој го доби неговиот тим со 2-1.

По мечот стигнаа пофалби за Антони од Иско кој вели дека треба да се обидат да најдат начин како да го откупат.

„Сега ќе ни биде потребно да отвориме сметка за донации за да го откупиме Антони“, рече Иско.

Иако Антони беше разочарување во Манчестер јунајтед, не се очекува дека англискиот клуб лесно ќе го продаде, особено по неговите одлични перформанси во Бетис.


Хамилтон црпи мотивација од Џордан и Али

British F1 driver Lewis Hamilton signs autographs during the Scuderia Ferrari HP Drivers’ presentation event by Unicredit, in Piazza Castello in Milan, on March 6, 2025. (Photo by Piero CRUCIATTI / AFP) (Photo by PIERO CRUCIATTI/AFP via Getty Images)

Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон кажа кои спортисти го инспирираат.

„Мухамед Али и веројатно Мајкл Џордан се оние на кои најмногу гледав како на идоли. Џордан ме импресионираше со неговата упорност и пристап. Али, ми се чини, имаше неверојатна самодоверба. Неговата апсолутна верба во себе беше над сите околности. Сфатив дека треба да ги развијам истите тие особини доколку сакам да станам величина“, изјави Хамилтон за прес-службата на Ферари.

Британецот оваа сезона вози за Ферари. На првите две трки немаше забележителни резултати.

Третата етапа од шампионатот во Формула 1 ќе се одржи од 4 до 6 април во Сузука (Јапонија).


Два премиерлигаши го сакаат Мајк Мењан во своите редови

Премиерлигашки екипи покажуваат интерес за голманот на Милан, Мајк Мењан, објави порталот „Todofichajes“. Два премиерлигашки клуба заинтересирани за голманот Мењан. Според изворот, Челзи и Астон вила сакаат да го донесат во своите редови 29-годишниот голман.

Мењан игра за Милан од 2021 година. Сезонава голманот одигра 41 натпревар на сите турнири, прими 47 гола и 11 пати ја зачува мрежата чиста.

Неговиот договор со италијанскиот тим е до летото 2026.

По 29 кола во Премиер лигата, Челзи е на четвртото место во поредокот со 49 бодови, додека Астон вила е на деветтото место со 45 бода.


Познати паровите од полуфиналето на ФА Купот

Објавени се полуфиналните двојки од англискиот фудбалски ФА Купот 2024/25. Полуфинални парови во ФА Купот:

Нотингем Форест – Манчестер Сити
Кристал Палас – Астон Вила.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на стадионот „Вембли“ во Лондон на 26 и 27 април.


Лазаров: Огромен успех за македонскиот ракомет, тоа ме прави горд

Екипата на Алкалоид се избори за место во полуфиналето од Европскиот куп каде што ќе игра против екипата на Рунар од Норвешка.

По денешната победа, Лазаров не го криеше задоволството.

-Среќен сум и задоволен, можеби се уште не ја чувствувам таа среќа, немаме ни време да се израдуваме за два дена ни започнува плеј-офот во првенството. Но, тоа е така во професионалниот спорт на највисоко ниво. Мислам дека ова е голем успех за самиот клуб, ракометарите и за македонскиот ракомет затоа што еден клуб составен од 95% македонски ракометари и најмногу млади ќе игра полуфинале во едно европско натпреварување. Навистина тоа ме прави горд, се надевам и луѓето во клубот,рече Лазаров.

На момците им честиташе за пожртвуваноста, борбата, играта и пласманот во полуфиналето.

-Во дадени моменти се чувствува дека ни фалат рутина и искуство да бидеме подобри. Како и да е ова огромен успех. Во полуфиналето против Рунар со оние информации што ги имам досега, не сум ги гледал, очекувам атомски ракомет. Се надевам во иднина ќе прикажуваме и подобри изданија, иако свесен сум дека нема да биде лесно затоа што во составот го немаме и нашиот можеби најдобар ракомет, Марко Митев, рече Лазаров.


Леао на радарот на Челзи

Англискиот премерлигаш Челзи покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.

Португалскиот репрезентативец е означен како главна цел на лондонскиот клуб за летниот преоден рок и речиси сигурно ќе испрати понуда за него, пренесува „Калчомеркато“.

Во договорот на 25-годишниот играч со Росонерите има откупна клаузула од 175 милиони евра. Сепак, се тврди дека раководството на Милан би било подготвено да го пушти и за околу 100 милиони евра ова лето.