feature

Рома го доби градското дерби, покажани девет жолти и еден црвен картони

Фудбалерите на Рома славеа победа во римското дерби против Лацио вечерва со 2-0 и со овие три бода дојдоа точно до средина на табелата.

Натпреварот беше решен во првото полувреме кога Рома ги постигна двата гола со кои ја обезбеди победата.

Резултатот го отвори Лоренцо Пелегрини во 10. минута по асистенција на Салемакерс. Само осум минути подоцна и самиот Салемакерс се запиша во листата на стрелци.

Во второто полувреме Лацио беше далеку подобар противник, имаше поголем посед на топката, повеќе удари, додека Рома упати само еден. Сепак, избраниците на Барони не успеаа да го најдат патот до мрежата на Свилар.

Лацио во последните моменти од натпреварот остана и со играч помалку откако исклучен беше Кастељанос.

По 19 одиграни кола Лацио се наоѓа на четвртата позиција со 35 бода, додека Рома е десетта со 23 бода.


Милан му нуди решение на Барса за „случајот Дани Олмо“’

Дани Олмо би можел привремено да се пресели во Милан.

Претходно Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) објавија дека Барселона одбила да го регистрира Дани Олмо. Претходниот истече на 1 јануари.

Според „Кориере дела Сера“, миланскиот клуб на играчот од средниот ред му понудил шестмесечен договор. Договорот вклучува клаузула дека Шпанецот може да се врати во Барселона во јули.

Се истакнува дека ваквата одлука би му овозможила на Милан привремено да се засили, а Барселона да најде излез од тешката ситуација.

Олмо оваа сезона одигра 11 настапи во Ла Лига и постигна пет гола.


Дембеле јунак, ПСЖ го освои Суперкупот на Франција

ПСЖ славеше во борбата за трофејот во Суперкупот на Франција, против Монако, Натпреварот се одигра на стадионот „974“ во Диха.

Од 2013 година, ПСЖ има освоено 11 трофеи во Суперкупот на Франција, вклучувајќи го денешниот, освоен против Монако, во финишот на натпреварот.

„Светците“ не дозволија мечот да биде решен во пенал-рулетот. Во втората минута од судиското надополнување на времето, Дембеле ја искористи перфектната асистенција на Руиз.

ПСЖ беше подобриот противник во текот на целиот натпревар, но во голот на Монако блескаше швајцарскиот голман Филип Кон. Тој ги одбрани првите девет удари кои одеа кон неговиот гол.

Инаку, од 2009 година, финалето на Суперкупот речиси редовно се игра надвор од Франција. Од 2009 до вечерва, Суперкупот не се играше двапати, во 2020 и 2023 година.

Домаќин на турнирот првпат беше Катар, а претходно се играше во Канада (два пати), Тунис, Мароко (двапати), САД, Габон, Кина (три пати), Австрија и Израел (два пати).


Осака предаде, Таусон со титулата во Оукленд

Clara Tauson of Denmark celebrates her match win against Robin Montgomery of USA in the Semi Final match of the 2024-25 Women’s ASB Classic WTA 250 tennis tournament at Manuka Doctor Arena, Auckland, New Zealand on Saturday 4 January 2025. Photo: Alan Lee / Photosport

Кога се чинеше дека Наоми Осака со голем стил се враќа на ВТА турнејата, четирикратната Грен слем шампионка ја погоди нов пех.

Поранешната тенисерка број еден во светот мораше да и го предаде мечот на Данкина Таусон во финалето на Оукленд (Нов Зеланд) во моментот кога го доби првиот сет со резултат 6-4.

Првите информации говорат дека се работи за болка во долниот дел на грбот, а повеќе информации за повредата и дали ќе може да настапи на Австралија опен кој започнува на 12 јануари ќе бидат познати во следните неколку дена.

Осака веќе беше надвор од терените три месеци поради проблеми со грбот, откако се повреди на кинеската турнеја во октомври 2024 година. Ова беше нејзино прво финале по Мајами 2022 година кога загуби од Ига Швионтек.

Што се однесува до Таусон, ова е нејзина трета титула во кариерата, прва од 2021 година.


Хрватката Љутиќ победи на слаломот во Крањска Гора

Хрватската скијачка Зринка Љутиќ е победничка на слаломот од Светскиот куп што се одржа во словенечка Крањска Гора. Ова беше втора последователна победа на 20-годишната Хрватка откако минатата недела славеше во Семеринг, Австрија.

Љутиќ и Швајцарката Венди Холденер го поделија првото место по првото возење. Следеше драматично второ возење, а иако Холденер извозе и одличен втор круг, Љутиќ беше побрза за 16 стотинки за големо славје на армијата хрватски навивачи кои пристигнаа во Словенија.

Третото место го зазеде Швеѓанката Ана Свен Ларсон.

Љутиќ сега е лидер во слалом со 309 бодови, четири повеќе од Швајцарката Камила Руст.


Се разделија Кожув и Филип Деспотовски

Филип Деспотовски повеќе не е тренер на Кожуф. Тој на социјалнте мрежи потврди дека се разделил со второлигашот од Гевгелија. Причината за ова се недоволните услови кои клуб ги понудил, кои пак не се складни со амбициите.

Кожуф првиот дел од сезоната го заврши на деветото место на табелата со скор од пет победи, седум нерешени и три порази.


Австриецот Хутер го продолжи договорот со Монако

Тренерот на француски Монако, Адолф Хутер го продолжи договорот со клубот.

Договорот на специјалистот истекуваше на крајот од сезоната, но пред неколку дена доби нова понуда која ја прифати. Новиот договор на Хутер со Монако е до летото 2027 година.

Хутер го презеде тимот во летото 2023 година. Под негово водство тимот одигра 60 натпревари на кои забележа 35 победи, 11 нерешени и 14 порази. По 16 одиграни натпревари во Лига 1, Монако со 30 бодови е на третото место.


Сабаленка го освои турнирот во Бризбејн

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка на импресивен начин го освои ВТА турнирот во Бризбејн. Во денешното финале, по речиси два часа игра, Сабаленка ја совлада Полина Кудерметова со резултат 2-1 во сетови.

Интересно, на патот до финалето Сабаленка не загуби ниту еден сет, а ги доби средбите против Рената Заразуа, Јулија Путинцева, Марија Бузкова и Мира Андрејева со по 2-0.


Воска претстави три странски засилувања

И прволигашот Воска Спорт донесе нови засилувања во зимскиот преоден рок. Како што објавија денеска од клубот, три нови имиња го засилуваат тимот од Охрид кој ќе се бори за опстанок во елитата.

Филип Валенчиќ, интернационалецот од Словенија кој има преку десет настапи за младинските репрезентации на Словенија е првото ново име во Воска, а со него пристигнаа и играчот за врска Туре Сира од Финска, како и Оива Лаксонен, кој што исто како и Сира доаѓа од Финска од екипата на Хака.


Пеп сака еден од најдобрите младинци на Јуве

Англискиот шампион Манчестер Сити подготвува изненадувачка понуда за дефанзивецот на Јувентус, Николо Савона.

Пеп Гвардиола и неговиот тим се заинтересирани за бекот и ќе направат се за да го обезбедат неговиот потпис во текот на зимскиот преоден рок.

Дефанзивниот настап на Сити оваа сезона беше кошмар. „Граѓаните“ примија вкупно 27 гола, повеќе од која било друга екипа во Топ 6 во Премиер лигата.

Се чини дека клубот се подготвува да се раздели и со искусниот Кајл Вокер, кој најверојатно ќе се упати во Саудиска Арабија, ако не во јануари, тогаш секако по крајот на сезоната.